ЛДП – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 08 May 2023 12:58:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ЛДП – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Зајкова: Треба да се регулира пристапот до апликации и игри кои промовираат насилство https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zajkova-treba-da-se-regulira-pristapot-do-aplikatsii-i-igri-koi-promoviraat-nasilstvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zajkova-treba-da-se-regulira-pristapot-do-aplikatsii-i-igri-koi-promoviraat-nasilstvo/#respond Mon, 08 May 2023 12:58:28 +0000 https://kurir.mk/?p=831841

Претседателката на ЛДП, Моника Зајкова смета дека треба да се регулира пристапот до апликации и игри коишто промовираат насилство. Вели дека ако има регулација, тоа не значи дека станува збор за одредена цензура, затоа што целта е да се заштитат повисоки добра. -Ние сме сведоци на она што се случува со нашите деца. Македонија исто така имаше човечки жртви од користењето на оваа апликација и апсолутно се наметнува потребата не само „тик ток“, туку да се регулира просторот при пристапот до апликации и игри коишто промовираат насилство.  Постојат механизми, алгоритми што можат да ја детектираат содржината и да ја банираат односно да оневозможат пристап до таа содржина, изјави Зајкова денеска одговарајќи на новинарски прашања. Посочи дека оваа социјална мрежа е забранета и во некои од најлибералните држави во светот, но она државата треба да го направи, според неа, е да се процени во кои закони треба да се интервенира и на кој начин би била регулацијата, затоа што, вели, и сега има забрана за пристап до одредени содржини за лица под 18 години, но тоа не функционира. -Не сметам дека треба да останеме во земјите што сега седат со скрстени раце и не превземаат ништо по однос на овие прашања затоа што гледаме што се случува во регионот. Не значи ако имаме регулација дека станува збор за одредена цензура или помалку демократија затоа што имаме повисоко добро да заштитиме, рече Зајкова.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zajkova-treba-da-se-regulira-pristapot-do-aplikatsii-i-igri-koi-promoviraat-nasilstvo/feed/ 0
Зајкова: Забрана на „Тик-Ток“ и други социјални мрежи кои поттикнуваат насилство https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zajkova-zabrana-na-tik-tok-i-drugi-sotsijalni-mrezhi-koi-pottiknuvaat-nasilstvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zajkova-zabrana-na-tik-tok-i-drugi-sotsijalni-mrezhi-koi-pottiknuvaat-nasilstvo/#respond Sat, 06 May 2023 14:23:25 +0000 https://kurir.mk/?p=831275

Наместо да седиме шокирани и тивко да тагуваме и коментираме на социјалните мрежи на време да реагираме и да дејствуваме со конкретни превентивни мерки и акции, посочи денеска на 16-тиот Конгрес на Либерално-демократската младина, претседателката на ЛДП и пратеничка, Моника Зајкова. -Изразувам најдлабоко сочувство до семејствата и блиските на убиените лица и ги осудам крвавите масакри во Србија. Оваа спирала на насилство извршена од млади лица мора да го вклучи црвениот аларм и кај нас и потребно е преземање на итни и ефикасни превентивни мерки за да се спречи врсничкото насилство, грозоморните слики од убиени и повредени, истакна таа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zajkova-zabrana-na-tik-tok-i-drugi-sotsijalni-mrezhi-koi-pottiknuvaat-nasilstvo/feed/ 0
Убавата манекенка Билјана стана генерална секретарка на ЛДП Карпош https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ubavata-manekenka-biljana-stana-generalna-sekretarka-na-ldp-karposh/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ubavata-manekenka-biljana-stana-generalna-sekretarka-na-ldp-karposh/#respond Thu, 20 Apr 2023 10:48:41 +0000 https://kurir.mk/?p=825886

Убавата манекенка Билјана Јаневска е избрана за нов генерален секретар на Либерално Демократската партија во Карпош. „Почитувани пријатели, на моја огромна чест и задоволство, од денес сум именувана за нова генерална секретарка на ЛДП во Карпош! Почнав со голем кикс за локалните избори, но ЛДП како прогресивна и транспарентна партија ми даде шанса да се покажам и докажам со напорна работа. И благодарам на претседателката Моника Зајкова, му благодарам на генералниот секретар Боби Мојсоски, на сите членови во извршен одбор за довербата. Да, за Европска Македонија! Се ми е како во сон !Благодарам од срце ! Да живее ЛДП ! Од Јас нема шанси да се бавам со политика, до ЛДП мојата најголема пасија ! Со срце за КАРПОШ !“, објави Јаневска на Фејсбук. Јаневска беше избрана за прва придружничка за Мис модел туризам во светот. На престижниот избор освои три титули за убавина во три различни категории.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ubavata-manekenka-biljana-stana-generalna-sekretarka-na-ldp-karposh/feed/ 0
ЛДП за Алтернатива: За „Асоцијација на албански општини“ во мултикултурно развиено општество, не треба ни да се помисли, а не пак да се промовира https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ldp-za-alternativa-za-asotsijatsija-na-albanski-opshtini-vo-multikulturno-razvieno-opshtestvo-ne-treba-ni-da-se-pomisli-a-ne-pak-da-se-promovira/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ldp-za-alternativa-za-asotsijatsija-na-albanski-opshtini-vo-multikulturno-razvieno-opshtestvo-ne-treba-ni-da-se-pomisli-a-ne-pak-da-se-promovira/#respond Sun, 26 Feb 2023 17:40:38 +0000 https://kurir.mk/?p=805246

Не само што не треба да се спомне, туку не треба ни да се промовира иницијативата за „Асоцијација на албански општини“ во Македонија затоа што тоа е чин кој создава групирања и поделби и се коси со вредностите за либерално-демократско, европско општество кон кое се стремиме, се вели во острата реакција на Либерално-Демократската партија. „Во време на европски интеграции ваквата иницијатива води кон создавање на нови поделби во општеството, а не кон заедништво. Северна Македонија е мултикултурно општество, во кое освен Албанци, живеат и Турци, Бошњаци, Власи, Срби, Евреи, Роми и останати заедници. Би сакале да потенцираме дека аспирациите на “големи држави“ одамна се минато и не носат ништо освен партиски поени. Се додека не зборуваме за квалитет, еднаквост пред законот не може да очекуваме дека ќе живееме во прогресивно, демократско и напредно општество во кое сите се чувствуваат слободни, еднакви и безбедни“ - се наведува во партиското соопштение. Од партијата повикуваат сите партии од земјава да ја осудат иницијативата на Алтернатива и да престанат манипулативните изјави со чувствата на граѓаните, затоа што обидите за етнички тензии земјата ја носат во погрешен правец.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ldp-za-alternativa-za-asotsijatsija-na-albanski-opshtini-vo-multikulturno-razvieno-opshtestvo-ne-treba-ni-da-se-pomisli-a-ne-pak-da-se-promovira/feed/ 0
НЕ ОСТАНАА БЕЗ ФУНКЦИИ: Милевски ќе биде амбасадор во Љубљана, Адеми во Мадрид https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ne-ostanaa-bez-funkcii-milevski-kje-bide-ambasador-vo-ljubljana-ademi-vo-madrid/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ne-ostanaa-bez-funkcii-milevski-kje-bide-ambasador-vo-ljubljana-ademi-vo-madrid/#respond Mon, 26 Dec 2022 18:54:08 +0000 https://kurir.mk/?p=780818

Доскорешниот лидер на ЛДП и поранешен министер за локална самоуправа, Горан Милевски ќе биде нов македонски амбасадор во Љубљана, Словенија. Едмонд Адеми ќе замине во Мадрид, Шпанија. Министерот за надворешни работи Бујар Османи на брифинг со новинарите соопшти дека процедурата и за двајцата е завршена и дека за нив се добиени агремани. Засега останува спорно што ќе се случува со Виктор Димовски кој требаше да замине за амбасадор во  Париз, но по скандалот со Олександр Онишченко неговото заминување е под прашање. Османи најави дека допрва ќе има консултации со претседателот Стево Пендаровски и со премиерот Димитар Ковачевски по што ќе се донесе конечна одлука дали Димовски ќе оди во Париз или не.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ne-ostanaa-bez-funkcii-milevski-kje-bide-ambasador-vo-ljubljana-ademi-vo-madrid/feed/ 0
Зајкова: ЛДП ја гледам како сериозен фактор без кој не би можела да се формира ниту една Влада во иднина https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zajkova-ldp-ja-gledam-kako-seriozen-faktor-bez-koj-ne-bi-mozela-da-se-formira-nitu-edna-vlada-vo-idnina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zajkova-ldp-ja-gledam-kako-seriozen-faktor-bez-koj-ne-bi-mozela-da-se-formira-nitu-edna-vlada-vo-idnina/#respond Sun, 20 Nov 2022 12:56:45 +0000 https://kurir.mk/?p=763740

Во ЛДП созреа времето за првата жена претседател. Изразувам подготвеност за мојот, досега најголем личен предизвик. Ви ветувам лидерство насочено кон иднината. ЛДП ја гледам како сериозна партија со големо влијание врз одлуките, насоката и стратегијата по која ќе се води државата, како сериозен фактор без кој не би можела да се формира ниту една Влада во иднина, како партенр на граѓаните и конструктивен коректив на власта. ЛДП нема да биде цел само на поголемите партии, туку ќе соработува исклучиво за интересите на граѓаните и државата. Најавувам прогресивни политики кои ќе се дистанцираат во дел од актуелните владини и опозициски, нова платформа соодветна на современите предизвици, како и политики во кои мнозинството граѓани се препознаваат, истакна денеска кандидатката за претседател на ЛДП, Моника Зајкова. Во обраќањето на официјалниот дел од осмиот партиски конгрес кој беше отворен за јавноста, Зајкова рече дека прогресивните политики кои се водеа изминатиот период нема да застанат. -Најавувам многу работа и ве повикувам обединето, храбро и гласно да работиме заедно, пожртвувано, без штедење, тактизирање и популизам. Заедно да носиме смели и одговорни одлуки во интерес на граѓаните. Ве повикувам да не одиме по слепо дефинирана патека, туку да одиме каде што нема пат и да оставиме трага – либералдемокртатски печат на европска Македонија, да бидеме фокусирани кон нови победи за државата, потенцира Зајкова. Таа вети пред членството дека ќе го даде својот максимум партијата да ја води делотворно. -Таа чест за мене значи двојна одговорност. Ви ветувам лидерство насочено кон иднината зашто токму ЛДП ја гледам како партија која гради политики во сегашноста за подобра иднина, политики кои ќе ја направат земјава поубаво место за живеење, но и за идните генерации. Имаме одговорност да преземеме акција сега и денес, подвлече Зајкова. На конгресот се очекува таа ја добие поддршката. Пред Зајкова, со ЛДП раководеше Горан Милевски кој се уште е актуелен претседател. Во обраќањето на когресот, тој јавно ја поддржа Зајкова, посакувајќи и успех особено на претстојниот пат кон членство на земјава во ЕУ. Мотото на годинашниот осми конгрес на ЛДП е „Обединето, храбро, гласно!“. Покрај членовите, присуствуваат многу странски и домашни гости. На конгресот денеска му претходеше регионална либерална конференција „QVO VADIS EVROPA 2022? Поттикнување на проширувањето и интеграцијата на ЕУ“ од која беше испратена порака дека земјава нема друга алтернатива, освен членството во ЕУ, како и дека тој пат бара многу работа, но носи и големи придобивки. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zajkova-ldp-ja-gledam-kako-seriozen-faktor-bez-koj-ne-bi-mozela-da-se-formira-nitu-edna-vlada-vo-idnina/feed/ 0
Милевски: Да ги надминеме кочниците и стравовите за поскоро да почнеме со преговорите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/milevski-da-gi-nadmineme-kochnicite-i-stravovite-za-poskoro-da-pochneme-so-pregovorite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/milevski-da-gi-nadmineme-kochnicite-i-stravovite-za-poskoro-da-pochneme-so-pregovorite/#respond Sun, 20 Nov 2022 09:09:24 +0000 https://kurir.mk/?p=763650

Да ги надминеме домашните кочници и стравови за што поскоро да ги почнеме преговорите со ЕУ, порача утрово претседателот на ЛДП, Горан Милевски во воведното обраќање на регионалната либерална конференција „QVO VADIS EVROPA 2022? Поттикнување на проширувањето и интеграцијата на ЕУ“. Како што рече Милевски, следува период кога државата и општеството ќе треба да се реформираат. Конференцијата се одржува непосредно пред почетокот на осмиот конгрес на ЛДП на кој се очекува Моника Зајкова да биде избрана за нов партиски лидер. -Неопходно е Северна Македонија час поскоро да ги почне преговорите, домашните кочници и стравови да ги надминеме за да ги почнеме преговорите. Следува период кога државата и општеството ќе треба да се реформираат, ќе треба да се менуват закони, но не само закони, туку тоа ќе треба да се почувствува во реалниот живот, граѓаните ќе треба да почувствуваат поинаков живот. Ќе биде многу тешко, особено за политичката елита да ги исполни сите критериуми што ги очекуваат граѓаните, но затоа се тука либералите подготвени да го помогнат и да го поддржат овој процес, не само на домашен план, туку и меѓународно, истакна Милевски. Тој е убеден, нагласи, дека и во наредниот период, кога партијата ќе ја води Зајкова , ЛДП ќе стои на располагање за сите активности на земјата кои се во насока на почеток на преговорите и членство во ЕУ. -Час поскоро целиот регионот е неопходно да стане полноправна членка на ЕУ, напомена Милевски. На конференцијата, по Милевски, кусо обраќање имаше и европратеникот, копретседател на партијата АЛДЕ Илхан Ќучук.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/milevski-da-gi-nadmineme-kochnicite-i-stravovite-za-poskoro-da-pochneme-so-pregovorite/feed/ 0
Конгрес на ЛДП, Моника Зајкова кандидат за претседател https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kongres-na-ldp-monika-zajkova-kandidat-za-pretsedatel/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kongres-na-ldp-monika-zajkova-kandidat-za-pretsedatel/#respond Sun, 20 Nov 2022 08:13:35 +0000 https://kurir.mk/?p=763629

Под слоганот „Обединето, храбро, гласно!“, Либерално-демократската партија денеска ќе одржи осми конгрес за избор на партиски претседател што ќе го наследи досегашниот  лидер Горан Милевски, кој партијата ја водеше од 2015 година. Кандидат за лидер на ЛДП е Моника Зајкова, потпретседатека на партијата и пратеничка во актуелниот собраниски состав, која на конгресот ќе има свое претставување. Од гостите од странство,  поддржувачи на ЛДП, на конгресот ќе се обратат Роман Јакиќ, претседател на Либералната мрежа на Југоисточна Европа, Лилјана Танги, членка на движењето „Напред!“ пратеничка во Националното собрание во Франција, Хакима Ел Хаите, претседателка на Либерална интернационала и Илхан Ќучук, европратеник, воедно и известувач за земјава, лидер на Европските либерали – АЛДЕ, претставник на бугарската партија ДПС.Покрај делегатите, на конгресот ќе присуствуваат и гостите претставници на политичките партии од земјава и странство, како и соработници на ЛДП.
Настанот ќе се одржи во х. „Александар палас“ од 12 часот и ќе може да се следи и онлајн на фејсбук-страницата на ЛДП: https://www.facebook.com/LDPMakedonija/ 

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kongres-na-ldp-monika-zajkova-kandidat-za-pretsedatel/feed/ 0
Утре на конгрес: ЛДП ќе избере нов партиски претседател https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/utre-na-kongres-ldp-kje-izbere-nov-partiski-pretsedatel/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/utre-na-kongres-ldp-kje-izbere-nov-partiski-pretsedatel/#respond Sat, 19 Nov 2022 11:23:38 +0000 https://kurir.mk/?p=763332

Утре е 8миот конгрес на Либерално-демократска партија под слоганот „Обединето, храбро, гласно!“. На истиот, партијата ќе го бира новиот претседател. На конгресот од интернационалните гости и поддржувачи на ЛДП ќе се обратат Роман Јакиќ, претседател на Либералната мрежа на Југоисточна Европа, Лилјана Танги членка на движењето „Напред!“ пратеничка во Националното собрание во Франција, Хакима Ел Хаите, претседателка на Либерална Интернационала и Илхан Ќучук, европратеник, воедно и известувач за земјава, лидер на Европските Либерали – АЛДЕ, претставник на бугарската партија ДПС. Свое претставување ќе има кандидатката за претседателка на Либерално-демократска партија Моника Зајкова. На настанот освен делегатите ќе присуствуваат и гостите претставници на политичките партии од земјава и странство, како и останати соработници.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/utre-na-kongres-ldp-kje-izbere-nov-partiski-pretsedatel/feed/ 0
ЛДП: Наместо да измислува нови, Град Скопје да почне да се занимава со реалните проблеми на граѓаните https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/ldp-namesto-da-izmisluva-novi-grad-skopje-da-pochne-da-se-zanimava-so-realnite-problemi-na-gragjanite/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/ldp-namesto-da-izmisluva-novi-grad-skopje-da-pochne-da-se-zanimava-so-realnite-problemi-na-gragjanite/#respond Wed, 09 Nov 2022 13:47:17 +0000 https://kurir.mk/?p=758022

Либерално-демократската партија најостро ги осудува вчерашните случувања на седницата за советнички прашања во Советот на Град Скопје и апелира до надлежните конечно да започнат да се занимаваат со решавање реалните проблеми на граѓаните, а не да измислуваат нови. -Вчерашната седница и односот на поединци кон институцијата Совет на Град Скопје, особено од страна на градоначалничката Данела Арсовска и претседателот на Советот, Трајко Славески, е само уште еден чекор во деградирањето и дерогирањето на институцијата. Сведоци сме на зголемено незадоволство, како на вработените во градските служби и јавни претпријатија, така и на граѓаните на Скопје, кои секојдневно наоѓаат начини како да се изборат со пречките кои Град Скопје ги секојдневно ги поставува. Наместо Брз рапид транзит систем, добивме нефункционален јавен превоз, а наместо колекторски систем на реката Вардар, добивме метропола со ѓубре и отпад на сите страни и загаден амбиентален воздух. Наместо пристојни услови за живот, добивме штрајкови, протести и незадоволство од секоја пора на градот. Вчерашната седница за советнички прашања беше само кулминација на хаосот и безредието кои веќе една година владеат во главниот град, истакнуваат од ЛДП. ЛДП апелира до советниците и градоначалничката да бидат одговорни пред граѓаните, да не ги трошат народните пари на приредување циркузи и конечно, да се зафатат со решавање на проблемите на Скопје и скопјани. Само така, со искрена желба и напорна работа, ќе имаат шанса да им докажат на гласачите дека градските служби навистина работат во интерес на граѓаните, додаваат од таму.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/ldp-namesto-da-izmisluva-novi-grad-skopje-da-pochne-da-se-zanimava-so-realnite-problemi-na-gragjanite/feed/ 0