Лев Тахор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 23 Feb 2022 15:36:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Лев Тахор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Членови од еврејската група „Лев Тахор“ кои се сместени во охридско: Непотребно се создава омраза против нас https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chlenovi-od-evrejskata-grupa-lev-tahor-koi-se-smesteni-vo-ohridsko-nepotrebno-se-sozdava-omraza-protiv-nas/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chlenovi-od-evrejskata-grupa-lev-tahor-koi-se-smesteni-vo-ohridsko-nepotrebno-se-sozdava-omraza-protiv-nas/#respond Wed, 23 Feb 2022 15:36:08 +0000 https://kurir.mk/?p=635538

Припадниците на еврејската религиозна група Лев Тахор кои моментално се сместени во хотелот „Прага“ во охридското село Горно Лакочереј сметаат дека непотребно се создава омраза против нив, отфрлајќи ги како лаги и шпекулации тврдењата за нивните активности во местата каде привремено престојуваат. Припадничка на групата во изјава дадена за медиумите истакна дека Северна Македонија е прекрасна земја, народот е добар, независно што поединци негативно реагираат на нивното присуство. – Тука сме туристички за да посетиме некои еврејски објекти, синагоги, да посетиме роднини, гробови на наши претци…Немаме планови да бараме никаков постојан престој, тука сме привремено, имаме дозвола од тримесечен престој, а немаме намера да останеме тука повеќе од еден месец, рече таа. Во врска со реакциите на локалното население, таа забележува дека непотребно се создава некаква омраза против нив, им се ускратува нивното право слободно да патуваат, да ги посетат местата за кои се и дојдени тука. – Со се она што се случува, реакциите, ние сме се уште во потрага по место каде ќе можеме да се сместиме и да можеме пристојно да престојуваме, и во крајна линија да го направиме она за што сме тука, да ги посетиме местата од интерес. Трошиме средства, бараме место каде да се сместиме, без да ни се даде можност да се фокусираме на она за што сме тука. На овој начин нема да можеме да посетиме ниту едно место заради кое впрочем сме дојдени тука, вели таа. Таа категорично исклучува тврдења и обвинувања дека се шпиуни, уште помалку терористи… – Луѓето непотребно се агресивни кон нас. Не бевме протерани од БиХ, тоа се само медиумски шпекулации, наш избор беше да заминеме оттаму согласно плановите, за потоа да дојдеме тука. Моментално немаме постојан престој, во потрага сме по земја каде ќе ни биде дозволено да ги практикуваме нашите човечки права и религиозни слободи, како што е запишано и во библијата. Во меѓувреме транзитираме, не знаеме кога тоа ќе се случи, но засега немаме планови за постојана дестинација, рече таа. Што се однесува на тоа како ги подмируват трошоците за патувањата, таа појасни дека во групата има луѓе кои се со сопствени заштеди, некои од нив работаат онлајн, меѓусебно се помагаат…Единствен проблем, како што рече, е тоа што поради постојаните селења за нив претставуваат непотребни дополнителни трошоци. Жителите на селото Горно Лакочереј се мобилизираа и најавија протест поради присуството на припадниците на Лев Тахор во хотелот „Прага“, со барање тие да си заминат поради наводни стравувања за безбедноста на нивните деца. Реакции имаше и на социјалните мрежи, каде беа објавени статуси и коментари со недолична и заканувачка содржина. Охриѓанка заработи и кривична пријава заради објавување содржина на нејзиниот фејсбук-профил преку која извршила казнено дело „ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ казниво по член 394-г од КЗ. Од МВР официјално беше соопштено дека членовите на групата имаат легални патни исправи и одобрен привремен престој во Македонија. – Групата не претставува никаква опасност и апелираме на толеранција и солидарност кон истите, соопштија од МВР, а од охридската полиција со информација дека нема ниту пријава, ниту поплака за нивниот престој на територијата на Општина Охрид.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chlenovi-od-evrejskata-grupa-lev-tahor-koi-se-smesteni-vo-ohridsko-nepotrebno-se-sozdava-omraza-protiv-nas/feed/ 0
Охриѓанка пишувала расистички коментари за „Лев Тахор“, сега кривично ќе одговара https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/ohrigjanka-pishuvala-rasistichki-komentari-za-lev-tahor-sega-krivichno-kje-odgovara/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/ohrigjanka-pishuvala-rasistichki-komentari-za-lev-tahor-sega-krivichno-kje-odgovara/#respond Tue, 22 Feb 2022 16:17:47 +0000 https://kurir.mk/?p=634998

Денеска (22.02.2022) полициски службеници од СВР Охрид извршија службен разговор во СВР Охрид со В.С. (38) од охридско, која во текот на вчерашниот ден на социјалната мрежа Фејсбук поставила содржина со која извршила кривично дело „Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ казниво по член 394-г од КЗ, навредувајќи ја еврејската верска група „Лев Тахор“. При разговорот В.С. изјавила дека таа во текот на вчерашниот ден ја поставила содржината, а денеска самата ја избришала. По целосно документирање на случајот до ОЈО Охрид ќе биде поднесена кривична пријава по член 394-г од КЗ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/ohrigjanka-pishuvala-rasistichki-komentari-za-lev-tahor-sega-krivichno-kje-odgovara/feed/ 0
Се организира протест: По Куманово и Скопје, припадниците на „Лев Тахор“ сега се сместени во овој македонски град https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-organizira-protest-po-kumanovo-i-skopje-pripadnicite-na-lev-tahor-sega-se-smesteni-vo-ovoj-makedonski-grad/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-organizira-protest-po-kumanovo-i-skopje-pripadnicite-na-lev-tahor-sega-se-smesteni-vo-ovoj-makedonski-grad/#respond Mon, 21 Feb 2022 09:35:22 +0000 https://kurir.mk/?p=634176

Припадници на еврејската група Лев Тахор станаа несакани гости веднаш по нивното пристигнување во Куманово.  По ова државата за кои уверува дека се со исправна документација ги префрли во Скопје, каде многу сопственици на хотели одбиваа да ги примат, но сепак останаа неколку денови. За сега истата оваа група да биде донесена во Охрид, поточно да бидат сместени во хотел во Лакочереј, објави порталот News1. Жителите на ова охридско село веднаш штом ги виделе, велат оваа група треба да си замине од селото. Тие веќе се организираат да протестираат. -Интересно е зошто оваа група се сместува во рурални средини, а неразбирливо е зошто кога не се прифатени од средината упорно остануваат, пишува порталот. Инаку групата не наиде на топол пречек ниту во Босна и Херцеговина (БиХ), од која заминале неодамна. Од МВР уведуваат дека оваа група е со  легален престој и привремено престојуваат во државава. Во групата од 38 члена, како што претходно информираа од кумановската полиција, има американски, канадски, белгиски и граѓани од Јужна Америка, кои како што посочија, имаат легални патни исправи односно документи и имаат одобрен престој во земјава.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-organizira-protest-po-kumanovo-i-skopje-pripadnicite-na-lev-tahor-sega-se-smesteni-vo-ovoj-makedonski-grad/feed/ 0
Лев Тахор за ТВ 24: Во Куманово сме само на поминување, никому не штетиме, проповедаме љубов https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lev-tahor-za-tv-24-vo-kumanovo-sme-samo-na-pominuvanje-nikomu-ne-shtetime-propovedame-ljubov/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lev-tahor-za-tv-24-vo-kumanovo-sme-samo-na-pominuvanje-nikomu-ne-shtetime-propovedame-ljubov/#respond Mon, 14 Feb 2022 16:53:10 +0000 https://kurir.mk/?p=631403

ТВ 24 стапи во контакт со член на религиознизната група Лев Тахор која престојува во Куманово, а последниве денови предизвика бурни реакции и интерес во јавноста. Од религиозната група велат дека се прогонувани од повеќе држави поради нивната религија и нивните верувања, но ги отфрлаат сите обвинувања кои ги имаат во други земји дека злоупотребувале деца. Не се опасни и велат дека ретко ја напуштаат нивната куќа каде што престојуваат, само кога треба да одат во продавница. Од групата ги демантираат сите информации во јавноста дека киднапираат или злоупотребуваат деца, во Канада 18 месеци траела истрага против нив, но не пронашле ништо.. Секојдневно доаѓале социјални работници и психолози, а поради притисоците ги напуштаат постојано државите. За тоа до кога ќе седат во Македонија, немаат информација. Тука имаат легален престој од 90 дена.. Но ТВ 24 ги сретна сопствениците на куќата каде што престојуваат и тие велат дека религиозната група ќе го напушти Куманово уште утре, но не кажаа поради кои причини. Првиот човек на Куманово, Максим Димитриевски за ТВ 24 вели дека еврејската секта која ненадејно се досели во овој град е добредојдена, се додека се однесува според правилата и прописите. Од МВР пак информираа дека групата е привремено во Куманово, а сите се со легални патни исправи и со легален престој. Според нив групата не претстаува никаква опасност за жителите. Станува збор за група од околу 30 члена, а десетина се сместени во оваа куќа, другите се распределени на други локации. Според разговорите кои ги имавме со соседите од оваа улица, велат дека тие ретко го напуштаат домот каде што престојуваат, односно само кога имаат потреба, но дека секојдневно пред оваа куќа каде што престојуваат се собираат граѓани, соседи, кумановци, кои што ги интересира што прави оваа религиозна група токму во Куманово. Групата Лев Тахор се противи на државното уредување и живеат по свои правила. Оваа група до минатата недела престојувала во Сараево, но според тамошните медиуми, не и било дозволено да го продолжи престојот, па се упатиле во Македонија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lev-tahor-za-tv-24-vo-kumanovo-sme-samo-na-pominuvanje-nikomu-ne-shtetime-propovedame-ljubov/feed/ 0