леопарди – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 25 Jan 2023 12:11:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png леопарди – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Германската влада ја потврди испораката на 14 „Леопарди“ на Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanskata-vlada-ja-potvrdi-isporakata-na-14-leopardi-na-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanskata-vlada-ja-potvrdi-isporakata-na-14-leopardi-na-ukraina/#respond Wed, 25 Jan 2023 12:11:10 +0000 https://kurir.mk/?p=791676

Германската влада денеска официјално ја потврди испораката на 14 тенкови „Леопард“ во Украина и издавањето дозвола за испорака на тенкови на други земји, соопштено е во Берлин. „Германија ќе испорача 14 тенкови ‘Леопард 2’ на Украина и во исто време ќе дозволи испорака на ‘Леопарди’ од други земји во Украина“, изјави владиниот портпарол Штефен Хебестрајт. Тој рече дека оваа одлука ја соопштил канцеларот Олаф Шолц на седницата на Владата. „Оваа одлука ја следи нашата линија на поддршка за Украина и ние продолжуваме да дејствуваме во тесна меѓународна соработка“, наведува Шолц во соопштението. Се очекува Олаф Шолц попладнето на седницата на Бундестагот и официјално да ја потврди одлуката за испорака на тенкови „Леопард“ и издавање дозволи за други земји за испорака во Украина. Германските политичари со големо мнозинство ја поздравија одлуката за испорака на тенкови „Леопард“ во Украина, а критиките доаѓаат од екстремната левица и десница.
„Предолго ја чекавме одлуката, таа беше донесена макотрпно, но на крај таа е неизбежна“, рече претседателката на Комисијата за одбрана на Бундестагот Мари-Агнес Штрак-Цимерман. Таа додаде дека веста за испорака на тенкови од типот „Леопард“ е „спасувачка вест за храбриот народ на Украина“. Потпретседателката на Бундестагот и лидер на владејачката партија Зелени, Катрин Геринг-Екард преку Твитер порача: „Леопардот е слободен“. Од опозициските партии, само најголемата опозициска претставничка група во Бундестагот, Унијата ЦДУ/ЦСУ, ја поздрави одлуката за испорака на „Леопарди“ во Украина. Претседателот на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) Фридрих Мерц истовремено го критикуваше доцнењето на оваа одлука на канцеларот Шолц. „Бидејќи толку долго чекаше да се донесе одлуката, канцеларот Шолц остава впечаток на некој кој бил принуден на оваа одлука“, рече Мерц. Членовите на опозициските партии Левица и Алтернатива за Германија (АфД) ја критикуваа одлуката за испорака како „опасна и неодговорна“. „Германија се изложува на опасност директно да биде вовлечена во војната“, рече претседателот на пратеничката група на АфД, Тино Чрупала. На опасноста од ваквата одлука укажа и претседателот на Левица, Дитмар Барч.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanskata-vlada-ja-potvrdi-isporakata-na-14-leopardi-na-ukraina/feed/ 0
Тројца леопарди избегале од сафари паркот во Кина, локалното население 7 дена не знаело дека опасните мачки се на слобода https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/trojca-leopardi-izbegale-od-safari-parkot-vo-kina-lokalnoto-naselenie-7-dena-ne-znaelo-deka-opasnite-machki-se-na-sloboda/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/trojca-leopardi-izbegale-od-safari-parkot-vo-kina-lokalnoto-naselenie-7-dena-ne-znaelo-deka-opasnite-machki-se-na-sloboda/#respond Mon, 10 May 2021 09:57:17 +0000 https://kurir.mk/?p=508381

Еден леопард се уште е на слобода во близина на кинескиот град Хангжу, еден од најголемите во Кина, откако три диви мачки избегаа од зоолошката градина за време на празникот Први мај. Жителите кои живеат во близина на паркот Хангжу Сафари, кој една недела не ја известуваа јавноста дека леопардите избегале, минатата недела забележале диви мачки и ги предупредиле властите, се вели во соопштението на владата на округот Фујанг, пренесува Си-Ен-Ен. Снимките од надзорните камери објавени на Интернет покажуваат дека во петокот, еден од двајцата леопарди минувал покрај луксузната област на вилата Гинџуан, источно од паркот. Испратени се тимови за пребарување и два леопарда се вратени, се вели во соопштението на локалната самоуправа. Сега е започнат масовен лов на третиот, а официјални лица и локалното население го пребаруваат теренот пеш и со помош на дронови.   Само кога потрагата веќе била во тек, и седум дена откако животните биле први забележани, паркот официјално ја информирал јавноста. Според државниот весник „Папир“, вработените во паркот првично ги демантирале извештаите дека некој леопард избегал. Во изјавата во саботата, зоолошката градина рече дека искрено жали што не го предупреди порано населението, додавајќи: „Бевме загрижени дека објавувањето на инцидентот ќе предизвика паника“. Паркот Хангжу Сафари беше затворен додека локалните власти го испитуваа случајот, а одговорното лице за паркот беше однесено во полиција. Сепак, останува нејасно како леопардите избегале. Загриженост за лошите услови и лабавите безбедносни стандарди во кинеските зоолошки градини постоеја и порано, како минатата година, кога работник во паркот за животински свет во Шангај беше каснат до смрт од мечка пред посетителите што минуваа низ областа на сафари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/trojca-leopardi-izbegale-od-safari-parkot-vo-kina-lokalnoto-naselenie-7-dena-ne-znaelo-deka-opasnite-machki-se-na-sloboda/feed/ 0
Хорор во Индија: Леопарди растргнаа до смрт три деца https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/horor-vo-indija-leopardi-rastrgnaa-do-smrt-tri-deca/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/horor-vo-indija-leopardi-rastrgnaa-do-smrt-tri-deca/#respond Wed, 10 Jan 2018 14:54:55 +0000 http://kurir.mk/?p=9033

Најмалку три деца починаа во серија напади на леопарди во рурални делови на Индија, соопштија експертите за заштита на животната средина. Две деца се убиени во село во централна Индија во неделата, а нападот го извршил најверојатно истиот леопард, додека 14 годишно момче загина на северот на земјата, во близина на заштитениот природен резерват. Нападите од леопарди во Индија, земја во која живеат 1,3 милијарди луѓе, се случуваат десет пати годишно. Од организацијата за заштита на леопардите наведуваат дека луѓето живеат покрај овие животни, а мал процент од населението е нападното. Координарот на програмата за заштита а тигрите на Светската фондација за природа, Пранав Чанчани рече дека приказната за луѓето и леопардите е во целост приказна за соживот. Сиромашните слоеви на општеството кои живеат во импровизирани куќи без струја во блзина на шума или шеќерна трска, се најчесто мета на напади. Во сојузната држава Утар Прадеш, леопардите убиле најмалку пет лица од почетокот на минатата година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/horor-vo-indija-leopardi-rastrgnaa-do-smrt-tri-deca/feed/ 0