лек – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 07 Aug 2023 12:23:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png лек – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 САД го одобри првиот орален лек за постпородилна депресија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-go-odobri-prviot-oralen-lek-za-postporodilna-depresija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-go-odobri-prviot-oralen-lek-za-postporodilna-depresija/#respond Mon, 07 Aug 2023 12:23:25 +0000 https://kurir.mk/?p=864239

Американската Агенција за храна и лекови (ФДА) го одобри првиот орален лек за третман на постпородилна депресија, под назив „Зурзува“ (Zurzuvae). Ова е воедно и единствен орален третман за постпородилна депресија, којшто се зема еднаш дневно, за 14 дена и може да доведе до брзо подобрување. Досега, лекувањето на постпородилната депресија во САД беше можно само преку интравенска интервенција на лекот во здравствените установи. Според компанијата производител, лекот би требало да биде достапен во последното тримесечје од 2023 година. Постпородилната депресија обично се јавува по пораѓањето, но може да почне и при крајот од бременоста. Исто како и другите видови депресија, и тука симптомите вклучуваат долготрајна тага, губење енергија, самоубиствени мисли и намалена способност за доживување задоволство. Се проценува дека една од седум жени искусуваат симптоми на постпородилна депресија само во САД, известува ФДА. - Постпородилната депресија е можно опасна состојба по живот кога жената чувствува тага, вина, безвредност - во потешки случаи, може и да си наштети себеси или на бебето. И, бидејќи постпородилната депресија може да го наруши односот мајка - дете, може да има последици и врз физичкиот и емоционалниот развој на детето. Пристапот до орални лекови ќе биде корисен за многу жени кои се справуваат со екстремни и понекогаш опасни по живот чувства, појасни Тифани Фарчионе, психијатарка во Центарот за евалуација на лекови на ФДА. Клиничките испитувања покажаа дека пилулата значително ги намалува симптомите на депресија во рок од три дена. Ефектот на лекот трае четири недели по последната доза, соопшти ФДА.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-go-odobri-prviot-oralen-lek-za-postporodilna-depresija/feed/ 0
Еврото со рекордно најниска вредност во однос на албанскиот лек https://arhiva.kurir.mk/svet/region/evroto-so-rekordno-najniska-vrednost-vo-odnos-na-albanskiot-lek/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/evroto-so-rekordno-najniska-vrednost-vo-odnos-na-albanskiot-lek/#respond Tue, 06 Jun 2023 17:11:31 +0000 https://kurir.mk/?p=842873

Заедничката европска валута, еврото, го допре историскиот минимум во размена со албанската валута, лекот. - Денеска едно евро се заменуваше за 107,4 денари, што е пад од 10 отсто од вредноста во период од една година. Во последните неколку месеци еврото загуби 3,5 отсто од вредноста во однос на лекот, а тоа се должи на повеќе фактори, почнувајќи од странските инвестиции во недвижности во Албанија, па сè до менувачките операции во големи износи, јави Топ чанел. Податоците на Централна банка на Албанија покажуваат дека купувањата на имот од странски државјани лани достигнало највисоко историско ниво, достигнувајќи вредност од 291 милион евра, со годишен раст од 52 отсто. Според банката купувањето имот од странски државјани ја зголемува понудата на европската валута во земјава, што влијае на нејзината девалвација.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/evroto-so-rekordno-najniska-vrednost-vo-odnos-na-albanskiot-lek/feed/ 0
Студија: Лек за рак на белите дробови го намалува ризикот од смрт за 50 отсто https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/studija-lek-za-rak-na-belite-drobovi-go-namaluva-rizikot-od-smrt-za-50-otsto/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/studija-lek-za-rak-na-belite-drobovi-go-namaluva-rizikot-od-smrt-za-50-otsto/#respond Sun, 04 Jun 2023 13:57:24 +0000 https://kurir.mk/?p=841947

Употребата на лекот Осимертиниб по операција го намалува ризикот од смрт кај пациенти со рак на белите дробови за 51 отсто. „Пред 30 години не можевме да направиме ништо за такви пациенти. Сега го имаме овој моќен лек“, рече Рој Хербст, заменик директор на Центарот за лекување рак на Јеил и главен автор на студијата за ефектите на Осимертиниб, објави Гардијан. Тој изјави дека бројката од 50 проценти е голема работа, особено во случајот со ракот на белите дробови, кој е многу отпорен на терапии. Говорејќи на Светската конференција за рак на белите дробови во Чикаго, Хербст рече дека „возбудливите резултати“ додадоа уште поголема тежина на претходните наоди кои покажаа дека лекот може да го намали ризикот од враќање на болеста на половина. Тој посочи дека некои пациенти во Велика Британија, САД и други земји веќе имаат пристап до лекот. Во извештајот на Астра Зенека, што го произведува лекот Осимертиниб, се вели дека лекот покажал невидена и многу значајна корист во однос на преживувањето на пациентите. Се додава дека по пет години, 88 отсто од пациентите кои земале дневно апче се уште се живи по отстранувањето на туморот. Ракот на белите дробови е најсмртоносниот рак, годишно убива речиси два милиона луѓе.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/studija-lek-za-rak-na-belite-drobovi-go-namaluva-rizikot-od-smrt-za-50-otsto/feed/ 0
Шефот на ChatGPT пред Конгресот: Вештачката интелигенција носи големи ризици, но и потенцијал да најде лек за ракот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shefot-na-chatgpt-pred-kongresot-veshtachkata-inteligentsija-nosi-golemi-rizitsi-no-i-potentsijal-da-najde-lek-za-rakot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shefot-na-chatgpt-pred-kongresot-veshtachkata-inteligentsija-nosi-golemi-rizitsi-no-i-potentsijal-da-najde-lek-za-rakot/#respond Tue, 16 May 2023 19:23:09 +0000 https://kurir.mk/?p=834974

Претседателот на компанијата што го разви софтверот за вештачка интелигенција ChatGPT Сем Алтман на денешното сослушување пред американскиот Конгрес изјави дека владината интервенција е клучна за да се ублажат ризиците од производството на сè помоќните системи со вештачка интелигенција (ВИ) од новата генерација. „Како што напредува оваа технологија, сфаќаме дека луѓето се загрижени за тоа како таа би можела да го промени животот. И ние сме загрижени“, рече Алтман. За време на својот говор, покрај потенцијалните закани, тој изјави дека „вештачката интелигенција има потенцијал да најде лек за ракот“, пренесе Би-Би-Си. „Работиме на изградба на алатки кои еден ден може да ни помогнат да направиме нови откритија и да се справиме со некои од најголемите предизвици во светот како климатските промени и лекувањето на ракот“, рече Алтман. ChatGPT брзо стана глобален успех од неговото лансирање во ноември, а конкурентските компании, вклучително и Гугл се тркаат за објавување на сопствени верзии на чет-ботови со вештачка интелигенција. Милиони корисници ја користат оваа алатка, која по дадена сугестија може да компонира песна, да напише текстови од секаков вид, од писма, рецепти до маркетинг стратегии за рекламирање и училишни и студентски задачи и семинари. ChatGPT има пристап до огромна база на податоци на онлајн текстови, од упатства за употреба до учебници и дигитализирани книги. Сепак, овој софтвер за вештачка интелигенција овозможува мамење на домашните задачи, па неговата појава предизвика загриженост во училишниот систем, што способноста на поновите генерации на оваа алатка да измамат, да шират невистини и да ја нарушат заштитата на авторските права само дополнително го подгрева. Иако нема непосредни знаци дека Конгресот ќе донесе нови правила за вештачка интелигенција, како што тоа го прават европските законодавци, загриженоста на општеството го донесе Алтман во Белата куќа. Демократскиот сенатор Ричард Блументал, кој претседава со поткомитетот на Сенатската правосудна комисија за приватност, технологија и закон, го отвори сослушувањето со емитување на снимен говор што го направи ChatGPT клонирајќи го гласот на сенаторот. „Што ако дадов поддршка за тоа Украина да се предаде на рускиот претседател Владимир Путин“, рече Блументал, објаснувајќи дека клонираниот глас на функционер може да се користи на овој начин. Главната службеничка за приватност и доверба Кристина Монтгомери побара од Конгресот да заземе пристап на „прецизна регулација“ во своето обраќање. „Ова значи воспоставување правила кои ќе ја регулираат примената на вештачката интелигенција во одредени случаи на употреба, наместо да ја регулираат самата технологија“, рече таа. Почесниот професор Гери Маркус пред почетокот на сослушувањето истакна дека човештвото создало машини кои се како „слонови во продавница за порцелан“ и дека никој не може да гарантира дека се безбедни, наведува Би-Би-Си. „Бевме премногу бавни да реагираме кога се појавија социјалните платформи, а изборот што го правиме сега ќе има трајни последици“, потенцираше тој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shefot-na-chatgpt-pred-kongresot-veshtachkata-inteligentsija-nosi-golemi-rizitsi-no-i-potentsijal-da-najde-lek-za-rakot/feed/ 0
Лек за срце стар над 800 години – лесен е за подготовка, а многу ќе ви помогне https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/lek-za-srtse-star-nad-800-godini-lesen-e-za-podgotovka-a-mnogu-ke-vi-pomogne/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/lek-za-srtse-star-nad-800-godini-lesen-e-za-podgotovka-a-mnogu-ke-vi-pomogne/#respond Tue, 25 Apr 2023 09:01:50 +0000 https://kurir.mk/?p=827270

Овој познат рецепт кој го направила калуѓерката Хилдегард фон Бинген, која живеела пред 800 години и починала на 81-годишна возраст. Овој лек за срцето се покажал како многу делотворен кај сите срцеви болести и заболувања. Се користи кога ќе почувствувате срцеви тегоби како бодежи, прескокнување на срцето, треперење. Потребно ви е: 10 свежи китки магдонос (без корен) еден литар домашно црно или бело вино 2 лажици вински оцет 300 грама природен мед Магдоносот заедно ставете го во еден литар чисто природно вино и додадете 1-2 лажици чист вински оцет. Варете ги состојките на тивок оган 10 минути, а потоа додадете 300 грама природен мед и оставете полека да се вари 4 минути. Потоа сето ова ставете го во стаклени шишиња и добро затворете. Талогото кој ќе се создаде не е штетен и слоодно може да се пие. Напитокот се користи секојдневно по една супена лажица се додека тегобите не престанат. За потешки болести потребно е да се користи подолг временски период.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/lek-za-srtse-star-nad-800-godini-lesen-e-za-podgotovka-a-mnogu-ke-vi-pomogne/feed/ 0
Природен лек: Еве како да се ослободите од забоболката дома https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/priroden-lek-eve-kako-da-se-oslobodite-od-zabobolkata-doma/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/priroden-lek-eve-kako-da-se-oslobodite-od-zabobolkata-doma/#respond Thu, 09 Mar 2023 13:42:34 +0000 https://kurir.mk/?p=810021

Добро е да знаете дека инфицираниот заб, пулсирањата во вилицата и придружните симптоми може да се ублажат додека не го посетите вашиот стоматолог. Постојат неколку докажани природни лекови и методи како што се испирање на устата со солена вода или ладни облоги кои помагаат да се смири забоболката. Сепак, секое од овие решенија е привремено и најдоброто нешто што можете да направите за вашето орално здравје е да контактирате со стоматолог и да одите на преглед што е можно поскоро. Стоматологот ќе го поправи забот и ќе даде насоки како да се ублажат симптомите и да се спречи болката во иднина. Во исто време, можете да се консултирате со стоматолог за домашни лекови што можете да ги користите, како да користите билки и можни несакани ефекти. Додека не ја посетите стоматолошката ординација, можете да се обидете да ја смирите болката со некои препарати и средства што ги имате дома. Исплакнете ја устата со солена вода или водород пероксид Ефективен третман и еден од првите чекори што треба да ги направите кога ве боли забот е да ја исплакнете устата со солена вода. Солената вода е природно средство за дезинфекција и може да помогне да се отстранат честичките и остатоците од храна што се заглавени помеѓу забите. Лесно е да се направи солен раствор: само треба да додадете и измешате половина лажичка сол во една чаша топла вода – и првата помош за забоболка е подготвена! Исплакнувањето на устата со хидроген пероксид, исто така, помага во ублажување на болката и воспалението. Покрај антисептичкото дејство, хидроген пероксид може да ја намали забната плоча и да залечи чувствително крварење на непцата. Подготовката на ова решение бара посебна грижа. Неопходно е да се измеша 3% водород пероксид со вода (во еднакви размери) и да се користи за плакнење на устата. Не е пожелно да се проголта овој агенс. Студената облога го намалува отокот и болката Силната болка ќе исчезне ако ставите ладни облоги. Студот доведува до стеснување на крвните садови, така што не само што ја ублажува болката, туку и помага да се намали воспалението и отокот. Завиткајте неколку коцки лед во крпа и ставете ги на отечено место до 20 минути. Може да ја повторите постапката неколку пати во текот на денот. Не се препорачува да го гризете мразот, бидејќи може дополнително да го оштети забот. Лук – вреден антисептик и аналгетик Пред илјадници години, лукот се користел во третманот на разни болести и заболувања поради неговите корисни ефекти. Кога станува збор за оралното здравје, лукот може да убие штетни бактерии од меката забна плоча, а исто така дејствува и како лек против болки. Испасирајте чешне лук со правење паста што ќе ја нанесете на болниот заб. Можете да додадете малку сол во смесата или, наместо паста, изберете да џвакате чешне свеж лук. Мирисот може да биде непријатен, но лукот дефинитивно може да ви ја ублажи забоболката. Чај од нане или жалфија за смирување Кесички од чај од нане или жалфија може да се користат за ублажување на болката и смирување на чувствителните непца. За да го направите ова, почекајте ќесичката за чај да се излади (но не целосно) пред да ја нанесете на болното место. Можете да ги испробате здравствените придобивки и лековитите својства на нането со обратен метод – односно ладење. Ставете ја употребената ќесичка за чај во замрзнувач неколку минути за целосно да се излади, а потоа ставете ја кесата на забот.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/priroden-lek-eve-kako-da-se-oslobodite-od-zabobolkata-doma/feed/ 0
Влада: Завршени се административните процедури за итна набавка на лекот Трикафта за болните од цистична фиброза, добавувачот ќе го испорача лекот во најбрз можен рок https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vlada-zavrsheni-se-administrativnite-protseduri-za-itna-nabavka-na-lekot-trikafta-za-bolnite-od-tsistichna-fibroza-dobavuvachot-ke-go-isporacha-lekot-vo-najbrz-mozhen-rok/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vlada-zavrsheni-se-administrativnite-protseduri-za-itna-nabavka-na-lekot-trikafta-za-bolnite-od-tsistichna-fibroza-dobavuvachot-ke-go-isporacha-lekot-vo-najbrz-mozhen-rok/#respond Wed, 15 Feb 2023 11:29:39 +0000 https://kurir.mk/?p=800766

Владата на Република Северна Македонија ја информира јавноста дека се завршени административните процедури кои беа потребни за итна набавка на лекот Трикафта за најкритичните пациенти кои боледуваат од цистична фиброза, и тоа во кус рок. Испораката на лекот Трикафта за овие пациенти се очекува да биде извршена од страна на добавувачот, во најбрз можен период, не подолг од 30 дена, согласно процедурите за работа на самиот производител и добавувач, а врзани со спецификите на самиот лек. За оваа намена од Фондот за здравство минатата недела беа одобрени над 2,2 милиони евра, а во соработка со сите релевантни институции во изминатите неколку дена беа завршени сите постапки со кои се овозможува непречена итна набавка на лекот Трикафта за критичните пациенти кои боледуваат од цистична фиброза. Дополнително во текот на денешниот ден во Владата ќе се одржи втор состанок на посебното тело во кое се директно вклучени и институциите и претставници од Асоцијацијата за цистична фиброза. На денешниот состанок, во инклузивен и транспарентен процес, се очекува да се финализираат потребните измени на законските решенија, со што ќе и се овозможи на државата директно да преговара за набавка на лекот Трикафта и на овој начин да се обезбеди лекот за сите пациенти. Со овие измени на постоечките законски регулативи, кои се очекува работната група да ги заврши до крајот на неделата, се обезбедува системско решение, бидејќи државата ќе е во можност преку директни преговори со производителот на лекот да ја набавува потребната терапија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vlada-zavrsheni-se-administrativnite-protseduri-za-itna-nabavka-na-lekot-trikafta-za-bolnite-od-tsistichna-fibroza-dobavuvachot-ke-go-isporacha-lekot-vo-najbrz-mozhen-rok/feed/ 0
Асоцијација за цистична фиброза: Првите дози на ,,Трикафта” ги очекуваме на почетокот на март https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/asotsijatsija-za-tsistichna-fibroza-prvite-dozi-na-trikafta-gi-ochekuvame-na-pochetokot-na-mart/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/asotsijatsija-za-tsistichna-fibroza-prvite-dozi-na-trikafta-gi-ochekuvame-na-pochetokot-na-mart/#respond Thu, 09 Feb 2023 19:09:20 +0000 https://kurir.mk/?p=798604

Од Асоцијацијата за цистична фиброза информираат за заедничкиот договор кој произлегол по состанокот со премиерот во Владата. -Денес бевме на разговор во Влада, со премиерот и претставници од неговиот кабинет. Присуствуваше и директорката на фондот за здравство. Постигнат е заеднички договор околу: 1. Тим за промена на законите за: – јавни набавки – лекови – здравствено осигурување кои имаат за цел да ја овозможат директната набавка на лекот Трикафта од производителот. 2. Над 2 200 000 евра(140 000 000 денари) префрлени на Педијатрија за итна набавка на лекот за најкритичните од фондот по итна постапка, веднаш. Нема бројка на пациенти заради се уште недефинирана цена на лекот за Македонија. Минимум за 8, максимум за 30 груба проценка. Ја очекуваме до почеток на месец март 2023 година. 3.Три годишна програма за сите пациенти на кои им соодвестува лекот. Не 8, не 30, не 65 туку СИТЕ. Нови ќе влегуваат во таа рамка согласно возраста. 4. Доколку се реши вака и не потфрлат со ова, ќе имаме системско решение за сите и веќе никој нема да стравува дали е дел или не од група што ќе го добие.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/asotsijatsija-za-tsistichna-fibroza-prvite-dozi-na-trikafta-gi-ochekuvame-na-pochetokot-na-mart/feed/ 0
За лекот за цистична фиброза „трикафта“ одобрени над 2,2 милиона евра, дадени насоки за итна набавка https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-lekot-za-tsistichna-fibroza-trikafta-odobreni-nad-2-2-miliona-evra-dadeni-nasoki-za-itna-nabavka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-lekot-za-tsistichna-fibroza-trikafta-odobreni-nad-2-2-miliona-evra-dadeni-nasoki-za-itna-nabavka/#respond Thu, 09 Feb 2023 17:22:26 +0000 https://kurir.mk/?p=798564

Премиерот Димитар Ковачевски кој денеска имаше средба со претставници од Асоцијацијата за цистична фиброза, рече дека се одобрени над 2,2 милиона евра за „трикафта“, како и дека се дадени насоки за итна набавка на лекот. На средбата присуствуваа и советничката за здравство Ана Данева-Маркова, директорката на Фондот за здравствено осигурување Магдалена Филиповска-Грашкоска и пратеничката Санела Шкријељ, а премиерот потенцираше дека нема да дозволи ниту еден пациент во земјава да биде издвоен или маргинализирани само зашто има скапа терапија. Во Владата, информира Ковачевски, ќе се формира посебно тело составено од стручните советници на премиерот, ФЗОМ, МАЛМЕД, БЈН, Клиника за детски болести и претставници од Асоцијацијата за цистична фиброза, кои до крајот на следната недела треба да направат предлог-измени на Закон за јавни набавки, Закон за лекови и Закон за здравствено осигурување за да може директно да се преговара за набавка на лекот и на овој начин да се обезбеди лекот за сите пациенти. – Со измени на постоечки законски регулативи, би се направило системско решение, односно државата во директни преговори со производителот на лекот би ја набавувала потребната терапија. Дополнително, прв пат ќе се подготви тригодишна програма за пациенти со цистична фиброза, во која ќе има буџетска предвидливост за секоја година сите пациенти да го добиваат лекот, рече премиерот. На почетокот на средбата, тој уште еднаш изрази длабоко жалење за смртта на прерано починатиот Благојче Илиевски кој ја загуби битката со болеста цистична фиброза.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-lekot-za-tsistichna-fibroza-trikafta-odobreni-nad-2-2-miliona-evra-dadeni-nasoki-za-itna-nabavka/feed/ 0
Протест пред Министерството за здравство, пациентите со цистична фиброза оставени без терапија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protest-pred-ministerstvoto-za-zdravstvo-pacientite-so-cistichna-fibroza-ostaveni-bez-terapija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protest-pred-ministerstvoto-za-zdravstvo-pacientite-so-cistichna-fibroza-ostaveni-bez-terapija/#respond Mon, 26 Dec 2022 06:20:46 +0000 https://kurir.mk/?p=780406

Членовите на Асоцијацијата за цистична фиброза денеска ќе протестираат пред Министерството за здравство, бидејќи, како што велат, не го добиваат потребниот лек. И покрај ветувањата кои што досега ги добивале, Фондот за здравствено осигрување (ФЗОМ) и Одделите каде се лекуваат нивните пациенти, нема поместување во третманот на болеста кон подобро, а здравствената состојба им се влошува. „Како што знаете, Асоцијацијата за цистична фиброза водеше активна кампања за да ги поттикне надлежните институции за воведување на ЦФТР модулатори за сите пациенти. Терапија до овој момент нема обезбедено, а дали ќе се обебеди и кога, немаме добиено одговор“, гласи нивното соопштение во повикот на протест. Асоцијацијата најавува мирен протест кој, а целта е да се привлече вниманието на јавноста и да се запознае со оваа проблематика.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protest-pred-ministerstvoto-za-zdravstvo-pacientite-so-cistichna-fibroza-ostaveni-bez-terapija/feed/ 0