лекција – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 07 Mar 2023 09:58:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png лекција – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Модна лекција: Дејвид Бекам и неговата ќерка „главни“ на модната недела во Париз https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/modna-lektsija-dejvid-bekam-i-negovata-kerka-glavni-na-modnata-nedela-vo-pariz/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/modna-lektsija-dejvid-bekam-i-negovata-kerka-glavni-na-modnata-nedela-vo-pariz/#respond Tue, 07 Mar 2023 09:58:03 +0000 https://kurir.mk/?p=809006

Модно усогласените Дејвид Бекам и неговата ќерка Харпер Севен го привлекле вниманието со појавувањето на модната недела во Париз, каде отишле да ја поддржат Викторија Бекам на ревијата на нејзиниот бренд. Дејвид Бекам и ќерката Харпер присуствувале на модната ревија на Викторија Бекам за време на модната недела во Париз, а дуото се појавило во соодветни тематски комбинации. Дејвид носел темно сив костум со вратоврска и кошула во слична нијанса, додавајќи пар црни кожни чизми и очила за сонце. Харпер носела црно одело и бела маица, со соодветни црни панталони. Таткото и ќерката се држеле за рака од нивниот хотел и низ улиците на Париз. На модната ревија биле и синот на Викторија и Дејвид, Бруклин Бекам и неговата сопруга Никола Пелц. Гласините за семејни расправии ги следат младенците уште од нивната венчавка во април 2022 година, кога Пелц и Викторија, наводно, започнале некаква расправија околу нејзината венчаница. Невестата требало да облече фустан од ателјето на Викторија, но таа ѝ рекла дека нема да биде готов до церемонијата. Сепак, се чини дека оттогаш ги подобриле односите.
Викторија сподели слатка семејна фотографија од настанот на Инстаграм, заблагодарувајќи им се за поддршката. „Не би можела да го направам ова без вас, многу ве сакам сите Харпер Севен, Дејвид Бекам, Круз Бекам, Бруклин Пелц Бекам, Никола Пелц Бекам“, напиша таа покрај фотографијата.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/modna-lektsija-dejvid-bekam-i-negovata-kerka-glavni-na-modnata-nedela-vo-pariz/feed/ 0
Политичка лекција од Вучиќ за Радев и Петков во случајот со Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/politichka-lekcija-od-vuchikj-za-radev-i-petkov-vo-sluchajot-so-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/politichka-lekcija-od-vuchikj-za-radev-i-petkov-vo-sluchajot-so-makedonija/#respond Tue, 31 May 2022 13:58:13 +0000 https://kurir.mk/?p=684286

Старо-новиот претседател на Република Србија, Александар Вучиќ денес положи заклетва во српското собрание и го започна новиот петгодишен мандат како претседател. Во своето обраќање Вучич кажа кон што ќе се стреми Србија во наредните пет години. Економија, евроинтеграции, современа војска, Косово и Метохија, соседството... Имено тој во своето обраќање за соседите најголем акцент стави на Македонија, нормално тој не ги заборави и другите соседи. За Унгарија, Вучиќ рече дека во моментов Србија е во историски најдобри односи со неа, како и со БиХ, Хрватска, Романија, Бугарија, пошироко со Грција и Турција, но акцентот падна на Македонија. Александар Вучиќ, во своето обраќање пред нацијата рече дека во моментов Србија е најомилениот сосед меѓу Македонците, како и дека тој не смета за браќа, а одлуката на СПЦ со давањето на автокефалност на МПЦ-ОА, тоа братство се зацврстило. – Благодарение на иницијативата Отворен Балкан, веројатно имаме најдобри односи во историјата со Северна Македонија и Албанија, особено би сакал да им се заблагодарам на Српската православна црква и патријархот Порфириј за исклучително мудрите одлуки што ги донесе и со тоа придонесе за нашите блиски односи со Северна Македонија, и тоа е нешто што историјата, ваша светост, ќе суди, рече Вучиќ, обараќајќи му се на патријархпт Порфириј. И додека Александар Вучиќ влече мудри и паметни потези, бугарските власти го прават обратното. Румен Радев кој важи за проруско крило продолжува со блокадата на Македонија кон патот за ЕУ, а ништо подобра ситуација не е ни во коалицијата на премиерот Кирил Петков, каде две политички партии се децидни за ново вето за Македонија на самитот во јуни. Па наместо да го следат примерот на Вучиќ, тие во 21-век со своите барања сакаат да се вратат во времето на 19-от век. Денес бугарските медиуми објавија дека Румен Радев и Кирил Петков биле повикани во Париз на средба со францускиот претседател, а тема на оваа средба ќе биде симнување на бугарското вето за Македонија. По оваа средба работите ќе бидат многу појасни, оваа средба треба да покаже дали и колку на Бугарија и се важни европските вредности или ќе се вратат на сенките од минатото. Ако во минатото ставот на СПЦ во односите со МПЦ беа цврсти и децидни дека нема афтокефалност, денес по 55 години тие ставови се сосема спротивни, а не беше залудно заблагодарувањето на Вучиќ кон патријархот Порфириј, па оттука можеме да заклучиме дека српскиот политички врв сериозно си ја сфатиле работата и стапиле во акција, а од ова треба да учи бугарскиот политички врв. Србија со давањето афтокефалност на МПЦ-ОА ги затвори сите отворени прашања со Македонија, а со тоа си го олесни и патот кон ЕУ. Средбата во Париз е клучна, а Емануел Макрон мора да покаже и да ја оправда улогата на Франција како лидер во ЕУ, нешто што Германија во минатото го правеше перфектно.   Ристе Здравков]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/politichka-lekcija-od-vuchikj-za-radev-i-petkov-vo-sluchajot-so-makedonija/feed/ 0
„Ако не сакаш мажот да те изневерува, дотерај се малку сестро“ – вирална исповед на српски игумен Арсениј (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ako-ne-sakash-mazot-da-te-izneveruva-doteraj-se-malku-sestro-viralna-ispoved-na-srpski-igumen-arsenij-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ako-ne-sakash-mazot-da-te-izneveruva-doteraj-se-malku-sestro-viralna-ispoved-na-srpski-igumen-arsenij-video/#respond Sat, 20 Nov 2021 17:15:35 +0000 https://kurir.mk/?p=597765

Исповед на игуменот на манастирот Свети Петар и Павле кај Мионица, Арсениј Јовановиќ, стана вирална, по својата несекојдневност и невообичаеност. Имено, пораката од игуменот Арсениј е следнава: „Супер сме, се дотеруваме додека се забавуваме, а после тоа - здраво. Веќе не обрнува внимание на себе, таа е дебела, разбушавена, тој го пуштил стомакот, му смрдат нозете, подригнува - до многу полошо“, предупреди игуменот во смисла дека страста во бракот лесно може да стивне. Многу сопруги се жалат дека мажите ги изневеруваат „Тогаш велам – дотерај се малку, сестро, биди му привлечна“, рекол игуменот, по што тој и сите присутни се насмеале. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ako-ne-sakash-mazot-da-te-izneveruva-doteraj-se-malku-sestro-viralna-ispoved-na-srpski-igumen-arsenij-video/feed/ 0
Тинејџерка се потсмевала на соученичка болна од рак, татко и’ и одржа лекција за паметење https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/tinejdzerka-se-potsmevala-na-souchenichka-bolna-od-rak-tatko-i-i-odrza-lekcija-za-pametenje/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/tinejdzerka-se-potsmevala-na-souchenichka-bolna-od-rak-tatko-i-i-odrza-lekcija-za-pametenje/#respond Mon, 30 Aug 2021 11:12:50 +0000 https://kurir.mk/?p=556635

Татко на тинејџерка, на Редит откри дека ја натерал својата ќерка да си ја избричи главата. Поранешната сопруга била многу вознемирена поради неговата родителска постапка, но тој тврди дека имал добра причина за таква казна… Девојката ѝ се потсмевала на соученичка болна од рак. -Мојата поранешна сопруга и јас имаме 16-годишна ќерка. Имам старателство над неа бидејќи мојата сопруга се пресели кај нејзиното ново семејство. Го спомнувам ова зашто не се консултирав со мојата сопруга пред мојава постапка и таа сега ме осудува мене. Мојата ќерка неодамна ѝ се потсмеваше на соученичка која ја загубила косата поради лекување од рак. Таа дури ѝ ја симнала периката. Наводно, тоа било продолжение на претходна расправија меѓу нив двете – што не е изговор за однесувањето на ќерка ми. Јас не ја воспитував ќерка ми да се однесува така кон луѓето. Бев згрозен од нејзиниот став, објаснува таткото. За да бидат работите уште полоши, ќерка му не се покајала за однесувањето. -Смета дека девојката (со ракот) го заслужува тоа… Така, ѝ дадов на мојата ќерка две можности за казна – одземање на цела електроника, вклучително и мобилниот телефон, што таа никогаш нема да го направи, а јас никогаш нема да ѝ купам друг, или – да одиме на фризер и да си ја избричи главата, заклучува таткото. Некои следачи само се надеваат дека девојчето ќе сфати дека омразата и инаетот не решаваат ништо.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/tinejdzerka-se-potsmevala-na-souchenichka-bolna-od-rak-tatko-i-i-odrza-lekcija-za-pametenje/feed/ 0
Моќна порака од еден старец, нема да може да ги запрете солзите https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/mokjna-poraka-od-eden-starec-nema-da-moze-da-gi-zaprete-solzite/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/mokjna-poraka-od-eden-starec-nema-da-moze-da-gi-zaprete-solzite/#respond Sun, 18 Oct 2020 11:36:08 +0000 https://kurir.mk/?p=417775

Биле, па поминале, па пак дошле тешките времиња, синко мој“, почнал старецот да ја раскажува својата приказна, со намера барем на една личност да ѝ го пренесе своето животно искуство и да ѝ помогне да научи важна лекција. Овој човек преку една моќна порака ќе допре директно до вашето срце и ќе ви ги отвори очите. Еве ја неговата тажна приказна со голема животна поука: Откако знам за себе, отсекогаш тешко се живеело, но порано беше многу полесно. Не се имаше многу, но срцето беше задоволно со тоа што го имаше. Срцето беше полно со љубов од кое се раѓаше почитта кон луѓето. Таткото беше татко, мајката – мајка, а детето – дете. А денес? Не треба премногу да се зборува, сè се знае. Сè повеќе светови се мијат со своите сопствени солзи, бидејќи среќата за некои е само поим или бајка. Ако мене ме прашуваш, сине, јас долго, долго не сум почувствувал ни трошка радост или спокој. Долго не сум се насмеал од срце, сине. Знаеш, онака од душа. И секако ја нарекував среќата, но не знаев дека треба да ја нарекувам само живот мој. Но, сега знам… Ме прашуваш за деца? Добри ми се, нека се живи и здрави. Сите имаат свои деца и свои животи. Ми доаѓаат и ме посетуваат колку можат, овозможуваат колку можат. Седам тука крај прозорот и гледам со часови некаде, а да ме прашаш каде, ни самиот не знам. Но, гледам и чекам и кога ќе ги здогледам милите лица на моите деца како да почнува да ме грее сонце. Но, тоа ретко се случува. Тие ми велат дека имаат премногу свои обврски и постојано се во брзање. Запомни, сине мој, Бог дава, а луѓето користат. Сепак, нешто добро ни дал и оставил, а тоа е дека сите ние сме биле деца и дека потоа ќе бидеме и родители. Дека денес сме млади, утре стари. Дека денес сме силни, утре слаби. Дека денес сме здрави, а утре кој знае? И да, ако има премногу правда, ете баш тука се наоѓа. И јас некогаш бев млад и силен. И јас некогаш бев среќен и полетен. И мене мајка ми и татко ми ме чекаа како што и јас сега чекам. Затоа, сине, не заборавај, сè се враќа!]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/mokjna-poraka-od-eden-starec-nema-da-moze-da-gi-zaprete-solzite/feed/ 0
Оваа животна приказна ќе ве научи големи лекции: Бил сиромашен и решил да се бори, но стресот… https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ovaa-zivotna-prikazna-kje-ve-nauchi-golemi-lekcii-bil-siromashen-i-reshil-da-se-bori-no-stresot/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ovaa-zivotna-prikazna-kje-ve-nauchi-golemi-lekcii-bil-siromashen-i-reshil-da-se-bori-no-stresot/#respond Mon, 10 Aug 2020 17:25:58 +0000 https://kurir.mk/?p=388903

Амбициозниот менаџер Александар е роден во сиромашно предградие како деветто дете, од татко рудар и болежлива неука мајка, која во финансиска смисла не можела да му помогне на семејството. Тоа што за многумина било скромно, за нив било раскош. Во нивниот дом секогаш се чувствувала некоја топла атмосфера. Сите се согласуваат дека пилешката супа што ја подготвувала неговата мајка била највкусното нешто, иако во неа за волја на вистината, имало многу малку пилешко. Александар бидејќи имал преголеми амбиции, оваа ситуација навистина не му била поволна и сакал да направи се, само да се спаси од неа. Годините минувале, а неговото незадоволство било се поголемо. Неговите желби никогаш не биле во согласност со неговите можности. Тоа за него бил уште поголем напор, односно извор за незадоволство и стрес. Одлучил да му се спротистави на стресот и на целата ситуација, па направил се што е во негова моќ за да ги достигне своите високи цели. Константно работел, учел, грешел и бавно напредувал, решен да стигне до посакуваната цел. Со таа амбициозност, следење на своите цели и верување во себе, работите почнале да се менуваат. Од обичен хонорарен продавач, релативно брзо напредувал во хиерархијата на работењето во една голема корпорација. Како што напредувал, се зголемувале и неговите обврски, како и стресот со нив. Стресот поради лошата материјална состојба, овој пат се променил во стрес поради преголемите обврски и одговорности. Меѓутоа, Александар, не се откажал ни овој пат, туку донел одлука на стресот да му се спротивстави уште пожестоко така што ќе работи уште повеќе и конечно ќе заработи доволно пари за да може да престане да работи и да си обезбеди трајна егзистенција и удобен живот. Годините минувале, а тој навистина напорно работел и се трудел. Речиси и не го забележал периодот кога стекнал огромно материјално богатство, кое му овозможило да престане со работата под стрес и нервоза. Набрзо, тој успеал во својата цел и се повлекол од функцијата. Почнал да живее мирен живот, уверен дека конечно ќе може да се релаксира, да не се грижи за ништо и да ја победи битката со стресот. Но, дали стресот навистина исчезнал? Можеби за кратко време, кое буквално траело неколку дена. Тие денови тој уживал во мирот и спокојот, но деновите почнувале да бидат здодевни. Набргу нервозата и стресот го совладале Александар и иницирале да помислува „Зарем за ова се борев? Дали овој мир и спокој е тоа што навистина го сакав“? За миг помислил дека ја загубил долгогодишната борба со стресот, дека целта која ја имал не била вредна и тие години поминати во труд и работа биле залудни. За момент помислил на супата на мајка му, која тогаш толку многу ја мразел, а сега толку многу му е потребна. Почувствувал голема празнина бидејќи станал свесен дека мајка му ја нема веќе долго време, а тој поради преголемата зафатеност не успеал да ја прежали како што доликува. Дали сега е време за каење и за нов стрес? Неколку минути подоцна неговите мисли ги исполнило некоја ведрина. Одеднаш, како да му станало јасно зошто сето тоа се случувало сите овие години. Одговорот е тука! Тој се обидувал да избега од стресот, а тој бил цело време во него! „Го открив противникот, тоа сум јас самиот! Јас му давам значење на стресот, а тој е последица на мојата перцепсија, на моите мисли“! Со оваа животна приказна сфаќаме дека треба да се бориме за своите цели, да веруваме во своите способности и никогаш да не дозволиме стресот да преовлада со нашите мисли и емоции! Најважната лекција која треба да ја научиме од оваа приказна е: ЗА ШТО Е ВРЕДНО ДА СЕ БОРИМЕ ВО ЖИВОТОТ!]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ovaa-zivotna-prikazna-kje-ve-nauchi-golemi-lekcii-bil-siromashen-i-reshil-da-se-bori-no-stresot/feed/ 0
Шојбле апелира до ЕУ да извлече лекции од пандемијата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shojble-apelira-do-eu-da-izvleche-lekcii-od-pandemijata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shojble-apelira-do-eu-da-izvleche-lekcii-od-pandemijata/#respond Mon, 06 Jul 2020 08:23:06 +0000 https://kurir.mk/?p=369689

Претседателот на германскиот Бундестаг, Волфганг Шојбле апелираше до ЕУ да извлече поуки од пандемијата на коронавирусот и да ја намали зависноста од глобалниот синџир на снабдување. Шојбле за изјави дека пандемијата покажа колку Европа е ранлива со својата зависност. Во авторски текст за весникот, тој посочи на привремениот недостиг на дури и наједноставната медицинска опрема, како што се заштитни маски. Според него, сега е можност критички да се анализира целосниот економски модел и „да се надминат екцесите на глобализацијата“ секаде каде што доведоа до драматични последици за време на пандемијата. Тој смета дека веќе сега е можно да се извлечат поуки дека ЕУ мора подобро да биде снабдена за да биде поотпорна на кризи и да биде понезависна. За тоа, вели Шојбле, на ЕУ и е потребно да биде „опремена со поголема стратешка автономија“, како на пример со изградба на алтернативни синџири на снабдувачи со поповолни производни места со цел да се диверзификација и намалување на географските ризици. Тој потенцира и дека е неопходно да се зајакне суверенитетот на Европа, особено во здравствениот сектор. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shojble-apelira-do-eu-da-izvleche-lekcii-od-pandemijata/feed/ 0
„Мамо, јас ти простувам“: Лекција од 3-годишно дете која треба да ја знаат сите мајки https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/mamo-jas-ti-prostuvam-lekcija-od-3-godishno-dete-koja-treba-da-ja-znaat-site-majki/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/mamo-jas-ti-prostuvam-lekcija-od-3-godishno-dete-koja-treba-da-ja-znaat-site-majki/#respond Wed, 24 Jul 2019 11:27:07 +0000 https://kurir.mk/?p=222042

Блогерката Мери Кетрин Бексторм имала уникатна шанса да научи нешто од нејзината тригодишна ќерка. Ви ја пренесуваме нејзината објава на Фејсбук што таа ја споделила за да ги опише резултатите од разговорот со ќерка ѝ, а за него добила позитивни реакции од илјадници луѓе. Мојата ќерка и јас бевме преморени пред спиење. Конечно, пред десет минути ја легнав во кревет и низ стегнати заби ѝ реков: „Те сакам Холанд, но не сакам да чујам ниту уште еден збор вечера. Сега ќе спиеш. Доста ми е од врева околу кадифени животни.“ „Мамо?“ Застанав одејќи кон вратата, гризејќи си го јазикот бидејќи бев многу нервозна. „Што е Холанд“, ја прашав. Таа одговори: „Имам да ти кажам само уште едно нешто.“ Секако дека имаше, седеше на својот кревет со рацете на колкови. Нејзината коса беше разлетана и со раката ги бришеше солзите од нејзиното лице. „Мамо, јас ти простувам!“, рече ќерка ми со горчина во нејзиниот тенок глас. Потоа легна и плачеше и да бидам искрена цела минута не знаев што да правам. Начинот на кој таа рече „Ти простувам“ звучеше како пцуење. Појдов над креветот и се наведнав. „Малечка, дали знаеш што значи простувањето?“ Таа низ солзи и со главата потпрена на перницата со малечката сирена ми рече: „Да, тоа значи дека ти згреши и јас сум уморна да бидам лута и сега ќе спијам и моето срце нема ништо да го боли.“ Вечерва научив важна лекција за простувањето од тригодишно дете. Тоа беше навистина за освестување. Не ми остана ништо друго освен да ја сакам бидејќи да бидам искрена, мене малку ме заболе срцето. Мојата ќерка ме потсети дека не треба да си легнеме да спиеме со лутина. И знаете што? Живеам 35 години и мора да кажам дека таа има право!]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/mamo-jas-ti-prostuvam-lekcija-od-3-godishno-dete-koja-treba-da-ja-znaat-site-majki/feed/ 0
Куса, но моќна: Важна и поучна приказна за пријателството https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kusa-no-mokjna-vazna-i-pouchna-prikazna-za-prijatelstvoto/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kusa-no-mokjna-vazna-i-pouchna-prikazna-za-prijatelstvoto/#respond Thu, 23 Aug 2018 06:07:28 +0000 https://kurir.mk/?p=90990

Оваа куса приказна за птиците е голема поука и за луѓето. На препелицата ѝ се случила страшна несреќа - ѝ се запалило гнездото. Долетал гавранот и видел што се случило. „Така ти е кога не внимаваш“, рекол и во огнот фрлил една сува тревка. Потоа од некаде долетала и ластовицата. Видела што се случува и во клунот донела капка вода и ја испуштила во огнот. Од сувата трева, што ја фрлил во огнот гавранот, пожарот не станал поголем. Ниту пак од капката вода што ја донела ластовицата пожарот не станал помал. Но, затоа препелицата дознала кој ѝ е непријател, а кој пријател.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kusa-no-mokjna-vazna-i-pouchna-prikazna-za-prijatelstvoto/feed/ 0
Приказна која ќе ви го промени погледот на животот: „Бабо, што значи ова?“ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/prikazna-koja-kje-vi-go-promeni-pogledot-na-zivotot-babo-shto-znachi-ova/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/prikazna-koja-kje-vi-go-promeni-pogledot-na-zivotot-babo-shto-znachi-ova/#respond Mon, 19 Mar 2018 18:02:47 +0000 http://kurir.mk/?p=31172

Оваа приказна ќе го промени вашиот начин на размислување, вреди да се прочита. Еднаш една млада жена отишла кај својата баба и се пожалила дека и е тешко во животот. Не знаела како понатаму и сакала да се откаже од сѐ. Се чувствувала уморна од борба. Се чинело дека штом се реши еден проблем, се појавува друг. Бабата ја слушала и ја однела во кујната. Наполнила три тенџериња со вода и оставила водата да врие. Потоа во едното тенџере ставила морков, во другото јајце, а во третото кафе. И оставила тие да се варат. По 20 минути го изгаснала шпоретот. Тогаш го извадила морковот и го ставила во една чинија. Потоа го извадила јајцето и го ставила во друга чинија. И на крајот го ставила кафето во еден филџан. Бабата се свртела кон својата внука и ја прашала што гледа. Внуката рекла дека гледа морков, јајце и кафе. Бабата тогаш ја замолила да го допре морковот. Внуката го направила тоа и увидела дека морковот е мек. Потоа ја замолила да го земе јајцето и да го скрши. Под лушпата се наоѓало тврдо варено јајце. И на крајот бабата ја замолила внуката да го проба кафето. Внуката се насмевнала кога го почувствувала прекрасниот вкус на кафето. И на крај рекла: „Добро бабо, што значи сето ова?“ Бабата објаснила дека секоја од тие намирници се соочила со истата „неволја“ - врела вода. Но, секоја од нив реагирала различно. Морковот бил тврд и непопустлив, но потоа омекнал и станал слаб. Јајцето било кревко, неговата тенка лушпа ја штитела неговата внатрешност, но потоа неговата внатешност стврднала. Меѓутоа, зрнцата кафе се уникатни. Откако биле ставени во врела вода, тие ја промениле водата. „Во кој пример се пронаоѓаш ти, дете мое?“ – прашала бабата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/prikazna-koja-kje-vi-go-promeni-pogledot-na-zivotot-babo-shto-znachi-ova/feed/ 0