леверкузен – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 28 Jul 2021 09:22:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png леверкузен – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ФОТО: Голема експлозија во Леверкузен, исчезнати пет лица https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-golema-eksplozija-vo-leverkuzen-ischeznati-pet-lica/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-golema-eksplozija-vo-leverkuzen-ischeznati-pet-lica/#respond Wed, 28 Jul 2021 09:22:09 +0000 https://kurir.mk/?p=542948

Пет лица сè уште се водат за исчезнати по големата експлозија во индустриски комплекс во Леверкузен, Германија. Во инцидентот две лица загинаа, а повеќе од 30 се повредени. Петмина од нив се во сериозна здравствена состојба. Експлозијата одекна при горење отпад во најголемиот ваков центар во земјата, во хемиската компанија Курента, недалеку од Леверкузен. По експлозијата,противпожарната единица по три часа борба со стихијата успеа да ја спречи опасноста од втора експлозија, изјави за ДПА државен службеник. -Резервоарот содржел 100.000 литри многу запалив, токсичен отпаден материјал, изјави министерот за внатрешни работи на Северна Рајна Вестфалија, Херберт Реул, додавајќи дека во „Хемпаркот“ се распоредени 300 пожарникари. Пожарот е локализиран, но се уште постои опасност од експлозија на втор резервоар. Според раководството на компанијата Курента, експлозијата се случила вчера претпладне во складиштето за специјален хемиски отпад, каде се собираат и од каде се депонираат отпадни материјали од производството на три фирми. Се запалиле три цистерни со средства за растворање. На противпожарните екипи од фабричките комплекси и пристигнатите пожарникари од Келн и околината им биле потребни повеќе часови за гаснење на огнот. Причината за пожарот засега не е позната, зашто не постоеле услови за почеток на истрагата, која ја презеде Службата за криминалистика во полицијата од Келн, пренесува Дојче веле. Во 2019 година концернот Бајер и Ланксес му го продадоа својот удел во Курента на инфрастртуктурен и инвестициски фонд на австралиската банка Мекквори. Компанијата управува со таканаречените хемиски паркови во германските градови Леверкузен, Дормаген и Крефелд.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-golema-eksplozija-vo-leverkuzen-ischeznati-pet-lica/feed/ 0
Експлозија во Леверкузен: Еден загинат, четворица исчезнати https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eksplozija-vo-leverkuzen-eden-zaginat-chetvorica-ischeznati/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eksplozija-vo-leverkuzen-eden-zaginat-chetvorica-ischeznati/#respond Tue, 27 Jul 2021 12:34:49 +0000 https://kurir.mk/?p=542525

Еден работник загина, а четворица се водат како исчезнати по денешната експлозија во фабрика за хемиски отпадни материјали во западниот германскиот град Леверкузен. Во инцидентот, кој се случи утрово, се повредени 16 лица, од кои четворица посериозно. Експлозија во во хемискиот комплекс „Кемпарк“ доведе до пожар во резервоар со растворувачи. Гаснењето на пожарот мораше да се одложи се додека не се исклучи кабелот за електрична енергија, но набрзо започна, соопштија градските власти. Експлозијата предизвика огромен облак од црн чад на небото. Германската федерална канцеларија за цивилна заштита и помош при катастрофи ја класифицираше експлозијата како „екстремна закана“ и побара од жителите да останат во своите домови и да ги затворат прозорците и вратите, јави ДПА. Телевизијата „Ве Де Ер“ цитираше очевидци кои изјавија дека слушнале експлозија и виделе чад како се издигнува од објект на компанијата за хемиски и фармацевтски производи „Баер“. Полицијата во Леверкузен ангажира голем број свои екипи, а некои патишта се делумно блокирани за сообраќај, поради брза пристапност на службите за итни случаи. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eksplozija-vo-leverkuzen-eden-zaginat-chetvorica-ischeznati/feed/ 0
Баер е подготвен да размени напаѓач со доплата за дефанзивецот на Монако https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/baer-e-podgotven-da-razmeni-napagjach-so-doplata-za-defanzivecot-na-monako/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/baer-e-podgotven-da-razmeni-napagjach-so-doplata-za-defanzivecot-na-monako/#respond Tue, 04 Aug 2020 07:03:25 +0000 https://kurir.mk/?p=385725

Бундеслигашот Баер е заинтересиран во Леверкузен да го донесе дефанзивецот на Монако, Бенуа Бадијашиле. Според „РМЦ“, германскиот клуб е подготвен да понуди 20 милиони евра за Французинот и напаѓачот Кевин Фоланд. Во сезоната 2019/20 година, Бадијашиле играше на 20 натпревари на сите турнири. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/baer-e-podgotven-da-razmeni-napagjach-so-doplata-za-defanzivecot-na-monako/feed/ 0
Лено го посакува местото на Чех во Арсенал https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/leno-go-posakuva-mestoto-na-cheh-vo-arsenal/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/leno-go-posakuva-mestoto-na-cheh-vo-arsenal/#respond Thu, 30 Aug 2018 15:46:47 +0000 https://kurir.mk/?p=94372

Голманот Бернд Лено летово од Леверкузен пристигна во Арсенал со трансфер во висина од 25 милиони евра, но и по три кола во Премиер лигата тој се уште не дебитирал на голот на лондонскиот клуб. Тој очигледно не е задоволен да биде резерва на Петр Чех и пред медиумите ја објасни неговата ситуација во клубот. - Убеден сум дека мојот трансфер беше добра одлука. Можеби ќе бидат потребни неколку седмици или месеци, но моето време ќе дојде. Би сакал да играм веднаш, но нема да губам трпение. Тренерот ми објасни јасен план и верувам во него, истакна германскиот голман. Лено наведува дека тренерот Унаи Емери пред трансферот му соопштил дека Арсенал бара голман со неговиот стил и начин на игра. Досега на сите три натпревари од новата сезона во Премиер лигата на голот беше Чех, кој поради добрите настапи засега е прв голман во тимот на Емери.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/leno-go-posakuva-mestoto-na-cheh-vo-arsenal/feed/ 0