летна школа – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 19 Aug 2022 05:19:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png летна школа – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Почнува јубилејната 55. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochnuva-jubilejnata-55-letna-shkola-na-megjunarodniot-seminar-za-makedonski-jazik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochnuva-jubilejnata-55-letna-shkola-na-megjunarodniot-seminar-za-makedonski-jazik/#respond Fri, 19 Aug 2022 05:43:15 +0000 https://kurir.mk/?p=720757

Во Конгресниот центар на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Охрид денеска на пладне свечено ќе биде отворена јубилејната 55. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура, што ќе трае до 2 септември. Како што информираат од Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Уиниверзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на Школата се пристигнати шеесетина семинаристи од седумнаесет држави, што е најголем број учесници изминативе неколку години и ќе учествуват семинаристи од универзитетските центри од Австрија, Германија, Грција, Италија, Полска, Кореја, Романија, Руската Федерација, САД, Словачка, Словенија, Србија, Турција, Унгарија, Франција, Хрватска и Чешка. На свеченото отворање на Школата, предвидено е обраќања да имаат претседателот на државата Стево Пендаровски и ректорот на УКИМ, проф. д-р Никола Јанкуловски, а пригодно обраќање ќе има директорката на МСМЈЛК при УКИМ, проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска. Во рамките на отворањето на Школата ќе се одржи промоција на новите изданија на учебниците за странци – „Тешкото“ (македонски јазик, почетно рамниште) од проф. д-р Симон Саздов, „Лозје“ (македонски јазик, средно рамниште) од доц. д-р Гордана Алексова и „Везилка“ (македонска литература и култура) од проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска. Промоторка на изданијата коишто ќе се користат на јубилејната 55. Летна школа на МСМЈЛК при УКИМ, а потоа и на странските универзитети ќе биде проф. д-р Анета Дучевска, деканка на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Традицинално, на отворањето ќе биде промовиран и зборникот од предавања од претходната летна школа на МСМЈЛК при УКИМ, а промотор ќе биде проф. д-р Борче Арсов, долгогодишен лектор на школите на Семинарот. Семинаристите на Школата ќе следат лекторска настава за сите нивоа на познавање на македонскиот јазик – почетно, средно и напредно, и тоа напредно со две поднивоа, за јазик, и за литература. На Школата ќе се одржат и единаесет предавања на еминентни истражувачи од УКИМ, за важни теми за македонскиот јазик, литература и култура, а ќе биде организирана и преведувачка работилница за сите заинтересирани семинаристи. Во рамките на Школата ќе се одржат и промоции на значајни книги, книжевни средби и интерактивни настани. За семинаристите коишто потемелито се интересираат за македонскиот фолклор, на Школата ќе се одржи и курс по македонски ора. Инаку, ова јубилејно издание на Школата е со најголем број семинаристи – странски македонисти и слависти изминативе години. По неколку години, на Школата, повторно има семинаристи и од САД, Република Кореја и Романија, а по неколку години интерес за учество пројавија и семинаристи од Австрија, Германија и Италија, како и од Универзитетот во Анкара, Турција на којшто се очекува од следната академска година да започне со работа и нов лекторат по македонски јазик. Според бројот на семинаристите, евидентно е зголемување на интересот за македонистиката и во Грција. – Најголем број семинаристи на Школата има од Полска, меѓу коишто се и студенти на Факултетот за хуманистика во Сосновјец на Шлезискиот универзитет во Катовице, на којшто следната година ќе се одбележат 35 години од отворањето на лекторатот по македонски јазик. Значајно е и што на Школата ќе има семинаристи и од високообразовните центри на коишто следната академска година, исто така ќе се случат значајни јубилеи за македонистиката – Институтот за ориентални јазици и цивилизации (ИНАЛКО) во Париз, Франција, на којшто ќе се одбележи половина век од отворањето на лекторатот по македонски јазик и Филозофскиот факултет на Универзитетот во Риека на којшто лекторатот по македонски јазик е отворен пред 15 години, соопштуваат од Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Уиниверзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochnuva-jubilejnata-55-letna-shkola-na-megjunarodniot-seminar-za-makedonski-jazik/feed/ 0
Македонисти од 17 земји ќе учествуваат на Летната школа на МСМЈЛК во Охрид https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/makedonisti-od-17-zemji-kje-uchestvuvaat-na-letnata-shkola-na-msmjlk-vo-ohrid/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/makedonisti-od-17-zemji-kje-uchestvuvaat-na-letnata-shkola-na-msmjlk-vo-ohrid/#respond Mon, 15 Aug 2022 08:36:00 +0000 https://kurir.mk/?p=718633

Шеесет странски македонисти и слависти од седумнаесет држави ќе учествуваат на 55. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ) која од 17 август до 2 септември ќе се одржува во Охрид. МСМЈЛК соопшти дека во споредба со изминатите години, на годинашната Летна школа има најголем број семинаристи, кои доаѓаат од универзитетските центри од Австрија, Германија, Грција, Италија, Полска, Република Кореја, Романија, Руската Федерација, Соединетите Американски Држави, Словачка, Словенија, Србија, Турција, Унгарија, Франција, Хрватска и Чешката Република. – Меѓу семинаристите се и универзитетски професори, значајни истражувачи од славистичкиот свет – лингвисти, книжевници и културолози и книжевни преведувачи, но и млад кадар. Програмата на Летната школа се очекува да им овозможи нови видици и да ги поттикне на нови истражувачки потфати за македонистиката, опфаќајќи и сегменти од македонската култура коишто претходно не биле дел од програмските содржини на школите на МСМЈЛК при УКИМ, наведува организаторот. Програмата опфаќа голем број предавања од домашни и странски македонисти и неколку промоции на изданија, а меѓу програмските содржини ќе бидат и одбележување на јубилејните годишнини од раѓањето на Гоце Делчев (150 години) и на Горан Стефановски (70 години). – Покрај предавањата, семинаристите на Школата ќе следат и лекторска настава и веќе се организирани лекторски групи за сите нивоа на познавање на македонскиот јазик – почетно, средно и напредно, и тоа напредно со две поднивоа, за јазик, и за литература. Наставата за групите ќе ја изведуваат лектори коишто ќе го вложат сопствениот максимум во пренесувањето знаења на странските слависти и македонисти – проф. д-р Борче Арсов, доц. д-р Гордана Алексова, доц. д-р Бобан Карапејовски, доц. д-р Бојан Петревски, м-р Иван Антоновски и м-р Марија Пандева, соопшти МСМЈЛК. На Школата ќе биде организирана и преведувачка работилница, а за семинаристите кои се интересираат за македонскиот фолклор, на Школата ќе се одржи и курс по македонски ора. Првпат во рамките на школите на Семинарот, внимание ќе биде посветено на македонската мода и македонскиот моден дизајн како составен дел од македонската култура, како и предавање за интермедијалните проникнувања на современата македонска книжевност со сликарството и музиката. Семинаристите на 55. Летна школа на МСМЈЛК при УКИМ ќе бидат специјални гости и на 34. издание на манифестацијата „Поетска ноќ во Велестово“ Летната школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура свечено ќе биде отворена в петок, 19 август, во Конгресниот центар на УКИМ во Охрид. Најавени се обраќања на претседателот на државата Стево Пендаровски, ректорот на УКИМ, проф. д-р Никола Јанкуловски, и директорката на МСМЈЛК при УКИМ, проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска. Школата ќе биде затворена со завршна средба на 2 септември. На 4 и 5 септември 2022 во Конгресниот центар на УКИМ во Охрид ќе се одржи и 49. Меѓународна научна конференција на МСМЈЛК при УКИМ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/makedonisti-od-17-zemji-kje-uchestvuvaat-na-letnata-shkola-na-msmjlk-vo-ohrid/feed/ 0
Претседателот Пендаровски се обрати на Летната школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretsedatelot-pendarovski-se-obrati-na-letnata-shkola-na-megjunarodniot-seminar-za-makedonski-jazik-literatura-i-kultura/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretsedatelot-pendarovski-se-obrati-na-letnata-shkola-na-megjunarodniot-seminar-za-makedonski-jazik-literatura-i-kultura/#respond Mon, 17 Aug 2020 10:39:52 +0000 https://kurir.mk/?p=391582

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, преку видео порака се обрати на Летната школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура, што оваа година поради пандемијата со КОВИД-19 се одржува дигитално. Во продолжение е интегралниот текст од обраќањето на претседателот Пендаровски: Оваа летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура ја организираме во несекојдневни услови. Поради пандемијата од ковид-19 не можеме да бидеме заедно на брегот на Охридското езеро што било инспирација за словенските просветители Св. Климент и Наум Охридски и македонските преродбеници Миладиновци, Прличев и Шапкарев. Меѓутоа, ме радува што ниту пандемијата не не спречува барем виртуелно да ја продолжиме традицијата на Меѓународниот семинар. А да продолжиме е особено важно, и тоа најмалку од неколку причини. Прво, одбележуваме значајни јубилеи, меѓу кои и 75-годишнината од објавувањето на македонската азбука и правопис. Во 1945-та го заокруживме процесот на кодификација на македонскиот стандарден јазик. Со тоа македонскиот стана јазик на образованието, науката и уметноста не само во Република Северна Македонија, туку и на универзитетските катедри и лекторати во Европа и светот. Иако поради неповолната општествено-историска и политичка ситуација, македонскиот јазик е релативно доцна стандардизиран, неговиот историски континуитет е неспорен. Неговата долга усмена и писмена традиција и богатството од дијалекти е одамна апсолвирано прашање во светската лингвистичка наука. Сепак, повторно сведочиме на една анахрона реторика на оспорување на засебноста и историскиот континуитет на македонскиот јазик. Затоа ни е потребен соодветен научен и аргументиран одговор кој се разбира дека го поседуваме. Токму во таа насока се и четирите тома за македонскиот јазик што неодамна ги објавија Македонската академија на науките и уметностите, Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и Советот за македонски јазик. И луѓето и настаните што ги чествуваме годинава се потврда на континуитетот на македонскиот јазик. Во 1920 година почина народниот раскажувач Марко Цепенков. Истата година е роден еден друг раскажувач - писателот Славко Јаневски кој се смета за автор на првиот објавен роман на стандарден македонски јазик. Годинава одбележуваме и еден век од раѓањето на основоположникот на македонската дијалектологија Божидар Видоески. Тој го втемели овој меѓународен семинар како креативна заедница во која до сега учествувале над 5000 учесници од над 60 земји кои имале прилика одблиску да се запознаат со македонскиот јазик и неговите специфики. Оваа исклучително важна меѓународна манифестација имаше и има голема улога во афирмацијата на македонскиот јазик, литература и култура низ целиот свет. Затоа почитувани, вашето учество на овој дигитален семинар и желбата да научите повеќе за македонскиот јазик и култура го разбираме не само како ваша посветеност кон научната вистина, туку и како чин на солидарност со македонските слависти и македонисти. И за тоа сум Ви навистина благодарен. Ви посакувам плодна работа, инспиративни дискусии, продлабочена соработка и пријателства. И искрено се надевам и посакувам наредната година да се видиме во Охрид. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretsedatelot-pendarovski-se-obrati-na-letnata-shkola-na-megjunarodniot-seminar-za-makedonski-jazik-literatura-i-kultura/feed/ 0
Повик за стипендии за учество на Летната школа по словачки јазик и култура во Братислава https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/povik-za-stipendii-za-uchestvo-na-letnata-shkola-po-slovachki-jazik-i-kultura-vo-bratislava/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/povik-za-stipendii-za-uchestvo-na-letnata-shkola-po-slovachki-jazik-i-kultura-vo-bratislava/#respond Thu, 07 May 2020 14:26:24 +0000 https://kurir.mk/?p=343094

Амбасадата на Република Словачка во Скопје известува за јавен повик за доделување стипендии за учество на 56-тата Летна школа по словачки јазик и култура, што ќе се одржува од 3 до 24 август 2020 година на Филолошкиот факултет на Универзитетот „Коменски“ во Братислава. Повеќе информации може да се најдат на веб-страницата на факултетот домаќин во словачкиот главен град. Апликациите треба да се поднесат најдоцна до 12 мај 2020 година, при што мора да имаат соодветен код обезбеден од страна на Амбасадата на Република Словачка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/povik-za-stipendii-za-uchestvo-na-letnata-shkola-po-slovachki-jazik-i-kultura-vo-bratislava/feed/ 0