летни дискотеки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 25 Jul 2022 13:41:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png летни дискотеки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Газдите на летните дискотеки го откажаа утрешниот протест, велат дека Спасовски ќе им помогне https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/gazdite-na-letnite-diskoteki-go-otkazaa-utreshniot-protest-velat-deka-spasovski-kje-im-pomogne/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/gazdite-na-letnite-diskoteki-go-otkazaa-utreshniot-protest-velat-deka-spasovski-kje-im-pomogne/#respond Mon, 25 Jul 2022 13:41:59 +0000 https://kurir.mk/?p=709979

Протестот закажан за на 27 јули, со почетокот пред Влада е откажан, кој имаше за цел да ги разбуди надлежните институции и да се погрижат ноќните клубови да добијат соодветни лиценци за работа. Ова откажување на протестот се должи, како што велат на одговорот којшто го добиле од надлежните институции, поконретно од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој пак, се задолжил за брзо решавање на проблемот. „Нашите барања за спас на ноќниот живот во Скопје најдоа слух кај надлежните институции. Министерот Оливер Спасовски лично се заложи за брзо решавање на проблемот и спас на ноќниот живот на младите скопјани. Како причина на нивната отвореност за решавање на овој проблем протестот се откажува. Се надеваме Скопје како град за краток рок ќе може да понуди летен ноќен живот“, стои во соопштението доставено до медиумите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/gazdite-na-letnite-diskoteki-go-otkazaa-utreshniot-protest-velat-deka-spasovski-kje-im-pomogne/feed/ 0
Газдите на летните дискотеки во среда излегуваат на протест https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/gazdite-na-letnite-diskoteki-vo-sreda-izleguvaat-na-protest/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/gazdite-na-letnite-diskoteki-vo-sreda-izleguvaat-na-protest/#respond Sun, 24 Jul 2022 12:35:53 +0000 https://kurir.mk/?p=709548

Пројде пола лето, а летните дискотеки во Градски парк се уште се без лиценци за работа, иако ги платиле и досега Министерството за економија им ги издавало врз основа на истата документација која ја приложувале кон барањето. Поради тоа, газдите на дискотеките в среда од 20 часот ќе протестираат пред Влада со мото „Сакаме ноќен живот во Скопје“. Од Министерството за економија објаснуваат за да ги издадат лиценците треба МВР да даде позитивно мислење, а оттаму нагласуваат пак, истакнуваат дека барањата на клубовите во Градскиот парк е правно неиздржани, бидејќи немаат сообраќаен проект и имотен лист. Граѓаните со години реагираа на бучавата и гласната музика која секоја вечер ечи од паркот. Минатиот месец граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“, во врска со доделувањето на лиценци за дискотеки во Градскиот парк, предложи сите дискотеки на отворено со лиценца да се задолжат да поднесат и проект за поставување озвучување со кое звукот ќе биде единствено насочен кон подиумот. – Светската пракса има многу вакви успешни решенија каде значајно се намалува ширењето на звукот кон околината, а квалитетот на звукот на подиумот се подобрува. Истовремено, сакаме да потенцираме дека дискотеките се граничат со Зоолошката градина и сериозно сме загрижени, за загрозување на животот и на животните кои се дел од ЗОО Скопје. Животните со години ја трпат тортурата со прегласна музика во ноќните часови кога биолошки тие треба да спијат. Загадување со звукот е најголем проблем и го загрозува здравјето на луѓето и на животните подеднакво. Се чини дека никој не размислува за овој вид загадување на градот – соопштија тогаш од „Шанса за Центар“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/gazdite-na-letnite-diskoteki-vo-sreda-izleguvaat-na-protest/feed/ 0
Без мислење од страна на МВР, нема правен основ за издавање лиценци на летните дискотеки, вели Бектеши https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bez-mislenje-od-strana-na-mvr-nema-praven-osnov-za-izdavanje-licenci-na-letnite-diskoteki-veli-bekteshi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bez-mislenje-od-strana-na-mvr-nema-praven-osnov-za-izdavanje-licenci-na-letnite-diskoteki-veli-bekteshi/#respond Fri, 22 Jul 2022 13:02:19 +0000 https://kurir.mk/?p=708969

Министерот за економија Крешник Бектеши потврди дека е запознаен со проблемот со издавање лиценци за угостителите, односно за друштвата кои менаџираат со ноќни клубови и летните дискотеки и истакна дека се чека на добивање позитивно мислење од Министерството за внатрешни работи. -Да информиран сум. Во моментот кога ќе добиеме позитивно мислење од страна на МВР согласно процедурата на издавање на лиценци, веднаш истиот ден сите тие угостителски објекти кои ги исполнуваат условите, секако дека ќе ги добијат тие лиценци. Додека немаме мислење од страна на МВР кое е предвидена и со Закон, ние немаме законско право да ги издаваме тие лиценци, рече Бектеши на новинарско парашање на денешната прес-конференција. Претседателот на Независната угостителска комора (НУК), Здравко Јосифовски претходно, денеска на прес – конференција упати барање до Владата, Министерството за економија и Министерството за внатрешни работи за решавање на моменталната ситуација со ненавременото издавање, односно неиздавање лиценци на друштвата кои ги менаџираат ноќните клубови, кабареа и летните дискотеки во Скопје. НУК проблемот го лоцираат во МВР кое треба да даде согласност и бараат Владата во координација со министерствата да организира заедничка средба со сите засегнати страни и на друштвата што ги исполнуваат условите за работа да им се издадат лиценци.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bez-mislenje-od-strana-na-mvr-nema-praven-osnov-za-izdavanje-licenci-na-letnite-diskoteki-veli-bekteshi/feed/ 0