ленче ристовска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 12 May 2022 12:50:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ленче ристовска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ФОТО: Поранешната обвинителка на СЈО е бремена со близнаци https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-poraneshnata-obvinitelka-na-sjo-e-bremena-so-bliznaci/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-poraneshnata-obvinitelka-na-sjo-e-bremena-so-bliznaci/#respond Thu, 12 May 2022 12:50:13 +0000 https://kurir.mk/?p=675689

Поранешната обвинителка на СЈО Ленче Ристовска е бремена со близнаци. Ова вест на својот Фејсбук профил ја соопшти новинарката Александра-Сашка Цветковска, која сподели фотографија од нив двете во прегратка, потенцирајќи во статусот дека на фотографијата се наоѓаат четири лица, со што откри дека Ристовска очекува близнаци. - Не само пријател, туку инспирација. Еден ден се надевам дека општеството ќе го цени тоа што таа ни го даде со својата храброст, интегритет, светлина и убавина. И ќе и дозволи да направи повеќе и вистински да придонесе во глобалната борба за правда и еднаквост. Милостивата храбра суперпаметна Ленче која прави сите да се чувствуваме мали. Меѓу неколкуте најдобри во Македонија. П.С. Ние четворицата, напиша новинарката Цветковска. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-poraneshnata-obvinitelka-na-sjo-e-bremena-so-bliznaci/feed/ 0
Ристовска: Мијалков има адреса на живеење во Прага, ситуиран е и може комотно да живее во бегство https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ristovska-mijalkov-ima-adresa-na-ziveenje-vo-praga-situiran-e-i-moze-komotno-da-zivee-vo-begstvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ristovska-mijalkov-ima-adresa-na-ziveenje-vo-praga-situiran-e-i-moze-komotno-da-zivee-vo-begstvo/#respond Fri, 26 Feb 2021 11:24:41 +0000 https://kurir.mk/?p=474242

Обвинителката Ленче Ристовска, како еден од застапниците на обвинението во случајот случајот „Таргет –Тврдина“ побара ефективен притвор, наместо куќниот кој сега е во сила за поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков кому денеска во Основниот кривичен суд Скопје му беше изречена затворска казна од 12 години за овој предмет што се однесува на масовното прислушување и уништување на опремата од Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК). – Во текот на вчерашниот ден се добиени известувања од МВР и БЈБ согласно кои тие не поседуваат техничка опрема и можност за 24 часовен видео надзор над Мијалков. Дополнително, преку Европол потврдено е дека Мијалков има дозвола за престој во Прага и регистрирани две возила на свое име. Исто така, тој е добро ситуиран има свои компании, како и оти компании имаат и членови на неговото семејство. Поради ова тој може да си дозволи да живее сосема комфорно во бегство, изјави Ристоска. Мијалков денска во Кривичниот суд беше спроведен од домашен притвор што му го одреди судот како мерка на претпазливост. Во овој предмет обвинети се поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски и вработениот во УБК Никола Бошкоски, кои се во бегство во Грција, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, поранешниот шеф на неговиот кабинет, Тони Јакимовски, Владимир Варелов од УБК и уште пет други лица од Управата. Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби. Прислушувањето директно и индиректно опфатило околу 20 илјади граѓани. Судењето за „Таргет – Тврдина “ започна на 22 декември 2017 година. Процесот го води судијката Џенета Бегтовиќ, а застапници на обвинението се Ленче Ристовска и Трајче Пеливанов.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ristovska-mijalkov-ima-adresa-na-ziveenje-vo-praga-situiran-e-i-moze-komotno-da-zivee-vo-begstvo/feed/ 0
Обвинителката Ленче прави своеволна селекција: Најприслушуваните ги претставува како сторители, а не како оштетени https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obvinitelkata-lenche-pravi-svoevolna-selekcija-najprislushuvanite-gi-pretstavuva-kako-storiteli-a-ne-kako-oshteteni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obvinitelkata-lenche-pravi-svoevolna-selekcija-najprislushuvanite-gi-pretstavuva-kako-storiteli-a-ne-kako-oshteteni/#respond Fri, 19 Feb 2021 15:10:07 +0000 https://kurir.mk/?p=471046

Обвинителката од поранешното СЈО на Катица Јанева, Ленче Ристовска во завршниот збор за случајот „Таргет и Тврдина“, истакна дека има три категории на оштетени лица од масовното незаконско прислушување во УБК. -Има три категории на оштетени лица, дел биле таргети, дел биле соговорници на таргетите, а дел биле со судски налог, но биле следени и надвор од законската регулатива, истакна обвинителката Ристоска. Ристовска образложи во кои сѐ сфери е вршено обезбедување на целосна контрола на сите процеси во државата, политички, бизнис, медиумски итн. -Последиците од незаконското прислушкување се од огромни размери, не само за приватноста на луѓето кои биле прислушкувани туку и за последиците кои се настанати во општеството и општествените процеси, изјави таа при завршните зборови. Таа говореше за повеќе лица кои биле прислушкувани како високи членови на СДСМ, новинари, функционери... Како оштетени од прислушувањето се наведуваат низа граѓани кои биле на партиски функции, државни позиции, вработени во медиумите и политичари од СДСМ. Никаде не се наведуваат како оштетени од прислушувањето високите функционери на минатата власт кои  поради овие разговори се мета на власта и обвинителството. На денешните завршни зборови на одбраната, екс-министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска порача дека и таа сака да бидат казнети оние кои со години нелегално прислушувале додека таа била на чело на полицијата. Рече дека и самата била жртва на, како што рече, монструозниот план за прислушување илјадници граѓани. Само за неа имало 23 илјади прислушувани разговори. „Незаконски со години се прислушкувани илјадници граѓани, а јас лично сум една од жртвите на овој монструозен процес кои биле најмногу и најдолго прислушувани“, додава Јанкулоска. Освен неа, меѓу најприслушуваните е и поранешниот министер Миле Јанакиески кој со години се суди за повеќе дела, излезени токму од овие разговори по формирањето на СЈО. За Јанкулоска и Јанакиески важат други правила. Тие како прислушувани се преставени во јавноста како виновни за нешто кое и нив им се случувало. Да биде иронијата поголема, на Јанкулоска и се суди за прикривање траг за прислушување, а всушност и таа е меѓу оние чии разговори најмногу и најдолго се снимале. Во делувањето на СЈО изгледа ништо не е сменето дури ни по неговото укинување и откако првиот човек на истото беше осуден за Рекет. Обвинителката Ленче прави очигледна селекција, по којзнае кој пат некого амнестира од одговорност, а друг терети за нешто кое не можел да го направи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obvinitelkata-lenche-pravi-svoevolna-selekcija-najprislushuvanite-gi-pretstavuva-kako-storiteli-a-ne-kako-oshteteni/feed/ 0
Фатиме Фетаи и Ленче Ристовска ќе бидат сведоци на Катица Јанева за „Рекет“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/fatime-fetai-i-lenche-ristovska-kje-bidat-svedoci-na-katica-janeva-za-reket/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/fatime-fetai-i-lenche-ristovska-kje-bidat-svedoci-na-katica-janeva-za-reket/#respond Thu, 12 Mar 2020 15:24:37 +0000 https://kurir.mk/?p=315719

Обвинителите Ленче Ристовска, Фатиме Фетаи, Трајче Пеливанов и Гаврил Бубевски се првите сведоци на второобвинетата во аферата „Рекет“ Катица Јанева. Четворицата сведоци ќе сведочат откако на утрешното рочиште нејзините адвокати ќе почнат со прикажување материјални докази. Дел од рочиштата на кои ќе биде презентиран доказен материјал од предмети во истрага на СЈО како што е „Империја“, ќе бидат затворени за новинарите. Тоа го побараа адвокатите на Јанева, Дељо Кадиев и Ирена Фрчкоска. Јанева има предложено вкупно 13 сведоци. Јанева во „Рекет” е обвинета за кривичното дело „злоупотреба на службената положба и овластување”, а Бојан Јовановски за „Примање награда за противзаконито влијание” и за „перење пари”.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/fatime-fetai-i-lenche-ristovska-kje-bidat-svedoci-na-katica-janeva-za-reket/feed/ 0
Ристоска: СЈО сè уште постои https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ristoska-sjo-se-ushte-postoi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ristoska-sjo-se-ushte-postoi/#respond Thu, 12 Sep 2019 09:19:14 +0000 https://kurir.mk/?p=239783

Специјалното јавно обвинителство сè уште постои, си уште функционираме. Според законот за СЈО до септември 2020, изјави денеска обвинителката од СЈО Ленче Ристоска пред судското рочиште за случајот „Талир“. -Верувам дека ќе најдат начин. Јас се уште не губам надеж и верувам дека ќе се најде извесно законско решение, рече Ристоска, додавајќи дека многупати досега укажувале на важноста од носењето на законот за јавното обвинителство. Најави дека во текот на денот, СЈО ќе излезе со официјално соопштение за содржината на дописот од јавниот обвинител и за сето она што треба да го соопштат како информација. -Во овој момент не би можела ништо да ви соопштам. Последните консултации со колегите ќе ги направиме денеска и ќе објавиме официјален став на Обвинителството, рече Ристоска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ristoska-sjo-se-ushte-postoi/feed/ 0
На покана на владата Ленче и Фатиме славеа заедно со владата: „Од вторник ќе зборуваме за СЈО, денеска славиме“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-pokana-na-vladata-lenche-i-fatime-slavea-zaedno-so-vladata-od-vtornik-kje-zboruvame-za-sjo-deneska-slavime/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-pokana-na-vladata-lenche-i-fatime-slavea-zaedno-so-vladata-od-vtornik-kje-zboruvame-za-sjo-deneska-slavime/#respond Sun, 08 Sep 2019 13:52:28 +0000 https://kurir.mk/?p=238327

Обвинителките од СЈО Ленче Ристоска и Фатиме Фетаи присуствуваа на прославата за 8-ми септември, денот на независноста на Македонија, објавува ТВ 21. Како што рекоа, добиле покана како претставници од СЈО од Владата и затоа се присутни, но за СЈО не сакаа да коментираат, кратко рекоа „денеска славиме, од вторник за СЈО“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-pokana-na-vladata-lenche-i-fatime-slavea-zaedno-so-vladata-od-vtornik-kje-zboruvame-za-sjo-deneska-slavime/feed/ 0
Ристоска: Информациите што ќе можеме да ги соопштиме ќе бидат објавени на нашата веб страна https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ristoska-informaciite-shto-kje-mozeme-da-gi-soopshtime-kje-bidat-objaveni-na-nashata-veb-strana/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ristoska-informaciite-shto-kje-mozeme-da-gi-soopshtime-kje-bidat-objaveni-na-nashata-veb-strana/#respond Fri, 06 Sep 2019 13:12:00 +0000 https://kurir.mk/?p=237840

Во врска со сите тековни случувања, кога ќе имаме информации што ќе можеме да ви ги соопштиме верувајте дека ќе ви ги соопштиме. Верувам дека деновиве ќе имате информации и од Специјалното јавно обвинителство кои ќе бидат објавени на нашата веб страна, изјави обвинителката од СЈО Ленче Ристоска. На новинарско прашање која ќе биде иднината на СЈО, Ристоска рече дека во моментов не може да даде конкретен одговор бидејќи тоа  е предмет на усогласување, и дека во моментот кога ќе имаат информации истите ќе бидат објавени на нивната веб страна.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ristoska-informaciite-shto-kje-mozeme-da-gi-soopshtime-kje-bidat-objaveni-na-nashata-veb-strana/feed/ 0
Денешен: Брат на судијката Ристова, блиска до СЈО, објави каква пресуда ќе добие Груевски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneshen-brat-na-sudijkata-ristova-bliska-do-sjo-objavi-kakva-presuda-kje-dobie-gruevski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneshen-brat-na-sudijkata-ristova-bliska-do-sjo-objavi-kakva-presuda-kje-dobie-gruevski/#respond Tue, 22 May 2018 13:28:56 +0000 https://kurir.mk/?p=57072

Во јавноста веќе подолго време се зборува дека процесите кои се водат против функционерите од поранешната власт на ВМРО-ДПМНЕ зад себе имаат длабока политичка позадина. Сериозни се сомнежите дека пресудите се веќе договорени, дека се работи за еден класичен политички прогон, објави порталот Денешен. Уште поголем сомнеж врз фер водењето на овие случаи фрла и братот на судијката Оља Ристова, Боби Илиевски, кој на Фејсбук објавува постови во кои пишува кој од обвинетите во случаите на СЈО, какви казни ќе добие. -До 3 години затвор за Н.Г., Ѓоко Поповски одговорниот за набавка на мерцедесот, може да добие над 6 години. П.С. Сега ги чекам бранителите на Н.Г и фамилијата кои тврдат дека е невин и нема да биде осуден. Ајде бранители на Н.Г. јавете се со име и презиме, пишува во еден статус Илиевски. -НГ ќе биде осуден. Тип: 1:1 и 3+, пишува во друг пост тој. -Во пресрет на првата затворска казна Н.Г., е уште еден од постовите. -Ги молам сите тролови кои тврдат дека Н.Г. ќе остане невин да се воздржат од тролање до 23-ти мај, е уште еден од може да се каже типовите на Илиевски. Инаку, Оља Ристова, сестрата на Илиевски е судијката која прва бараше нелегално стекнатите разговори да се прифатат како докази во судот, иако тоа според сите европски и светски регулативи е противзаконски. Уште посимптоматично е што сестрата на Илиевски, судијката Ристова е блиска пријателка со една од трите главни обвинителки во СЈО, Ленче Ристовска. За што доказ се и фотографиите кои тие ги имаат заедно. На социјалните мрежи фотографија со обвинителката од СЈО има и Илиевски. Имено, во судските ходници кружат разговори дека судијката Оља Ристова е блиска со судијата Владимир Туфекџиќ. Пред една недела, на 14-ти мај, поранешниот премиер на Република Македонија, Никола Груевски кажа дека постоеле најави и медиумски натписи во кои се тврдело дека Заев направил одреден договор со главниот судија во процесот за „Тенк“ и „Поткуп“, Добрила Кацарска. -Дека тој нејзе ќе и овозможи да напредува, да стане судија на Апелациониот суд, а веднаш потоа и претседател на Апелациониот суд, а дека за возврат тој ќе биде прогласен за невин во случајот „Поткуп“, каде што има еклатантни докази, со ПИМ мерки, изјави Груевски.
Груевски кажа дека договорот е и тој да биде осуден. -Неговата скандалозна изјава ја зацврстува основата на претходните јавни пишувања на одредени медиуми дека Заев има непринципиелен, незаконски договор со судот, договор со кој тој ќе биде прогласен за невин, јас за виновен, а за возврат тој да овозможи преку политички притисоци, преку политички очигледно прашања да овозможи напредок на одредени судии кој што ги судат и мојот предмет и предмет „Поткуп“. Тоа покажува дека станува збор за еден чист политички предмет, еден чист политички прогон кој што се случува во Република Македонија, темиран во време кога треба да се донесат клучни одлуки по прашањето за името на Република Македонија и интенцијата за промена на уставното име, а се поочигледно и менување на Уставот на Република Македонија, изјави Груевски. Тој напомена што не е случајно што токму сега се забрза и неговиот случај, како и случајот каде тој е обвинет, овој месец Груевски на судот за овој спор беше повеќе од пет пати, што според него не е нормално.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneshen-brat-na-sudijkata-ristova-bliska-do-sjo-objavi-kakva-presuda-kje-dobie-gruevski/feed/ 0