легализација – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 26 Oct 2022 09:31:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png легализација – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Германската Влада отвoра пат кон легализација на канабисот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanskata-vlada-otvora-pat-kon-legalizacija-na-kanabisot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanskata-vlada-otvora-pat-kon-legalizacija-na-kanabisot/#respond Wed, 26 Oct 2022 09:31:10 +0000 https://kurir.mk/?p=750576

Германската Влада денеска го отвори патот кон легализација на канабисот, иако останува нејасно дали планот ќе помине на европско ниво, пренесе ДПА. Според планот одобрен од Кабинетот на германскиот канцелар Олаф Шолц, канабисот и активната супстанција тетрахидроканабинол (THC) повеќе нема да бидат законски класифицирани како наркотици. Купувањето и поседувањето до 30 грама канабис би било ослободено од казна, приватното одгледување би било дозволено во ограничен обем, а ќе биде можна и продажбата на возрасни лица во „лиценцирани специјализирани продавници“ и евентуално во аптеки. Дали тоа навистина ќе се случи, сепак, останува да се види, коментира ДПА. Европските правила за канабис би можеле да и застанат на патот на легализацијата во Германија.
Меѓународната правна рамка нуди „ограничени опции за спроведување на проектот на коалицијата“, според планот одобрен од Кабинетот во Берлин. Во коалицискиот договор, централно-левичарската СПД на Шолц, Зелените и про-бизнис ФДП се согласија да воведат „контролирана дистрибуција на канабис до возрасни за потребите на потрошувачката во лиценцирани продавници“.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanskata-vlada-otvora-pat-kon-legalizacija-na-kanabisot/feed/ 0
Врховниот суд на САД ја поништи пресудата со која се легализираше абортусот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vrhovniot-sud-na-sad-ja-ponishti-presudata-so-koja-se-legalizirashe-abortusot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vrhovniot-sud-na-sad-ja-ponishti-presudata-so-koja-se-legalizirashe-abortusot/#respond Fri, 24 Jun 2022 15:30:45 +0000 https://kurir.mk/?p=695332

Врховниот суд на САД денеска ја поништи 50-годишната пресуда со која се легализираше абортусот во целата земја, поради што милиони жени ќе го изгубат законското право на абортус. Судот ја поништи значајната одлука во случајот Роу против Вејд, со која технички беше укинато федералното уставно право на абортус во САД. Сега државите одделно можат да одлучуваат за законитоста на абортусот. „Сметаме дека Уставот не дава право на абортус и овластувањето за регулирање на прашањето за абортусот мора да им се врати на граѓаните и нивните избрани претставници“, се наведува во соопштението. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vrhovniot-sud-na-sad-ja-ponishti-presudata-so-koja-se-legalizirashe-abortusot/feed/ 0
Ќе се легализираат дивоградби изградени до јануари 2021, со 50 до 100 отсто повисоки комуналии https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kje-se-legaliziraat-divogradbi-izgradeni-do-januari-2021-so-50-do-100-otsto-povisoki-komunalii/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kje-se-legaliziraat-divogradbi-izgradeni-do-januari-2021-so-50-do-100-otsto-povisoki-komunalii/#respond Thu, 23 Dec 2021 12:50:22 +0000 https://kurir.mk/?p=612104

Подготвен е нов Предлог закон за бесправно изградени објекти со кој предмет на легализација ќе бидат дивоградби изградени до 1 јануари 2021 година, со исклучок на тие што се изградени во границите на Охридскиот регион, заштитените подрачја, ….како и згради, доградби и надградби на згради, времени и помошни објекти. Ресорниот министер Благој Бочварски денеска соопшти дека се предвидува скалест начин на пресметување на надоместот за легализација. За објект со површина до 80 метри квадратни висината на надоместот се зголемува за 50 проценти, како казна за бесправното градење, а за објект од над 80 метри се зголемува за 100 проценти. Во прилог на барањето, како доказ за бесправен објект ќе се земаат само предвид сметките за јавни услуги. Од надомест за легализација ќе бидат ослободени граѓани кои имаат до 180 илјади денари нето годишен приход. -Ова е нов закон, различен од претходниот за кој јавноста реагираше и веднаш морам да потенцирам дека при креирање на овој закон заемени се во предвид речиси сите предлози на граѓанските здруженија, коморите, асоцијациите и сите засегнати страни. Исто така законот го услогласивме и со другите државни институции и сметаме дека креиревме квалитетно законско решение со кое ќе се обидеме да ставиме крај на изградбата на бесправни градби и узурпацијата на просторот. Од друга страна со законот нудиме и фер услови за сите оние граѓани кои претходно немале можност да ги легализираат своите домови, рече на прес-конференција Бочварски. Со законот, како што информираше денеска ресорниот министер Бочварски, се очекува да се заокружи процесот на легализација на бесправни објекти во државата. Бочварски соопшти дека нема да може да се легализираат бесправни објекти изградени во границите на Охридскиот регион, а за кои е утврдено дека не се во согласност со Планот за управување со Светското природно и културно наследство во Охридскиот регион, изградени во граници на заштитени подрачја и тоа Зона за строга заштита и Зона за активно управување, изградени во споменичката целина на Старото градско јадро на Охрид, изградени во подрачје на заштитено недвижно културно наследство, изградени во подрачје во кое се врши или е планирана експлоатација на минерални суровини. Исто така, нема да се легализираат и дивоградби изградени во заштитни зони на аеродроми, изградени во зони на гранични премини во радиус од 100 метри од граничната линија, изградени на сообраќајници и на подрачја на кои со урбанистичките планови е предвидена изградба на објекти од јавен интерес утврден со закон, изградени во заштитен појас на државни и локални патишта и во заштитен појас на железничка инфраструктура, изградени на земјиште за кое во Катастарот на недвижности е запишано право на хипотека. Не може да се легализираат ниту згради како и доградби и надградби на зградите со намена А2, како и сите видови на времени објекти (базени, гаражи), сите видови на урбана опрема и помошни објекти кои се во функција на друг објект. Еден барател ќе може да легализира само еден објект. Во прилог на барањето, како доказ за бесправен објект ќе се земаат само предвид сметките за јавни услуги. И со ова, потенцираше Бочварски, не дозволуваме можни злоупотреби со изјавата на нотар, нешто што беше случај во претходниот закон. -Во однос на надоместот за легализација е предвиден скалест начин на пресметување. За објект со површина до 80 метри квадратни висината на надоместокот се зголемува за 50 проценти, како казна за бесправното градење, а за објект со површина над 80 метри надоместот се зголемува за 100 проценти. Надоместот за легализација на електронски комуникациски мрежи ќе изнесува по 10 евра од метар изградена површина, рече Бочварски. Тој информираше дека го зголемуваат опфатот на граѓани и целни групи кои нема да плаќаат надомест за легализација на бесправно изграден објект. Со тоа, посочи, излегуваме во пресрет на социјално загрозените лица и граѓаните со приходи до 180 илјади денари нето годишен приход, со тоа што овие категории граѓани ќе бидат ослободени од надоместот за легализација. -Овој Закон е исклучително важен за решавање на правниот статус на голем број на инфраструктурни проекти низ државата, електронски комуникациски мрежи и кабелска канализација, преку поедноставена постапка која што ќе ја води Агенцијата за катастар на недвижности, потенцираше Бочварски. Рокот за поднесување на барањето за легализација е шест месеци од денот на влегувањето во сила на законот. Бочварски најави дека Предлог законот ќе биде доставен до Собранието и оти секој квалитетен предлог ќе биде анализиран и доколку постои можност ќе биде вметнат во законското решение. -Нашата цел е да донесеме функционален закон со кој ќе го заокружиме процесот на бесправното градење во државата, истакна Бочварски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kje-se-legaliziraat-divogradbi-izgradeni-do-januari-2021-so-50-do-100-otsto-povisoki-komunalii/feed/ 0
Стефковски ги потпиша решенијата за легализација за предмети кои деновиве беа решени https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/stefkovski-gi-potpisha-reshenijata-za-legalizacija-za-predmeti-koi-denovive-bea-resheni/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/stefkovski-gi-potpisha-reshenijata-za-legalizacija-za-predmeti-koi-denovive-bea-resheni/#respond Thu, 02 Dec 2021 19:27:19 +0000 https://kurir.mk/?p=603226

Ги потпишав решенијата за легализација за предметите кои во изминатите денови беа решени. Се зголемува динамиката на решавање на предметите за легализација, стои во статусот на официјалната Фејсбук страница на градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски. Тој информираше дека администрацијата е задолжена во наредниот период да ги извести граѓаните за комплетирање на документацијата во предметите, а потоа во најкраток рок да изготви пресметка и решение за легализација. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/stefkovski-gi-potpisha-reshenijata-za-legalizacija-za-predmeti-koi-denovive-bea-resheni/feed/ 0
Врховниот суд на Мексико ја легализира употребата на марихуаната за возрасни лица https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vrhovniot-sud-na-meksiko-ja-legalizira-upotrebata-na-marihuanata-za-vozrasni-lica/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vrhovniot-sud-na-meksiko-ja-legalizira-upotrebata-na-marihuanata-za-vozrasni-lica/#respond Tue, 29 Jun 2021 07:00:15 +0000 https://kurir.mk/?p=529174

Врховниот суд на Мексико вчера ја легализираше употребата на марихуана за возрасните лица. Осум од 11-те членови на судот прогласија за неуставни голем број членови на мексиканскиот Закон за здравство, со кои се забрануваше консумирање марихуана. -Денеска е историски ден за различните слободи, рече претседателот на Врховниот суд, Артуро Залдивар. Одлуката на Врховниот суд следеше затоа што двата дома на мексиканскиот Парламент не го усвоија предлогот за измена на законот за тоа прашање, до крајниот предвиден рок, 30 април,  што го имаше утврдено токму овој суд.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vrhovniot-sud-na-meksiko-ja-legalizira-upotrebata-na-marihuanata-za-vozrasni-lica/feed/ 0
Вирџинија легализираше марихуана: Од 1 јули, возрасните ќе можат да ја одгледуваат https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/virdzinija-legalizirashe-marihuana-od-1-juli-vozrasnite-kje-mozat-da-ja-odgleduvaat/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/virdzinija-legalizirashe-marihuana-od-1-juli-vozrasnite-kje-mozat-da-ja-odgleduvaat/#respond Thu, 08 Apr 2021 07:23:27 +0000 https://kurir.mk/?p=494090

Вирџинија стана првата јужноамериканска држава што легализира марихуана за рекреативна употреба. Пратениците во Конгресот на таа држава во средата гласаа за предлогот на гувернерот Ралф Нортам за измени во законот, со цел да се одобри возрасните да можат да поседуваат и одгледуваат мали количини на таа наркотична дрога од јули. Предлогот Нортам да се врати на собранието за усвојување претрпе значителни промени во однос на верзијата што беше одбиена во февруари, пренесува АП. Пратениците го прифатија амандманот со кој ќе се скрати рокот за легализација за околу три години, многу порано отколку што ќе започне продажбата на мало. Демократите рекоа дека усвојувањето на овој закон е итен и неопходен чекор со цел да се запре неправедниот третман на обоените малцинства, според АП. Законот им дозволува на луѓето над 21 година од 1 јули легално да поседуваат унца (28,3 грама) канабис, под услов да немаат намера да го продаваат, како и да растат до четири растенија во своите домови. Јавната употреба на лекот ќе продолжи да биде забранета. Легалната продажба, сепак, нема да започне пред 1 јануари 2024 година, бидејќи законот предвидува комплициран процес на формирање нова државна агенција за следење на пазарот на марихуана. До сега марихуаната е легализирана во 15 од 50 држави во САД.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/virdzinija-legalizirashe-marihuana-od-1-juli-vozrasnite-kje-mozat-da-ja-odgleduvaat/feed/ 0
Мексико ja легализира марихуаната за лична употреба https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/meksiko-ja-legalizira-marihuanata-za-lichna-upotreba/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/meksiko-ja-legalizira-marihuanata-za-lichna-upotreba/#respond Thu, 11 Mar 2021 07:00:34 +0000 https://kurir.mk/?p=480488

Долниот дом на мексиканскиот Парламент одобри нацрт-законот за регулирање на потрошувачката, одгледувањето и трговијата со марихуана за лична употреба низ целата земја, кој Сенатот ќе треба да го ратификува пред 30 април. Со 316 гласа „за“, 129 „против“ и 23 воздржани, долниот дом го одобри Федералниот закон за регулирање на канабисот и реформите на Законот за општо здравје и Кривичниот законик. Ова законодавство е предмет во рамките на мандатот на Врховниот суд, кој во 2018 година ја прогласи за неуставна забраната за употреба на канабис за забава и го одреди 30 април како максимален рок за негово регулирање. Иако Сенатот веќе ја одобри иницијативата во ноември минатата година, сега мора да ги ратификува амандманите на Претставничкиот дом пред претседателот Андрес Мануел Лопез Обрадор да го објави законот. Кога законот ќе стапи во сила, Мексико ќе стане трета земја во Америка што легализира лична употреба на марихуана на национално ниво, заедно со Канада и Уругвај.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/meksiko-ja-legalizira-marihuanata-za-lichna-upotreba/feed/ 0
Официјално гувернерот на Њу Џерси потпиша закон за легализирање на канабисот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/oficijalno-guvernerot-na-nju-dzersi-potpisha-zakon-za-legaliziranje-na-kanabisot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/oficijalno-guvernerot-na-nju-dzersi-potpisha-zakon-za-legaliziranje-na-kanabisot/#respond Tue, 23 Feb 2021 11:50:24 +0000 https://kurir.mk/?p=472723

Гувернерот на Њу Џерси, Фил Марфи потпиша закон со кој се легализира канабисот за возрасни, се декриминализира поседувањето до 170 грама дрога и се менуваат реформите во кривичната правда што ќе го промени начинот на комуникација на полициските службеници со малолетни престапници. На тој начин, Њу Џерси стана 15-та американска федерална држава што го легализира канабисот за рекреативна употреба, пренесува американскиот „Политико“. Пред три месеци, 67 проценти од гласачите го поддржаа уставниот амандман според кој жителите на Њу Џерси над 21 година можат да продаваат и да користат канабис. – Не постои никој кој ги поддржа овие напори, а кој не би признал дека овој процес траеше многу подолго отколку што се очекуваше, но секако е подобро да се прават работите како што треба, а не брзо, рече Марфи на прес-конференција.(МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/oficijalno-guvernerot-na-nju-dzersi-potpisha-zakon-za-legaliziranje-na-kanabisot/feed/ 0
Мексиканскиот сенат одобри легализација на канабисот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/meksikanskiot-senat-odobri-legalizacija-na-kanabisot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/meksikanskiot-senat-odobri-legalizacija-na-kanabisot/#respond Fri, 20 Nov 2020 06:58:46 +0000 https://kurir.mk/?p=431996

Мексиканскиот Сенат одобри закон со кој се легализира канабисот, што отвора пат за создавање на најголемиот пазар на марихуана во светот доколку законот помине во Долниот дом на Парламентот, Конгресот. Пратениците, кои го одобрија законот со 82 гласа „за“ и 18 „против“, сакаат законот да биде усвоен до крајот на актуелното заседавање на Конгресот, до средината на декември. Доколку добие зелено светло, законот ќе дозволи употреба на канабис за рекреативни, научни и медицински цели во земја каде што над 100.000 луѓе починаа во насилство меѓу нарко-картели во последните неколку години.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/meksikanskiot-senat-odobri-legalizacija-na-kanabisot/feed/ 0
Ивановски: По 2018 година не се знае што се случувало со градбите затоа законот за легализација на дивоградби се носи без дебата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanovski-po-2018-godina-ne-se-znae-shto-se-sluchuvalo-so-gradbite-zatoa-zakonot-za-legalizacija-na-divogradbi-se-nosi-bez-debata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanovski-po-2018-godina-ne-se-znae-shto-se-sluchuvalo-so-gradbite-zatoa-zakonot-za-legalizacija-na-divogradbi-se-nosi-bez-debata/#respond Wed, 25 Dec 2019 08:10:02 +0000 https://kurir.mk/?p=281955

Сега е актуелен законот за легализација на дивоградби и работата е што сега нема никаква бројка за колкав број на градби што се диво изградени се зборува. Или по 2018 година не се знае што се случувало, и затоа нема дебата и законот се носи по кратка постапка, рече Синиша Ивановски, претседател на Комисијата за транспорт и врски на ВМРО-ДПМНЕ. -Во 2011 година имаше 450 илјади барања и тоа беше добар закон, околу 250 илјади се решени остануваат уште околу 200 илјади за решавање. Сега во законот се предвидува да се бара мислење од министерство за животна средина. Не може да се бара мислење за заштитено подрачје тој што градел во такво подрачје треба да се сруши, потоа има градби во близина на граница тоа е прашање на одбрана....Вакви случаи не можат да влезат во закон, посочи Ивановски. Според него не е во ред што се воведува еден вид на специјална постапка како за сопственици на кабловски линии, кабловски оператори и сл. -Тие можат со изјава на нотар и елаборат да завршат работа. Со ова ги ставате граѓаните во понеповолна положба од компаниите, рече Ивановски. Инаку со предлог законот е предвидено се што се изградило до први октомври 2019 година да може да биде легализирано. Можност за легализација ќе имаат сите градби изградени без дозвола кои претставуваат функционелна целина и се приклучени на вода и струја до октомври. Освен цели објекти, ќе се легализираат и доградби и надградби. Цената за легализација нема да биде по едно евро, туку ќе се плаќаат сите комуналии, зголемени за 50 насто. Од плаќање ќе бидат ослободени верските заедници кои граделе на диво верски објекти, јавните институции, како и социјалните случаи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanovski-po-2018-godina-ne-se-znae-shto-se-sluchuvalo-so-gradbite-zatoa-zakonot-za-legalizacija-na-divogradbi-se-nosi-bez-debata/feed/ 0