ленче нелоска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 17 Jun 2023 17:43:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ленче нелоска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Нелоска: Долгот во Ѓорче Петров е значително намален, а паралелно реализираме проекти, нова градинка во Волково, реконструирани се 30 улици https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/neloska-dolgot-vo-gorche-petrov-e-znachitelno-namalen-a-paralelno-realizirame-proekti-nova-gradinka-vo-volkovo-rekonstruirani-se-30-ulitsi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/neloska-dolgot-vo-gorche-petrov-e-znachitelno-namalen-a-paralelno-realizirame-proekti-nova-gradinka-vo-volkovo-rekonstruirani-se-30-ulitsi/#respond Sat, 17 Jun 2023 17:43:23 +0000 https://kurir.mk/?p=846863

Ленче Нелоска, претседател на Советот на Општина Ѓорче Петров на вечерашната трибина по повод 33 години од партијата сумираше што е направено во општината. „Долгот беше огромен за општина како Ѓорче Петров и со задоволство можам да кажам дека е значително намален, но не на сметка на реализирање на проекти“, рече Нелоска. Нелоска информираше и што се е направено во општината во овој период. „Изградена е градинка во Волково и се зголеми капацитетот за 200 деца на место каде никогаш немало градинки. Во другите градинки го зголемивме капацитетот за упис за 100 нови деца. И состојбата многу е подобрена. Реновиравме и две основни училишта кои беа комплетно запоставени. Кучково немаше вода за пиење, а сега денес е туристички центар. Набрзо ќе биде познато и по друга причина ќе го направиме тука првиот регионален центар за деца излечени од малигни болести“, рече Нелоска. Нелоска посочи дека во општината се уште има основни нерешени урбанистички проблеми и оти се реконструирани 30 улици, а санирани се проблеми на фекалната и комунална мрежа. Таа посочи дека Ново село од километарската депонија прераснува во зелена оаза. Нелоска укажа дека општината го поддржува и спортот, клубовите, како и индивидуални спортисти. „Општината работи чесно и домаќински, тоа го заслужуваат граѓаните. Ова што го кажав е само дел, работиме отежнато игнорирани од централната власт. А токму централната власт државата ја прави дувло на криминалот и само прави кражба на народни пари“, заклучи Нелоска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/neloska-dolgot-vo-gorche-petrov-e-znachitelno-namalen-a-paralelno-realizirame-proekti-nova-gradinka-vo-volkovo-rekonstruirani-se-30-ulitsi/feed/ 0
Нелоска: Бранителите може да гледаат сигурен партнер во ВМРО – ДПМНЕ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/neloska-branitelite-mozhe-da-gledaat-siguren-partner-vo-vmro-dpmne/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/neloska-branitelite-mozhe-da-gledaat-siguren-partner-vo-vmro-dpmne/#respond Thu, 01 Jun 2023 20:40:24 +0000 https://kurir.mk/?p=841372

Во 2001-та како тогаш млад лекар бев на работно место во амбулантата во Радуша, која беше непосредно до полициската станица, објави Ленче Нелоска, претседател на советот на општина Ѓорче Петров. -Имав можност да запознаам и да работам со многу припадници на македонските безбедносни сили, тогашни бранители. И веднаш после 2001-та, останав во контакт со многумина од нив, следејќи ги во нивните животи и нивните проблеми. Токму затоа, како Претседател на советот на општина Ѓорче Петров поднесов иницијатива со која бранителите ќе добијат одредени олеснувања. Имено како мнозинство во Советот на општина Ѓорче Петров, донесовме одлука за: Ослободување на членовите на семејствата на бранителите од конфликтот во 2001 година од месечна партиципација за градинка, како и од паричниот надомест кој се дава за оброк во основните училишта. Во знак на благодарност за животот вложен во одбрана на Република Македонија, општината донесе одлука со која дополнително финансиски ќе се олесни животот на Бранителите во услови на тешка економска и финансиска криза. Сметам дека и во иднина треба да продолжиме да се грижиме за оние кои застанаа со својот живот во одбарана на нашата Татковина. Бранителите може да гледаат сигурен партнер во ВМРО - ДПМНЕ, напиша Нелоска. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/neloska-branitelite-mozhe-da-gledaat-siguren-partner-vo-vmro-dpmne/feed/ 0
Нелоска: Владата предводена од ДУИ и СДСМ со главни актери Груби и Ковачевски речиси 13 месеци немаат реализирано ниту еден проект во општина Ѓорче Петров https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/neloska-vladata-predvodena-od-dui-i-sdsm-so-glavni-akteri-grubi-i-kovachevski-rechisi-13-mesetsi-nemaat-realizirano-nitu-eden-proekt-vo-opshtina-gorche-petrov/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/neloska-vladata-predvodena-od-dui-i-sdsm-so-glavni-akteri-grubi-i-kovachevski-rechisi-13-mesetsi-nemaat-realizirano-nitu-eden-proekt-vo-opshtina-gorche-petrov/#respond Mon, 13 Mar 2023 12:00:36 +0000 https://kurir.mk/?p=811316

Владата предводена од ДУИ и СДСМ со главни актери Артан Груби и Димитар Ковачевски речиси 13 месеци немаат реализирано ниту еден проект во општина Ѓорче Петров, ова денеска преку изјава за медиумите го истакна Ленче Нелоска од ВМРО-ДПМНЕ ОК Ѓорче Петров. -Се одолговлекуваат доградбите на две основни училишта, намалени се блок-дотациите кои ги добива општината како трансфер од централниот буџет, а изминатата година за 30 милиони денари помалку од изборната 2021 година, владата учествувала во реализација на капитални проекти. Исто така Министерството за труд и социјална политика одбива проекти, односно не издава дозвола за изградба на нови детски градинки во нашата општина со што дополнително би се намалил огромниот децениски проблем со листите на чекање. Дали ова претставува класична одмазда за убедливиот пораз уште во првиот изборен круг во 2021 година?, прашува Нелоска. Таа апелираа да се престане со ваквиот однос, бидејќи со тоа се нанесува единствено штета на граѓаните на општина Ѓорче Петров. -Граѓаните не заслужуваат ваков однос од Владата, а локалната самоуправа предводена од ВМРО - ДПМНЕ и Градоначалникот, Александар Стојкоски и понатаму ќе го вложи својот максимум за реализација на проекти од огромна важност за граѓаните, вели Нелоска. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/neloska-vladata-predvodena-od-dui-i-sdsm-so-glavni-akteri-grubi-i-kovachevski-rechisi-13-mesetsi-nemaat-realizirano-nitu-eden-proekt-vo-opshtina-gorche-petrov/feed/ 0
Општина Ѓорче Петров донесе ребаланс на буџетот https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/opshtina-gjorche-petrov-donese-rebalans-na-budzetot/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/opshtina-gjorche-petrov-donese-rebalans-na-budzetot/#respond Mon, 18 Apr 2022 15:21:28 +0000 https://kurir.mk/?p=664844

На денешната седница на Советот на општина Ѓорче Петров, се донесе ребалансот на Буџетот. Суштината на ребалансот е покривање во најголем дел на трошоците за електрична енергија кои произлегуваат од енергетската криза, за која што немаат општините никакво олеснување од Владата. Се работи за обезбедување на дополнителни средства за следната намена: 📌 13.800.000 денари дополнителни средства за електрична енергија 📌 1.500.000 денари дополнителни средства за решавање на проблемот со водоснабдувањето во Кучково. 📌 2.000.000 денари средства наменети за кофинансирањсе на проект за реконструкција и адаптација на старото училиште во Кучково во Центар за рехабилитација на деца лекувани од канцер, проект од национално и регионално значење 📌 6.000.000 денари за градежно занаетчиски работи за новата општинска зграда, со која услугите кои ги нуди општината од интерес на граѓаните би биле достапни на едно место 📌 900.000 денари за изградба на канализациона мрежа на Радушка 📌 1.000.000 денари за изградба на водоводна мрежа на рурално подрачје 📌 1.500.000 денари за изградба на канализација во рурално подрачје. Покрај тешката ситуација и кочењето на донесувањето на ребалансот од страна на советничките групи на СДСМ и Левица, иако се работи за проекти од интерес на граѓаните, благодарение на домаќинското работење на Градоначалникот, а со поддршка на мнозинството во Советот предводено од ВМРО-ДМПНЕ и коалицијата, изнајдовме начин за издвојување на дополнителни средства за реализација на овие проекти. Овој ребаланс покажува дека единствената наша заложба се исполнувањето на нашата програма и реализација на сите проекти за модерно и урбано Ѓорче Петров. Интегрален текст од Фејсбук статусот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Ѓорче Петров. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/opshtina-gjorche-petrov-donese-rebalans-na-budzetot/feed/ 0
Нелоска: На денешната седница на Советот на општина Ѓорче Петров се случи своевиден преседан https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/neloska-na-deneshnata-sednica-na-sovetot-na-opshtina-gjorche-petrov-se-sluchi-svoeviden-presedan/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/neloska-na-deneshnata-sednica-na-sovetot-na-opshtina-gjorche-petrov-se-sluchi-svoeviden-presedan/#respond Mon, 28 Feb 2022 16:00:47 +0000 https://kurir.mk/?p=638127

Ленче Нелоска, претседателката на Советот на оппштина Ѓорче Петров преку статус на Фејсбук пипува дека на денешната 9-та седница на Советот на општина Ѓорче Петров се случи своевиден преседан за кој сметам дека јавноста треба да биде запознаена. -Одговорноста пред граѓаните ја носиме сите заедно и како активно вклучени во општествените дејности така треба да се однесуваме. Сите заедно Градоначалник - Совет - администрација треба да тежнееме да направиме што повеќе, да се бориме за секој ветен проект, за секој проблем да најдеме решение и секој денар да го искористиме максимално. Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, заедно со Градоначалникот од првиот час од кога сме стапени на функциите гледаме да сме отворени кон граѓаните, да ги решаваме сите проблеми кои за волја на вистината се напластени последните четири години и се трудиме да ја смениме работата на многу подобро. Денешната седница на совет ја извади целата хипокризија на површина и за таа цел го објавувам интегрално дневниот ред (види слика), за да можат граѓаните да ја разберат нервозата на СДСМ и Левица како и тенденцијата на закочување на проектите за доброто на граѓаните. Јас како Претседател на Советот на општина Ѓорче Петров заедно со службите кои професионално работат над 20 години во оваа проблематика за прв пат сретнавме ентитет "ИЗЗЕМАЊЕ" од гласање и "НЕПРОИЗНЕСУВАЊЕ" за точките на дневниот ред. Почитувани, политиката не е лајкови на социјални мрежи, конструирани прес конференции и ширење лаги. Напротив тоа е работење, создавање и изградба на конкретни дела и проекти. Имено, советот на општината меѓудругото донесе три Одлуки за ко-финансирање во реализацијата на следните општински проекти: ➡️ Одлука за кофинансирање на проектот “Мапирање на рекреативна велосипедска и пешачка патека со поставување вертикална сигнализација во с.Кучково, општина Ѓорче Петров” ➡️ Одлука за кофинансирање на проектот :”Партерно уредување на просторот околу локалитетот КРСТ кај с.Кучково-Фаза 1 (Еко Училница)”.Овој проект се финансира со ГРАНТ неповратни средства обезбедени од Светска Банка при Министерство финансии и со општинско кофинансирање. ➡️ Одлука за кофинансирање на проектот “Набавка на комунално возило за зимско одржување на улици и патишта во руралните средини”Овој проект се финансира со ГРАНТ неповратни средства обезбедени од Светска Банка при Министерство финансии и со општинско кофинансирање. Со реализацијата на овие три проекти, жителите на општината ќе добијат уредени зони за рекреација, а дополнително со набавка на новото комунално возило значително ќе се подобрат услугите и ќе се намалат трошоците за зимско одржување. Јавно ги прашувам советниците на СДСМ и Левица дали со своето "ИЗЗЕМАЊЕ" од гласањето и "НЕПРОИЗНЕСУВАЊЕ" за точките на дневниот ред., сметаат дека овој проекти не треба да се реализираат ? Неформалната "коалиција" треба да одговори зошто со сите сили се обидува координирано да ги закочи проектите што следуваат ? Зошто не се "ИЗЗЕМАТ" кога ќе треба да ги подигнат паушалите ? Сакам да им ставам јасно до знаење дека изборите беа одржани не така одамна и на истите убедливо победи ВМРО-ДПМНЕ, за Градоначалник во првиот круг и со огромно мнозинство во советот. Граѓаните се изјаснија кого поддржуваат и на кој концепт му даваат поддршка. Нема да дозволиме политички игри да го закочат напредокот на општината и да ги успорат проектите. Колку повеќе се обидувате да кочите, толку посилно ќе влечеме напред ! За урбано и модерно Ѓорче, стои во нејзиниот пост на Фејсбук. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/neloska-na-deneshnata-sednica-na-sovetot-na-opshtina-gjorche-petrov-se-sluchi-svoeviden-presedan/feed/ 0
Нелоска: Во нашата програма имаме преку 200 проекти и 17 приоритетни проекти со кои што ќе се смени ликот и изгледот на Ѓорче Петров https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/neloska-vo-nashata-programa-imame-preku-200-proekti-i-17-prioritetni-proekti-so-koi-shto-kje-se-smeni-likot-i-izgledot-na-gjorche-petrov/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/neloska-vo-nashata-programa-imame-preku-200-proekti-i-17-prioritetni-proekti-so-koi-shto-kje-se-smeni-likot-i-izgledot-na-gjorche-petrov/#respond Thu, 14 Oct 2021 13:16:54 +0000 https://kurir.mk/?p=578951

Ѓорче Петров е порта на Скопје, порта на македонската метропола, од вас ја бараме поддршката за оваа метропола ја направиме достоинствена и репрезентативна како за секоја друга европска метропола, а не сегашниот изглед, како да влегувате во некоја каса во средниот исток, ова денеска преку изјава за медиумите го истакна Ленче Нелоска, носител на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ за Ѓорче Петров. -Во нашата програма имаме преку 200 проекти и 17 приоритетни проекти со кои што ќе се смени ликот и изгледот на Ѓорче Петров, конечно ќе добие лик на урбана и модерна средина. Затоа ве замолувам и повикувам на 17 октомври да го дадете вашиот глас за нашиот кандидат за градоначалник доктор Александар Стојкоски и Советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ под бројот 7 за да можеме заедно да направиме поубаво утре за нашето Ѓорче Петров, истакна Нелоска. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/neloska-vo-nashata-programa-imame-preku-200-proekti-i-17-prioritetni-proekti-so-koi-shto-kje-se-smeni-likot-i-izgledot-na-gjorche-petrov/feed/ 0
Нелоска: Еден од најголемите проекти во општината ќе биде „Ѓорче Петров без кал“, нема да остане ниту една улица неасфалтирана https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/neloska-eden-od-najgolemite-proekti-vo-opshtinata-kje-bide-gjorche-petrov-bez-kal-nema-da-ostane-nitu-edna-ulica-neasfaltirana/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/neloska-eden-od-najgolemite-proekti-vo-opshtinata-kje-bide-gjorche-petrov-bez-kal-nema-da-ostane-nitu-edna-ulica-neasfaltirana/#respond Thu, 30 Sep 2021 12:06:55 +0000 https://kurir.mk/?p=570737

Чест ми е што сум на носител на кандидатската листа за советници во Ѓорче Петров и дел од тимот на Александар Стојкоски кој ќе ја реализира најобемната програма во историјата на општината Ѓорче Петров со која се нудат над 200 суштински проекти со што ќе се смени квалитетот на живеење на граѓаните на Ѓорче Петров, ова денеска преку изјава за медиумите го истакна Ленче Нелоска од ВМРО-ДПМНЕ. -По реализацијата на оваа програма веќе нема да може во предизборната кампања да манипулира со инфраструктурните проекти кои што се во суштина должност на општината. Еден од најголемите проекти е „Ѓорче без кал“ и нема да остане ниту една улица со кал во Ѓорче Петров, веќе со ова ќе се нуди еден степен повеќе во квалитетот на живот на граѓаните, односно ќе се направат неколку паркови во сите урбани заедници и ќе се направи централниот парк, вели Нелоска. Таа додава дека голем акцент ќе се стави со чистењето на дивите депонии низ општината. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/neloska-eden-od-najgolemite-proekti-vo-opshtinata-kje-bide-gjorche-petrov-bez-kal-nema-da-ostane-nitu-edna-ulica-neasfaltirana/feed/ 0
Нелоска: ВМРО-ДПМНЕ секогаш темелно пристапува кон нештата, а не како СДСМ со површни ПР стратегии https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/neloska-vmro-dpmne-sekogash-temelno-pristapuva-kon-neshtata-a-ne-kako-sdsm-so-povrshni-pr-strategii/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/neloska-vmro-dpmne-sekogash-temelno-pristapuva-kon-neshtata-a-ne-kako-sdsm-so-povrshni-pr-strategii/#respond Tue, 06 Jul 2021 18:47:41 +0000 https://kurir.mk/?p=533003

ВМРО-ДПМНЕ секогаш темелно пристапува кон нештата не со површни ПР стратегии. Но многу ми е жал и тешко што гледам како СДСМ ја користи социјалната проблематика за градење на свој ПР со сосема површни активности и кои за цел имаат само да корумпираат особено пред избори, значи секогаш се појавуваат со овие активности пред избори, ќе таргетираат по неколку семејства, најверојатно нивни членови, некои кои што ќе однесат тоа што имаат да се пофалат. Но, проблемите остануваат и понатаму. Луѓето и понатаму се болни дома, семејствата се беспомошни и не знаат на која институција да се обратат, рече Ленче Нелоска од ВМРО-ДПМНЕ на вечерашната трибина на отворено на тема труд и социјална политика. Нелоска додаде дека граѓаните поради неодговорноста на власта се чувствуваат изневерено и беспомошно, но ВМРО-ДПМНЕ со вистински проекти ќе им помогне за да им се подобри животот. „Она што можам да го ветам од октомври откако ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на локалните избори во Ѓорче Петров ова ќе биде една од носечките теми и одговорности на локалната самоуправа и сето она кое што ќе биде во надлежност на локалната самоуправа ќе биде од приоритет за општина Ѓорче Петров“, истакна Нелоска. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/neloska-vmro-dpmne-sekogash-temelno-pristapuva-kon-neshtata-a-ne-kako-sdsm-so-povrshni-pr-strategii/feed/ 0
Нелоска: Наумоски ветуваше чуда, а не успеа да обезбеди ништо во насока на поддршка за пензионерите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/neloska-naumoski-vetuvashe-chuda-a-ne-uspea-da-obezbedi-nishto-vo-nasoka-na-poddrshka-za-penzionerite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/neloska-naumoski-vetuvashe-chuda-a-ne-uspea-da-obezbedi-nishto-vo-nasoka-na-poddrshka-za-penzionerite/#respond Sun, 11 Apr 2021 12:35:47 +0000 https://kurir.mk/?p=495602

Александар Наумоски ги заборави пензионерите кои живеат во Општина Ѓорче Петров. Ветуваше чуда, а не успеа да обезбеди ништо во насока на нивна поддршка, истакна Ленче Нелоска од ВМРО-ДПМНЕ. -Клубовите за пензионери се неколку години затворени, пензионерите не партиципираат во органите на општината, а Наумоски не ги вклучува во поделбата на социјалните пакети најсиромашните пензионери, затоа што дури и социјалната поддршката оди по партиски клуч. Нема ништо од ветената континуирана поддршка на пензионерските клубови во урбаните и во месните заедници, реконструкција и изградба на нови клубови, рече Нелоска и додаде: „Нема ништо од формирање стручен тим што ќе нуди бесплатна медицинска нега за неподвижни и болни лица постари од 65 години. Нема ништо од формирање служба за бесплатна достава на лекови на неподвижни и лица постари од 65 години. Нема ништо од изградба на модерени домови за згрижување и нега на постари лица, од приватни инвеститори и со поддршка од Општината, веројатно затоа што не се згради и не може да се наплати аванта“. Во октомври, рече таа, Наумоски и СДСМ заминуваат во темните страници на историјата. -Пензионерите заслужуваат подобар третман, а новата локална власт предводена од ВМРО – ДПМНЕ ќе им биде најсериозниот партнер. Ќе работиме заедно и со нивна целосна вклученост ќе ги реализираме сите проекти кои ќе значат решавање на нивните проблеми. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/neloska-naumoski-vetuvashe-chuda-a-ne-uspea-da-obezbedi-nishto-vo-nasoka-na-poddrshka-za-penzionerite/feed/ 0
Нелоска: Во Ѓорче Петров ништо не е направено, а ветувањата на Наумоски останаа само на хартија – ама се даваат пари за заевиот Глобал https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/neloska-vo-gjorche-petrov-nishto-ne-e-napraveno-a-vetuvanjata-na-naumoski-ostanaa-samo-na-hartija-ama-se-davaat-pari-za-zaeviot-global/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/neloska-vo-gjorche-petrov-nishto-ne-e-napraveno-a-vetuvanjata-na-naumoski-ostanaa-samo-na-hartija-ama-se-davaat-pari-za-zaeviot-global/#respond Wed, 10 Mar 2021 12:20:40 +0000 https://kurir.mk/?p=480130

Додека општината тоне во долгови - над еден милион евра создаден долг во последните две години и секојдневно се земаат кредити, бројни ветувања остануваат нереализирани, улици со кал, нема канализација, над 400 дечиња на листа на чекање за во градинка, во основните училишта родителите сами купуваат сапун, граѓани со социјални проблеми, депонии, улици со дупки, Во Ѓорче Петров нема ништо од ветената гасификација, поврзување на Илинденска со Ѓорче Петров, амбулантата во Дексион, пазар во Даме Груев, ветениот клинички центар е ветување само на хартија, новата општинска зграда пропаѓа ние даваме пари за заевиот Глобал во Струмица, за криминалот на Заеви, истакна на денешната прес-конференција Ленче Нелоска од ВМРО-ДПМНЕ. Трговскиот центар позади нас во кој требаше да биде и новата општинска зграда три години зјае недоправен, ама Наумоски ќе вложува во струмичкиот Глобал. Доцни исплатата од 5.000 денари за родителите кои имаат новороденче, а Александар Наумоски исплаќа десетици пати повисока сума за трговскиот центар Глобал во Струмица. Во ек на пандемија и драматични бројки на заболени општината не одвојува средства за дезинфекција на јавни површини, училишта, градинки, паркови ама одвојува средства за трговскиот центар за кој Зоран Заев беше аболиран за криминал од 8 милиони евра. Наместо да се набават таблети и образовни помагала за учениците, Наумоски со наши пари ќе го помага Заев. КАТАСТРОФА И ДНО, рече Нелоска. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/neloska-vo-gjorche-petrov-nishto-ne-e-napraveno-a-vetuvanjata-na-naumoski-ostanaa-samo-na-hartija-ama-se-davaat-pari-za-zaeviot-global/feed/ 0