легенди – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 29 Sep 2023 08:05:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png легенди – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 За оние кои прерано си заминаа- „Легендите живеат вечно“ на 28-ми октомври во „Македонска Филхармонија“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/za-onie-koi-prerano-si-zaminaa-legendite-zhiveat-vechno-na-28-mi-oktomvri-vo-makedonska-filharmonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/za-onie-koi-prerano-si-zaminaa-legendite-zhiveat-vechno-na-28-mi-oktomvri-vo-makedonska-filharmonija/#respond Fri, 29 Sep 2023 08:05:29 +0000 https://kurir.mk/?p=883109

Под мотото „Легендите живеат вечно“, на 28-ми октомври во „Македонска филхармонија“ ќе се одржи концерт во чест на оние кои прерано си заминаа, со цел да им се одаде почит за се она што го оставија зад себе. Ја испишаа музичката историја, а можеа уште толку многу. Вечер исполнета со композиции, силни емоции, како времеплов низ македонската музичка историја, во изведба на најпопуларните македонски музички пејачи, а во придружба на Камерниот Оркестар. Ќе се потсетиме на момчето со ангелски глас, којшто ги поместуваше границите и го обединуваше Балканот со својата музика Тоше Проески, ќе ги пееме песните на рокерот со нежна душа Влатко Илиевски, нема да ги заборавиме и Есма Реџепова, Гоце Арнаудов, Зафир Хаџиманов, Драган Вучиќ како и многу други. Музичкиот свет прерано го напуштија многу македонски имиња, но нивните песни нема да избледат. Заминаа, но ќе останат делата. Тие остануваат вечни, како спомен за оние со кои се радувавме, растевме, тагувавме... Легендите живеат вечно, затоа што има млади таленти кои живеат со нив, во ова време. Многу музика и пеење, уште повеќе емоции и по некоја солза е она што не очекува на 28-ми октомври. Картите за овој настан се веќе пуштени во продажба и истите ќе имате можност да ги купите преку продажната мрежа на www.kupikarta.com, Розе Веро 2 и ЈК Травел во Бисер.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/za-onie-koi-prerano-si-zaminaa-legendite-zhiveat-vechno-na-28-mi-oktomvri-vo-makedonska-filharmonija/feed/ 0
Балканот се уште тагува по нив: Легенди кои заминаа во 2020 година https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/balkanot-se-ushte-taguva-po-niv-legendi-koi-zaminaa-vo-2020-godina/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/balkanot-se-ushte-taguva-po-niv-legendi-koi-zaminaa-vo-2020-godina/#respond Sun, 27 Dec 2020 11:26:25 +0000 https://kurir.mk/?p=449006

Поминуваат и последните денови од 2020 година, која освен по коронавирусот, ќе се памети и по големиот број јавни личности од Балканот кои го загубија животот. Долга е листата на оние по кои целиот Балкан тагува. Рајко Дујмиќ Некогашниот член на групата Нови фосили почина на 4 август на 65 годишна возраст, неколку дена откако со автомобил слетал во провалија од 11 метри. Мустафа Надаревиќ На 22 ноември легендарниот актер почина по долга борба со ракот на белите дробови на 77 години. Во јануари ја изненади јавноста со искрено интервју во кое проговори за прв пат за својата болест. Иван Бекјарев Познатиот актер Иван Бекјарев, почина на 16 ноември на 75 годишна возраст како последница од коронавирус. Џеј Рамадановски Легендата на народната музика Џеј Рамадановски почина ненадејно на 56 годишна возраст на 6 декември откако во сон му застанало срцето. Во неговиот дом лекарска екипа се обидела да го реанимира, но не успеала. Крунослав Кичо Слабинац Пејачот Кичо Слабинац (76) почина на 13 ноември во болница во Загреб каде бил хоспитализиран три месеци. Исидора Бјелица Писателката почина на 5 август во домот на своите родители на 53 години. Таа го години храбро и со насмевка на лицето се бореше со карцином на јајниците, кој се смета за еден од најопасните видови рак. Мирослав Миша Алексиќ Последнот збогум оваа година љубителите на „Рибља чорба“ му кажаа на басистот на групата кој почина на 29 ноември од последици од коронавирусот. Тој почина на 68 годишна возраст, а неговото тело беше кремирано. Тихомир Тика Арсиќ Актерот почина на 64 години. Случајно, на детален преглед, дознал дека има рак на главата на панкреасот. Во тоа време се подготвувал за филмска улога на човек кој умира од рак, па размислувал дали прво да го сними филмот и да оди на операција или да се откаже од улогата поради здравјето. Бојан Златановиќ Токан Музиката остана и без тапанарот на „Амадеус Бенд“ кој на 45 годишна возраст ја загуби битката со коронавирус. Почина на 24 ноември. Мирко Бабиќ Актерот почина на 73 годишна возраст. Беше познат кај широката народна маса, особено кај оние кои ја гледаа серијата „Село гори, а баба се чешла“. Борислав Бора Дрљача Пејачот на народна музика на 11 октомври ја загуби битката со опасната болест. Бора имаше 80 години, а неколку пати беше хоспитаизиран и опериран.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/balkanot-se-ushte-taguva-po-niv-legendi-koi-zaminaa-vo-2020-godina/feed/ 0
Македонските фудбалски легенди дел од Европската недела на спортот https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/makedonskite-fudbalski-legendi-del-od-evropskata-nedela-na-sportot/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/makedonskite-fudbalski-legendi-del-od-evropskata-nedela-na-sportot/#respond Tue, 25 Sep 2018 10:00:04 +0000 https://kurir.mk/?p=105668

По повод одбележувањето на Европската недела на спортот, на ФФМ тренинг центарот „Петар Милошевски“  ревијален натпревар одиграа македонските фудбалски легенди. Драган Канатларовски, Вујадин Станојковиќ, Илија Најдовски, Ѓоре Јовановски, Зоран Јовановски, Игор Митревски, Ѓорѓи Христов, Зоран Бошковски – Чоко, Артим Шаќири, Стојмир Урошевиќ, Драган Веселиновски, Неџат Шабани, Горан Ѓеоргиевски, Љупчо Марковски, Панче Ќумбев, Влатко Гроздановски, Светозар Станковски, Жарко Серафимовски, Кочо Димитровски, Саша Ќириќ, Срѓан Захариевски, Драган Мутибариќ, Данчо Целески, Љупчо Кметовски и Томе Пачовски беа дел од натпреварот во рамките на проектот кој се одржува на територија на цела Европа од 23 до 30 септември. Целта на проектот е спорт за сите возрасни категории, на сите места, во секакви услови, а крајниот ефект е остварување на идеите на Европската недела на спортот – придобивките од активностите во текот на спортската недела да имаат траен ефект, односно да останат во навиките на секој поединец во Македонија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/makedonskite-fudbalski-legendi-del-od-evropskata-nedela-na-sportot/feed/ 0