летни олимписки игри – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 10 May 2023 16:15:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png летни олимписки игри – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Утре почнува втората фаза од продажбата олимписки билети https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/utre-pochnuva-vtorata-faza-od-prodazhbata-olimpiski-bileti/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/utre-pochnuva-vtorata-faza-od-prodazhbata-olimpiski-bileti/#respond Wed, 10 May 2023 16:15:53 +0000 https://kurir.mk/?p=832819

Втората фаза од продажбата на влезници за Олимписките игри 2024 во Париз започнува утре, а оние кои ќе бидат извлечени ќе можат да купат исклучиво поединечни билети. На жрепката за втората фаза се пријавени четири милиони луѓе, кои се надеваат дека ќе можат да изберат и купат влезници за тоа што најмногу ги интересира. Од 1.5 милиони влезници во оваа фаза достапни ќе бидат билети за отворањето на Игрите, по цена од 90 до 2.700 евра, како и за финалните натпревари во поединечните спортови, што не беше случај во првата фаза која се реализираше минатата зима. Во првата фаза беа продадени 3.25 милиони евра по цена која се движеше од 24 до 200 евра. Организаторите на Олимписките игри во Париз претходно најавија дека вкупната бројка на влезници ќе изнесува десет милиони, од кои осум милиони ќе бидат наменети за пошироката публика.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/utre-pochnuva-vtorata-faza-od-prodazhbata-olimpiski-bileti/feed/ 0
Грчкиот тим во уметничко пливање се повлече поради коронавирус https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/grchkiot-tim-vo-umetnichko-plivanje-se-povleche-poradi-koronavirus/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/grchkiot-tim-vo-umetnichko-plivanje-se-povleche-poradi-koronavirus/#respond Tue, 03 Aug 2021 16:14:12 +0000 https://kurir.mk/?p=545758

Грција се повлече од натпреварувањата во уметничко пливање на Игрите во Токио, откако четири нејзини спортистки се позитивни на Ковид-19, објави денеска Грчкиот олимписки комитет (ХОЦ). Една од пливачките била позитивна на коронавирус во понеделникот, а уште три други добиле позитивен тест во вторникот, поради што сите се изолирани во карантин. Организаторите на Олимписките игри соопштија денеска за нови 18 позитивни случаи на коронавирус. Со тоа, вкупната бројка на заразени случаи поврзани со Олимписките игри се искачи на 294.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/grchkiot-tim-vo-umetnichko-plivanje-se-povleche-poradi-koronavirus/feed/ 0
Начинот на кој победи холандската атлетичарка на ЛОИ во Токио ќе се памети вечно – публиката не им веруваше на сопствените очи (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/nachinot-na-koj-pobedi-holandskata-atleticharka-na-loi-vo-tokio-kje-se-pameti-vechno-publikata-ne-im-veruvashe-na-sopstvenite-ochi-video/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/nachinot-na-koj-pobedi-holandskata-atleticharka-na-loi-vo-tokio-kje-se-pameti-vechno-publikata-ne-im-veruvashe-na-sopstvenite-ochi-video/#respond Tue, 03 Aug 2021 14:01:08 +0000 https://kurir.mk/?p=545693

Сифан Хасан освои златен медал за 5.000 метри на Олимписките игри во Токио, но тоа што го направи на трката на 1.500 метри е веројатно досега невиден подвиг во атлетиката. На 300 метри од целта Холанѓанката, со потекло од Етиопија, се судри со една од колешките и падна. Во такви ситуации, атлетичарите обично го губат ритамот и одлучуваат да прекинат, но Хасан направи чудо. Ги изненади сите кога се крена и продолжи да трча, како ништо да не се случило. И не само тоа, туку од претпоследно место успеа да се пробие и да победи на спектакуларен начин. Поради тоа стана хит на социјалните мрежи и хероина на денот на Олимписките игри во Токио. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/nachinot-na-koj-pobedi-holandskata-atleticharka-na-loi-vo-tokio-kje-se-pameti-vechno-publikata-ne-im-veruvashe-na-sopstvenite-ochi-video/feed/ 0
Прв случај со коронавирус во Олимпиското село во Токио https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/prv-sluchaj-so-koronavirus-vo-olimpiskoto-selo-vo-tokio/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/prv-sluchaj-so-koronavirus-vo-olimpiskoto-selo-vo-tokio/#respond Sat, 17 Jul 2021 07:26:41 +0000 https://kurir.mk/?p=537971

Во Олимпиското село Токио 2020, откриен е прв случај заразен со коронавирус. Ова го изјави извршниот директор на организацискиот комитет на Олимпијадата 2020, Тоширо Муто. Еден од членовите на странска делегација доби позитивен тест, но националноста и другите лични податоци не беа обелоденети. Според „NHK“, заразеното лице не било спортист. Веќе се пријавени случаи на инфекција меѓу делегациите на Израел, Уганда, Србија, Нигерија и Русија, но тоа се случи или на аеродромот по пристигнувањето во Јапонија, или на местата за прелиминарно распоредување на тимови. Олимпијадата ќе се одржи од 23 јули до 8 август.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/prv-sluchaj-so-koronavirus-vo-olimpiskoto-selo-vo-tokio/feed/ 0
ОИ во Токио и дефинитивно без светскиот првак на 100 метри https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/oi-vo-tokio-i-definitivno-bez-svetskiot-prvak-na-100-metri/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/oi-vo-tokio-i-definitivno-bez-svetskiot-prvak-na-100-metri/#respond Fri, 16 Apr 2021 16:48:28 +0000 https://kurir.mk/?p=498253

Судот за спортска арбитража (CAS) со седиште во Лозана му ја намали денеска за шест месеци двегодишната суспензија на светскиот првак на 100 метри Кристијан Колман поради кршење на антидопинг правилникот, но и покрај тоа американскиот спринтер нема да може да настапи на претстојните Олимписки игри (ОИ) во Токио. Двегодишната суспензија на Колман започна да тече на 13 мај 2020 година, а со намалување на казната тој најрано ќе може да се врати на атлетската патека на 14 ноември годинава, пет месеци по Олимпијадата во Јапонија. Колман ги прекрши антидопинг правилата откако три пати во период од 12 месеци не се појави на посочената локација за да даде примерок за тестирање. -Го ценам тоа што судот заклучи дека сум „чист“ спортист, но воедно сум разочаран бидејќи нема да можам ова лето да настапат на Игрите во Токио, порача Колман во соопштение до јавноста. Тој истакна дека во фокусот на неговите подготовки ќе биде одбраната на титулата на Светското првенство во јули идната година во Белград.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/oi-vo-tokio-i-definitivno-bez-svetskiot-prvak-na-100-metri/feed/ 0
Северна Кореја се повлече од Олимписките игри во Токио https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/severna-koreja-se-povleche-od-olimpiskite-igri-vo-tokio/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/severna-koreja-se-povleche-od-olimpiskite-igri-vo-tokio/#respond Tue, 06 Apr 2021 08:23:19 +0000 https://kurir.mk/?p=492954

За прв пат од 1988 година и од бојкотот на Летните игри во Сеул, Северна Кореја, земја што тврди дека нема случаи на КОВИД 19, нема да се натпреварува на Олимпијадата. Олимписките игри во Токио, одложени минатата година поради пандемијата на коронавирусот, треба да се одржат од 23 јули до 8 август. Северна Кореја нема да учествува на Олимписките игри оваа година во Токио за да ги заштити своите спортисти среде пандемијата, соопшти денес тамошното Министерството за спорт. – Комитетот одлучи да не учествува на 32-та Олимпијада за да ги заштити спортистите од светската здравствена криза предизвикана од коронавирусот. На состанокот се дискутираше и за начините за развој на професионални спортски технологии, освојување медали на меѓународни натпревари и промовирање на јавни спортски активности во следните пет години, објави Министерството. Официјални лица во Сеул и Пјонгјанг на почетокот на април објавија дека ќе ја потенцираат заедничката кандидатура на Јужна и Северна Кореја за домаќин на Олимписките игри во 2032 година, а според Ројтерс, оваа постапка на Северна Кореја претставува чекор назад во тие планови. Исто така, Јужна Кореја во Игрите во Токио гледаше можност за подобрување на односите и заживување на мировните разговори меѓу двете земји, кои технички сè уште се во војна, што, меѓу другото, ќе се манифестира во изведбата на одредени комбинирани спортови, според моделот на заеднички тим во женски хокеј на Зимските игри 2018 во Пјонгчанг.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/severna-koreja-se-povleche-od-olimpiskite-igri-vo-tokio/feed/ 0
Кина понуди дополнителни дози вакцини за олимпијците во Токио и Пекинг https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/kina-ponudi-dopolnitelni-dozi-vakcini-za-olimpijcite-vo-tokio-i-peking/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/kina-ponudi-dopolnitelni-dozi-vakcini-za-olimpijcite-vo-tokio-i-peking/#respond Thu, 11 Mar 2021 16:35:57 +0000 https://kurir.mk/?p=480941

Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (МОК) Томас Бах изјави денеска дека е постигнат договор со Олимпискиот комитет на Кина за обезбедување дополнителни дози вакцини против коронавирус за учесниците на претстојните Летни олимписки игри во Токио, како и за спортистите, кои ќе настапат на Зимските олимписки игри во Пекинг идната година. -МОК доби љубезна понуда од Олимпискиот комитет на Кина, домаќин на Зимските олимписки игри во Пекинг во 2022 година, да ни обезбеди дополнителни дози вакцини за учесниците на Летните и Зимските олимписки игри во Токио и Пекинг, изјави Бах по денешниот онлајн состанок со претставници на Олимпискиот комитет на Кина. Летната олимпијада во Токио ќе биде одржана под строги здравствени протоколи и без присуство на навивачи од странство, а МОК ги повика националните олимписки комитети да ги вакцинираат своите спортисти. -МОК ќе ги плати дополнителните дози вакцини, не само за олимписките, туку и за параолимписките екипи. Ветив дека ќе се потрудам што повеќе учесници да бидат вакцинирани пред доаѓањето во Токио. Сега можам да кажам дека значителен број на спортисти веќе се вакцинирани, во согласност со мерките што важат во нивните земји, посочи Бах. Првиот човек на МОК додаде дека кинеските вакцини ќе се дистрибуираат преку меѓународните агенции или преку постојните договори за нивна набавка што државите ги имаат склучено со Кина. Игрите во Токио ќе се одржат од 23 јули до 8 август, додека Зимските олимписки игри во Пекинг ќе бидат отворени на 4 февруари идната година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/kina-ponudi-dopolnitelni-dozi-vakcini-za-olimpijcite-vo-tokio-i-peking/feed/ 0
ИОК: ЛОИ во Токио мора да се одржат https://arhiva.kurir.mk/sport/iok-loi-vo-tokio-mora-da-se-odrzat/ https://arhiva.kurir.mk/sport/iok-loi-vo-tokio-mora-da-se-odrzat/#respond Tue, 02 Feb 2021 21:07:42 +0000 https://kurir.mk/?p=463378

Интернационалниот Олимписки Комитет најави дека во било која ситуација  игрите во Токио планирани за летниот период ќе се одржат.
Летните Олимписки игри кои беа планирани за летото 2020 тата година и се одложени за оваа лето се под голем притисок за повторно одложување.
Оптимистите и пред се спортистите учесници се надеваат дека вакцинирањето ќе помогне за безбедно одржување на игрите на што се темели и оптимизмот на претседателот на Олимпискиот комитет, поранешниот јапонски премиер Јоширо Мори.
„Без оглед каква би била ситуацијата со коронавирусот, ние ќе организираме игри. Не треба да разговараме дали да одржуваме игри или не, туку за тоа како треба да ги одржиме “, изјави  Мори кој доби и поддршка и првиот човек на олимпизмот Томас Бах негирајќи ги информациите за откажување на летните игри.
Според планот Олимписките игри ќе бидат отворени на 23. јули додека параолимписките игри се планирани за 24-ти август.
Се очекува учество на вкупно 15 000 спортисти плус официјални лица. Засега не е познато дали ќе им се дозволи на љубителите на спортот да присуствуваат на трибините но извесно е дека Јапонија ќе ги затвори границите за фановите од другите земји.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/iok-loi-vo-tokio-mora-da-se-odrzat/feed/ 0
80 проценти од Јапонците се против одржување на Олимписките игри ова лето https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/80-procenti-od-japoncite-se-protiv-odrzuvanje-na-olimpiskite-igri-ova-leto/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/80-procenti-od-japoncite-se-protiv-odrzuvanje-na-olimpiskite-igri-ova-leto/#respond Mon, 11 Jan 2021 13:47:54 +0000 https://kurir.mk/?p=453842

Околу 80 проценти од Јапонците во анкетата спроведена од националната новинска агенција Кјодо изјавија дека Олимписките игри во Токио треба да бидат откажани или одложени. Анкетирани се 715 домаќинства со право на глас со употреба на метод на случајно земање примероци. Нешто повеќе од една третина (35,3 %) рекле дека Олимписките игри треба да бидат целосно откажани, додека 44,8 проценти изјавиле дека игрите треба да се одложат уште еднаш. Слична анкета беше спроведена и во декември, кога околу 63 проценти од луѓето изјавија дека не сакаат Олимписките игри да се одржат во Токио ова лето. Може да се каже дека главниот виновник за понатамошниот раст е зголемениот процент на заразени во Јапонија. Земјата досега има регистрирано вкупно 280.775 случаи, а околу 3.996 лица починале како резултат на инфекцијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/80-procenti-od-japoncite-se-protiv-odrzuvanje-na-olimpiskite-igri-ova-leto/feed/ 0
Токио ќе ги организира најскапите летни ОИ во историјата https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/tokio-kje-gi-organizira-najskapite-letni-oi-vo-istorijata/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/tokio-kje-gi-organizira-najskapite-letni-oi-vo-istorijata/#respond Tue, 22 Dec 2020 15:32:35 +0000 https://kurir.mk/?p=446784

Рекордни 13 милијарди евра (1.644 милијарди јени) ќе чини организацијата на летните Олимписки игри (ОИ) 2020 во Токио, што беа одложени за една година поради пандемијата на новиот коронавирус. Организаторите денеска во детали го образложија финансискиот план за организацијата на Олимпијадата, потенцирајќи дека новиот буџет е за 2.3 милијарди евра поголем од првично проектираниот. Според планираните трошоци, јапонската престолнина ќе биде домаќин на најскапите летни ОИ за чија организација ќе бидат потрошени 800 милиони евра повеќе споредено со Олимпијадата  2012 во Лондон, но сепак многу помалку од руската организација на зимските ОИ 2014 во Сочи за што беа потрошени 17.9 милијарди евра. Организаторите на ОИ идното лето во Токио редуцираа дел од трошоците, предвидувајќи помалку грандиозна Олимпијада од првично планираната, преку намалување на бројот бесплатни влезници и официјални лица, укинување одредени церемонии, како и заштеда на маскоти и огномети.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/tokio-kje-gi-organizira-najskapite-letni-oi-vo-istorijata/feed/ 0