лета – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 06 Sep 2020 11:46:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png лета – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Американската полиција во потрага по „Супермен“, пилоти пријавиле човек што лета! (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/amerikanskata-policija-vo-potraga-po-supermen-piloti-prijavile-chovek-shto-leta-video/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/amerikanskata-policija-vo-potraga-po-supermen-piloti-prijavile-chovek-shto-leta-video/#respond Sun, 06 Sep 2020 11:41:34 +0000 https://kurir.mk/?p=399902

Американската полиција го испитува случајот со летечкиот човек, кого пилотите кои слетаа на аеродромот во Лос Анџелес објавија дека го виделе на надморска височина од 900 метри. Истрагата за овој случај ја презеде ФБИ, бидејќи пилотите на комерцијалните летови поднеле извештај дека човек со „џет пек“ (ранец со млазен погон) кружи во воздухот во близина на меѓународниот аеродром во Лос Анџелес, објави Фокс Њуз. Бизарниот случај изненади многумина и го покрена прашањето дали некој би ризикувал толку многу да им се најде на патот на бројните авиони што се приближуваат до еден од најпрометните аеродроми на светот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/amerikanskata-policija-vo-potraga-po-supermen-piloti-prijavile-chovek-shto-leta-video/feed/ 0
ФОТО: Пристигнаа првите патници на скопскиот аеродром, за денеска планирани 28 лета https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-pristignaa-prvite-patnici-na-skopskiot-aerodrom-za-deneska-planirani-28-leta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-pristignaa-prvite-patnici-na-skopskiot-aerodrom-za-deneska-planirani-28-leta/#respond Wed, 01 Jul 2020 10:24:02 +0000 https://kurir.mk/?p=366543

По три и пол месеци пауза, период во кој аеродромите во држвава беа затворени за патнички летови поради кризата со КОВИД-19, утрово прво слетување на скопскиот аеродром имаше авионот на Туркиш ерлајнс, кој од Истанбул во Скопје донесе 104 патници. Авионот беше пречекан со авијацискиот поздрав за „добредојде” – воден мост во форма на виножито. Веднаш по него слета и авионот на Пегасус ерлајнс, исто така од Истанбул, кој во Скопје донесе 125 патника. Од ТАВ Македонија велат дека првите патници пристигнаа и заминаа од Меѓународниот аеродром Скопје следејќи ги новите правила за патување со цел заштита од КОВИД-19. -На првиот ден од реотворањето на Меѓународниот аеродром Скопје се очекуваат 28 лета, со вкупно 1.700 патници, стои во објавата од ТАВ Македонија. Првите летови од аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид се планирани за попладне за кога се предвидени полетувања и слетувања за и од Цирих и Милано. На двата аеродрома се применува Протокол донесен од Комисијата за заразни болести, како што соопшти Министерството за здравство, направен по сите светски стандарди. Во зградата ќе имаат можност да влегуваат само патниците. Тие ќе треба да пристигнат на аеродром три часа пред летот. Со ова, значајно ќе се намали ризикот од гужва. Патниците ќе мора да ги почитуваат принципите на дистанца, задолжително носење на маска и дезинфекција на рацете. -Во зградата е поставена и термална камера на влезот од ТАВ, за да се прави термален скрининг на сите патници кои доаѓаат во земјава. Собата за изолација и понатаму ќе функционира, за патниците кои имаат покачена телесна температура. Вработените од Центарот за јавно здравје ќе можат да индицираат и тестирање на патниците на кои ќе утврдат дека тоа е потребно, соопшти Министерството за здравство. Според новите мерки, во терминалната зграда смеат да влезат само оние лица кои ќе покажат валиден авионски билет (испечатен или на телефон), но не и нивните пријатели или членовите на нивните семејства кои дошле да ги испратат. На влезот ќе ги дезинфицираат рацете и чевлите, по што со термална камера ќе им се мери телесната температура. Доколку немаат покачена температура, ќе може да продолжат кон шалтерите за регистрација или саморегистрација. Забрането е патниците да седат еден до друг во аеродромските чекалници, зоните за заминување, пристигнувањa и излез (Gates) и на тие места седиштата се специјално обележани за да се одржи безбедното физичко растојание. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-pristignaa-prvite-patnici-na-skopskiot-aerodrom-za-deneska-planirani-28-leta/feed/ 0