лекарска комора на македонија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 18 Apr 2023 09:19:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png лекарска комора на македонија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Лекарската комора ќе информира за преземените мерки за случајот со докторот од тетовската Болница https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lekarskata-komora-ke-informira-za-prezemenite-merki-za-sluchajot-so-doktorot-od-tetovskata-bolnitsa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lekarskata-komora-ke-informira-za-prezemenite-merki-za-sluchajot-so-doktorot-od-tetovskata-bolnitsa/#respond Tue, 18 Apr 2023 06:26:13 +0000 https://kurir.mk/?p=824751

Лекарската комора денеска на прес-конференција ќе информира за преземените активности во врска со случајот со анестезиологот од тетовската Клиничка болница кој на социјалната мрежа „тик-ток“ објави снимки од пациенти и медицински персонал. На 43-годишниот лекар му е определена мерка притвор од осум дена, а министерот за здравство Фатмир Меџити побара одземање на лиценцата за работа. Случајот во полиција го пријави директорот на болницата Плумб Вела. Тој во саботата одржа заедничка прес-конференција со министерот за здравство на која информираа дека лекарот е суспендиран од работа. - Тоа се случило на одделението за киретажа каде тој работел како анестезиолог. Додека јас бев во Скопје видеото ми го прати еден новинар. Штом го видов видеото веднаш дојдов во Тетово и јас лично, како директор на болницата, случајот го пријавив во полицијата, бидејќи станува збор за сериозна работа, изјави Вела на саботата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lekarskata-komora-ke-informira-za-prezemenite-merki-za-sluchajot-so-doktorot-od-tetovskata-bolnitsa/feed/ 0
Докажана дома, признаена во Европа: Доктор Велкова е дел од изборите за ново раководството на ЛКМ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dokazana-doma-priznaena-vo-evropa-doktor-velkova-e-del-od-izborite-za-novo-rakovodstvoto-na-lkm/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dokazana-doma-priznaena-vo-evropa-doktor-velkova-e-del-od-izborite-za-novo-rakovodstvoto-na-lkm/#respond Mon, 27 Jun 2022 09:28:31 +0000 https://kurir.mk/?p=696235

На претстојниот избор за ново раководство на Лекарската комора на Македонија, се појавува и докажаната докторка Емилија Велкова. Велкова е позната меѓу колегите, но добро ја познаваат и пациентите. Доктор Велкова има долгогодишно лекарско искуство, но исто така и долгогодишно искуство во менаџирање на здравствени установи. Во периодот од 2013-та до 2017-та година, таа е директор на Институтот за трансфузиона медицина во Македонија, а во 2015-та година добива диплома за директор за менаџирање со квалитет на крвни банки за Македонија. Ова признание докторката го доби од Европскиот директорат за менаџирање со квалитет во медицината при Совет на Европа. Таа е докажан доктор во земјава. Дел е од еснафското Здружение на трансфузиолози во земјава, од Комисијата за трансплатација на ткива и органи во Лекарската комора, дел од Комисија за национална стратегија за снабдување со сигурна крв при Министерството за здравство и многу други организации. Докторката има и била номинира за низа звања од меѓународните здравствени власти. Така во 2015-та година е номинирана за контакт лице за соработка со Здравствената мрежа на Југоисточна Европа во областа безбедност на крв, во 2016-та година е назначена за експерт во Комитетот на експерти за трансфузија на крв на Советот на Европа. На меѓународен план, таа зема учество во работата на низа здруженија и комисии, меѓу кои Меѓународно здружение на трансфузиолози, Меѓународно здружение за хемостаза и тромбоза. Велкова инаку е доцент, односно доктор на науки. Високото образование го стекнува на Медицинскиот факултет при Универзитетот Св. “Кирил и Методиј”, а специјализација по Трансфузиона медицина ја поминува во истатата институција. Инаку таа е експерт доктор на медицински науки во областа за пренатална дијагностика и имунохематолошки пореметувања кај бремени жени. Магистерската по медицински науки, пак, е во областа Трансфузиона медицина, а трудот е со наслов: „Имунохематолошка дијагностика на еритроцитната алоимунизација во бременоста и пуерпериумот“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dokazana-doma-priznaena-vo-evropa-doktor-velkova-e-del-od-izborite-za-novo-rakovodstvoto-na-lkm/feed/ 0
Државата не си ги спроведува сопствените одлуки- кој ја штити претседателката и директорката Старделова https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/drzavata-ne-si-gi-sproveduva-sopstvenite-odluki-koj-ja-shtiti-pretsedatelkata-i-direktorkata-stardelova/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/drzavata-ne-si-gi-sproveduva-sopstvenite-odluki-koj-ja-shtiti-pretsedatelkata-i-direktorkata-stardelova/#respond Sun, 13 Dec 2020 15:14:16 +0000 https://kurir.mk/?p=442726

И покрај тоа што Антикорупциска утврди судир на интереси кај Калина Гривчева Старделова, пред една година, таа се уште ги извршува двете функции, и претседател на Лекарската комора и директор на Клиниката за гастоентерохепатологија. На неизвршувањето на Одлуката на Антикорупциска комисија не реагира ниту самата Комисија, ниту било која друга институција. Ваквото однесување на институциите е уште едно од објаснувањата за негативна селекција и зошто имаме ваква Комисија за заразни болести. Токму затоа граѓаните скапо ја плаќаат битката со КОВИД-19. Доктор Гривчева како претседател на Лекарската комора  практично сама си ја контролира работата како директор на Клиниката за гастроентерохепатологија. Или според правните норми, првиот човек на  Комората ја контролира работата на првите луѓе на јавните здравствени институции. Ако на 22 ноември 2019 година Антикорупциска комисија доставила известување до Гривчева за судир на интереси и дала рок од 15 дена Гривчева да се откаже од една од функциите тоа до денес не е сторено. Гривчева и по повеќе од една година е на двете функции. Државата не реагира, па доктор Идриз Орана, подоносител на минатогодишната иницијатива до Антикорупциска, со уште еден допис до Kомисијата од 3 декември 2020 година бара да биде известен зошто Комисијата не постапува по својата  Одлука од 2019 година. Медицинската фела со кратки коментари. -Очигледно некому тоа му одговара, очигледно најавата за борба против корупција е една голема лага, реагираат медицинарите. За оваа тема викендов пишуваше и дневниот весник „Коха“ во текстот насловен како „Кој ја брани директорката и претседателката Старделова“. И покрај се надлежните молчат за овој случај.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/drzavata-ne-si-gi-sproveduva-sopstvenite-odluki-koj-ja-shtiti-pretsedatelkata-i-direktorkata-stardelova/feed/ 0
Лекарската комора го осуди однесувањето на докторите од инфективното одделение во охридската болница https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lekarskata-komora-go-osudi-odnesuvanjeto-na-doktorite-od-infektivnoto-oddelenie-vo-ohridskata-bolnica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lekarskata-komora-go-osudi-odnesuvanjeto-na-doktorite-od-infektivnoto-oddelenie-vo-ohridskata-bolnica/#respond Thu, 23 Apr 2020 11:23:06 +0000 https://kurir.mk/?p=336090

Лекарската комора соопшти дека нејзиниот Извршен одбор и Комисијата за етички и правни прашања вчера на вонредна седница расправале за етичкиот аспект на однесувањето на докторите од инфективното одделение во ЈЗУ Општа болница Охрид, кои не овозможиле здравствена заштита на пациентот Мавлуле Ибрахими од село Татеши Струга со симптоми на Ковид – 19, која побарала здравствени услуги. Во денешното соопштение Лекарската комора го осуди однесувањето на докторите од инфективното одделение во ЈЗУ Општа болница Охрид, бидејќи, како што се наведува, во конкретниот случај тие постапиле несоодветно и несовесно со што го нарушиле угледот и достоинството на лекарската професија, како и моралните принципи, чесност и неопходна преданост кон вршење на медицинскиот повик и дисциплина во извршување на лекарската професија. Согласно етичките принципи, нагласуваат од Лекарската комора, докторот е обврзан да укажува медицинска помош и да ја покаже својата хуманост на секој пациент кој ќе се обрати за лекарска помош до стручни лица. Извршниот одбор и Комисијата за етички и правни прашања на Лекарската комора согласно законските прописи и подзаконските акти, донесоа одлука со која се осудува постапката на докторите од Инфективното одделение во ЈЗУ Општа болница Охрид за неукажување на медицинска помош на пациент со симптоми на Ковод – 19 кој се обратил за медицинска помош и покренаа иницијатива за поведување на постапка пред Судот на честа при Лекарската комора, кој е независен и надлежен орган на Комората да расправа за одговорноста на докторите за сторена повреда на Кодексот на медицинската деонтологија, стои во соопштението. Согласно со современите доктринарни начела за работа во вонредни услови здравствениот персонал особено докторите имаат посебна положба, но и одговорност, посочуваат од Комората и апелираат до докторите на медицина и до сите здравствени работници, да се однесуваат како што доликува на докторската професија професионално, одговорно и разумно.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lekarskata-komora-go-osudi-odnesuvanjeto-na-doktorite-od-infektivnoto-oddelenie-vo-ohridskata-bolnica/feed/ 0
Лекарска комора: Против насилниците во здравствените установи да се презмат наjостри санкции https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lekarska-komora-protiv-nasilnicite-vo-zdravstvenite-ustanovi-da-se-prezmat-najostri-sankcii/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lekarska-komora-protiv-nasilnicite-vo-zdravstvenite-ustanovi-da-se-prezmat-najostri-sankcii/#respond Fri, 27 Sep 2019 14:16:56 +0000 https://kurir.mk/?p=245325

Лекарската комора преку соопштение апелира надлежните органи и институции да ги презмат сите мерки кои им се на располагање и најостро да ги казнат предизвикувачите на инциденти во здравстените установи. Во последниве два дена се случиле три инциденти на вербално и физичко насилство врз здравствени работници и тоа во Градска општа болница „8 Септември” во Скопје, на Интерното одделение во Клиничката болница во Тетово и во една приватна болница во Скопје, посочуваат од Лекарската комора. Од Лекарската комората наведуваат дека во изминатиот период иницирале повеќе средби и дебати за да му се застане на патот на насилството во здравството. Лекарската комора ќе продолжи со активностите да се стави крај на насилството во здравството кое во последно време зема замав, затоа што состојбите стануваат алармантни. Целта е да им се овозможат нормални услови на медицинарите за вршење на нивната професија во грижата за граѓаните на кои им е потребна здравствена заштита, меѓу кои се и блиските на оние кои го предизвикуваат вербалното и физичкото насилство во здравствените установи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lekarska-komora-protiv-nasilnicite-vo-zdravstvenite-ustanovi-da-se-prezmat-najostri-sankcii/feed/ 0
Лекарската комора на Македонија најостро го осудува нападот на доктор во Тетовската болница https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lekarskata-komora-na-makedonija-najostro-go-osuduva-napadot-na-doktor-vo-tetovskata-bolnica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lekarskata-komora-na-makedonija-najostro-go-osuduva-napadot-na-doktor-vo-tetovskata-bolnica/#respond Fri, 06 Sep 2019 15:21:15 +0000 https://kurir.mk/?p=237878

Лекарската комора на Македонија најостро го осудува последниот инцидент во Клиничка болница во Тетово. Во претпладневните часови денеска родител на пациент нападна и со удари во главата повреди доктор на Одделението за дерматовенерологија. – Со оглед дека ова е само последен ваков инцидент во македонското здравство, Комората ги повикува надлежните институции и одговорните лица да преземат конкретни мерки за да се спречат ваквите инциденти на физичко насилство над здравствените работници кои согласно законската регулатива на своите рабони места се службени лица, се вели во соопштението од Лекарската комора на Македонија. Комората, како што се наведува, има разбирање за здравствените проблеми на пациентите и со нивните блиски, и осудува какво било насилство врз медицински персонал. – Медицинарите секојдневно се борат за животот на пациентите, посебно кога станува збор за пациенти кои се во сериозна и животозагрозувачка состојба. Комората укажува дека насилството во здравството, за жал, е многу почеста појава отколку што се зборува за неа и покрај тоа што секој поединечен инцидент не е само лична трагедија и траума, туку го урива интегритетот и дигнитетот на докторот, здравствениот работник и здравствениот систем во целина, стои во соопштението. Лекарската комора апелира секој во рамки на своите ингеренции да се вклучи во заштита од насилство врз здравствените работници и соработници. Од Лекарската комора сметаат дека само безбедна средина во која се даваат здравствени услуги, гарантира сигурна, стручна и квалитетна здравствена заштита за пациентите. Според Лекарската комора на Македонија, неопходно е насилството во здравството сериозно да биде сфатено од страна на управителите на сите здравствени установи. – Со помош на полицијата и правниот систем мора ефикасно да се справиме со сите негови облици на национално ниво. Заложбата на Лекарската комора е за јасно и транспарентно делување во кое нема никаква толеранција за насилство насочено против лицата кои даваат здравствени услуги, а тоа, мора да се воведе на сите нивоа во секторот на здравствена заштита и јавно да се поддржува, се вели во соопштението од Лекарската комора на Македонија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lekarskata-komora-na-makedonija-najostro-go-osuduva-napadot-na-doktor-vo-tetovskata-bolnica/feed/ 0
Лекарската комора го осуди инцидентот на КАРИЛ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lekarskata-komora-go-osudi-incidentot-na-karil/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lekarskata-komora-go-osudi-incidentot-na-karil/#respond Thu, 08 Nov 2018 15:17:57 +0000 https://kurir.mk/?p=125318

Лекарската комора на Македонија го осуди инцидентот на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување-КАРИЛ во кој во утринските часови било физички и вербално нападнато медицинско лице кое работи на оваа установа во која се лекуваат најтешко болните пациенти. – Комората сочувствува со блиските на пациентот кој починал, но и во оваа прилика јасно декларира дека осудува какво било насилство врз медицински персонал кој секојдневно се бори за животот на пациентите, посебно кога станува збор за пациенти кои се во сериозна и животозагрозувачка состојба. Комората укажува дека насилството во здравството, за жал, е многу почеста појава отколку што се зборува за неа и покрај тоа што секој поединечен инцидент не е само лична трагедија и траума, туку го урива интегритетот и дигнитетот на докторот, здравствениот работник и здравствениот систем во целина, стои во соопштението од Лекарската комора. Од тие причини, како што се посочува, Лекарската комора како потписник на Декларација за „Стоп на насилство во здравството“ на членките на ЗЕВА, Асоцијација во која се обединети 17 комори од земјите на Централна и Источна Европа, ја поддржува најавата на Министерството за здравство дека многу скоро во соработка со Министерството за внатрешни работи ќе се обезбеди помош и заштита од полицијата. Од Лекарската комора истакнуваат дека Декларацијата – Стоп на насилство врз докторите на медицина, стоматологија, фармацевтите, медицинските сестри, техничари, акушерки и другите здравствени работници. на национално ниво ја потпишаа Лекарската комора на Македонија, Стоматолошката комора и  Фармацевтската, како и  министерот за здравство, и претседателката на Здружението на медицински сестри, техничари и акушерки на Република Македонија. Заложбата на Лекарската комора е за јасно и транспарентно делување во кое нема никаква толеранција за насилство насочено против лицата кои даваат здравствени услуги, а тоа, според потписниците на Декларацијата, мора да се воведе на сите нивоа во секторот на здравствена заштита и јавно да се поддржува, стои во соопштението.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lekarskata-komora-go-osudi-incidentot-na-karil/feed/ 0
ИО на Лекарска комора незадоволен од зголемувањето на платите во здравството https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/io-na-lekarska-komora-nezadovolen-od-zgolemuvanjeto-na-platite-vo-zdravstvoto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/io-na-lekarska-komora-nezadovolen-od-zgolemuvanjeto-na-platite-vo-zdravstvoto/#respond Thu, 06 Sep 2018 14:13:05 +0000 https://kurir.mk/?p=97208

Извршниот одбор (ИО) на Лекарската комора на Македонија (ЛКМ) смета дека направеното зголемување на платите во јавното здравство е парцијално и предизвикува непотребни поделби и конфронтации кај колегите. Бара да се корегира процентот на зголемување на платите на докторите со кое смета дека треба да бидат опфатени и матичните лекари. Од ИО на ЛКМ денеска соопштија дека се незадоволни од договорот за определување на најниската плата во јавниот здравствен сектор потпишана од Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита и Министерството за здравство со која вредноста на бодот се зголемува за 5 отсто. Во реакцијата по потпишувањето, ИО на ЛКМ наведува дека висината на зголемувањето на бодот е повеќе од скромна и  не е во согласност со висината на зголемувањето за кои разговарале синдикатите (Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита и Синдикатот  на клинички центар и...) и Лекарската комора. - Имајќи го предвид ваквото непочитување на договореното околу зголемувањето на платите во здравството кое во разговорите беше определено на околу 15 отсто за 2018 година, Извршниот одбор смета дека синдикатите и нивните органи и тела во најкус можен рок треба да вложат напори и да се корегира процентот на зголемување на платите на докторите, а во спротивно тие треба да поднесат морална одговорност, се вели во соопштението. Со корекцијата, како што смета ИО на ЛКМ, треба да бидат опфатени матичните лекари, а покачувањата мора да бидат сеопфатни и да се однесуваат на здравствениот систем во целина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/io-na-lekarska-komora-nezadovolen-od-zgolemuvanjeto-na-platite-vo-zdravstvoto/feed/ 0