Лена Бориславова – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 04 Jul 2022 14:30:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Лена Бориславова – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Лена Бориславова под истрага на софиското обвинителство https://arhiva.kurir.mk/svet/region/lena-borislavova-pod-istraga-na-sofiskoto-obvinitelstvo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/lena-borislavova-pod-istraga-na-sofiskoto-obvinitelstvo/#respond Mon, 04 Jul 2022 13:40:28 +0000 https://kurir.mk/?p=699841

Лена Бориславова, шефицата на кабинетот на бугарскиот премиер во оставка Кирил Петков е под истрага, јавуваат бугарските медиуми. Имено, Софиското градско обвинителство пред еден месец поведе предистражна постапка против Бориславова за склучување непрофитабилна зделка. Повод за истрагата бил договор на Бугарската банка за развој за правни услуги со канцеларијата во која работела Бориславова пред да влезе во политиката. Договорот го склучил менаџментот на ББР на 1 јули 2021 година, а потписници биле Владимир Георгиев и Цанко Арабаџиев. Договорот со адвокатската канцеларија „Јингов, Гугински, Ќучуков и Величков“ е за месечен надомест од 13.690 лева без вклучен ДДВ. Според овој договор како лице за контакт е именувана Лена Бориславова, но договорот е склучен со канцеларијата, а не со неа. Во тоа време Бориславова немаше функција во извршната власт. Договорот на ББР со адвокатската канцеларија беше раскинат три месеци подоцна, кога Лена Борисовлавова реши да влезе во политиката со „Продолжуваме со промените“. „Обвинителството се „самопријави“, но не за заостанатите заеми или за штетата на државниот ресурс, туку поради склучен договор со канцеларијата, кој му помогна на новото раководство во првите денови од битката. Жолтиот печат ГЕРБ и ДПС ревносно учествува во битката од првиот ден. Во мај 2021 година, помислив дека најголемата лага за мене може да биде тоа што јас лично земам плата од ББР од 14.000 лева месечно. 12 месеци подоцна, сфаќам дека едноставно ми недостигаше имагинација“, коментираше Бориславова на својот Фејсбук профил на крајот на јуни. Бориславова денеска го коментираше случајот како потег за заплашување од страна на главниот јавен обвинител Иван Гешев за кого рече дека бил директно вклучен во оваа истрага, кој пак беше на мета на владата на Петков која се обиде да го смени поради низа злоупотреби на службена должност. -Апсолутно сум мирна, обвинителството може да истражува колку сака. Меѓутоа, за мене, од податоците со кои располагам, бидејќи дознавам само од медиумите, ова се граничи повеќе со некакво политичко дејствување. Јас лично сум подготвена да соработувам доколку навистина има предистражна постапка против мене како конкретен сторител“, коментираше таа. Бориславова изјави дека не потпишала никаков договор во име на банка или во име на адвокатската канцеларија во врска со овој договор. -Минатата година имаше крајно жесток отпор од старото раководство на банката кое ги склучи сите тие неповолни кредитни договори, одбиваа да ја напуштат банката, неосновано ги оспоруваа влезовите. На крајот, случаите ги доби новото раководство, истакна шефот на кабинетот на премиерот. Банката (ББР) во моментов одлично и оди, профитира и има 81 договор за мали и средни претпријатија, но очигледно тоа некому не му се допаѓа, додаде таа. Обвинителството се уште официјално не се изјаснило за покренувањето на оваа пред кривичната постапка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/lena-borislavova-pod-istraga-na-sofiskoto-obvinitelstvo/feed/ 0
Бориславова по вонредниот коалициски совет за односите со Македонија: Оваа тема нужно ќе помине низ Националното собрание https://arhiva.kurir.mk/svet/region/borislavova-po-vonredniot-koaliciski-sovet-za-odnosite-so-makedonija-ovaa-tema-nuzno-kje-pomine-niz-nacionalnoto-sobranie/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/borislavova-po-vonredniot-koaliciski-sovet-za-odnosite-so-makedonija-ovaa-tema-nuzno-kje-pomine-niz-nacionalnoto-sobranie/#respond Fri, 27 May 2022 20:01:14 +0000 https://kurir.mk/?p=682720

Владините коалициски партнери во Бугарија вечерва повеќе од три часа заседаваа на вонреден совет со фокус на односите со Република Северна Македонија. Шефицата на политичкиот кабинет на премиерот Кирил Петков, Лена Бориславова по завршувањето на коалицискиот совет, изјави дека коалицијата имала конструктивен дијалог на оваа тема, која, според неа, е исклучително важна за бугарското општество. – Се договоривме дека за нас е најважно да имаме широк договор за темата Република Северна Македонија, со што го потврдивме ветувањето што го дадовме на целата коалиција дека оваа тема нужно ќе помине низ Националното собрание. Дотогаш ќе ги оставиме дипломатите во МНР да си ја продолжат работата. Тие активно работат и се трудат да го заштитат бугарскиот интерес, изјави Бориславова. Состанокот во Советот на министри вечерва се одржа по повикот на премиерот Кирил Петков за свикување на Советодавниот совет за национална безбедност за состојбата на преговорите со Скопје. Бугарскиот претседател Румен Радев претходно денеска, коментирајќи го состанокот на коалициските партнери од Владата, рече дека состаноците не се толку важни, но резултатите се важни и дека очекува Коалицискиот совет вечерва да ги следи постигнатите со консензус ставови и предлози од Советодавниот совет за национална безбедност, да го брани бугарскиот интерес и да ги почитува критериумите за членство од Копехаген што се базираат многу прецизно за човековите права и недискриминацијата. „Доколку сето ова се случи, ќе дадеме се од себе да и помогнеме на РС Македонија да оди по тој пат “, рече Радев. Тој го коментираше и инсистирањето на премиерот Кирил Петков да се свика Советот за Република Северна Македонија. „Се надевам дека поради фокусот на владата на надворешната политика нема да ја изгуби од вид тешката социјална и економска криза во земјата. Се радувам на овој порив и енергија што се инвестира во решавањето на проблемите на РС Македонија на патот кон Европа, да се применува ни помалку ни повеќе за решавање на проблемите на бугарските граѓани“, рече шефот на бугарската држава. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/borislavova-po-vonredniot-koaliciski-sovet-za-odnosite-so-makedonija-ovaa-tema-nuzno-kje-pomine-niz-nacionalnoto-sobranie/feed/ 0
Бориславова: Бугарија нема да плаќа за рускиот гас во рубљи и нема да биде уценувана https://arhiva.kurir.mk/svet/region/borislavova-bugarija-nema-da-plakja-za-ruskiot-gas-vo-rublji-i-nema-da-bide-ucenuvana/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/borislavova-bugarija-nema-da-plakja-za-ruskiot-gas-vo-rublji-i-nema-da-bide-ucenuvana/#respond Sun, 03 Apr 2022 12:21:59 +0000 https://kurir.mk/?p=657733

Шефицата на кабинетот на бугарскиот премиер, Лена Бориславова за БТВ изјави дека ставот на Бугарија и на цела Европа е јасна и дека нема да подлегне на уцената и нема да ги прекрши потпишаните договори во кои јасно се наведува дека исплатата не е во руски рубљи, туку во друга валута, јави дописникот на МИА од Софија. Додека Бугарскиот министер за енергетика Александар Николов изјави за БНТ дека Бугарија добила барање од Газпром снабдувањето со гас да се плаќа во руски рубљи. Тој наведе дека тоа не може да се случи и оти ЕУ нема да потклекне на уцена. Вицепремиерот и министер за финансии Асен Василев пред една недела изјави дека Бугарија нема да го плаќа рускиот гас со рубљи. – Имаме договор, што се почитува, изјави пред една недела Василев.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/borislavova-bugarija-nema-da-plakja-za-ruskiot-gas-vo-rublji-i-nema-da-bide-ucenuvana/feed/ 0