ле авр – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 07 Aug 2020 06:21:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ле авр – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Заложничката драма во во банката во Ле Авр заврши, осомничениот уапсен https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zaloznichkata-drama-vo-vo-bankata-vo-le-avr-zavrshi-osomnicheniot-uapsen/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zaloznichkata-drama-vo-vo-bankata-vo-le-avr-zavrshi-osomnicheniot-uapsen/#respond Fri, 07 Aug 2020 06:21:58 +0000 https://kurir.mk/?p=387496

Заложничката драма што се случи во банката БРЕД во Ле Авр- Нормандија заврши без повредени и со апсење на осомниченото лице за нападот, јави дописникот на МИА. Заложничката драма траеше скоро 6 часа. Имено едно вооружено лице влезе во банката, која се наоѓа во центарот на Л’Авр и зеде како заложници шест лица. Пет лица беа ослободени, а едно успеа да избега. Нема повредени. Грабнувачот конечно бил уапсен околу 22:50 часот. Немаше престрелка и никој не е повреден. -Заложниците се ослободени безбедни и звучни, здрави, изјави министерот за внатрешни работи Жералд Дарманан. Напаѓачот бил „сам“и „вооружен“, според полицијата, тој влегол во 16:45 часот во оваа филијала на БРЕД во центарот на Ле Авр, во кој имало шест лица. Прво лице, жена, беше ослободено набрзо, а потоаедна друга жена пред пристигнувањето на специјалната полиција, нешто по 19 часот. Тие пристигнаа на лице место со хеликоптер и останале во контакт со напаѓачот за подобро да ги разберат неговите барања. Осомничениот имал две барања, кој тој директно им ги пренел на медиумите: „ослободете ги палестинските деца неправедно затворени во Израел“ и пристапот на Палестинците под 40 години до еспланадата на џамијата Ал -Акса во Ерусалим. Преговорите водени од специјалната полиција резултираа со ослободување на последните заложници во текот на вечерта. За време на целата операција центарот на Ле Авр, чиј градоначалник е досегашниот премиер Едуар Филип беше ставен под силна полициска контрола, со оглед дека во непосредна близина е префектурата. Меѓу заложниците имало вработени и клиенти од банката. Според нашите информации, човекот е познат на локално ниво од разузнавачките служби како радикализиран. Ова 34-годишно лице има психијатриски проблеми, изјави извор близок до истрагата. Тој исто така и е познат на полицијата поради киднапирање, насилно затворање и носење оружје. -Засега немам фактички елементи што ќе ви ги дадам, освен тоа дека станува збор за некој кој беше познат, а особено со прилично тешко психијатриско минато, потврди јавниот обвинител на Република за Ле Авр, Франсоа Госелин. -Ќ видиме кои биле неговите извори и неговите мотиви. Но, неколку минути по неговото апсење, не можам да ви дадам детални информации, додаде обвинителот, прецизирајќи дека е отворена истрага за „флагрантно злосторство за обид за вооружен грабеж и присилно затворање “. -Лицето им е познато на службите на Министерството за внатрешни работи, правда и здравство за дела на деликвенција и кривични дела, што би ги опишал како сериозни, придружено со разни осуди. Тој беше исто така познат по психијатриско минато и за радикализација од префектурата Поморска Сена Сена и територијалната разузнувачка служба, која иследувала за него -изјави министерот Жералд Дарманин.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zaloznichkata-drama-vo-vo-bankata-vo-le-avr-zavrshi-osomnicheniot-uapsen/feed/ 0
Нова трагедија го потресе фудбалскиот свет: Почина млад талентиран фудбалер https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/nova-tragedija-go-potrese-fudbalskiot-svet-pochina-mlad-talentiran-fudbaler/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/nova-tragedija-go-potrese-fudbalskiot-svet-pochina-mlad-talentiran-fudbaler/#respond Sat, 07 Apr 2018 13:41:01 +0000 https://kurir.mk/?p=37626

Се чини дека на трагедиите во фудбалот им нема крај. Денеска францускиот второлигаш Ле Авр објави дека нивниот млад играч од одбраната починал во сон. -Ова е ужасен момент за сите играчи, членови на стручниот штаб, волонтери, администрацијата и раководството на клубот, објави клубот на Твитер. Самба Диоп имаше само 18 години, а оваа сезона одигра 21 натпревар за Б тимот, кој се натпреварува во четвртата лига во Франција. Причината за смртта Ле Авр се уште ја нема објавено, но на официјалниот веб сајт стои дека починал ноќта од петок кон сабота. Исто така, сите натпревари во првата и втората француска лига ќе започнат со минута молчење, а натпреварот на Ле Авр со Рем е одложен. Смртта на младиот фудбалер кој што потекнува од школата на Ле Авр е петта нешто повеќе од еден месец. Се започна со капитенот на Фиорентина, Давиде Астори, чие безживотно тело беше пронајдено во хотелска соба во Удине. Истрагата покажа дека Астори починал од застој на работата на срцето. Само пет дена подоцна, на скоро ист начин, поради застој на срцето во сон, почина младиот дефанзивец на францускиот второлигаш Тур, 18 годишниот Томас Родригез.. Баш како и Астори, Родригез го пронајдоа без знаци на живот во кревет. Во средината на март нова трагедија, овој пат во Норвешка. Адриан Лилебек, младиот играч на второлигашкиот клуб Конгсвингер, почина на 21 година. Четвртиот смртен случај во црниот фудбалски мар беше онаа која ја потресе Хрватска, тимот на Марсонија од Славонски Брод. 25 годишниот Бруно Бобан после удар од топка во градите се сруши на теренот и покрај брзата реакција на присутните немаше спас.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/nova-tragedija-go-potrese-fudbalskiot-svet-pochina-mlad-talentiran-fudbaler/feed/ 0