ленче јованова – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 03 Jul 2023 10:12:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ленче јованова – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Жената што ја усмрти багеристот од Грчец била познат археолог https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zhenata-shto-ja-usmrti-bageristot-od-grchets-bila-poznat-arheolog/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zhenata-shto-ja-usmrti-bageristot-od-grchets-bila-poznat-arheolog/#respond Mon, 03 Jul 2023 10:12:08 +0000 https://kurir.mk/?p=852060

Ленче Јованова, жената која возач од Грчец ја усмрти со багер на улицата Јордан Мијалков во центарот на Скопје, била познат археолог, од која вчера се прости Македонското археолошко друштво со соопштение. Од таму соопштија дека колегите ќе ја паметат по нејзината работа на римската материјална култура, како врвен професионалец кој посветено ја промовирал македонската култура во светот и потсетуваат дека погребот е закажан за денеска. „Со големо неверување ја примивме веста дека нашата колешка Ленче Јованова во текот на вчерашниот ден во немил настан на 66 годишна возраст го загуби својот живот. Ленче Јованова беше долгогодишен член на Македонското археолошко друштво и кустос советник во Музеј на град Скопје. Таа остави длабок и неизбришлив траг во македонската археологија истражувајќи ги културните хоризонти на античкиот град Скупи. Нејзиниот интерес беше насочен кон проучување на римската материјална култура. Автор е на бројни изложби, каталози, статии, студии, а особено се значајни монографиските изданија Скупи – Colonia Flavia Scupinorum; Скупи – некрополи : стории за истакнати личности според епиграфски и археолошки сведоштва; Скупи: сектор југоисточен бедем и комплекс терма – базилика со атриум. Ленче Јованова засекогаш ќе остане во нашите сеќавања како врвен и искусен професионалец кој со огромна посветеност го промовираше македонското културно наследство во земјава и светот“, гласи последниот поздрав од Македонското археолошко друштво. Инаку на багеристот одземени му се пасошот и возачката дозвола. Тој има забрана за напуштање на живеалиштето и има обврска повремено да се јавува кај службено лице или кај надлежен државен орган. Ова се мерките кои Кривичниот суд му ги определи на осомничениот, а на барање на Скопското обвинителство. Несреќата предизвикана од багеристот се случи во петокот претпладне, додека Јованова минувала на пешачки премин на фреквентна локација и во близина на неколку градилишта. Според официјалното полициско соопштение, багерот удрил во жената, а итната медицинска помош пристигнала веднаш, но само за да констатираат смрт. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zhenata-shto-ja-usmrti-bageristot-od-grchets-bila-poznat-arheolog/feed/ 0