летно сметање на време – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 25 Mar 2023 12:24:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png летно сметање на време – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Почнува летното сметање на времето https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochnuva-letnoto-smetane-na-vremeto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochnuva-letnoto-smetane-na-vremeto/#respond Sat, 25 Mar 2023 08:19:45 +0000 https://kurir.mk/?p=816259

Во два часот по полноќ со поместување на стрелките за еден час нанапред почнува летното сметање на времето. Тоа значи дека времето во 02 часот ќе се смета како 03 часот. Одлуката за промена на времето од зимско во летно ја донесе Владата на последната седница одржана на 21 овој месец. Летното сметање на времето завршува на 29 октомври во 03 часот, така што со поместување за еден час наназад, времето во 03 часот се смета како 02 часот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochnuva-letnoto-smetane-na-vremeto/feed/ 0
Анализите во тек, еве до кога ќе се знае дали ќе остане летното сметање на времето https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/analizite-vo-tek-eve-do-koga-kje-se-znae-dali-kje-ostane-letnoto-smetanje-na-vremeto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/analizite-vo-tek-eve-do-koga-kje-se-znae-dali-kje-ostane-letnoto-smetanje-na-vremeto/#respond Mon, 10 Oct 2022 10:50:44 +0000 https://kurir.mk/?p=743532

До крајот на неделата би требало да бидат готови анализите што ги прави Министерството за економија за можноста да остане летното сметање на времето со цел поголеми заштеди на електричната енергија. Министерот за економија Крешник Бектеши денеска изјави дека во тек се анализите кои треба да покажат дали ќе се премине кон зимското сметање на времето или ќе остане летното сметање. – Анализите се прават и најверојатно до крајот на неделата ќе бидат подготвени по што одлуката треба да се донесе до крајот на месецот согласно законот, изјави Бектеши одговарајќи на новинарски прашања по денешната прес-конференција на која беше најавен почетокот со работа на соларната електрана со капацитет од 17 мегавати лоцирана во светиниколско Амзабегово. И премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека во моментот не би можел да каже каква одлука ќе се донесе се додека не ги види анализите. – Ќе видиме дали ќе продолжиме со летното сметање на времето или како досега ќе ја направиме промената. Во моментот, не можам да ви кажам, би сакал да ги видам анализите. Во моментот повеќе има про оставање на летното сметање на времето но, да ги видиме сите детални анализи и потоа ќе донесеме одлука, рече Ковачевски. Министерството за економија вчера доби задолжение од Владата да ги разгледа можностите околу евентуалното продолжување на примената на летното сметање на времето, со цел дополнителни заштеди во општата потрошувачка на електрична енергија. Зимското сметање на времето почнува од последниот викенд во октомври со што стрелките на часовникот се поместуваат за еден час поназад.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/analizite-vo-tek-eve-do-koga-kje-se-znae-dali-kje-ostane-letnoto-smetanje-na-vremeto/feed/ 0
Тврдење на експерт: Летното сметање на времето го уништува здравјето, еве што се случува https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/tvrdenje-na-ekspert-letnoto-smetanje-na-vremeto-go-unishtuva-zdravjeto-eve-shto-se-sluchuva/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/tvrdenje-na-ekspert-letnoto-smetanje-na-vremeto-go-unishtuva-zdravjeto-eve-shto-se-sluchuva/#respond Tue, 22 Mar 2022 20:27:11 +0000 https://kurir.mk/?p=651652

На 27-ми март ќе започне летното сметање на времето со поместување на стрелките на часовникот еден час нанапред, од 2 на 3 часот по полноќ. Преминот на летно сметање на времето долго време е предмет на многу анализи бидејќи научниците веруваат дека поместувањето на часовникот може да има сериозни здравствени последици. „Промената на времето е исцрпувачка за телото“, рече д-р Даг Кирш, портпарол на Американската академија за медицината на спиењето. „Мислам дека укинувањето на тој е чекор во вистинската насока“. Наместо тоа, тој вели дека треба да се држиме до стандардното време. Тој рече дека разбирањето на биологијата е важно кога се донесуваат одлуки кои вклучуваат деноноќен ритам или внатрешниот часовник на телото. „Нашата биологија диктира дека како луѓе најдобро спиеме кога е светло наутро и темно навечер“, рече тој. Кирш смета дека стандардното време трајно ќе има подобар резултат. „Науката сугерира дека спиеме подобро и затоа ќе бидеме поздрави, повнимателни, ќе правиме помалку грешки, ќе имаме помалку несреќи“. Според податоците, во деновите по промената на часовникот има зголемен број на сообраќајни незгоди.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/tvrdenje-na-ekspert-letnoto-smetanje-na-vremeto-go-unishtuva-zdravjeto-eve-shto-se-sluchuva/feed/ 0