лекар – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 15 Apr 2023 08:13:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png лекар – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Уапсен лекарот кој што ги снимал пациентките во тетовската болница https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/uapsen-lekarot-koj-shto-gi-snimal-patsientkite-vo-tetovskata-bolnitsa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/uapsen-lekarot-koj-shto-gi-snimal-patsientkite-vo-tetovskata-bolnitsa/#respond Sat, 15 Apr 2023 08:13:24 +0000 https://kurir.mk/?p=824174

Приведен е лекар од тетовската болница кој со својот мобилен телефон снимал пациентки и видеото го објавил на Тик Ток, потврди МВР за „360 степени“. Случајот во полиција го пријавил директорот на болницата, а како што пренесе ТВ 21, станува збор за анестезиолог кој бил ангажиран на гинеколошкото одделение за прекин на бременост. – Јас како директор сега сум во СВР Тетово да го презентирам случајот и во најбрз можен рок ќе го решиме ова прашање со органите на прогонот. Овој настан за нас не е разбирлив и го осудуваме секое непрофесионално однесување на медицинскиот персонал кон пациентите, изјавил директорот на болницата Пелумб Вела за ТВ 21. На видеото се гледа како лекарот се движи низ болницата и се смее додека ги снима колегите и пациентите згрижени во болницата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/uapsen-lekarot-koj-shto-gi-snimal-patsientkite-vo-tetovskata-bolnitsa/feed/ 0
Не можете да разберете што ви препишал докторот? Гугл ќе ви го дешифрира ракописот https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/ne-mozete-da-razberete-shto-vi-prepishal-doktorot-gugl-kje-vi-go-deshifrira-rakopisot/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/ne-mozete-da-razberete-shto-vi-prepishal-doktorot-gugl-kje-vi-go-deshifrira-rakopisot/#respond Wed, 21 Dec 2022 17:29:58 +0000 https://kurir.mk/?p=778745

Многу лекари набрзина пишуваат рецепти, што прави речиси да е невозможно пациентите да разберат што напишале. Овој проблем постои со децении и многу технолошки фирми се обидуваат да го решат ова, но без успех. Сепак, Гугл се обидува да ги „дешифрира“ тие текстови. Технолошкиот гигант објави на својата годишна конференција во Индија дека соработува со фармацевти за истражување на начини за дешифрирање на ракописот на лекарите, пишува techcrunch.com. Оваа функција, која моментално е во истражување и сè уште не е подготвена за јавноста, им овозможува на корисниците да сликаат рецепт или да го прикачат. Откако ќе се обработи сликата, апликацијата ги открива и истакнува лековите споменати во белешката, рече извршниот директор на Google. -Ова ќе дејствува како помошна технологија за дигитализација на рачно напишани медицински документи со вклучување на луѓе , како што се фармацевтите, но нема да се донесе одлука само врз основа на резултатите од оваа технологија, рече компанијата во соопштението.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/ne-mozete-da-razberete-shto-vi-prepishal-doktorot-gugl-kje-vi-go-deshifrira-rakopisot/feed/ 0
Германската амбасадорка: Не ставајте пари во мантилот на лекарот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/germanskata-ambasadorka-ne-stavajte-pari-vo-mantilot-na-lekarot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/germanskata-ambasadorka-ne-stavajte-pari-vo-mantilot-na-lekarot/#respond Mon, 05 Dec 2022 19:31:56 +0000 https://kurir.mk/?p=771471

Германската амбасадорка Анке Холштајн денеска порача дека борбата против корупцијата се учи и се применува од најмали нозе до највозрасни жители. – Има многу работи кои треба да се направат, а тоа е случајот со Северна Македнија и тоа го кажа и мојот претседател за време на неговата посета. Во завност од тоа колку брзо Северна Македонија ќе прави напредок на својот пат кон ЕУ зависи од тоа колку брзо ќе се спроведат реформите. И сите ние сме сложни дека тоа е особено тешка задача која претстои и тоа не се однесува само на политичарите, туку и на сите луѓе кои треба да сфатат дека кога ќе заминат на лекар дека не треба да остават некоја банкнота во неговиот мантил, или пак наставничката треба да знае дека не треба да добие подарок од ученикот за 8 Март за да има подобра оценка и сите треба да научат и најмалите и најголемите како се води борбата против корупцијата – порача амбасадорката. Германската амбасадорка по денешното предавање на новата донација за полицијата нагласи дека битката против корупцијата е најважна за граѓаните и за европскиот напредок на државата. На новинарско прашање одговори дека Германија ќе продолжи да помага, но мора да се смени и свеста на функционерите и на граѓаните. – Борбата против корупцијата е тешка задача и тука се неопходни волја и време за кои Германија е подготвена да помогне – рече амбасадорката. Свесно сме целосно за потребата од борба пеотив корупцијата, вели македонскиот премиер.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/germanskata-ambasadorka-ne-stavajte-pari-vo-mantilot-na-lekarot/feed/ 0
Може да биде и опасно: Еве како да постапите ако ви тече крв од носот https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/moze-da-bide-i-opasno-eve-kako-da-postapite-ako-vi-teche-krv-od-nosot/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/moze-da-bide-i-opasno-eve-kako-da-postapite-ako-vi-teche-krv-od-nosot/#respond Mon, 05 Dec 2022 19:00:32 +0000 https://kurir.mk/?p=771452

Причините за оваа појава можат да бидат многубројни: фрактура, зголемен крвен притисок, болест на срцето, анемија, заразна болест или преголем физички напор. Крвавењето од нос најчесто се јавува кај деца или постари лица, а посебно во текот на вирусните епидемии, при крајот на зимата и почетокот на пролетта, кога доаѓа по витамински дефицит во организмот. Крвавењето доаѓа ненадејно, често навечер, во текот на спиењето. Слузокожата на носот е богата со капилари, посебно во предниот дел од носната преграда, каде најчесто доаѓа до крвавење. Изгледот и општата состојба на пациентот зависат од интензитетот на крвавењето. Доколку тоа е потешко, се воочува бледило на кожата, забрзан пулс, а понекогаш доаѓа и до колапс. Неопходно е најпрво да се смири човекот чиј нос крвари. Неговата глава мора да биде навалена напред, а со палецот и показалецот да се стисне носот во траење од 2-3 минути. На вратот е потребно да се стави ладна облога. Ако крвавењето не престанува, болниот мора да се одведе на лекар, каде ќе му биде запрено крварењето, а на пациентот ќе биде извршено дијагностицирање и откривање на причината која довела до оваа појава.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/moze-da-bide-i-opasno-eve-kako-da-postapite-ako-vi-teche-krv-od-nosot/feed/ 0
ШОК И НЕВЕРУВАЊЕ: Вевчани лечени од лице кое не било доктор, полицијата го „чешла“ здравствениот дом https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shok-i-neveruvanje-vevchani-lecheni-od-lice-koe-ne-bilo-doktor-policijata-go-cheshla-zdravstveniot-dom/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shok-i-neveruvanje-vevchani-lecheni-od-lice-koe-ne-bilo-doktor-policijata-go-cheshla-zdravstveniot-dom/#respond Tue, 25 Oct 2022 13:58:26 +0000 https://kurir.mk/?p=750257

Шок и неверување кај вевчанци, ги лечел ли шест години млад лекар кој што воопшто немал завршено медицински факултет? Како што објави ТВ Алфа, сомнежот меѓу мештаните се јавил уште пред неколку дена кога молскавично се пренесла информацијата дека Здравствениот дом во Вевчани го чешла полиција, за набрзо потоа да се расчуе дека всушност се проверува целокупната документација и печатите кои ги користел 33 годишниот лекар со спорна диплома,на кому вевчанци 6 години му го доверувале сопственото здравје. За скандалот кој го тресе вевчанскиот Здравествен дом, Алфа стапи во контакт со директорот на оваа здравствена установа. Директорот на Здравствен дом Вевчани Јован Стојковски, во изјава за МИА посочи дека истрагата е во тек и оти не сака да го коментира случајот. - Дозволете најпрвин органите на прогонот да си ја завршат работата, а потоа јас ќе се произнесам за целиот случај, до тогаш не би коментирал ништо, вели Јован Стојкоски – Директор на Здравствен дом Вевчани Лекарот кој има проблем со неговото формално образование веќе една недела не работи, се додека не се расветли оваа афера која фрла дамка врз Здравствениот дом во кој се лечат пациети не само од околниот регион, туку и од Охрид и Струга. Она што е извесно дека младиот вевчанец се запишал и студирал на Медицинскиот факултет во Штип,мештаните се присетуваат дека во неговиот дом имало богата прослава по повод неговото дипломирање кое сега се проверува дали е всушност лага. Целиот текст и видеото може да го отворите ТУКА. Секторот за внатрешни работи Охрид презема мерки по насока на надлежното Јавно обвинителство за расчистување на случајот со лекар од Вевчани, кој, според гласините лекувал пациенти без соодветна диплома. – По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава, за што јавноста ќе биде навремено информирана, соопштиja денеска СВР Охрид.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shok-i-neveruvanje-vevchani-lecheni-od-lice-koe-ne-bilo-doktor-policijata-go-cheshla-zdravstveniot-dom/feed/ 0
МЗ: Пристигната е пријава од лекар само за еден случај за сомнеж за смрт на пациент после вакцинација https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/mz-pristignata-e-prijava-od-lekar-samo-za-eden-sluchaj-za-somnez-za-smrt-na-pacient-posle-vakcinacija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/mz-pristignata-e-prijava-od-lekar-samo-za-eden-sluchaj-za-somnez-za-smrt-na-pacient-posle-vakcinacija/#respond Mon, 06 Dec 2021 17:40:31 +0000 https://kurir.mk/?p=604931

Лекарот кој ќе утврди несакана реакција после примена вакцина за Ковид-19, го пријавува случајот до МАЛМЕД по еклектронски пат и пријавува до епидемилошката служба на надлежниот Центар за јавно здравје, соопшти Министерството за здравство. -Досега има стигнато еден образец за случај од април односно за настапена смрт кај 85 годишно лице, 32 часа после примена вакцина Астра Зенека. Освен констатирана смрт од страна на Брза Помош, нема лекарски извештај за претходна здравствена состојба, само е наведено дека лицето прима инсулинска терапија. Не е извршена обдукција на починатото лице, а земајќи ја предвид возраста на лицето не може да се утврди дали причината за смртта била вакцината. Лицето е вакцинирано со прва доза на 06.04.2021 година, а пријава од семејството е поднесена 8 дена по настанатиот смртен исход, велат од МЗ. Според Здравство, во вториот случај станува збор за лице на возраст од 54 години. -За вториот случај, станува збор за лице на возраст од 54 години, кое било ревакцинирано на 09.09.2021, а кај кого смртта настапила на 25.09.2021 година. Лицето било вакцинирано со вакцина Фајзер, а после примена прва доза истиот немал никаква реакција. Според пријавата на матичниот лекар станува збор за пациент со хоронични заболувања. Пријавата за овој случај е пристигната само од МАЛМЕД. Дополнително ќе се утврдува дали има евентуална поврзаност на вакцината и смртниот исход, стои во соопштението на МЗ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/mz-pristignata-e-prijava-od-lekar-samo-za-eden-sluchaj-za-somnez-za-smrt-na-pacient-posle-vakcinacija/feed/ 0
Уапсен доктор кој издал 2.000 лажни ковид-потврди во Белгија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uapsen-doktor-koj-izdal-2-000-lazni-kovid-potvrdi-vo-belgija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uapsen-doktor-koj-izdal-2-000-lazni-kovid-potvrdi-vo-belgija/#respond Tue, 23 Nov 2021 21:29:28 +0000 https://kurir.mk/?p=599075

Во Белгија е уапсен лекар кој издал околу 2.000 лажни ковид-потврди, соопштија денеска властите на таа земја. Министерката за здравство на белгискиот регион Валонија, Кристи Мореал, изјави дека лекарот, кој не бил назначен, ќе биде кривично гонет поради издавање лажни ковид-сертификати, пренесе „Анадолија“. Опишувајќи го случајот како „здравствен скандал“, таа рече дека потврдите се одземени и дека лицата инволвирани во измамата ќе се соочат со правни последици. Сертификатите докажале дека лицето било целосно вакцинирано, негативно на тестот за коронавирус во последните 48 часа или дека го прележало во последните шест месеци. Овој сертификат е потребен од почетокот на ноември за влез во ресторани, кафулиња, барови, спортски сали и други места во Белгија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uapsen-doktor-koj-izdal-2-000-lazni-kovid-potvrdi-vo-belgija/feed/ 0
Исчезнатиот лекар кој го лекуваше Навални сепак денеска се појави https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ischeznatiot-lekar-koj-go-lekuvashe-navalni-sepak-deneska-se-pojavi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ischeznatiot-lekar-koj-go-lekuvashe-navalni-sepak-deneska-se-pojavi/#respond Mon, 10 May 2021 11:18:49 +0000 https://kurir.mk/?p=508453

Лекарот од Сибир, Александар Мураховски, кој минатата година го лекуваше рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, се појави денеска откако беше пријавен за исчезнат за време на лов, пренесоа руските медиуми, повикувајќи се на регионалната влада. Потрагата беше покрената во шумите на регионот Омск, кој се наоѓа на околу 2.200 километри источно од Москва, откако Мураховски во петокот ја напуштил ловната база во шума со теренско возило и оттогаш не бил виден. Мураховски сам излегол од шумата и воспоставил контакт со жителите на селото Басли, јави новинската агенција РИА повикувајќи се на соопштение на регионалната Влада на Омск. Тој бил во „нормална состојба“, но сепак бил прегледан во Окружната болница Бојесеуковски, како мерка на претпазливост. Мураховски беше главен лекар во болницата во Омск, Сибир, каде се лекуваше Навални, најгласниот критичар на претседателот Владимир Путин. Мураховски подоцна беше унапреден во регионален министер за здравство. По напнатите преговори со властите, Навални беше префрлен на лекување од Омск во Германија, потсетува Хина. Лабораториските тестови во три европски земји, потврдени од глобалниот орган за надзор на хемиско оружје, открија дека Навални бил отруен од нервен агенс Новичок. Кремљ постојано ги негираше обвинувањата дека руските власти се обиделе да го убијат Навални. Рускиот опозиционер е во затвор од февруари и тврди дека е таму поради измислени обвинувања. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ischeznatiot-lekar-koj-go-lekuvashe-navalni-sepak-deneska-se-pojavi/feed/ 0
Исчезна лекарот кој го лекуваше Алексеј Навални https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ischezna-lekarot-koj-go-lekuvashe-aleksej-navalni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ischezna-lekarot-koj-go-lekuvashe-aleksej-navalni/#respond Sun, 09 May 2021 20:10:26 +0000 https://kurir.mk/?p=508167

Лекар од Сибир кој го лекуваше рускиот опозициски лидер Алексеј Навални откако му се слоши минатата година во Русија, исчезна, соопшти денеска руската полиција. Полицијата во регионот Омск, на околу 2.200 километри источно од Москва, изјави дека лекарот Александар Мураховски во петокот ја напуштил ловната база во шумата со своето теренско возило и дека оттогаш не е виден, објави Ројтерс. Наводно, во потрагата се вклучиле службите за итни случаи, дронови, хеликоптер и волонтери на терен. Мураховски беше главен лекар во болницата во сибирскиот град Омск, каде што се лекуваше Навални. Потоа беше унапреден во регионален министер за здравство. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ischezna-lekarot-koj-go-lekuvashe-aleksej-navalni/feed/ 0
Овие грешки многумина ги прават, а можат да ве чинат здравје! https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ovie-greshki-mnogumina-gi-pravat-a-mozat-da-ve-chinat-zdravje/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ovie-greshki-mnogumina-gi-pravat-a-mozat-da-ve-chinat-zdravje/#respond Tue, 02 Mar 2021 20:30:31 +0000 https://kurir.mk/?p=476167

Речиси секоја личност која има пристап до интернет барем еднаш симптомите на некоја болест ги побарала на Гугл. Како последица на тоа најчесто се појавува паника, бидејќи резултатите од пребарувањето на симптомите најчесто завршуваат со заклучок дека имате некоја неизлечива болест. Токму поради лажните дијагнози кои повеќето луѓе си ги поставуваат сами на себе по пребарување на симптомите на интернет, лекарите препорачуваат неколку совети. Никогаш себеси не си поставувајте дијагноза Може да биде многу опасно да си поставувате дијагноза врз основа на пребарување на интернет. Барањето на симптомите ќе ви одземе многу време, што само ќе го одложи вашето заминување на лекар и добивање на соодветна дијагноза. Немојте себеси да си „препишувате“ лекови Една работа е да побарате совети за здрава исхрана на интернет, а сосема друга (и често опасна) е примената на некои средства за лекување на конкретна болест. Пребарување на блогови Само затоа што некој има популарен блог, тоа не значи дека знае за што пишува. Освен тоа, првата страница која ќе ви ја исфрли Гугл не мора да биде и најточната. Обратете се кај лекар Едноставно е – читањето и информирањето на интернет само дополнително ќе ве загрижи, но нема да ве излекува. За конкретна дијагноза и лекување морате да посетите лекар.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ovie-greshki-mnogumina-gi-pravat-a-mozat-da-ve-chinat-zdravje/feed/ 0