лечење – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 03 Apr 2022 10:54:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png лечење – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Д-р Николов: Македонија беше единствена земја каде што протоколите за третирање на пациенти заразени со КОВИД-19 беа државна тајна https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/d-r-nikolov-makedonija-beshe-edinstvena-zemja-kade-shto-protokolite-za-tretiranje-na-pacienti-zarazeni-so-kovid-19-bea-drzavna-tajna/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/d-r-nikolov-makedonija-beshe-edinstvena-zemja-kade-shto-protokolite-za-tretiranje-na-pacienti-zarazeni-so-kovid-19-bea-drzavna-tajna/#respond Sun, 03 Apr 2022 10:52:53 +0000 https://kurir.mk/?p=657697

Претседателот на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ, Д-р Игор Николов на денешната трибина на тема „Состојбите во здравството“ упати критики до власта за стопирањето на готовиот проект „Клинички центар – Мајка Тереза“ кој би бил од огромна важност, за да се оди на друг имагинарен проект „Веле Поле“ кој не е изводлив. - Едно е јасно. Изминативе 5 години се пропушти да се продолжи проектот „Клинички центар – Мајка Тереза кој што беше готов. Се застана и се прекина за еден друг проект кој што беше имагинарен, а тоа е проектот „Клинички центар – Веле поле“ кој по мене и по нас како здравствена комисија и политичка партија, проектот „Веле поле“ е неизводлива работа и може да се прогласи за мртов. Втора работа. Петте години кои поминаа покажаа дека доколку имавме зграда и имавме Клинички центар – Мајка Тереза поедноставно ќе се спротиставевме на пандемијата која што не нападна последните три години. Немаше да имаме толку жртви колку што имавме и системот подобро ќе одговореше на сите предизвици коишто произлегоа, истакна Николов. Освен ова тој додаде дека голем пропуст е и тоа што во изминативе 5 години комплетно беа укинати обуките и едукациите на луѓето кои што се испраќаа во странство. - Во овој изминат период се прекинаа обуките и едукациите на луѓето кои што се испраќаа во странство. Последните 5 години ниту еден доктор, лекар или медицинска сестра не беше испратен на обука. Опозицијата во континуитет апелираше и бараше да се поканат странски експерти да дојдат и да ни помогнат во справувањето со КОВИД-19 пандемијата, но сето тоа беше ставено на игнор. Понатаму, цело време сугериравме мерки кои требаше да бидат преземени, проактивно учествувавме со давање сугестии како тоа да се менаџира и регулира, но не беше спроведено, рече Николов. Според Николов ваквите пропусти кои беа направени во изминатите години го доведоа здравството здравството во ситуација да нема доволен број на обучен кадар и да нема континуитет во зајакнувањето на здравствениот систем. - Резултатите на ова што го живееме денеска е недоволен број на обучен кадар заради тоа што немаше континуитет во обуката, немавме континуитет во зајакнување на здравствениот систем, а тоа е градбата на клинички центар. Е сега, овие два континуитета се прекинаа од 2017 година и заради тоа очекувано одговорот и коментарите од Европската комисија се такви какви што се. Пристапноста и достапноста на здравствените услуги за општата популација паднаа, се намалија и од таму доаѓа тој коментар, подвлече Николов. Тој исто додаде дека во менаџирањето на пандемијата здравствените власти не успаа да го исконтролираат ниту начинот на работење на приватните здравствени болници за каде имаше граѓани кои мораа унапред да платат огромни суми на пари за да добијат здравствена нега. - Сами бевме сите сведоци дека во период на КОВИД-19 имаше пациенти кои што мораше унапред да платат 12 илјади евра за да добијат здравствена нега во приватна здравствена институција, а тоа во период на прогласена здравствена криза и пандемија мораше да се спречи, да се корегира и да се контролира, потенцираше Николов. За разлика од Македонија земјите од соседството поефикасно се справуваа со оваа проблематика со тоа што во време на здравствена криза приватните болници беа обврзани дел од своите капацитети да ги стават на располагање на јавното здравство. - Во соседството приватните болници беа обврзани секој четврти ковид пациент, зборувам за пандемијата, да им биде на сметка на другите дијагнози кои што ги третираат. Со самото тоа, во состојба на здравствена криза, една четвртина од капацитетите беа ставени во служба на јавното здравство, а тоа кај нас не се успеа да се направи. Се направи некаков обид, се понудија некакви капацитети, но јавното здравство не најде сила да ги искористи тие капацитети, рече Николов. Тој како огромен пропуст го посочи и недостатокот на унифицирани протоколи за лекување на пациентите заразени со КОВИД-19. - Сведоци сме дека до скоро ги немавме ни протоколите за третман на пациенти со ковид. Македонија беше единствена земја каде што државна тајна беа протоколите. Една институција лекуваше на еден начин, друга институција на друг начин и тоа е причината за тоа што не снајде ова што не снајде, додаде Николов. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/d-r-nikolov-makedonija-beshe-edinstvena-zemja-kade-shto-protokolite-za-tretiranje-na-pacienti-zarazeni-so-kovid-19-bea-drzavna-tajna/feed/ 0
Од денеска пациентите во Јужна Кореја сами се лекуваат доколку имаат благи симптоми на коронавирус https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/od-deneska-pacientite-vo-juzna-koreja-sami-se-lekuvaat-dokolku-imaat-blagi-simptomi-na-koronavirus/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/od-deneska-pacientite-vo-juzna-koreja-sami-se-lekuvaat-dokolku-imaat-blagi-simptomi-na-koronavirus/#respond Thu, 10 Feb 2022 08:38:30 +0000 https://kurir.mk/?p=629465

Јужна Кореја денеска објави дека пациентите со благи симптоми на коронавирус ќе мора да се лекуваат сами за да се ослободат медицински ресурси за посериозни случаи. Ваквиот развој на ситуацијата доаѓа во време кога новите инфекции достигнаа нов максимум во таа земја поради забрзаното ширење на соевите на омикрон, пренесува Ројтерс. Јужнокорејските власти од денеска ќе обезбедуваат нега само на пациенти постари од 60 години или оние со некои заболувања, додека другите ќе мора сами да ја следат нивната состојба и да побараат лекарска помош од одредени клиники доколку состојбата им се влоши. Медицинските комплети, кои вклучуваат уред за мерење на концентрацијата на кислород во крвта, термометар и лек за температура, кои досега беа достапни за сите пациенти кои се лекуваат дома, сега ќе се делат само на приоритетните групи. Тоа значи дека пациентите со или без благи симптоми сега ќе мора да купуваат такви предмети на свој трошок. Јужнокорејската влада исто така претходно ја укина мерката за следење контакти и задолжителна самоизолација. - Претходната шема повеќе не е реална во светлината на нашите ограничени ресурси и носи огромни социјални и економски трошоци во споредба со нашите медицински потреби, рече на прес-конференција портпаролот на јужнокорејското Министерство за здравство, Сон Јунг-Рае. Дневниот број на нови случаи во Јужна Кореја достигна нов дневен рекорд од 54.122 во изминатите 24 часа, со што вкупниот број на заразени достигна 1.185.361 во популација од 52 милиони, соопшти Корејската агенција за контрола и превенција на болести (KDCA). ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/od-deneska-pacientite-vo-juzna-koreja-sami-se-lekuvaat-dokolku-imaat-blagi-simptomi-na-koronavirus/feed/ 0
Тетово: Петмина инфектолози се грижат за над 1.000 жители https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/tetovo-petmina-infektolozi-se-grizat-za-nad-1-000-ziteli/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/tetovo-petmina-infektolozi-se-grizat-za-nad-1-000-ziteli/#respond Wed, 25 Nov 2020 20:06:37 +0000 https://kurir.mk/?p=434460

Во Клиничката болница во Тетово во моментов се хоспитализирани 47 пациенти со коронавирус, од кои речиси сите во тешка здравствена состојба. Според координаторот на ковид-центарот во болницата, Гзим Нуредини, болницата сега за сега има три простории за лица заразени со Ковид-19 и тоа во Одделот за инфективни болести и два ката во Одделот на интерната клиника, пренесува ТВ21. - Се 4 пациенти, повеќето се во тешка состојба. Вчера имавме 2 пациенти кои ги пуштивме на домашно лекување, а еден е пренесен во Болницата за белодробни болести во Лешок, посочи Гзим Нуредини. Целиот текст може да го прочитате на ТВ21]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/tetovo-petmina-infektolozi-se-grizat-za-nad-1-000-ziteli/feed/ 0
На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 753 пациент https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-infektivnite-oddelenija-vo-zemjava-se-lekuvaat-753-pacient/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-infektivnite-oddelenija-vo-zemjava-se-lekuvaat-753-pacient/#respond Mon, 16 Nov 2020 14:09:28 +0000 https://kurir.mk/?p=430253

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат 612 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. Во регионалните центри во Битола и Штип се хоспитализирани дополнително 141 болен, со што вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на КОВИД -19 вирусот кои болнички се лекуваат на инфективните одделенија е 753. Во болниците во внатрешноста има околу 130 слободни болнички кревети, а се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 77 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип пак е хоспитализиран 61 пациент. На инфективното одделение во Тетово има 47 пациенти, во Велес се лекуваат 66 болни, а во Куманово 73 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 100 пациенти, во Прилеп 94, во ковид центарот во Гостивар 44, а во Струга 35 болни. Во болницата во Струмица лежат 70 пацинети, во Кочани 25, во Кичево 20, Кавадарци 33, а во Гевгелија 10 лица позитивни на корона вирусот. Имајте во предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти. Вкупната бројка на пациети позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.212. Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. И покрај големиот наплив на пациенти во изминативе десетина дена, Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-infektivnite-oddelenija-vo-zemjava-se-lekuvaat-753-pacient/feed/ 0
Луѓето зрачат..Некои ќе те разболат, а некои ќе те излечат https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/lugjeto-zrachat-nekoi-kje-te-razbolat-a-nekoi-kje-te-izlechat/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/lugjeto-zrachat-nekoi-kje-te-razbolat-a-nekoi-kje-te-izlechat/#respond Wed, 22 Jul 2020 16:03:46 +0000 https://kurir.mk/?p=379791

Мораш прво да го прифатиш она што си добил, за да можеш да направиш она што посакуваш. Не одложувај го уживањето во животот за оној ден кога ќе ти се исполнат сите твои желби, кога ќе бидат остварени сите твои потреби, кога ќе ги достигнеш сите свои цели . Тој ден нема никогаш да се случи, немој тоа да те држи во рака и денес, да не си дозволиш да се чувствуваш онака, како што би се чувствувал тој ден. Кога и да се најдеш во некоја тешка ситуација, верувај дека таа ќе се промени. Поминуваат и добрите и лошите страни на животот и какви и да се, секогаш држи ја главата горе. Нема секогаш да нижиш успеси, ниту пак секогаш ќе губиш. Се’ е тоа ланец на случувања со кои ги поврзуваш своите мисли и чувства во една целина, која се вика твој живот. Затоа научи да го почитуваш секој момент кој го имаш и најмногу од се’, започни со мали работи и моменти со луѓето, кои ги сакаш. Животот не нуди секој ден најубави изданија, но можеш да бидеш задоволен со ова што имаш денес и она што си, бидејќи помина долг пат до тука. Сите оние работи за кои некогаш си се прашувал зошто се случуваат во твојот живот, од оваа перспектива ти даваат одговори. Тргни ги сите преостанати бариери во себе за да можеш да ги тргнеш бариерите однадвор, кои те делат од животот каков што сакаш да го живееш. Најубавото издание на животот не ти се нуди бесплатно, за него треба да се избориш. И за тоа ти е потребна голема доза на храброст, да ги промениш работите кои можеш да ги промениш, а уште подобро да ги прифатиш оние кои не можеш. Не се обвинувај самиот себе си за грешките кои си ги направил и навредите кои ти ги направиле другите. Секогаш постои излез, само е потребно време да го пронајдеш. Отфрли ги замерките, бесот, стравот, сомнежот, изговорите и ќе видиш како животот одеднаш почнува да ти нуди подобри изданија. Се’ е на тебе. Ти си оној кој избира! by Рита]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/lugjeto-zrachat-nekoi-kje-te-razbolat-a-nekoi-kje-te-izlechat/feed/ 0
Добра вест доаѓа од Италија: Коронавирусот се лекува со крвта на оние кои што веќе го прележале вирусот! https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dobra-vest-doagja-od-italija-koronavirusot-se-lekuva-so-krvta-na-onie-koi-shto-vekje-go-prelezale-virusot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dobra-vest-doagja-od-italija-koronavirusot-se-lekuva-so-krvta-na-onie-koi-shto-vekje-go-prelezale-virusot/#respond Fri, 03 Apr 2020 11:04:08 +0000 https://kurir.mk/?p=326635

Добра вест доаѓа од Италија, која што е тешко погодена од корнавирусот и каде што имна најмногу починати. Во една последна студија која што е направена во Павиа, се открива дека луѓто можат да се излечат со крвта од оние кои што веќе оздравеле од коронавирусот, пишува АНСА. Неколку пациенти веќе примаат плазма од оздравени пациенти од коронавирусот, кои што отпосле развиле антитела. Така што во Поликлиниката во Павиа на сила влезе терапијата со плазма. Првите двајца кои што даруваа крв биле лекари во Порто Мороне (Павиа), маж и жена, кои што биле меѓу првите заразени со Ковид-19 во таа провинција. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dobra-vest-doagja-od-italija-koronavirusot-se-lekuva-so-krvta-na-onie-koi-shto-vekje-go-prelezale-virusot/feed/ 0