лекари – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 27 Oct 2023 13:18:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png лекари – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Десет камиони хуманитарна помош и лекари влегоа во Газа преку преминот Рафа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/deset-kamioni-humanitarna-pomosh-i-lekari-vlegoa-vo-gaza-preku-preminot-rafa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/deset-kamioni-humanitarna-pomosh-i-lekari-vlegoa-vo-gaza-preku-preminot-rafa/#respond Fri, 27 Oct 2023 13:18:39 +0000 https://kurir.mk/?p=893806

Медицински тим и десет камиони со хуманитарна помош влегоа денеска во Појасот Газа преку преминот Рафа со Египет, носејќи вода, храна и лекови, изјави палестински пограничен претставник, јавија британските медиуми. Од почетокот на војната влегле само 84 камиони. Пред актуелниот конфликт, во Појасот Газа дневно пристигнуваа околу 450 камиони со хуманитарна помош. -Во тек се детални преговори со Израел во обид да се обезбедат повеќе хуманитарни премини во палестинската енклава под израелска опсада, изјави за новинарите во Женева, Лин Хестингс, хуманитарен координатор на ОН за окупираната палестинска територија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/deset-kamioni-humanitarna-pomosh-i-lekari-vlegoa-vo-gaza-preku-preminot-rafa/feed/ 0
Штрајк на лекарите во Велика Британија за платите https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shtrajk-na-lekarite-vo-velika-britanija-za-platite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shtrajk-na-lekarite-vo-velika-britanija-za-platite/#respond Thu, 24 Aug 2023 14:56:06 +0000 https://kurir.mk/?p=870551

Државните болници ширум Англија денеска ќе престанат со работа поради уште еден 48-часовен штрајк на постарите по стаж и позиции болнички лекари поради спорот околу платите со Владата. Илјадници болнички лекари велат дека ќе пружат само итна помош. Денешната акција е најновата во серијата штрајкови на лекарите, медицинските сестри и другиот клинички персонал во последните месеци, кои бараат подобри плати во услови на криза во Велика Британија. Конзервативната влада инсистираше дека разговорите за платите се завршени откако посочи дека тие лекари ќе добијат зголемување на платите за шест отсто. Министерот за здравство Стив Баркли рече дека просечната годишна плата за постарите лекари изнесува 134.000 фунти. Британското медицинско здружение, синдикатот на лекарите, го оцени зголемувањето како „навредливо“ и соопшти дека лекарите доживеале намалување на платите од 35 проценти во реален износ во изминатите 14 години. Во меѓувреме, десетици илјади помлади лекари и друг персонал се уште имаат спор со Владата за платите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shtrajk-na-lekarite-vo-velika-britanija-za-platite/feed/ 0
Над 10.000 странски лекари работат во Белгија, покажуваат податоците на ОЕЦД https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nad-10-000-stranski-lekari-rabotat-vo-belgija-pokazhuvaat-podatotsite-na-oetsd/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nad-10-000-stranski-lekari-rabotat-vo-belgija-pokazhuvaat-podatotsite-na-oetsd/#respond Mon, 21 Aug 2023 15:11:31 +0000 https://kurir.mk/?p=869233

Податоците на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) покажуваат дека медицинската професија во Белгија станала многу поинтернационална, пренесува белгиска новинска агенција. Бројот на странски лекари кои работат во Белгија е двојно зголемен за 11 години и сега надминува 10 илјади. На секои 100 лекари во Белгија, 14 се обучуваат во странство, пишуваат денеска весниците „Латсте Њуз“ и „Moрген“. Пред 20 години само четири отсто од лекарите беа од странство. Најмногу лекари доаѓаат од соседна Франција (1.620) и Холандија (1.590), како и од Романија (1.558 лекари). Други популарни земји се Полска, Португалија, Бугарија и Италија. „Ова е тренд кој врши притисок врз квалитетот на белгиското здравство“, вели професорот по семејна медицина Дирк Девруј од Слободниот универзитет во Брисел. „Ние не знаеме речиси ништо за квалитетот на сите овие дипломирани лекари, а многу од нив едвај зборуваат француски, а да не зборуваме за холандски“, изјави тој за „Морген“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nad-10-000-stranski-lekari-rabotat-vo-belgija-pokazhuvaat-podatotsite-na-oetsd/feed/ 0
Поленот од пчели не ги зголемува градите, лекарите предупредуваат на негативни ефекти https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/polenot-od-pcheli-ne-gi-zgolemuva-gradite-lekarite-predupreduvaat-na-negativni-efekti/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/polenot-od-pcheli-ne-gi-zgolemuva-gradite-lekarite-predupreduvaat-na-negativni-efekti/#respond Fri, 28 Jul 2023 08:03:43 +0000 https://kurir.mk/?p=861041

Тикток е „преплавен“ со видеа коишто ги прикажуваат наводните придобивки од пчелниот полен за зголемување на градите. А, „лекот“, наводно, чини пет фунти, и може да се меша во смути, каша или едноставно да се проголта чист. Сепак, лекарите ги нарекуваат овие наводи - „патетични, штетни и нечесни“ совети, како што истакнуваат од Националниот центар за нарушувања во исхраната на Велика Британија. Пчелниот полен е богат со витамин Ц, калциум и железо. Истражувањата покажаа дека е богат и со фитоестрогени - соединенија слични на естроген, добиени од растенија што ги имитираат влијанијата на хормоните во телото на жените. Но, други извори со високо ниво на оваа супстанција се и брокулата, карфиолот, зелката и прокељот, што значи дека тие наводно би го имале истиот ефект. И д-р Шерил Рос, гинеколог од Калифорнија (САД) и автор на „Водичот за женско интимно здравје“, вели дека не постојат научни докази за тврдењата дека пчелниот полен ја зголемува големината на градите. Таа смета дека „тоа е одредено од хормоналните влијанија во пубертетот, бременоста, постпартумот и менопаузата“ и може да биде под влијание на „генетиката, вежбањето, возраста и тежината“. Поленот од пчели, исто така, не е регистриран како медицински производ. Не е одобрен ни од британската Регулаторната агенција за лекови и здравствени производи, ниту од Управата за храна и лекови во САД. Д-р Сермед Мецхер од Британија смета дека сите наводи потекнуваат од приказните на поединци склони кон пристрасност. - Затоа треба да се прават испитувања во контролирани средини за да се докаже ова. За волја на вистината, сепак, ова е многу веројатно да направи ништо друго освен да ги налути пчелите и потенцијално да ја намали вашата способност за природно производство на естроген, додаде тој. Лекарите предупредуваат дека, како и со секој друг додаток, и околу користењето полен од пчела постојат и низа можни опасности. - Пчелниот полен може да предизвика нови алергиски реакции... Тоа може да вклучува вртоглавица, отежнато дишење и отекување на лицето, усните, јазикот или грлото, истакна д-р Мецхер. Исто така, неопходно е прво да се направи тест за алергија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/polenot-od-pcheli-ne-gi-zgolemuva-gradite-lekarite-predupreduvaat-na-negativni-efekti/feed/ 0
Четката за заби треба да се смени по настинка или грип https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/chetkata-za-zabi-treba-da-se-smeni-po-nastinka-ili-grip/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/chetkata-za-zabi-treba-da-se-smeni-po-nastinka-ili-grip/#respond Wed, 17 May 2023 07:58:35 +0000 https://kurir.mk/?p=835145

Лекарите советуваат дека е добро да се исчисти целата куќа по времето минато со настинка. Препораките се однесуваат на менување на постелнината, перење на алиштата, пребришување на сите површини во домот - сѐ со цел да се отстранат непожелните бактерии. Но, истото важи и за четката за заби. Четката за заби е еден од оние предмети што биле во директен контакт со микроорганизмите на настинката. Според американскиот стоматолог Гери Лиу, особено е важно да се земе нова четка, при присуство на заболувања како херпес, грип, болки во грлото, па тука спаѓа и обичната настинка. Бактериите можат да живеат на четката и до неколку седмици, зависно од видот на микроорганизмот. Затоа, важно е четката да се смени, просто поради можноста од нова зараза. Зошто не треба да се менува четката додека човекот е болен? Користењето на истата четка додека сте болни нема да ја продолжи лошата здравствена состојба. Исто така, погрешно е и да се покрива четката, бидејќи бактериите умираат во присуство на кислород.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/chetkata-za-zabi-treba-da-se-smeni-po-nastinka-ili-grip/feed/ 0
Штрајк на младите лекари во Велика Британија, бараат повисоки плати https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shtrajk-na-mladite-lekari-vo-velika-britanija-baraat-povisoki-plati/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shtrajk-na-mladite-lekari-vo-velika-britanija-baraat-povisoki-plati/#respond Tue, 11 Apr 2023 13:13:39 +0000 https://kurir.mk/?p=822884

Младите лекари во Велика Британија денеска започнаа четиридневен штрајк со барање за повисоки плати. Како што пренесува Хина, штрајкот најверојатно ќе предизвика големи нарушувања во здравствениот систем, поради што владата предупреди на ризици за безбедноста на пациентите. Повеќе од десетици илјади помлади лекари, кои сочинуваат речиси половина од медицинската работна сила, стапија во штрајк. Синдикатот на лекарите, Британската медицинска асоцијација (БМА) бара зголемување на платите за 35 отсто. Од БМА тврдат дека платите на членовите на тоа здружение се намалени за 26 отсто поради инфлацијата во период од 15 години. Штрајкот на помладите лекари уследи по минатомесечниот тридневен прекин на работата на британските лекари. Директорот на јавното здравство во Англија, Стивен Паувис, оцени дека овојпат ќе има „значително повеќе“ откажувања на операции и интервенции отколку за време на последниот штрајк.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shtrajk-na-mladite-lekari-vo-velika-britanija-baraat-povisoki-plati/feed/ 0
Колегите на протест додека му се суди на доктор Вучевски: „За време на пандемијата работеше 24/7 – наместо да го наградат, го влечат по судници“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kolegite-na-protest-dodeka-mu-se-sudi-na-doktor-vuchevski-za-vreme-na-pandemijata-raboteshe-24-7-namesto-da-go-nagradat-go-vlechat-po-sudnitsi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kolegite-na-protest-dodeka-mu-se-sudi-na-doktor-vuchevski-za-vreme-na-pandemijata-raboteshe-24-7-namesto-da-go-nagradat-go-vlechat-po-sudnitsi/#respond Thu, 06 Apr 2023 10:58:21 +0000 https://kurir.mk/?p=821012

Неколкумина лекари и медицински персонал денеска дојдоа пред тетовскиот суд каде повторно се одржа мирен јавен протест со цел поддршка за д-р Бобан Вучевски, еден од обвинетите во судскиот процес за пожарот во модуларната болница. Медицинските лица истакнаа дека нивниот колега за време на пандемијата бил меѓу тие кои постојано биле на работа и за тоа го жртвувале приватниот живот. -Дојдени сме да му дадеме поддршка на нашиот најхуман колега доктор Бобан. Кој што за жал поради системот кој не ни функционира, па наместо како добри, вредни и хумани доктори да се наградуваат, тие се влечат по судници. На жалост, таков е нашиот систем. Наместо толку мал број, сега требаше цело Тетово требаше да биде тука. Затоа што д-р Боби е еден од најхуманите луѓе-додека владееше пандемијата 24 часа седум дена беше на работа. Зарем овој наш колега немаше семејство, немаше свои деца, целиот свој живот го посвети на пациентите. Кај се сега сите тие пациенти, кај се и нашите колеги. Не само да се зборува по социјални мрежи тука треба сите да го поддржиме нашиот колега. Нашите добри стручњаци и добри колеги хумани и вредни на овој начин се навредуваат. Колегата не беше крив за тоа што имаше посета, кривицата е што болницата нема доволно медицински персонал, изјави една од докторките, присутни на протестот. Граѓаните кои редовно доаѓаат на овие протести кога се одржува судскиот процес потенцираат дека докторот е тој што совесно ја извршувал својата работа и на многу луѓе им помогнал да ја пребродат болеста за време на пандемијата со Ковид-19. -Тука сум за поддршка на доктор Боби. Мислам дека не е ферски, ова што му го направија на него. Нема смисла обвиненијата со тоа што се случи. Сега му одземаат време, наместо да спасува животи, тој не може да работи сега како што треба. За пожарот во модуларната болница поранешните директори, Флорин Бесими и Артан Етеми се товараат за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“, додека докторот Бобан Вучевски за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“. Клиничката болница како правно лице се товари за две кривични дела, прво за „предизвикување општа опасност“ и за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kolegite-na-protest-dodeka-mu-se-sudi-na-doktor-vuchevski-za-vreme-na-pandemijata-raboteshe-24-7-namesto-da-go-nagradat-go-vlechat-po-sudnitsi/feed/ 0
Ја задржувате кивавицата по секоја цена? Лекарите откриваат зошто тоа може да биде опасно по здравјето! https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ja-zadrzhuvate-kivavitsata-po-sekoja-tsena-lekarite-otkrivaat-zoshto-toa-mozhe-da-bide-opasno-po-zdravjeto/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ja-zadrzhuvate-kivavitsata-po-sekoja-tsena-lekarite-otkrivaat-zoshto-toa-mozhe-da-bide-opasno-po-zdravjeto/#respond Mon, 03 Apr 2023 10:31:47 +0000 https://kurir.mk/?p=819427

Истражувањата покажуваат дека кивањето може да биде опасно, што во некои случаи доведува до сериозни компликации. Телото кива за да ги отстрани надразнувачите во носната шуплина и да ја ресетира околината во носот, но респираторниот рефлекс не е без ризици. Во медицинската литература нашироко се пријавени случаи на крварење во мозокот и руптура на тапанчето, главно поради наглото зголемување на притисокот при исфрлање на воздухот. Според еден експерт, држењето кивавица може да го зголеми ризикот од три опасни компликации. За време на кивање, телото доживува нагло зголемување на притисокот во синусите, носната шуплина и грлото. Сепак, задржувањето на респираторниот рефлекс предизвикува овој притисок дополнително да се зголемува – ставајќи ги во опасност крвните садови. Според д-р Стјуарт Сандерс, општ лекар во Лондон, кивањето може да биде доволно силно за да предизвика аневризам на мозокот. На прашањето дали кивањето е „опасно“, д-р Сандерс даде три причини зошто би можело да биде: – Прво, држењето кивавица може да предизвика нагло покачување на крвниот притисок со потенцијални последици. Второ, како што притисокот на воздухот во задниот дел на носот се зголемува кога се држи кивавицата, постои ризик од туркање на слуз и инфекција во средното уво. Ова може да предизвика акутна глувост, инфекција (отитис медиа) или дури и пукање на тапанчето во исклучителни околности. Тоа е затоа што цевката за изедначување на притисокот сместена помеѓу задниот дел на носот и средното уво, позната како Евстахиевата туба, се отвора за време на експлозивно кивање. Третата главна причина за избегнување на кивање е ризикот од акутен синузитис. Ова може да се случи ако зголемувањето на притисокот ја принуди инфекцијата во параназалните синуси, што може да доведе до инфекција – објасни д-р Сандерс. Најдобрата практика за да се избегне некој од горенаведените исходи е да се дозволи притисокот да се ослободи за време на кивањето.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ja-zadrzhuvate-kivavitsata-po-sekoja-tsena-lekarite-otkrivaat-zoshto-toa-mozhe-da-bide-opasno-po-zdravjeto/feed/ 0
Лекарите се согласуваат: Ова е убедливо една од најдобрите намирници за здравјето на срцето https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/lekarite-se-soglasuvaat-ova-e-ubedlivo-edna-od-najdobrite-namirnitsi-za-zdravjeto-na-srtseto/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/lekarite-se-soglasuvaat-ova-e-ubedlivo-edna-od-najdobrite-namirnitsi-za-zdravjeto-na-srtseto/#respond Thu, 23 Mar 2023 14:21:23 +0000 https://kurir.mk/?p=815534

Здрави закуски се пофалени за високото ниво на влакна, протеини и витамини. Секојдневното консумирање јаткасти плодови може да биде добро и за срцето, сугерира студија на научници од Шведска и Норвешка. Според „Дејли мејл“, консумацијата на грст или околу 30 грама јаткасти плодови дневно е поврзана со пониско ниво на холестерол и помал ризик од кардиоваскуларни болести, покажа студијата во која учествуваа речиси два милиони луѓе. Исто така, редовното консумирање јаткасти плодови го намалува ризикот од смрт од срцев или мозочен удар за една четвртина, тврди тим од Универзитетот во Осло и Институтот Каролинска во Стокхолм. Но, се забележува дека малку луѓе јадат оваа количина на јаткасти плодови дневно. Според истражувањата, Британците јадат само шест грама јаткасти плодови дневно, додека Американците само еден грам. Истражувачите прегледале 60 студии, во кои учествувале 1,9 милиони учесници, за да утврдат дали постои врска помеѓу консумирањето јаткасти плодови и ризикот од кардиоваскуларни болести, срцеви заболувања, мозочен удар и дијабетес тип 2. Една од нив, објавена во списанието Food and Nutrition, била пренесена да придонесе за новите нордиски насоки за исхрана. Резултатите покажуваат дека луѓето кои консумирале многу јаткасти плодови, околу 30 грама дневно, имале 19 отсто помали шанси да заболат од кардиоваскуларни болести и 23 отсто помали шанси да умрат од тоа во споредба со оние кои јаделе помали количини и намирници. Љубителите на јаткасти плодови исто така имале 18 отсто помали шанси да страдаат од срцеви заболувања и 25 отсто помали шанси да умрат од тоа. Ерик Арнесен, научник од Универзитетот во Осло и еден од главните автори на студијата, вели: „Ако јадете грст јаткасти плодови секој ден, што е околу 30 грама, ќе имате 20 до 25 отсто помал ризик од кардиоваскуларни болести.”]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/lekarite-se-soglasuvaat-ova-e-ubedlivo-edna-od-najdobrite-namirnitsi-za-zdravjeto-na-srtseto/feed/ 0
Правниот тим на Боки 13: 11 лекари од Брза помош утврдија дека Јовановски не може да се лекува во затвор https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pravniot-tim-na-boki-13-11-lekari-od-brza-pomosh-utvrdija-deka-jovanovski-ne-mozhe-da-se-lekuva-vo-zatvor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pravniot-tim-na-boki-13-11-lekari-od-brza-pomosh-utvrdija-deka-jovanovski-ne-mozhe-da-se-lekuva-vo-zatvor/#respond Sat, 04 Mar 2023 11:10:31 +0000 https://kurir.mk/?p=808003

Правниот тим на Бојан Јовановски - Боки 13, испрати соопштение за неговата здравствена состојба, и неможноста за санирање во пенални услови. Велат, сето изнесено е аргументирано со мислења на кои се повикува и Кривичниот суд, но и со потврди од Итната медицинска помош која 11 пати бил повикана во затворот „Идризово“ и дала потврда дека не може да се аплицира терапија, ниту да се одржи хигиено-диететски режим. -Сите веќе доставени медицински докази (медицински конзилијарни стручни мислења) до судот кои со сигурност упатуваат на фактот дека осудениот Бојан Јовановски со прекар Боки 13 не може да се лекува во пенални услови, а особено поради конзилијарното мислење од ЈЗУ УК за Дигестивна хирургија Скопје од 23.01.2023 година, мислење кое беше истакното и издвоено од страна на Основниот Кривичен суд при известувањето до јавноста од страна на судот на ден 17.02.2023 година. Во посоченото мислење од ЈЗУ УК за Дигестивна хирургија Скопје се вели дека специјалист истите од таа клиника се согласни со дадените препораки од страна на колегите хирурзи од ЈЗУ УК СВ. НАУМ ОХРИДСКИ за препишаната терапија и за потребата од спроведување на строг хигиено-диетски резим, истите се оградуваат од прашањето дали има услови за спроведување на хигиено-диетскиот режим во затворот и во последниот пасус наведуваат дека во насока на сето наведено општата состојба на пациентот не е компромитирана, особено доколку му се овозможат соодветни услови за апликација на тераписки третман и примена на хигиено диетски режим. Во однос на сето наведено, а доведено во корелација со мислењата од државни универзитетски клиники, ја информираме јавноста дека е констатирано и утврдено дека во затворот, односно во пенални услови не постои ниту начин, ниту постојат услови за неопходно лекување и третман на Бојан Јовановски. Од страна на 11 доктори од Итната помош која доаѓала секојдневно во затворот констатирано е дека препишаната терапија од отпусното писмо од 17.02.2023 година нема услови целосно да се спроведе во затворски услови и да се аплицира и дека на лице место во затворот е утврдено од 11 лекари дека нема услови и можност за спроведување и примена на неопходниот хигиено-диетски режим. За констатираното и утврденото од докторите од Медицинската итна служба изготвени се писмени потврди од самите доктори со нивни печат и потпис кои ви ги доставуваме во ова соопштение за јавност. Овие докази се доставени до Основниот кривичен суд каде сеуште трае жалбената постапка за барањето за прекин на ден 02.03.2023 година, доставени се и до Управата за извршување на санкции на ден 03.02.2023 година, како и специјалистички контролен извештај од 01.02.2023мгодина од ЈЗУ УКХБ св.Наум Охридски. Во прилог на ова соопштение откако институционално во законска форма се доставени сите докази до надлежните органи, ги доставуваме и до јавноста, се со цел јавноста да ја знае и увиди вистинската слика за тортурата која му се случува на осудениот Бојан Јовановски кој и покрај сите јасни недвојбени лекарски препораки, не му се овозможува прекинот кој го има како законска можност како и секое друго осудено лице. Ве информираме дека жалбената постапка сеуште трае и дека целата постапка за прекин на казна трае веќе 4 месеци, иако согласно закон се работи за постапка од итен карактер, а во правна смисла ќе се согласиме дека постапка од итен карактер е недозволиво и законски незамисливо да трае 4 месеци! Овие докази кои ги доставуваме до медиумите и до јавноста ја покажуваат тортурата на дело, па оттука гласно го поставуваме прашањето кој ќе сноси одговорност за оваа организирана и координирана хајка и најважно од се е кој ќе сноси одговорност доколку настанат компликации кои директно може да резултираат со смртоносни последици по животот на Бојан Јовановски, бидејќи од сето приложено и сега докажано на лице место во затворската установа од 11 лекари дека нема услови за лекување и третман во затворот. Апелираме и истакнуваме барање до сите надлежни органи, а особено до сите домашни и меѓународни институции и организации за заштита на човековите права веднаш да преземат активности и дејствија во рамки на своите надлежности, со цел да се спречи оваа незапаметена тортура и флагрантно кршење на загарантираните човекови права кој согласно Устав ги има и осудениот Бојан Јовановски со прекар Боки 13, велат адвокатите на Боки. До медиуми доставија и 11 потврди од Итна медицинска помош потпишани од 11 различни доктори и друга медицинска документација.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pravniot-tim-na-boki-13-11-lekari-od-brza-pomosh-utvrdija-deka-jovanovski-ne-mozhe-da-se-lekuva-vo-zatvor/feed/ 0