лепење – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 16 Aug 2022 11:48:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png лепење – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „Тик-ток“ трендот со лепење на устата, опасен по здравјето https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/tik-tok-trendot-so-lepenje-na-ustata-opasen-po-zdravjeto/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/tik-tok-trendot-so-lepenje-na-ustata-opasen-po-zdravjeto/#respond Tue, 16 Aug 2022 11:48:54 +0000 https://kurir.mk/?p=719292

Нов тренд на „Тик-ток“ што вклучува лепење на устата ноќе за да се поттикне дишење со носот при спиењето, е оценет како опасен по здравјето. Хаштагот „#mouthtaping“ („лепење на устата“ на англиски) има 24 милиони прегледи на интернет-платформата и вклучува серија видеа во кои корисниците демонстрираат лепење на усните во обид да го поттикнат дишењето со носот за време на спиењето. – Целта е да дишете низ нос додека спиете, а не преку уста… Тоа овозможува подобра орална хигиена, помалку сува уста и помалку ‘рчење, објаснува еден корисник. Сепак, има малку научни истражувања за придобивките од лепењето на устата и стручњаците брзо ги отфрлија овие лаички тврдењата на „Тик-ток“. Британската фондација за сон откри дека несаканите последици од лепењето на устата може да вклучуваат иритација на или околу усната и нарушување на спиењето поради отежнато дишење преку нос. И д-р Џејмс Вилсон рече дека придобивките од дишењето со носот не се вредни за опасноста од затнувањето на устата. – За жал, лепењето на устата е екстремен начин да се поттикне дишењето со носот што има сериозни здравствени ризици… Во тој случај, лепењето уста ќе го влоши Вашето здравје и може да придонесе за посериозни проблеми како што се срцеви заболувања, хронична опструктивна белодробна болест и мозочен удар, особено ако се применува додека страдате од апнеја при спиење, изјави тој за „Њусвик“. Опасностите може да бидат особено високи за оние со апнеја при спиење, што е состојба кога дишење престанува и почнува за време на спиењето. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/tik-tok-trendot-so-lepenje-na-ustata-opasen-po-zdravjeto/feed/ 0
ФОТО: И на ГП кај Делчево поставени табли со Северна Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-i-na-gp-kaj-delchevo-postaveni-tabli-so-severna-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-i-na-gp-kaj-delchevo-postaveni-tabli-so-severna-makedonija/#respond Wed, 13 Feb 2019 16:04:59 +0000 https://kurir.mk/?p=163556

На граничниот премин кај Делчево почна „лепењето“ на таблите со новото уставно име на Македонија- Република Северна Македонија. Новото име, Република Северна Македонија стапи на сила од вчера со пристигнувањето на Вербалната нота од грчкото МНР и објавувањето во Службен весник. Таблите на граничните премини на кои е напишано името на државата се планира да бидат променети во текот на денот, најави директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-i-na-gp-kaj-delchevo-postaveni-tabli-so-severna-makedonija/feed/ 0