летување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 07 Aug 2023 10:08:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png летување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Планирате летување во Црна Гора: Еве колку во просек ќе ве чини еден ден https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/planirate-letuvane-vo-tsrna-gora-eve-kolku-vo-prosek-ke-ve-chini-eden-den/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/planirate-letuvane-vo-tsrna-gora-eve-kolku-vo-prosek-ke-ve-chini-eden-den/#respond Mon, 07 Aug 2023 10:08:28 +0000 https://kurir.mk/?p=864175

Собирајќи ги минималните дневни трошоци на едно четиричлено семејство, на одмор на црногорското приморје - за сите три оброци, сладоледи, две кафиња, лежалки, чадор, педалинка - потребни се меѓу 70 и 100 евра на ден. По 17 часот, гостите можат бесплатно да користат лежалки и чадори на плажите на будванската ривиера, освен ако, се разбира, не му припаѓаат на некој хотел. Сепак, за оние кои се седум или 10 дена на море и кои целиот ден го минуваат на плажа, ваквото задоволство чини 15 - 40 евра зависно од плажата. Секако, има и ексклузивни места, како „Свети Стефан“ или „Кралските плажи“, каде што оваа привилегија чини и до 200 евра. На градската плажа во Будва, еден „обичен ден“ чини минимум 70 евра. Ако децата сакаат да се возат на педалинка или да скокаат на трамболина еден час на вода, тоа е по 20 евра повеќе. Секако, тука е и Забавниот парк близу „Словенска плажа“, крофни коишто мирисаат на чоколадо, кафулиња што нудат оброк и освежување, примамливи сувенири - сѐ тоа може да значи потрошен денар повеќе.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/planirate-letuvane-vo-tsrna-gora-eve-kolku-vo-prosek-ke-ve-chini-eden-den/feed/ 0
Предлог од српските медиуми до Србите: Еве каде да направите пауза во Македонија на патот до летување во Грција https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/predlog-od-srpskite-mediumi-do-srbite-eve-kade-da-napravite-pauza-vo-makedonija-na-patot-do-letuvane-vo-grtsija/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/predlog-od-srpskite-mediumi-do-srbite-eve-kade-da-napravite-pauza-vo-makedonija-na-patot-do-letuvane-vo-grtsija/#respond Thu, 22 Jun 2023 19:18:32 +0000 https://kurir.mk/?p=848737

Летото е тука, а одморите се во тек. Додека некои ја искористија претсезоната за да уживаат во сончевите предели, за многумина ова задоволство допрва доаѓа. Како и секоја година, најпопуларна дестинација меѓу српските туристи е Грција. Српските медиуми на граѓаните им предлагаат неколку места во Македонија каде може да направат пауза на патот до морето и да се одморат. Еве кои се нивните предлози: Дојран Кога е летна сезона, гужвите се неизбежни. Нема правила или сигурен начин да се избегне гужвата, но некои општи совети се да се избегнува патување за време на викендите и во пресрет на празниците. Сè поголем број Срби го користат граничниот премин Дојран и во исто време ручаат или прават пауза во текот на ноќта таму. Местото се наоѓа на брегот на Дојранското Езеро, едно од трите големи езера во Македонија. А туристите велат дека тука се јаде најдобрата риба на трска. Популарен е во текот на летната сезона, па ќе најдете многу активности за деца, големо шеталиште покрај брегот, многу ресторани и кафулиња. Дојран може да биде многу пријатна станица на вашиот пат кон Грција. Скопје Главниот град на Македонија за многумина е задолжителна станица на патот до морето. Се наоѓа на реката Вардар во самиот центар на Балканскиот Полуостров. Населението на градот се состои од половина милион граѓани од различни националности. Околу 30% проценти од вкупното население на Македонија живее во Скопје. Центарот на градот е мал, па можете да ја искористите приликата целосно да го посетите, а она што секако ќе ве воодушеви е македонското гостопримство. Велес Градот се наоѓа на двете страни на реката Вардар. Тоа е одлична попатна станица до морето, а езерото Младост е вистинскиот избор за одмор. Посетете ја и градската црква Св. Пантелејмон, под заштита на УНЕСКО, а фреските и иконите се дело на познати македонски зографи од Мијачијата, Папрадиште и Велес. Охрид Едно од најстарите, најголемите и најдлабоките езера во светот, нуди исклучително богата историја, култура и феноменално гастрономско искуство. Можеби не е точно попатна станица на патот до и од морето, но секако вреди мало заобиколување. Опкружено со високите планини на Националниот парк Галичица, Охридското Езеро се наоѓа на 695 метри надморска височина. Имајќи ја предвид големината на Охридското Езеро, може да се пофали со еден од најголемите биодиверзитети во светот, а е дом на повеќе од 350 ендемични видови кои ги нема никаде на друго место, поради што е еден вид природен музеј. Една од најважните знаменитости на Охрид секако е манастирскиот комплекс Свети Наум, како поради самиот манастир, така и поради изворот на реката Црн Дрим, кој се наоѓа во непосредна близина. Кристално чистата вода на реката Црн Дрим, која извира токму на ова место, а потоа се влева во езерото, создава прекрасен воден пат кој се протега сè до Струга. Демир Капија Демир Капија е град во Повардарието, директно на влезот на Вардар во Демиркаписката Клисура. Името на градот датира од турско време и значи железна порта. Овој град е идеален за љубителите на виното, бидејќи е познат по своите винарии и музеи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/predlog-od-srpskite-mediumi-do-srbite-eve-kade-da-napravite-pauza-vo-makedonija-na-patot-do-letuvane-vo-grtsija/feed/ 0
Колку време би требало да трае идеалното летување? https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kolku-vreme-bi-trebalo-da-trae-idealnoto-letuvanje-2/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kolku-vreme-bi-trebalo-da-trae-idealnoto-letuvanje-2/#respond Wed, 20 Jul 2022 14:01:55 +0000 https://kurir.mk/?p=707952

Иако се чувствувате дека би можеле да бидете на одмор засекогаш, всушност постои одреден број на денови кој е идеален за вашето здравје. Седум до 11 дена е идеално траење на годишниот одмор. Истражувачите од финскиот Универзитет во Тампери соопштија дека оваа должина на одмор одговара на нивото на работниот стрес со кој тргнувате на пат. Ако бидете на одмор кој трае ден или два немате доволно време да се исклучите од работниот режим. Ако одите на две недели или подолго ќе почнете да се грижите за работата и обврските кои биле завршени додека сте отсутни. -Одморите преставуваат најдолг период на отстуство од работа и со самото тоа се сјајна прилика да се релаксирате на вистински начин. Нашите резултати покажуваат дека летувањето се подобрува општата здравствена состојба и оти идеално траење е 8 дена, се вели во заклучокот од студијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kolku-vreme-bi-trebalo-da-trae-idealnoto-letuvanje-2/feed/ 0
Колку пари навистина треба да потрошите летово за да изнајмите лежалки во Грција? https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kolku-pari-navistina-treba-da-potroshite-letovo-za-da-iznajmite-lezalki-vo-grcija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kolku-pari-navistina-treba-da-potroshite-letovo-za-da-iznajmite-lezalki-vo-grcija/#respond Wed, 13 Jul 2022 11:35:45 +0000 https://kurir.mk/?p=704456

По периодот на пандемијата, Грција широко ги отвори вратите за туристите. Но, новата сезона донесе и поскапување во баровите на плажа. Забележлива е нова тактика на сопствениците на барови на плажа во околината на Солун и на подрачјето на Халкидики. Се обидуваат или да воведат обврска за изнајмување лежалки или задолжителна минимална потрошувачка. Сето ова предизвикува незадоволство и кај туристите и кај локалните жители. На полуостровот Касандра, кој е првиот огранок на Халкидики, каде што има многу барови на плажите и каде што жителите на Солун обично доаѓаат за викенд патувања, во голема мера е усвоена тактиката на задолжителна минимална потрошувачка. Цените варираат во зависност од положбата на лежалките. Минимум трошење од 50 евра е задолжително, доколку се работи за комплет од две лежалки и чадор за сонце веднаш до море. Таа бројка се намалува во зависност од редот во кој се сместени лежалките. На пример, ако се работи за втор ред лежалки, потребна е минимална потрошувачка од 10 евра. Со други зборови, ако двајца се на лежалки покрај море и ако нарачаат само две кафиња, на тие плажи ќе им се наплаќа 50 евра, пишува грчкиот портал „Ворија“. Сопствениците на други објекти ја применуваат тактиката на наплата на лежалки, без разлика колку пари ќе потроши посетителот во таа прилика. Во нив цените варираат во зависност од површината на барот на плажа и услугите што ги нуди. Но, во ексклузивните локали на Халкидики цената на изнајмување лежалки достигнува до 30, 40, па и 50 евра, најмногу за оние кои се наоѓаат во непосредна близина на море. На полуостровот Ситонија преовладува плаќањето за лежалки, дури и таму каде што нема барови на плажа, но локалното население има можност да ги обезбеди. Иако има исклучоци, повеќето сопственици на барови на плажа во овој дел на Халкидики годинава практикуваат да наплаќаат комплет од две лежалки и чадор по цена од шест до осум евра. - За се е виновно поскапувањето на струјата - тврдат сопствениците на барови и ресторани на грчките плажи. Иако причината ја наоѓаат и во постојаното зголемување на цените на суровините што ги користат. - Лично сметам дека е поправедно моите гости да се придржуваат до политиката за задолжителна минимална потрошувачка отколку да доплаќаат за лежалки - изјави сопственикот на бар на плажа на полуостровот Касандра, додавајќи дека „на крајот ова носи ризик да заработиме само 100 евра дневно, што е премалку во однос на обврските што ги имаме“. За гореспоменатиот грчки портал, Апостолос Каратанасис, претседател на Здружението на млади ресторани на Мудања, рече: - Сопствениците на ресторани долго време се обидуваат да ги намалат цените и тоа го направивме во обид да добиеме што повеќе луѓе по пандемијата, но со поскапувањето на струјата, која се зголеми за четири пати и со зголемувањето имаат во суровини, тие беа принудени да ги зголемат цените. - Секој сопственик кој нуди некои услуги соодветно ја прилагодува наплатата. Има барови на плажа кои наплаќаат лежалки или имаат задолжително минимално трошење, а има многу што не го прават тоа. Од друга страна, туристот, во зависност од парите со кои располага, може да избере во кој локал да седне. На Халкидики има локали од секаков вид - изјави Јанис Куфидис, претседателот на Комората на Халкидики, истакнувајќи дека „секоја година се разговара на оваа тема“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kolku-pari-navistina-treba-da-potroshite-letovo-za-da-iznajmite-lezalki-vo-grcija/feed/ 0
Одмор со деца? Ова се совети како да избегнете главоболки https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/odmor-so-deca-ova-se-soveti-kako-da-izbegnete-glavobolki/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/odmor-so-deca-ova-se-soveti-kako-da-izbegnete-glavobolki/#respond Wed, 06 Jul 2022 09:25:43 +0000 https://kurir.mk/?p=700850

Заминување на летување со деца е дополнително комплицирано, особено доколку тие се мали. Подготовките за море може да траат долго, а неретко се случува нешто да заборавите. Често одморот знае да се претвори во замор. Одењето на плажа трае долго, да се намачкаат децата со заштите фактор, да им се облечат костимите за капење, не ја заборавајте ужинката, пешкирите, сите додатоци за пливање, играчки...и што ли уште не. Одењето на плажа не би претставувало толку големо оптеретување ако научите поинаку да се организирате Анатомски ранци кои ќе го чуваат грбот на вашите мали Научете ги децата сами да внимаваат за своите работи и дајте им одговорност. Анатомските ранци за на одмор се добро решение за одењето на плажа, бидејќи децата сами ќе ги носат своите работи. Пумпа за дување ќе ви го олесни носењето надувани душеци, гуми за пливање и играчки за на плажа Децата инсистираат на плажа да се носат еден куп гумени реквизити. Но, ако одите два пати во денот на плажа тоа може да биде навистина напорно. За да не мора тато да ги носи надувани гумените работи од дома, решението е пумпа за базени. На овој начин сите гумени реквизити за децата ќе ги дувате директно на плажа. Грчеви кај бебе или температура може да го упропастат цел одмор Грчевите кај бебињата се неизоставен дел од развојот и не постои родител кој помалку или повеќе не поминал низ тој процес. Ако летувате со бебе, тогаш најдобро е да се обезбедите со чаеви против грчеви, сирупи.. За повозрасните деца, составен дел од аптеката која треба да ја имате со себе на летување се сирупи против температура, фластери, креми против изгореници, спреј против убоди од инсекти, нешто против алергии. Најважниот совет за мајките на крај е да се не заборават да се опуштат додека летуваат. Испијте чаша вино навечер или кога ќе ги успиете децата и обидете се да се опуштите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/odmor-so-deca-ova-se-soveti-kako-da-izbegnete-glavobolki/feed/ 0
Покачени цените во хотелите во Грција, каква е ситуацијата со пакет аранжманите? https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pokacheni-cenite-vo-hotelite-vo-grcija-kakva-e-situacijata-so-paket-aranzmanite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pokacheni-cenite-vo-hotelite-vo-grcija-kakva-e-situacijata-so-paket-aranzmanite/#respond Fri, 22 Apr 2022 11:13:10 +0000 https://kurir.mk/?p=666866

Покачените цени на бензинот, поскапото секојдневие како на Грците, така и на туристите кои ја посетуваат Грција, но и војната во Украина, се главните фактори што ќе имаат влијание врз грчкиот туризам, иако земјата очекува добра туристичка сезона, јави дописничката на МИА од Атина. Годинава за Велигден е првпат од 2019 година кога границите на Грција се отворени за сите туристи, но и првпат по пауза од две години кога за велигденските празници не постојат никакви ограничувања за Грците во однос на патувањата меѓу региони, со оглед на тоа дека лани, но и во 2020 година, поради карантините и строгите рестрикции беше забрането движење надвор постојаните места на живеење. Во пресрет на велигденските празници, но и на туристичката сезона и очекувањата за претстојното лето дописничката на МИА од Атина разговараше со претседателот на Федерацијата на хотелиери на Грција и претседател на сојузот на хотелиери на Хакидики Григорис Тасиос кој вели дека цените во хотелите се минимално покачени, но пакет аранжманите се без промени. -Цените за пакет аранжманите се исти како во 2019 година, бидејќи станува збор за договори, со исти цени, заклучени. Но, за индивидуалните клиенти сигурно ќе има покачувања на цените, но едноцифрени. Трошокот за соба за ноќевање е плус 25 отсто во споредба со 2019 година, но ова за индивидуалните, не за пакет аранжманите, објаснува Тасиос. За Велигден, вели дека исполнетоста на хотелите се движи меѓу 60 и 80 отсто во зависност од дестинацијата, нешто што е во рамките на очекуваното. -Се отвораат 30 отсто од хотелите во цела Грција, што е околу 10.000 хотели. Меѓу популарните дестинации, на Крф, во Јанина, на Санторини, Миконос, нешто помалку на Крит и Родос, исполнетоста е околу 70-80 отсто за трите денови од Велигден, но не се отворени сите хотели. Во останатите делови е околу 60 отсто. На Халкидики се отвораат малку хотели, околу 20 отсто и доста соби за изнајмување, а исполнетоста за Велигден е околу 60 отсто, вели Тасиос и додава дека за Велигден,не доаѓаат толку многу странци, туку мнозинството се домашни туристи, Грци. Летната сезона, според претседателот на Федерацијата на хотелиери на Грција и на сојузот на хотелиери на Хакидики, се очекува да започне околу 10 мај, почеток што ќе биде тежок во споредба со 2019 година, бидејќи како што објаснува споредбите се прават со последното „нормално“ лето, односно последната сезона пред пандемијата. -Мислам дека она што постои како прва процена е дека 70-80 отсто од 2019 е изводливо да се постигне во целата земја, истакнува Тасиос. Додава дека од јуни до септември се очекува средна исполнетост, околу 50 до 55 отсто и во цела Грција и на Халкидики, но и дека ги чекаат и резервациите во последен момент за да стигнат до подобри бројки. Халкидики оваа година ги губи руските туристи, а Тасиос вели дека е отежната е ситуацијата и со туристите од Балканот, објаснувајќи дека во Романија постои страв поради војната во Украина, додека пак за другите држави како што се Македонија и Србија, коментира дека пречка за патување може да бидат покачувањата на цените и поскапото секојдневие во самите земји. Актуелната криза донесе и покачување на цените таверните како во цела Грција, така и на Халкидики, а Тасиос вели дека во овој момент на целиот пазар зголемувањата се за пет до десет отсто, иако сопствениците се обидуваат да ги задржат цените, а поскапувањето да е минимално, па така некаде е седум, некаде осум отсто. За велигденските празници во Грција не постојат промени на мерките и предусловите за патување, па така за влез во земјата и понатаму е задолжителен документ за Ковид-19, односно една од трите опции: сертификат за вакцинација со важност до девет месеци по втората доза, потврдата за прележана болест трае 180 дена, а доколку се патува со негативен тест, треба да биде направен 72 или 24 часа претходно, во зависност од тоа дали е ПЦР или рапид. Документот за Ковид-19 е задолжителен и за влез во сите објекти, со оглед на тоа дека непроменети се и мерките што важат во внатрешноста на Грција. Европските сертификати при влез се скенираат со специјална апликација, а исклучок се маркетите, аптеките, продавниците за храна и бензинските пумпи. Маската и понатаму е задолжителна за сите затворени простори.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pokacheni-cenite-vo-hotelite-vo-grcija-kakva-e-situacijata-so-paket-aranzmanite/feed/ 0
ОВИЕ ЛЕТНИ ДЕСТИНАЦИИ СЕ НАЈБАРАНИ: Македонците најмногу сакаат да летуваат во соседството https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ovie-letni-destinacii-se-najbarani-makedoncite-najmnogu-sakaat-da-letuvaat-vo-sosedstvoto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ovie-letni-destinacii-se-najbarani-makedoncite-najmnogu-sakaat-da-letuvaat-vo-sosedstvoto/#respond Sat, 19 Jun 2021 07:21:24 +0000 https://kurir.mk/?p=525277

Со намалување на бројот на новозаболени од Ковид-19, поголемиот број на вакцинирани и олеснувањето на условите за патување, полека се зголемува интересот на македонските граѓани за летување. Туристичките агенции кои ги контактираше МИА велат дека интерес има, особено за туристичките места во кои традиционално летуваат македонските граѓани. Атрактивни за летниот период остануваат Грција, Турција и Албанија. Условите за влез поради пандемијата се различни. Туристичките агенции постојано ја следат ситуацијата со цел навреме да ги информираат своите клиенти кои документи им се потребни. На нивните официјални веб страници може да се најдат детални информации што се е потребно за влез во секоја земја за која нудат аранжмани. Генерално, негативниот ПЦР тест или сертификатот за вакцинација се задолжителни, освен за Албанија и Црна Гора, каде засега на граничните премини не се бараат посебни документи за влез во земјата. Црногорските власти дури најавија дека целосно на државен трошок ќе биде покриено и болничкото лекување доколку некој турист заболи од Ковид-19. Во моментот, за Турција е потребен негативен ПЦР тест или сертификат за завршена вакцинација, а за влез во Грција од денеска, според најавите, покрај веќе познатите опции за влез, ќе може да се влезе и со негативен антигенски рапид (брз) тест. Оваа промена, грчките власти ја најавија вчера, а стапи во сила од утринава во 6 часот. За патување кај јужниот сосед, како можност за влез, остануваат и досега познатите правила задолжителен сертификат за вакцинација, 14 дена по примената втора доза или негативен резултат од ПЦР тест направен 72 часа пред патувањето. Како опција за влез останува и приложувањето на потврда за прележан коронавирус. Новата опција, односно негативниот резултат од брзиот тест треба да биде направен до 48 часа пред пристигнувањето во Грција. Задолжително е и пополнувањето на PLF формуларот кој може да се најде на сајтот https://travel.gov.gr. Овие обврски ќе важат за сите лица со наполнети 12 години и постари. Сертификатот за вакцинација треба да биде на грчки, англиски, француски, германски, италијански, шпански или руски јазик, да е издаден од јавна установа и да ги содржи основните генералии за лицето односно име и презиме како што се наведени во пасошот, видот на примената вакцина и бројот на дози и датумот кога се примени вакцините. За влез во Грција од Северна Македонија отворен останува граничниот премин Евзони кој работи од 6 до 22 часот по македонско време. Годинава, според информациите од туристичките агенции, цените за сместување се за нијанса поскапи од порано. За Грција, се нудат аранжмани од наеми за студија до хотелски сместувања, додека аранжманите за Турција главно се за хотелско сместување со четири или пет ѕвездички, со чартер летови или автобуски превоз вклучен во цената. Во Албанија, може да се најде приватно сместување, додека во хотелите најчесто сместувањето е на база ноќевање со појадок. Во Црна Гора, според најавите на туристичките организации од оваа држава, цените ќе бидат исти или слични како во 2019 година. За поегзотичните патувања како оние за Малдиви, Занзибар, Бали, Сејшели и Куба, интересот е помал, велат од туристичките агенции.(МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ovie-letni-destinacii-se-najbarani-makedoncite-najmnogu-sakaat-da-letuvaat-vo-sosedstvoto/feed/ 0
ОД ПОНЕДЕЛНИК СЕ МЕНУВААТ УСЛОВИТЕ ЗА ВЛЕЗ ВО ГРЦИЈА- Македонските семејства кои со деца планираат да патуваат ова мора да го имаат на ум! https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/od-ponedelnik-se-menuvaat-uslovite-za-vlez-vo-grcija-makedonskite-semejstva-koi-so-deca-planiraat-da-patuvaat-ova-mora-da-go-imaat-na-um/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/od-ponedelnik-se-menuvaat-uslovite-za-vlez-vo-grcija-makedonskite-semejstva-koi-so-deca-planiraat-da-patuvaat-ova-mora-da-go-imaat-na-um/#respond Sat, 05 Jun 2021 10:43:34 +0000 https://kurir.mk/?p=519325

Од понеделник во Грција стапува на сила обврска да се спроведе задолжителен влезен тест за лица постари од 6 години. Туристите ќе можат да влезат во оваа земја со негативен PCR тест, не постар од 72 часа или сертификат за вакцинација. Заменик министерот за цивилна заштита Никос Хардалиас информираше дека одлуката ќе стапи на сила на 7 јуни, пренесуваат грчките медиуми. Сите оние кои се позитивно тестирани на границата ќе треба да бидат ставени во карантин од 10 дена. Ќе бидат дозволени туристички тури на групи од по 20 лица на отворено. Условите за влез во Грција се менуваат Списокот со услови за влез во Грција е следен: 1) Пополнет формулар PLF Овој формулар може да се најде на страница travel.gov.gr 2) Доказ за имунизација Овој сертификат може да биде во форма на потврда за вакцинација со која било вакцина дадена во Македонија, со услов дека последната доза мора да се прими најмалку 14 дена пред пристигнувањето. Ако не сте биле вакцинирани, мора да направите негативен PCR-тест не постар од 72 часа. И, ако сте имале коронавирус, треба да обезбедите доказ дека сте боледувале од ковид од 2 до 9 месеци пред пристигнувањето. Ова го потврдувате со позитивен PCR или антигенски тест со кој ви е дијагностициран вирусот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/od-ponedelnik-se-menuvaat-uslovite-za-vlez-vo-grcija-makedonskite-semejstva-koi-so-deca-planiraat-da-patuvaat-ova-mora-da-go-imaat-na-um/feed/ 0
Грција ги отвора границите: Србите ќе може да одат таму на одмор, еве што им е потребно https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grcija-gi-otvora-granicite-srbite-kje-moze-da-odat-tamu-na-odmor-eve-shto-im-e-potrebno/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grcija-gi-otvora-granicite-srbite-kje-moze-da-odat-tamu-na-odmor-eve-shto-im-e-potrebno/#respond Mon, 29 Mar 2021 10:29:59 +0000 https://kurir.mk/?p=489151

Оваа година граѓаните на Србија ќе можат да одат на одмор во Грција со потврда дека биле вакцинирани со која било вакцина, со негативен ПЦР тест или брз тест, а грчките граници најверојатно ќе бидат отворени за српските туристи во средината на април, иако сезоната официјално започнува на 14 мај, изјавија денес во Белград министрите за туризам на Србија и Грција, Татјана Матиќ и Харис Теохарис, јави дописникот на МИА од Белград. Грчкиот министер на прес-конференција кажа дека неговата земја ќе ги прифати сите вакцини, вклучувајќи ги кинеските и руските, иако тие се уште не се прифатени на ниво на ЕУ. -Сите вакцини ќе бидат прифатени за влез во Грција и оние кои се имунизирани ќе бидат насочени кон зелената лента на границата, со што би се намалил метежот. Оние што немаат сертификат за вакцинација ќе им треба негативен ПЦР тест или антигенски тест, кажа Теохарис. Кога станува збор за децата, тој објасни дека на децата до 10 години нема да им треба вакцина или ПЦР тест, а на оние постари од 10 години потребен им е негативен тест. Министерите за туризам, Татјана Матиќ и Теохарис, во Белград потпишаа Заедничка изјава за соработка меѓу двете министерства за време и по пандемијата. Според министерката за туризам на Србија, целта е да им се овозможи на граѓаните на Србија да влезат во Грција и меѓусебно да се признаат дигиталните сертификати, и потенцираше дека се надева дека тоа ќе се случи наскоро, односно дека туристите од Србија наскоро ќе можат да влегуваат во Грција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grcija-gi-otvora-granicite-srbite-kje-moze-da-odat-tamu-na-odmor-eve-shto-im-e-potrebno/feed/ 0
Грција и Србија ќе ги договараат условите под кои Србите ќе може да летуваат на грчките плажи https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grcija-i-srbija-kje-gi-dogovaraat-uslovite-pod-koi-srbite-kje-moze-da-letuvaat-na-grchkite-plazi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grcija-i-srbija-kje-gi-dogovaraat-uslovite-pod-koi-srbite-kje-moze-da-letuvaat-na-grchkite-plazi/#respond Mon, 29 Mar 2021 07:05:24 +0000 https://kurir.mk/?p=489018

Условите под кои српските граѓани ќе можат да ги поминат своите летни одмори до омилените дестинации на Јонското и Егејското Море, треба да бидат познати по денешната средба на српската министерка за туризам Татјана Матиќ со нејзиниот грчки колега Харис Теохарис во Белград. Директорот на здружението на приватни туристички агенции на Србија, Александар Сеничиќ, кој ќе разговара со Теохарис посочува во изјава за Новости, дека еден од приоритетите е да се овозможи влез на сите што биле вакцинирани, без оглед на потеклото на вакцината, но и на оние кои не се вакцинирани. – Многу е важно граѓаните кои не биле вакцинирани да имаат избор и Грција да признае ПЦР или антиген, но и тест за антитела, што ќе им овозможи на луѓето да патуваат на поевтин начин, изјави Сеничиќ. – Најважно е секој што ги исполнува условите да може да влезе во Грција и да го искористи својот одмор. Изминатите денови медиумите во Србија објавија дека преминот Евзони, на границата на Северна Македонија и Грција, се планира да остане затворен и оваа година, освен за оние кои имаат потврда за престој во таа земја, затоа што Грците немаат техничка можност за тестирање таму повремено, објави весникот. Сеничиќ вели дека, сепак, постои шанса преминот да се отвори. Грчкиот министер Теохарис неодамна објави дека земјата ќе ги отвори своите граници на 14 мај и дека ќе биде потребно здравствено уверение, но исто така ќе бидат спроведени и случајни тестови.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grcija-i-srbija-kje-gi-dogovaraat-uslovite-pod-koi-srbite-kje-moze-da-letuvaat-na-grchkite-plazi/feed/ 0