ле дриан – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 03 Mar 2022 08:38:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ле дриан – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ле Дриан: Најлошото можеби е пред нас во војната во Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/le-drian-najloshoto-mozebi-e-pred-nas-vo-vojnata-vo-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/le-drian-najloshoto-mozebi-e-pred-nas-vo-vojnata-vo-ukraina/#respond Thu, 03 Mar 2022 08:38:25 +0000 https://kurir.mk/?p=639932

Можно најлошото допрва ни претстои во војната што ја води Русија во Украина, изрази голема загриженост, францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дриан, јави дописникот на МИА. -Можеме да се плашиме од логика на опсада, на која Русите се навикнати, предупреди шефот на француската дипломатија на јавната во интервјуто за ТВ Франс 2, додавајќи дека треба да се потсетиме „на Алепо, Грозни“ј. Сирија и Чеченија беа уништени од руските бомби во последните децении. „Војната предизвикува стотици смртни случаи, исто така и на руската страна“, коментираше Жан-Ив Ле Дриан, додека неговиот американски колега Антони Блинкен во средата веќе го опиша како неверојатен човечкиот биланс од руската инвазија, во која се уништени невоени цели. Рускиот претседател Владимир Путин сака „негирање на Украина и негирање на демократска земја на нејзиниот праг“, потврди францускиот министер за надворешни работи. -Тоа е логиката. Приказната за Донбас и двете републики Доњецк и Луганск за кои зборувавме пред неколку дена беше алиби, тоа беше изговор. Волјата на Путин е да избегне на неговиот праг да има демократски модели кои на крајот можат да влијаат на развојот на Русија, објасни тој Шефот на француската дипломатија повторно повика на руски прекин на огнот, пред какви било преговори, додека втората рунда разговори меѓу Русија и Украина треба да се одржи в четврток во Белорусија, на границата на оваа земја со Полска. -Тоа го нарекуваат разговори. Тоа не се преговори. Не преговараш со пиштол вперен во главата. Затоа, императив е да се воведе прекин на огнот, инсистираше тој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/le-drian-najloshoto-mozebi-e-pred-nas-vo-vojnata-vo-ukraina/feed/ 0