лдк – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 21 Jan 2020 18:28:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png лдк – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Мустафа: До крајот на неделава да се знае ќе има или нема да има договор меѓу ЛДК и ВВ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/mustafa-do-krajot-na-nedelava-da-se-znae-kje-ima-ili-nema-da-ima-dogovor-megju-ldk-i-vv/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/mustafa-do-krajot-na-nedelava-da-se-znae-kje-ima-ili-nema-da-ima-dogovor-megju-ldk-i-vv/#respond Tue, 21 Jan 2020 18:28:02 +0000 https://kurir.mk/?p=292835

Лидерот на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) Иса Мустафа изјави дека до крајот на неделава треба да се постигне договор за формирање заедничка влада со Движењето Самоопределување (ВВ), или пак, во спротивно, да се констатира дека нема услови за тоа, јави дописникот на МИА од Приштина. По денешната седница на партиското Претседателство, на која се разгледа ситуацијата околу преговорите со ВВ, како партија победничка на октомвриските избори, откако нејзиниот лидер Албин Курти го доби мандатот за состав на владата, Мустафа порача дека ЛДК останува посветен на постигнувањето договор, но дека притоа треба да се почитува волјата на граѓаните. – Ние остануваме посветени да работиме за постигнување договор, меѓуто тоа треба да биде договор кој ја почитува волјата на граѓаните изразена на октомвриските избори. Ние сметаме дека договорот треба да резултира со балансирана и одговорна влада меѓу двете страни, согласно довербата што ни ја дадоа граѓаните, изјави Мустафа. Тој рече дека е во постојан контакт со Курти, но смета дека треба да седнат и да се договорат „ќе има ли, или нема да има договор“ меѓу двете партии. – Ние дадовме предлог кој сметаме дека е мошне избалансиран и мислам дека ВВ треба да го третира со посебно внимание. Остануваме отворени да разговараме, но тоа да има исход што поскоро, до крајот на неделава да се договориме или да констатираме дека нема услови за договорот да биде постигнат, изјави Мустафа, нагласувајќи дека ЛДК „секако има волја за заокружување на договорот“. Досега опозициските ВВ и ЛДК победија на вонредните парламентарни избори одржани на 6 октомври во Косово, со тоа што партијта на Курти освои 26,27, додека онаа на Мустафа 24,55 отсто од гласовите]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/mustafa-do-krajot-na-nedelava-da-se-znae-kje-ima-ili-nema-da-ima-dogovor-megju-ldk-i-vv/feed/ 0
Харадинај: Владината коалиција ќе го поддржи барањето на ЛДК за нови избори https://arhiva.kurir.mk/svet/region/haradinaj-vladinata-koalicija-kje-go-poddrzi-baranjeto-na-ldk-za-novi-izbori/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/haradinaj-vladinata-koalicija-kje-go-poddrzi-baranjeto-na-ldk-za-novi-izbori/#respond Wed, 04 Apr 2018 16:08:27 +0000 https://kurir.mk/?p=36457

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај, коментирајќи го барањето на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) за предвремени парламентарни избори, изјави дека „доколку ЛДК е подготена за тоа, тогаш и Алјансата за иднината на Косово (ААК) ќе гласа за избори“. Харадинај на прес-конференција по седница на Владата наведе дека и владината коалиција го подржува барањето на ЛДК за нови избори. - Доколку одиме на избори и Алијансата и владината коалиција ќе им го даде гласот доколку се за избори, изјави Харадинај. ЛДК вчера соопшти дека Косово се наоѓа во длабока институционална и политичка криза и ги повика политичките партии „што поитно да се состанат и да одредат датум за избори“. Барањето на опозициската ЛДК како несериозно го оценија Демократската партија на Косово (ПДК) и Двжењето Самоопределување. Инаку, на прес-конеренцијата Харадинај зборуваше и за одлуката на Бурунди да го повлече признавањето на независноста на Косово. - Треба да бидеме внимателни со изјавите. Не знам дали е вистина дека Бурунди го повлекло признавањето на нашата земја,посочи Харадинај. (Миа)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/haradinaj-vladinata-koalicija-kje-go-poddrzi-baranjeto-na-ldk-za-novi-izbori/feed/ 0