леонардо да винчи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 18 Jul 2022 07:19:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png леонардо да винчи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Анатомските белешки на Да Винчи на изложба во Шкотска https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/anatomskite-beleshki-na-da-vinchi-na-izlozba-vo-shkotska/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/anatomskite-beleshki-na-da-vinchi-na-izlozba-vo-shkotska/#respond Mon, 18 Jul 2022 07:16:46 +0000 https://kurir.mk/?p=706783

Белешките на Леонардо да Винчи за човековата анатомија останале во голема мера заборавени до средината на 18 век кога на нив наиде шкотскиот анатом Вилијам Хантер. Тие деновиве повторно оживеаја и со нова изложба се открија некои нови подробности околу сѐ тоа. Новата изложба во Националниот музеј на Шкотска, под наслов „Анатомија: прашање на смрт и живот“, ги носи цртежите заедно со разни предмети и уметнички дела од шкотското Просветителство. Да Винчи, кој во своето време беше многу поуспешен и поиновативен и од некои негови подоцнежни колеги, до одреден степен ги предвиде проблемите со кои ќе се сретнат анатомите и од постренесансните времиња и Просветителството, пишува „Гардијан“. Некои холандски и шкотски анатоми, на пр., морале да ги вадат телата од ковчези и гробишта. Медицината – „уметноста на одложување на смртта“ е изградена, делумно, и врз темелите на ова „крадење од гробовите“, но своето потекло, тоа го има во ставовите и образложувањата на Да Винчи. Делата на Леонардо зафаќаат широк опус – од архитектура, преку ликовната уметност, астрономија до визуелизирање на анатомските структури од различни гледишта. Возбудливо е, според многумина – да се биде на ова 500-годишно патување низ еволуцијата на науката за човековото тело, од Ренесансата во Фиренца до современата анатомија во Единбург. Леонардо да Винчи починал пред да го доврши својот трактат, но овие скици живеат низ времето и секоја линија на нив е трага на мисла и внимание, а меѓу другото, и на испитување на убавината на човекот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/anatomskite-beleshki-na-da-vinchi-na-izlozba-vo-shkotska/feed/ 0
Најанализираното дело: Зошо Мона Лиза се смее? (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/najanaliziranoto-delo-zosho-mona-liza-se-smee-foto/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/najanaliziranoto-delo-zosho-mona-liza-se-smee-foto/#respond Sun, 04 Apr 2021 12:38:21 +0000 https://kurir.mk/?p=492062

Веројатно најпознатиот портрет на сите времиња е оној на Лиза Герардини, нацртан од легендарниот Леонардо да Винчи, е многу попознат како „Мона Лиза“. Најанализираното, најпопуларното уметничко дело е предмет на дискусија секојпат кога ќе се спомене, баш поради мистичната насмевка која луѓето ја препознаваат на женското лице. По долго истражување на сликата, многу часови, денови и години поминати на проучување на начинот на сликање на да Винчи, ликовните експерти конечно дојдоа до некакво решение кое го одговора прашањето: Зошто Мона Лиза изгледа насмеана на сликата? До откритието тие дојдоа со помош на споредба на уште едно дело на да Винчи, наречено La Bella Principessa (Убавата принцеза). Тоа е портрет на вонбрачната ќерка на војводата од Милано, кој е насликан нешто порано од Мона Лиза, но кој ја има истата техника која уметникот ја користел. Според експертите, насмевката постои во двете дела, но е забележлива само понекогаш поради ефектот „сега ја гледаш, сега не“ кој го користел да Винчи. Тоа е една сенка која е ставена на неприродно место, над горната усна, веднаш каде што завршува устата а почнува образот. Овој ефект креира илузија кај набљудувачот на сликата, во зависност од кој агол тој го гледа ова дело. Далечината, аголот и висината од која се набљудуваат овие две дела креираат различна слика во окото на гледачот, па затоа под одреден агол се гледа дека Мона Лиза и Убавата принцеза се смејат, а од друг агол тие имаат сериозен израз на лицето. Начинот на кој се доловува овој ефект е преку техника на цртање позната кај италијанските сликари, наречена sfumato, што значи меко или бледо на италијански. Оваа техника користи бои и сенки за да креира оптички илузии на сликите и најчесто се користи околу очите или устата на ликот кој е на портретот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/najanaliziranoto-delo-zosho-mona-liza-se-smee-foto/feed/ 0
Изложба за 500 години од смртта на Леонардо да Винчи во Музеј на Град Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/izlozba-za-500-godini-od-smrtta-na-leonardo-da-vinchi-vo-muzej-na-grad-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/izlozba-za-500-godini-od-smrtta-na-leonardo-da-vinchi-vo-muzej-na-grad-skopje/#respond Tue, 26 Nov 2019 07:23:13 +0000 https://kurir.mk/?p=269102

„Во слава на Леонардо“ е насловена изложбата по повод 500 години од смртта на Леонардо да Винчи, која ја организира Асоцијацијата за култура ИКОН и ќе биде отворена денеска во Музеј на Град Скопје. Ќе бидат претставени дела од 12 уметници инспирирани од сликарското творештво на Да Винчи – Владимир Георгиевски, Павле Кузмановски, Доне Милјановски, Атанас Ботев, Росица Лазеска, Костадин Качев, Дијана Томиќ-Радевска, Александар Ацо Станковски, Илија Спасовски Чендо, Денис Тенев, Новица Трајковски и Бернхард Холеман. Од ИКОН посочуваат дека се придружуваат во светското одбележување половина милениум од смртта на, како што велат, бесмртниот ликовен и интелектуален маг на италијанската ренесанса, чиј дух и дело се светско културно наследство. – Раскошен дух и денес архетип за ренесансна личност во која се остварува големата синтеза на уметноста и науката. Сликар, вајар, архитект, биолог, воен технолог, антиципатор на хеликоптерот и авионот, падобранот и уште редица други нешта кои ќе бидат остварени подоцна и ќе го потврдат неговиот поливалентен гениј. Во ликовната уметност Леонардо е средишна фигура во епохата на ренесансата, нејзин царски печат. Генијален цртач и сликар, пронаоѓач на техниката на сфуматото, која ќе му даде нов тон на сликарството и ќе го помести него во просторот на безвременото, метафизичкото, велат од ИКОН. Светската изложба по повод 500 години од смртта на Леонардо да Винчи (1452 – 1519) беше отворена во октомври во Париз по повеќе од една деценија подготовки и дипломатски преговори. Во парискиот музеј Лувр, каде што е домот на неговата „Мона Лиза“, изложени се повеќе од 160 слики и цртежи на Да Винчи. За оваа пригода тие се донесени од други музеи во светот и од приватни колекции.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/izlozba-za-500-godini-od-smrtta-na-leonardo-da-vinchi-vo-muzej-na-grad-skopje/feed/ 0
Лувр одбележува 500 години од смртта на Леонардо да Винчи https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/luvr-odbelezuva-500-godini-od-smrtta-na-leonardo-da-vinchi/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/luvr-odbelezuva-500-godini-od-smrtta-na-leonardo-da-vinchi/#respond Thu, 24 Oct 2019 06:58:09 +0000 https://kurir.mk/?p=255432

Парискиот музеј Лувр денеска отвора изложба посветена на 500-годишнината од смртта на славниот сликар Леонардо да Винчи. На неа ќе се најдат дела на уметникот од самиот трезор на музејот, но и од други институции ширум светот. Изложбата ќе опфати околу 160 негови дела – слики, десетина научни трудови и нацрти, како и слики на други уметници од неговото опкружување. Посетителите ќе можат да уживаат и во виртуелен приказ посветен на „Мона Лиза“ – можеби најпознатото дело на Да Винчи, коешто се наоѓа во редовната постава на парискиот музеј. Изложбата ќе трае до 24 февруари следната година. Лувр до понеделникот имаше продадено 220.000 влезници.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/luvr-odbelezuva-500-godini-od-smrtta-na-leonardo-da-vinchi/feed/ 0
Исчезна сликата на Исус од 450 милиони долари која ја купи принцот Мухамед: Еве што се крие зад тоа (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ischezna-slikata-na-isus-od-450-milioni-dolari-koja-ja-kupi-princot-muhamed-eve-shto-se-krie-zad-toa-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ischezna-slikata-na-isus-od-450-milioni-dolari-koja-ja-kupi-princot-muhamed-eve-shto-se-krie-zad-toa-video/#respond Sat, 06 Apr 2019 16:13:02 +0000 https://kurir.mk/?p=183240

Познатото дело „Салватор мунди“ (Спасител на светот) на Леондардо Да Винчи, инаку најскапата слика некогаш продадена, исчезна! Сликата во 2017 година беше продадена за вртоглави 450,3 милиони долари, а требало да биде изложена во арапската верзија на музејот Лувр во Абу Даби. Иако од тамошниот секретаријат за култура соопштија дека сликата ќе биде изложена во септември 2018-та година, тоа сепак не се случи. Се претпоставува дека скапото уметничко дело го купил близок соработник на контроверзниот саудиски принц Мухамед Бин Салман. Наводно, откако принцот Мухамед ја купил сликата, бил жестоко критикуван во арапскиот свет поради христијанскиот мотив – спасителот Исус. Сето ова ги надминало границите на толеранцијата во овие конзервативни земји. Поради тоа, Мухамед наводно и им ја отстапил сликата на семејството Бин Зајед, чиј што прв човек Халифа Бин Зајед Ал Нахјан е претседател на Обединетите Арапски Емирати. За возврат тој ја добил луксузната јахта „Топаз“ која има должина од 147 метри и нејзината вредност се проценува на околу 450 милиони долари. Сепак, многумина сметаат дека саудискиот престолонаследник едноставно одлучил да ја задржи сликата на Леонардо Да Винчи за себе. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ischezna-slikata-na-isus-od-450-milioni-dolari-koja-ja-kupi-princot-muhamed-eve-shto-se-krie-zad-toa-video/feed/ 0