Лекарска комора – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 13 Sep 2023 08:51:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Лекарска комора – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Лекарска комора: Институциите да ги заштитат лекарите од злоупотреба за лажно рекламирање https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lekarska-komora-institutsiite-da-gi-zashtitat-lekarite-od-zloupotreba-za-lazhno-reklamirane/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lekarska-komora-institutsiite-da-gi-zashtitat-lekarite-od-zloupotreba-za-lazhno-reklamirane/#respond Wed, 13 Sep 2023 08:51:24 +0000 https://kurir.mk/?p=877590

Лекарската комора на Република Македонија, како професионално здружение на сите доктори по медицина, јавно бара од Основното јавно обвинителство и Министерството за внатрешни работи итно да постапуваат и да ја спречат злоупотребата на професионалниот интергитет и авторитет на лекарите во функција на лажно рекламирање на непроверени форми на медицински препарати, лекови, додатоци во исхрана, методи или помошни средства за лекување, што се сè поприсутни на интернет порталите и на социјалните мрежи. -Во Комората зачестено стасуваат поплаки од доктори кои се жалат дека случајно откриваат дека нивното име и фотографија се користи за промоција и продажба на одредени производи без нивна согласност или знаење. Оваа употреба на нивниот професионален интегритет има сериозни негативни последици, како за нивната репутација како медицински професионалци, така и за пациентите кои може да станат жртви на оваа измама, се наведува во денешното соопштение од Лекарската комора. Оттаму посочуваат дека станува збор за манипулативни и лажни реклами за т.н. медицински производи, препарати и методи со непроверено потекло, состав или производство. -Во рекламите се пласираат измислени изјави или интервјуа со вистински лекари и се објавуваат нивни фотографии, без лекарите да дадат соодветна согласност за користење на нивното име и професионален интегритет за рекламирање на овие препарати, поради што ова може да се смета за груба злоупотреба на личните податоци и лажно рекламирање за остварување на материјална корист. Штетата е уште поголема кога поради лажното рекламирање на препаратите пациентите може да добијат впечаток дека се работи за некои видови на чудотворни лекови, а со тоа да ја занемарат редовната терапија и да предизвикаат сериозна штета по своето здравје, се посочува во соопштението. Комората ги охрабрува докторите кои се жртви на вакви злоупотреби задолжително да пријават во Министерството за внатрешни работи и кога е можно да ги предупредат пациентите за овие лажни реклами. Во соопштението се вели дека до надлежните институции поголем број на лекари веќе имаат поднесено кривични пријави со соодветни докази. Од Комората информираат дека и досега јавно реагираат и предупредуваат преку соопштенија за последиците, но сè уште немаат информација за донесени јавно-обвинителски одлуки за овие предмети. Лекарската комора во соопштението уште еднаш најостро ги осудува сите вакви злоупотреби и бара поажурно постапување за итно расветлување на случаите и соодветно санкционирање на сторителите. На овој начин ќе се заштитат и докторите и пациентите, ќе се превенира генерирање на нови случаи на злоупотреба, но и ќе се спречи можноста за предизвикување на штета по здравјето на граѓаните. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lekarska-komora-institutsiite-da-gi-zashtitat-lekarite-od-zloupotreba-za-lazhno-reklamirane/feed/ 0
Лекарска комора: Го почитуваме правото на протест, но осудуваме обиди сите доктори да се стават во ист кош https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lekarska-komora-go-pochituvame-pravoto-na-protest-no-osuduvame-obidi-site-doktori-da-se-stavat-vo-ist-kosh/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lekarska-komora-go-pochituvame-pravoto-na-protest-no-osuduvame-obidi-site-doktori-da-se-stavat-vo-ist-kosh/#respond Tue, 05 Sep 2023 15:34:07 +0000 https://kurir.mk/?p=874856

Лекарската комора го почитува правото на протест на сите граѓани, но, изразува силно несогласување и ги осудува обидите на вчерашниот протест, сите доктори да се стават во ист кош и да се етикетираат како виновници за последните случувања во здравствениот сектор, нарекувајќи ги „убијци“ и повикува тоа веднаш да престане, бидејќи така засилено се поткопува довербата меѓу лекарот и пациентот, што е клучна за што поповолен исход на лекувањето, се наведува во денешното соопштение на Комората. - Комората уште во саботата реагираше во однос на изнесените сомнежи за злоупотреби на Клиниката за онкологија и радиотерапија, кои ги оцени како вознемирувачки и побара што побрзо расветлување на настаните и дознавање на вистината. Повторуваме дека ниту еден пациент не смее да биде оставен без терапијата што му следува и во никој случај не смеат да се дозволат манипулации, со цел остварување на материјална корист од страна на поединци. Доколку во законските постапки коишто ги водат надлежните институции, се докаже дека одредени лекари биле вклучени во злоупотреби на онколошка терапија, со што нанеле штета на здравјето на пациентите, органите на Комората без одлагање, по добивање на релевантен доказ или судски пресуди, ќе постапат во рамките на своите надлежности за санкционирање и ќе изречат максимални санкции, нагласуваат во соопштението. Како што се додава, „изразуваме длабоко жалење за загубите на пациентите и членовите на нивните семејства кои ја изгубиле битката во борбата со канцерот, но, апелираме, додека трае процесот, да не се создава масовна паника и да не се генерализира дека сè во здравството не е добро и дека сите лекари ги манипулираат своите пациенти, бидејќи тоа не е точно и е на штета на пациентите“. - Најголем дел од докторите во нашата држава секојдневно, професионално, одговорно и чесно ги лекуваат пациентите и се обидуваат да им пружат максимално ниво на квалитет на здравствена заштита, согласно условите во кои работат. Трудот на овие професионалци треба да се вреднува и почитува и тие не треба да се поистоветуваат со поединци, кои постапувале поинаку од она што го налага медицинската етика и медицинските протоколи, подвлекуваат во соопштението. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lekarska-komora-go-pochituvame-pravoto-na-protest-no-osuduvame-obidi-site-doktori-da-se-stavat-vo-ist-kosh/feed/ 0
Поведена постапка за одземање на лиценцата на анестезиологот од Тетово https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/povedena-postapka-za-odzemane-na-litsentsata-na-anesteziologot-od-tetovo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/povedena-postapka-za-odzemane-na-litsentsata-na-anesteziologot-od-tetovo/#respond Tue, 18 Apr 2023 15:17:26 +0000 https://kurir.mk/?p=825061

Комисијата за етички и правни прашања на Лекарската комора донесе одлука за поведување на постапка за времено одземање на лиценцата за работа на анестезиологот вработен во Клиничката болница во Тетово, поради тоа што со објава на видеоснимка од гинеколошкото Одделение на болницата во живо на социјалната мрежа Тик-Ток ја искористил својата позиција и ги нарушил правата на пациентите и нивното достоинство, а со тоа го нарушил и угледот и честа на лекарската професија. „Комисијата за етички и правни прашања, согласно правните регулативи на Комората, денес одржа вонредна седница, на која по детална расправа и разгледување на случајот, членовите на Комисијата донесоа едногласна одлука за покренување на постапка пред Судот на честа на Лекарската комора“, истакна претседателката на Комората, проф. д-р Калина Гривчева Старделова. Согласно постапката, Обвинителот на Судот на честа, по разгледување на пријавата, истата ја прифати и до Судот на честа на Комората достави обвинение против д-р Ваљтон Дервиши, анестезиолог вработен во ЈЗУ КБ Тетово, со предлог Судот на честа да му изрече мерка за времено одземање на лиценцата за работа согласно условите предвидени во Законот за здравствена заштита. Согласно правните регулативи, обвинението денес му е доставено на д-р Дервиши, а по истек на минималните временски рокови предвидени во постапката, Судот на честа ќе заседава за донесување на конечна одлука. Претседателката на Комората потенцираше дека лекарите својата професија треба да ја извршуваат совесно и одговорно. Секогаш на прво место треба да им биде сочувување на здравјето, со следење на етичките норми и почитување на човековото достоинство, приватноста и интегритетот на пациентите. Лекарот е обврзан да ја чува професионалната тајна, а во професионалниот и приватниот живот да ги негува личните квалитети, соодветни на местото и достоинството на лекарската професија во општеството. Лекарот треба да е свесен дека со секој несоодветен, лекомислен, нечесен и понижувачки акт, ги компромитира сите други колеги. „За жал, во овој случај, етичката Комисија констатираше дека колегата со своите постапки и однесување прекршил повеќе етички норми на кои го обврзува Кодексот на медицинска деонтологија, поради што е поведена постапка пред Судот на честа. Лекарската комора уште еднаш изразува најостра осудува за инцидентот и искрено жалење за состојбата во која се доведени пациентите и упатува јавно извинување до нив“, изјави претседателката на Комората, која појасни дека лиценцата за работа трајно може да се одземе само во случај кога постои правосилна судска пресуда со која е утврдено дека лекарот сторил стручен пропуст со што предизвикал трајно нарушување на здравјето или смрт. Лекарската комора како професионална организација на сите доктори во нашата земја, со цел заштита на нивниот углед, како и да ги заштити правата на пациентите, активно ќе ги следи сите вакви инциденти и нема да дозволи изолираното несовесно однесување на поединци да биде препишано на колективна одговорност на сите лекари кои професионално и одговорно секојдневно постапуваат во третманот на пациентите, велат од ЛК.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/povedena-postapka-za-odzemane-na-litsentsata-na-anesteziologot-od-tetovo/feed/ 0
Лекарската комора со остра осуда за инцидентот во болницата во Тетово https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lekarskata-komora-so-ostra-osuda-za-intsidentot-vo-bolnitsata-vo-tetovo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lekarskata-komora-so-ostra-osuda-za-intsidentot-vo-bolnitsata-vo-tetovo/#respond Sat, 15 Apr 2023 09:15:52 +0000 https://kurir.mk/?p=824193

Лекарската комора најостро го осудува инцидентот кој се случи во болницата во Тетово во кој видео снимка од пациенти се објави на социјалните медиуми. Барањето за почитување на сопствените права, тргнува од почитувањето на туѓите права, во случајов правата на пациентите, затоа во најкус рок органите на Комората ќе бидат свикани да го разгледаат случајот и да преземат активности и мерки. Со Кодексот за медицинска деонтологија лекарите се обврзуваат дека професија ќе ја вршат совесно и одговорно, дека ќе го почитуваат човековото достоинство и правата на болните и ќе ја чуваат нивната доверба. Лекарската комора како самостојна и професионална организација на сите доктори на медицина во нашата земја продолжува да работи на заштита и унапредување на стручноста и етичките должности и права на докторите на медицина, но со критички однос кон сите оние кои го рушат достоинството, угледот и интегритетот на професијата, како дејност од посебен општествен интерес. Лекарската комора нема да дозволи ваквите изолирани инциденти да бидат на товар на сите лекари кои професионално и одговорно секојдневно постапуваат и лекуваат пациенти.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lekarskata-komora-so-ostra-osuda-za-intsidentot-vo-bolnitsata-vo-tetovo/feed/ 0
Лекарска комора: Речиси 80 отсто од лекарите во земјава биле навредувани, малтретирани или удрени на работно место https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lekarska-komora-rechisi-80-otsto-od-lekarite-vo-zemjava-bile-navreduvani-maltretirani-ili-udreni-na-rabotno-mesto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lekarska-komora-rechisi-80-otsto-od-lekarite-vo-zemjava-bile-navreduvani-maltretirani-ili-udreni-na-rabotno-mesto/#respond Sun, 12 Mar 2023 12:55:23 +0000 https://kurir.mk/?p=810957

Светската здравствена организација известува дека до 38% од здравствените работници трпат физичко насилство во одреден момент од нивната кариера, а многу повеќе се изложени на вербална и онлајн злоупотреба, велат од Лекарската комора по повод одбележување на 12 Март, Европски ден против насилството врз здравствените работници, кој годинава се одбележува во четврти пат. Во анкетата која Лекарската комора ја спроведе минатата година 77,9 отсто од лекарите кои го одговорија анкетниот прашалник одговориле дека доживеале физичко или вербално насилство на работното место во текот на работниот век. Од нив 79,9 отсто одговориле дека доживеале вербално насилство со викање и навредување, 34,5 отсто биле жртва на вербално насилство со закана дека ќе биде извршено и физичко насилство, 43 испитаници или 5,2 отсто биле изложени на физичко насилство без телесна повреда, а 13 испитаници или 1,6 отсто доживеале физичко насилство со телесна повреда. „Здравствените работници неопходно е да се чувствуваат безбедни на работното место, ослободени од притисокот за нивно загрозување, со цел да можат оптимално и квалитетно да ги извршуваат своите работни обврски и непречено да ги лекуваат пациентите“, истакнува проф. д-р Калина Гривчева Стаределова, претседател на Лекарската комора на РСМ. Од Лекарска комора додаваат дека важен исчекор во оваа насока е усвојувањето на измените на Кривичниот законик со кои вербалното и физичкото насилство над лекарите и другите здравствени работници се смета за кривично дело “спречување службено лице во вршење службено дејствие”. Со новите измени во Кривичниот законик е одредено дека делата како употреба на сила, сериозни закани, навреда, малтретирање, задавање телесни повреди или закана со употреба на оружје кон лекар или друг здравствен работник при вршење на нивните професионални задачи се кривични дела за кои е предвидена казна затвор од шест месеци до пет години.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lekarska-komora-rechisi-80-otsto-od-lekarite-vo-zemjava-bile-navreduvani-maltretirani-ili-udreni-na-rabotno-mesto/feed/ 0
Лекарска комора ги поздравува измените на КЗ со кои ќе се казнува насилството врз здравствените работници https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lekarska-komora-gi-pozdravuva-izmenite-na-kz-so-koi-ke-se-kaznuva-nasilstvoto-vrz-zdravstvenite-rabotnitsi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lekarska-komora-gi-pozdravuva-izmenite-na-kz-so-koi-ke-se-kaznuva-nasilstvoto-vrz-zdravstvenite-rabotnitsi/#respond Fri, 17 Feb 2023 11:33:00 +0000 https://kurir.mk/?p=801718

Лекарската комора како професионално здружение на сите доктори по медицина во нашата земја го поздравува носењето на измените на Кривичниот законик со кои вербалното и физичкото насилство над лекарите и другите здравствени работници се смета за кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие" и соодветно ќе се казнува, велат од Лекарската комора. Со новите измени во Кривичниот законик е одредено дека делата како употреба на сила, сериозни закани, навреда, малтретирање, задавање телесни повреди или закана со употреба на оружје кон лекар или друг здравствен работник при вршење на нивните професионални задачи се кривични дела за кои е предвидена казна затвор од шест месеци до пет години. -Лекарската комора подолг период во соработка со надлежните институции работеше на подготовка на новите законски решенија, при што беа донесени измените на Законот за здравствена заштита, а сега со носење на измени на Кривичниот законик се заокружува процесот, кој треба да создаде побезбедна околина за вршење на здравствената дејност, што ќе биде корисно како за здравствените работници, така и за пациентите, истакнуваат од Лекарската комора. Оттаму потенцираат дека носењето на овие законски измени е особено значајно бидејќи доаѓа во време кога се регистрираат зачестените физички и вербални напади врз здравствените работници и потребно е да се превенираат нови и посериозни инциденти. -Лекарите и другите здравствени работници имаат право да ги извршуваат своите работни обврски без да бидат под притисок на закани по нивниот живот и безбедност и не смее да се дозволи тие да бидат мета на незадоволството на пациентите. Лекарите и пациентите само преку заедничко делување и соработка можат да постигнат изнаоѓање на решение за предизвиците во пружањето на здравствената заштита, кои најчесто се должат на системски проблеми за чие решавање е потребен општ консензус, велат од комората. Тие нагласуваат дека Лекарската комора останува отворена за своите членови да ги пријавуваат инцидентите со кои се соочуваат и да пружа помош и поддршка, како и будно да го следи постапувањето на надлежните институции.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lekarska-komora-gi-pozdravuva-izmenite-na-kz-so-koi-ke-se-kaznuva-nasilstvoto-vrz-zdravstvenite-rabotnitsi/feed/ 0
Лекарската комора обезбеди парична донација за настраданите во Турција https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lekarskata-komora-obezbedi-parichna-donatsija-za-nastradanite-vo-turtsija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lekarskata-komora-obezbedi-parichna-donatsija-za-nastradanite-vo-turtsija/#respond Fri, 10 Feb 2023 10:21:20 +0000 https://kurir.mk/?p=798868

Во знак на солидарност и поддршка, Извршниот одбор на Лекарска комора донесе одлука за доделување парична донација во висина од 5.000 евра за настраданите граѓани на Турција во катастрофалниот земјотрес кој однесе многу човечки животи и предизвика огромна материјална штета. Средствата се уплатени во фондот "Хуманитарна акција" кој е воспоставен од Центарот за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД) при Министерството за внатрешни работи на Република Турција. -Лекарската комора го поздравува големиот одзив на здравствените работници на повикот за медицинска помош во Турција кој го објави Министерството за здравство и ги охрабрува сите доктори на медицина кои се во можност да помогнат во справувањето со последиците од катастрофалниот земјотрес, се вели во денешното соопштение од Лекарската комора. Комората изразува длабоко сочувство за жртвите од земјотресот, загуба која, како што велат оттаму, никогаш нема да може да се надомести и ја истакнува итната потреба да се помогне. Хуманоста и солидарноста е основен предзнак на лекарската професија, а сега е важен момент кога сите, согласно своите можности, треба тоа да го покажат на дело. -Лекарската комора испрати и писмо за поддршка до Лекарската комора во Р. Турција во кое искажа подготвеност за помош со ресурсите со кои располага. Граѓаните и здравствените работници на нашата држава знаат што значи поддршката во вакви моменти, поради тоа што се соочиле со природна катастрофа од ваков вид, земјотресот во Скопје во 1963 година, кога многу наши семејства биле директно засегнати, истакнуваат од Комората. Во овој момент, велат, најважно е да се обединат сите ресурси за помош кои постојат и да се насочат во подрачјата каде е најпотребно. Комората ги следи случувањата и во координација со надлежните институции ќе остане инволвирана во наредните активности за поддршка. (МИА)

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lekarskata-komora-obezbedi-parichna-donatsija-za-nastradanite-vo-turtsija/feed/ 0
Лекарска комора: Потребна е ИТНА реакција на институциите за заштита на лекарите од лажното рекламирање https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lekarska-komora-potrebna-e-itna-reaktsija-na-institutsiite-za-zashtita-na-lekarite-od-lazhnoto-reklamirane/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lekarska-komora-potrebna-e-itna-reaktsija-na-institutsiite-za-zashtita-na-lekarite-od-lazhnoto-reklamirane/#respond Wed, 25 Jan 2023 11:31:54 +0000 https://kurir.mk/?p=791642

Лекарска комора, како професионално здружение на сите доктори по медицина, најостро ги осудува сите обиди за злоупотреба на професионалниот интегритет и авторитет на лекарите преку различни форми на реклами за лекови, помошни средства за лекување, додатоци во исхраната и постапки за лекување во кои се злоупотребува нивниот идентитет и професионален интегритет. Во продолжение следува нивното соопштение:  Во последно време стана зачестена појавата на лажни и манипулативни реклами за т.н. медицински производи, препарати и методи кои се пласираат на интернет. Во вакви огласи и текстови често се појавуваат измислени изјави или интервјуа на вистински лекари и се објавуваат нивни фотографии што е целосно незаконски. Лекарите не даваат дозвола за користење на нивното име и професионален интегритет за рекламирање на овие препарати поради што ова може да се смета за кражба на идентитет, лажно рекламирање и злоупотреба на лични податоци за остварување на материјална корист. Лекарската комора, од надлежните институции, бара навремено и ажурно да постапат по поднесените кривични пријави и да ги санкционираат овие случаи, со што би се заштитиле докторите и би се спречило повторување на овие случаи. Надлежните институции треба да ја интензивираат динамиката со која испитуваат кој, како и за која цел ги поставува овие сомнителни содржини и, согласно утврдената состојба, да ги санкционираат сторителите. Недозволиво е овие случаи да се игнорираат и остануваат без правна разрешница. Апелираме лекарите овие случаи да продолжат да ги пријавуваат и јавно да информираат за ситуации во кои без нивна согласност и одобрение, некој се претставува во нивно име или го користи нивниот професионален интегритет. Дополнително ги предупредуваме граѓаните дека ваквите производи може да содржат материи кои сериозно би наштетиле на нивното здравје. Дури и во случај кога препаратите не содржат штетни материи, со самото тоа што им се препишуваат лековити својства кои реално не ги поседуваат, граѓаните намерно се доведени во заблуда и со тоа се загрозува нивното здравје. Поради тоа, би ги посоветувале пациентите, кога одлучуваат да ја променат терапијата, да почнат нова или во постоечката да вклучат нов препарат, задолжително да се консултираат со својот матичен лекар или специјалист, бидејќи само тие можат да им помогнат да донесат правилна одлука за нивното здравје и во никој случај не смеат да се поведуваат по реклами на интернет и по туѓи искуства.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lekarska-komora-potrebna-e-itna-reaktsija-na-institutsiite-za-zashtita-na-lekarite-od-lazhnoto-reklamirane/feed/ 0
Скандалозно избран нов претседател на Лекарската комора – зад затворени врати и нерегуларно се броеле гласови https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skandalozno-izbran-nov-pretsedatel-na-lekarskata-komora-zad-zatvoreni-vrati-i-neregularno-se-broele-glasovi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skandalozno-izbran-nov-pretsedatel-na-lekarskata-komora-zad-zatvoreni-vrati-i-neregularno-se-broele-glasovi/#respond Fri, 01 Jul 2022 19:48:12 +0000 https://kurir.mk/?p=698626

Скандалозно избран нов претседател на лекарската комора. Досегашната претседателка Калина Гривчева Старделова, за која медиумите веќе објавија дека е човек на власта, е повторно избрана. Зад затворени врати се водеше гласањето без дозволен пристап на набљудувачи и камери. Откако процесот на гласање заврши, само го соопштија името на Старделова без дополнителни детали за дискусијата. Она што јавноста до сега го знаеше е дека таа секако ќе влезе во трката, но до последен момент не се знаеше името на противкандидатот Емилија Велкова, анализира АЛФА. Поранешната претседателка на комората Ленче Нелоска реагира дека ова се досега најнерегуларните избори. -Овие избори во лекарска комора се најнетранспарентните и најнерегуларните избори откако постои лекарската комора. Централната изборна комисија не дозволи присуство на делегати, предложен од едната од кандидатките да присуствува на броењето, се затвори вратата, се стави обезбедување пред врата и излегоа со резултати по кои што старата претседателка е повторно нова претседателка, изјави Нелоска. На гласањето Старделова победи со 51 глас наспроти 24 гласа за нејзината противкандидатка. Таа им се заблагодари што е повторно избрана. -Ни останаа многу работи недосработени, да кажеме што си дадовме агенда претходно и треба да ги досработиме. Има тука одредени законски регулативи, со кои што ние мора да се избориме, кои што дефинитивно треба да се влезени во собраниска процедура туку и да бидат изгласани и да излезат од собраниска процедура, дел да влезат и да повторно бидат изгласани. Мора да обезбедиме нулта толеранција за насилство врз доктори. Има многу, многу работа, изјави доктор Калина Гривчева Старделова. Инаку лекарската комора за прв пат добива заменик-претседател од примарното здравство Беким Исмаили кој изјави дека ќе се борат за реорганизација на фелата во сите градови и општини со цел пациентите да имаат повеќе бенефити. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skandalozno-izbran-nov-pretsedatel-na-lekarskata-komora-zad-zatvoreni-vrati-i-neregularno-se-broele-glasovi/feed/ 0
Изборите за Лекарската комора се незаконски или на крајот ќе биде како да не се случиле, џабе што Гривчева прави се да остане на функција! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izborite-za-lekarskata-komora-se-nezakonski-ili-na-krajot-kje-bide-kako-da-ne-se-sluchile-dzabe-shto-grivcheva-pravi-se-da-ostane-na-funkcija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izborite-za-lekarskata-komora-se-nezakonski-ili-na-krajot-kje-bide-kako-da-ne-se-sluchile-dzabe-shto-grivcheva-pravi-se-da-ostane-na-funkcija/#respond Mon, 20 Jun 2022 09:36:41 +0000 https://kurir.mk/?p=693049

Иако има низа на неправилности во изборите за ново раководство на Лекарската комора на Македонија на кои укажуваат и правниците и лекарската фела, претседателката Калина Гривчева Старделова не реагира. Или критиките се главно за тоа дека не се прецизирани постоечките акти, како и начинот на спроведување на самите избори. Актите наведени во Статутот на Комората од 2019 година воопшто не се усогласени, иако Комората се обврзува да ги усогласи со Статутот од, 2019 година. -Во Статутот на Комората од 2019 година прецизно се наведени сите акти на Комората меѓу кои и Правилникот за избори и отповикување. Притоа јасно стои дека Комората се обврзува во наредните шест месеци да ги усогласи актите и јавно да ги објави. Сето ова не е реализирано, коментираат упатените. Оттука правниците додаваат дека може да се толкува дека овие избори за Лекарската комора се незаконски и нестатутарни. -Бидејќи нема усогласување на актите со Статутот може да се заклучи и дека изборите во Комората не можат да произведат правно дејство. Согласно со ова самата одлука за избори и изборот на нов претседател на Лекарската комора нема да доведе до правен ефект, коментираат правниците. Дополнително, велат тие, имајќи во предвид дека секогаш се појавуваат апетити да се остане на функција, а тоа најчесто е проткаено со неправилности, добро е да се стави во Правилниот дека за истите треба да има набљудувачи. -Точно е дека во Правилникот од 1996 година за избори во Лекарската комора не забранува набљудување на изборниот процес што значи дека може и да се набљудува. Но, посебно неправилностите во последниов случај, или последниве избори укажуваат дека тоа треба и јасно да се наведе, велат правниците. Според нив ова е потребно, бидејќи како што велат на актуелната претседателка Старделова - Гривчева ништо не и се слуша, односно го следи само својот интерес повторно да ја води Комората и тоа по секоја цена. -На Старделова - Гривчева изгледа треба да и се нацрта за да сфати дека спроведува избори кои се целосно нерегуларни, или треба да и се нацрта што се треба да усогласи за да бидат регуларни, барем да ја постави правната основа, коментираат правниците. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izborite-za-lekarskata-komora-se-nezakonski-ili-na-krajot-kje-bide-kako-da-ne-se-sluchile-dzabe-shto-grivcheva-pravi-se-da-ostane-na-funkcija/feed/ 0