летно кино – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 31 Aug 2020 11:22:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png летно кино – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Недела на новиот германски филм од 1 до 7 септември во летното кино на Кинотека https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/nedela-na-noviot-germanski-film-od-1-do-7-septemvri-vo-letnoto-kino-na-kinoteka/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/nedela-na-noviot-germanski-film-od-1-do-7-septemvri-vo-letnoto-kino-na-kinoteka/#respond Mon, 31 Aug 2020 11:22:51 +0000 https://kurir.mk/?p=397264

По завршувањето на прикажувањата во Струга„ Неделата на новиот германски филм утре ќе продолжи во Скопје, во Летното кино „Мирно лето“ на Кинотеката, каде што посетителите ќе може да ги гледаат најновите остварувања на германската кинематографија. Програмата утревечер во 20 часот ќе биде отворена со филмот „Undine“ на режисерот Кристијан Петцол, а до 7 септември ќе бидат прикажани уште шест филма, секој ден во истиот термин и на истата локација. Паралелно со проекциите во Скопје, следуваат проекции и во Прилеп на 3 и 4 септември. -Сите проекции на Неделата на новиот германски филм ќе бидат прикажани под отворено небо со целосно почитување на препораките за заштита од КОВИД-19. Влезот за сите проекции е бесплатен, а билетарата ќе биде отворена секој ден од 19 часот, соопшти организаторот. Неделата на новиот германски филм годинава ја реализира Центарот за социјални иновации „Блинк 42-21“ во соработка со Кинотеката, „Дрим шорт“ – Струга и Центарот за култура „Марко Цепенков“ – Прилеп, со поддршка на Амбасадата на Германија во земјава.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/nedela-na-noviot-germanski-film-od-1-do-7-septemvri-vo-letnoto-kino-na-kinoteka/feed/ 0
Продолжува летното кино, почетоците на проекциите во 20 часот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/prodolzuva-letnoto-kino-pochetocite-na-proekciite-vo-20-chasot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/prodolzuva-letnoto-kino-pochetocite-na-proekciite-vo-20-chasot/#respond Tue, 11 Aug 2020 07:34:32 +0000 https://kurir.mk/?p=389087

Од вчера повторно е отворено за публика Летното кино, кое беше затворено поради неколкудневниот период на силни дождови и променливо време што ги зафатија Скопје и поголемиот дел од државата, информираат од Кинотека. Дождовите не само што ја одложија филмската програма на неколку денови, туку го одложија и свеченото именување на ова летно кино, кое во минатата среда (на 5 август) требаше и официјално да го добие името „Мирно лето“, според играниот првенец на филмската режисерска легенда Димитрие Рули Османли. -Името не случајно е избрано за ова летно кино, со желба истото да се одрази и на функционирањето на кинотечната програма овие денови, и навистина летото да мине мирно и во најдобар ред. Логото беше испишано на ѕидот веднаш до филмското платно, поканите врачени, пијалоците спремни… Но, се случи истото како и во филмот, односно новоименуваното кино ја сподели судбината со Мира и Заре, главните ликови на оваа прва македонска комедија од 1961 година. Посакуваното „мирно“ лето се претвори во „бурно“ , а во случајот на Кинотека и – во „дождливо“. Реализацијата на она што е планирано не зависи секогаш од нашите желби и вложувања, велат од Кинотека. Вчера на програмата беше играниот филм ТИЕ (LORO, 2018) во режија на Паоло Сорентино кого го паметиме по оскаровецот „Големата убавина“ (2013) и тв-серијата „Младиот папа“ (2016). Следните денови, ако се е во ред со временските прилики, на репертоарот се документарниот „Битлси: Осум дена во неделата“ на Рон Хауард (вторник, 11 август), комедијата „Скитникот од плажата“ (2019) на Хармони Корин, драмите „Климакс“ (2018) на Гаспар Ное, „Златна ракавица“ (2019) на Фатих Акин, „Офицер и шпион“ (2019) на Роман Полански и други. Откажаните проекции на филмовите ќе бидат презакажани наредниве денови, информираат од Кинотека. Оттаму ги потсетуваат љубителите на филмот дека проекциите почнуваат во 20 часот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/prodolzuva-letnoto-kino-pochetocite-na-proekciite-vo-20-chasot/feed/ 0