левица – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 30 Oct 2023 17:04:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png левица – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ШАНСА ЗА ЦЕНТАР ДО ЛЕВИЦА: Сега ви текна на Треска, кога знаете дека сите правни механизми се исцрпени https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shansa-za-tsentar-do-levitsa-sega-vi-tekna-na-treska-koga-znaete-deka-site-pravni-mehanizmi-se-istsrpeni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shansa-za-tsentar-do-levitsa-sega-vi-tekna-na-treska-koga-znaete-deka-site-pravni-mehanizmi-se-istsrpeni/#respond Mon, 30 Oct 2023 16:57:20 +0000 https://kurir.mk/?p=894588

Од иницијативата Шанса за Центар се обраќаат со прашања до партијата Левица. Прашуваат зошто дури сега им текнува за урбицидот кај Треска и зошто досега молчеле. Од Шанса за Центар прашуваат дали после битка глумат јунаци. „Каде бевте кога ни требаше поддршка во Совет на Општина Центар да му се спротивставиме на градоначалникот кога велеше дека тоа е приватен имот и секој може да прави што сака на приватен имот. Дека приватниот интерес е над јавниот! Тогаш него го поддржавте! Каде бевте кога Шанса за Центар поднесуваше иницијатива до Уставен суд за оценка на уставноста на ГУП за Буњаковец (во кој спаѓа и Треска)? Чекавте судот да застане зад градежниците, па после да реагирате! Сега ви текна на Треска, кога знаете дека сите правни механизми се исцрпени и веќе нема ни теоретски шанси нешто да се смени? Продавате само гол ПР и популизам. Само глумите лудило, а секогаш сте таму да му го дадете гласот на СДСМ во Општина Центар кога треба да се помине одлука и да се „брцне во медот”!“, наведуваат во објавата. Порача дека оној кој има дилема, треба да изгледа видео од било која седница на Совет, или продолжението на 27-та каде се аминува продажбата на земјиште во Буњаковец и Треска. Инаку, Левица вели дека документите до кои дошле преку средби со стечајците од поранешната фабрика „Треска”, покажуваат дека во 2018 и 2019 година е направен најголемиот криминал во Општина Центар со денационализацијата на земјиштето на „Треска”.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shansa-za-tsentar-do-levitsa-sega-vi-tekna-na-treska-koga-znaete-deka-site-pravni-mehanizmi-se-istsrpeni/feed/ 0
Илиевски до Апасиев: „Прав рутер војвода, слугата на Заев и Катица од Девица е малку нервозен“? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ilievski-do-apasiev-prav-ruter-vojvoda-slugata-na-zaev-i-katitsa-od-devitsa-e-malku-nervozen/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ilievski-do-apasiev-prav-ruter-vojvoda-slugata-na-zaev-i-katitsa-od-devitsa-e-malku-nervozen/#respond Thu, 07 Sep 2023 11:40:00 +0000 https://kurir.mk/?p=875716

„Дали Апасиев оставил картица да прави кворум за секој случај ако е тесно, а излегол од сала за да прави фори после“? - прашува Богдан Илиевски, автор на емисија на ТВ Алфа. „Пошо преку тасе ми дојде ДЕВИЦА. Снимката е од секунда по гласањето. Ги броев два пати. Како што претпоставив: Талат става на гласање со сигурни 62 присутни од негова банда. ПЛУС ТАЉАТ се 63!!! Пратеник може да гласа за, против, воздржано или да не гласа. Ако оставил картица во сала ќе го бројат. Димче картичката „ја заборавил“. И се брои во присутни иако не е во сала. Излегол, па не може ни збор да земе, ни амандман да поднесе, ни да побара пребројување еден по еден пратеник. Чудно“ - напиша вчера Илиевски. Откако Апасиев возврати со статус на социјалните мрежи, Илиевски имаше што да му порача: „Слугата на Заев и Катица од Девица је мало нервозан? Не е навикнат да му ги вади некој глупостите на ачик, па откако им отќуте вчера во парламент, денес исЌина со статусите, прав рутер војвода. Димче збирај нерви, само што започнав. И да частиш нешто од вчерашната дневница, статусов не се важи“ - напиша тој. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ilievski-do-apasiev-prav-ruter-vojvoda-slugata-na-zaev-i-katitsa-od-devitsa-e-malku-nervozen/feed/ 0
Панова: СДС и ДУИ вчера гласаа за амнестија на своите криминали, Левица не гласаше против, им помогна како и секогаш https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/panova-sds-i-dui-vchera-glasaa-za-amnestija-na-svoite-kriminali-levitsa-ne-glasashe-protiv-im-pomogna-kako-i-sekogash/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/panova-sds-i-dui-vchera-glasaa-za-amnestija-na-svoite-kriminali-levitsa-ne-glasashe-protiv-im-pomogna-kako-i-sekogash/#respond Thu, 07 Sep 2023 11:28:33 +0000 https://kurir.mk/?p=875705

СДС и ДУИ вчера гласаа за амнестија на своите криминали, Левица не гласаше против, им помогна како и секогаш, вели Ели Панова, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ. -СДС и ДУИ вчера гласаа за амнестија на сите криминали кои ги прават во изминатите 6 години. Со измени во Кривичниот закон се брише ставот 5 од членот 353 кој ја санкционира злоупотребата на службената положба и овластувања при вршење јавни набавки или на штета на Буџетот и на јавните фондови за кој беше предвидена казна од најмалку 5 години затвор, максималната казна затвор за злосторничко здружение се намалува од 10 на 3 години, а се укинува и проширената конфискација за нелегално стекнат имот. Овие законски измени се за аболиција на сите министри и директори на СДС и ДУИ од 2017 година до денес, за сите тендери и набавки во РЕК Битола, ЕЛЕМ, М-НАВ, МВР, буквално за сите кои беа извршители и испумпуваа буџетски пари во милионски износи. СДС и ДУИ се спремаат за опозиција, знаат дека нема да ги имаат обвинителството и судовите под нивна контрола кога ќе се смени власта, а со тоа не можат да прават притисок да не бидат покренати обвиненија и да бидат осудени, и токму затоа ги намалуваат казните, истакна таа. „На сето ова параван е Левица, која не гласаше против, и не направи ништо конкретно во Собранието против носење на овој закон. Ковачевски е лидер на СДС кој има за цел да обезбеди амнестија за сите нивни функционери и да си замине, а Апасиев му е спотер во целиот процес, како човек кој преку Шарената револуција ги донесе на власти го овозможи подоцнежниот грабеж кој се случи. И СДС и ДУИ, но и нивните спотери од Левица треба да знаат дека одговорност ќе има и ќе одговараат, без разлика и колку амнестии да си донесат или закони да си сменат“ - порача Панова. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/panova-sds-i-dui-vchera-glasaa-za-amnestija-na-svoite-kriminali-levitsa-ne-glasashe-protiv-im-pomogna-kako-i-sekogash/feed/ 0
„Паѓаат – СДС и ДУИ гласаа за амнестија на нивните криминали, а фолирантите Левица не беа против“ – обвинува ВМРО-ДПМНЕ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pagaat-sds-i-dui-glasaa-za-amnestija-na-nivnite-kriminali-a-folirantite-levitsa-ne-bea-protiv-obvinuva-vmro-dpmne/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pagaat-sds-i-dui-glasaa-za-amnestija-na-nivnite-kriminali-a-folirantite-levitsa-ne-bea-protiv-obvinuva-vmro-dpmne/#respond Thu, 07 Sep 2023 07:10:28 +0000 https://kurir.mk/?p=875538

СДС и ДУИ гласаа за амнестија на нивните криминали, а спотерот, фолирантите од Левица не гласаа против измените на Кривичниот законик. СДС и ДУИ гласаа за амнестија на својот криминал изминативе 6 години и знаат дека со сигурност паѓаат, обвинува ВМРО-ДПМНЕ. -СДС и ДУИ се спремаат за опозиција, знаат дека нема да ги имаат судовите повеќе под нивна контрола и ќе треба да одговараат за криминалот кој го прават, па затоа ги намалуваат казните. Левица е лицемерна како и секогаш, наместо да се бори против и да гласа против амнестијата на криминалците од СДС и ДУИ тие им помагаат. Левица е параван за политиките на СДС и ДУИ. Левица е за амнестија на криминалците од власта, се наведува во партиското соопштение. „Ковачевски е премиерот кој ќе остане како лидер на најнеспособната власт, а Димитар Апасиев како човек кој преку шарената револуција и криминалното СЈО помогнал да се востоличи таа најнеспособна власт на СДС и ДУИ. Треба да знаат ДУИ и СДС дека ме ги спасува амнестијата, и правда ќе има“ - посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pagaat-sds-i-dui-glasaa-za-amnestija-na-nivnite-kriminali-a-folirantite-levitsa-ne-bea-protiv-obvinuva-vmro-dpmne/feed/ 0
„Две третини од Македонците не можат да си дозволат годишен одмор“- велеше Апасиев и му ја летна за Хургада „ол инклузив“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dve-tretini-od-makedontsite-ne-mozhat-da-si-dozvolat-godishen-odmor-veleshe-apasiev-i-mu-ja-letna-za-hurgada-ol-inkluziv/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dve-tretini-od-makedontsite-ne-mozhat-da-si-dozvolat-godishen-odmor-veleshe-apasiev-i-mu-ja-letna-za-hurgada-ol-inkluziv/#respond Fri, 04 Aug 2023 09:46:43 +0000 https://kurir.mk/?p=863293

Лидерот на Левица познат по продавањето социјлани политики дека македонските граѓани едвај преживуваат покажа на дело дека не треба да се гледа што говори туку што прави, пишува РЕПУБЛИКА. -Истиот тој Димитар Апасиев утрово на аеродромот во Скопје е забележан како се чекира  за лет за Египет. Димче и сопругата работничките права ќе ги бараат во Хургада, лукзузно одмаралиште каде одат оние со подлабог џеб и каде сѐ е на база „ол инклузив“. За оваа понуда нема аранжман помал од 600 евра па семејството Апасиев ќе потроши најмалку пет просечни македонски плати за седумдневен аранжман. Или една пратеничка, пишува РЕПУБЛИКА. Целата вест прочитајте ја на РЕПУБЛИКА ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dve-tretini-od-makedontsite-ne-mozhat-da-si-dozvolat-godishen-odmor-veleshe-apasiev-i-mu-ja-letna-za-hurgada-ol-inkluziv/feed/ 0
АНАЛИЗА: Се цртаат контурите на новата изборна коалиција СДСМ, ДУИ и Левица, Апасиев се залепи за Ковачевски и СДСМ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/analiza-se-tsrtaat-konturite-na-novata-izborna-koalitsija-sdsm-dui-i-levitsa-apasiev-se-zalepi-za-kovachevski-i-sdsm/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/analiza-se-tsrtaat-konturite-na-novata-izborna-koalitsija-sdsm-dui-i-levitsa-apasiev-se-zalepi-za-kovachevski-i-sdsm/#respond Thu, 13 Jul 2023 13:35:45 +0000 https://kurir.mk/?p=856296

Се почести се нападите кон ВМРО-ДПМНЕ и лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски откако во медиумите излегуваат информациите од анкетите спроведени од меѓународни истражувачки куќи за се поголемиот рејтинг на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски. Оттаму, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не се само мета на напад од страна на владејачката СДСМ и ДУИ за кои излегуваат секојдневни криминали и афери поврзани со милионски бизниси, деновиве наназад се мета на напад и од страна на самопрогласениот опозиционер и претседател на Левица, Димитар Апасиев, кој е во се поголема паника поради фактот дека на следните парламентарни избори без разлика дали би биле предвремени или редовни, апсолутно мнозинство во Собранието би го имала токму ВМРО-ДПМНЕ, па нема да им биде потребна коалиција со други политички партии. Апасиев во страв дека таквата влада нема да подлежи под притисок и уцени на ниту еден албански субјект или друга политичка партија од македонскиот блок, почнува отворена кампања против ВМРО-ДПМНЕ и повик за глас за СДСМ и ДУИ. Од вчерашното гостување во емисијата Аргумент плус на телевизија 24 на Апасиев може да се констатира дека тој не само што не го напаѓа Димитар Ковачевски и СДСМ, туку ја користи истата реторика со нив. Апасиев изјави дека да не беше Левица во Собранието до сега уставните измени ќе беа донесени, како и ДПМНЕ си пукаше во нога со прифаќање на концептот за широка влада. Да не беше Левица со двајца пратеници внатре, до сега ќе поминеа и уставните измени. ДПМНЕ си пукаше во нога со прифаќање на концептот за широка влада, рече Апасиев. Апасиев со двајца пратеници се обидува да се претстави во јавноста дека всушност ги блокира уставните измени и внесувањето на Бугарите во македонското устав. Но, фактите го говорат сосема спротивно. Политичката партија Левица има само двајца пратеници, додека ВМРО-ДПМНЕ е партија со најмногу број на пратеници во парламентот, и од таму логично би било дека 44 пратеници се повеќе од тие 2 на Левица. Но, и самото тоа изговарање на пола од називот на партијата ВМРО-ДПМНЕ, покажува дека Апасиев и Ковачевски се во коалиција и се договараат во еден ист центар. Она што исто така е доста симптоматично, е што Ковачевски и Груби често изјавуваат дека за уставни измени ќе разговараат со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, но никој од нив не ги спомнал двајцата пратеници на Левица, Апасиев и Борис Крмов, што се создава слика дека тие веќе се согласни за уставните измени, само чекаат да бидат ставени на дневен ред. Дополнително, во вода паѓа и изјавата на Апасиев дека тезите на Мицкоски се налудничави и дека доколку како што го нарекува ВМРО-ДПМНЕ, ДПМНЕ и Мицкоски добие 61 пратеник ќе ја нема Македонија, бидејќи токму 6 години наназад ВМРО-ДПМНЕ е единствената партија која на секое национално понижување од страна на СДСМ и ДУИ се спротивставила со организирање на протести, спротивставување на лоши законски решенија, и носење на документи за цртање на црвените линии на македонските национални интереси, кои што за жал токму партнерите на Апасиев од СДСМ и ДУИ, не ги почитуваат. ВМРО-ДПМНЕ е единствената политичка партија од македонскиот блок која има конзистентен став уште пред потпишување и гласање на францускиот предлог па се до денес, а зад тој став стои токму и лидерот Мицкоски кој децидно отфрли уставни измени под бугарски диктат и со нови дополнителни барања и уцени, ниту еден пратеник од ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати, ниту да гласа, рече Апасиев. Не заборавајте, ДПМНЕ со 61 пратеник ги амнестираа хашките случаи; не успеа да спроведе попис... Дадете ли сега 61 пратеник на ДПМНЕ, крстете се, ја нема Македонија. Оттука, нашата теза е дека Левица мора да добие двоцифрен број на пратеници за моќта на уценување од ДУИ конечно да премине во македонска партија којашто ќе ги држи националните интереси како приоритет. Таа партија во моментов е само Левица, изјави тој. Со ваквите изјави Апасиев отворено повикува да се даде поддршка за владата на СДСМ и ДУИ, и отворено го поддржува работење на Ковачевски и Ахмети, кои што се потонати во се поголем криминал. Дека Апасиев е во секојдневна комуникација со СДСМ, покажува уште кога Зоран Заев беше премиер и кога на седница за поставување на пратенички прашања му рече на Апасиев да каже дека за време на парламентарните избори бил договорен со СДСМ да му ги обезбедат сите логистички и материјални неопходни ресурси само да им се земаат гласови на ВМРО-ДПМНЕ, како и дека бил договорен со него дека по изборите нивната соработка ќе продолжи со поддршка на политиките на СДСМ доколку Апасиев освои пратеник во собранието. Дали е вистина или шпекулација дека јас и вие сме се договориле да ви ги обезбедиме сите неопходни ресурси за време на последните избори, логистички и материјални само да одземате гласови од ВМРО-ДПМНЕ за да ја спасиме државата од Мицкоски. И притоа да дадете директен одговор дали е вистина или шпекулација дека договоривме да продолжите понатаму да не поддржувате доколку освоите пратеник, го праша Заев на седница во 2020 година Апасиев. Понатаму, за тесната релација на Апасиев со СДСМ е и потврдата кога токму лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски му понуди на Апасиев обединување се со цел да се сруши Заев уште во 2021 година бидејќи токму Левица има лична одговорност за носењето на коалицијата СДСМ и ДУИ на власт, но тој ја одби, изјавувајќи дека не сака обединување, бидејќи политичкото мислење на Левица е да стане власт, што покажува дека повеќе им се важни функциите отколку интересот на граѓаните. Коалицијата СДСМ, ДУИ и Левица е се поочигледна и во советите на општините, како и во Советот на Град Скопје и поддршката на скопската градоначалничка Данела Арсовска кои работат на штета и против интересите на граѓаните кочејќи ги проектите за граѓаните. Понатаму, дека Апасиев се обидува да им се додворува и на ДУИ и да стане миленик на Али Ахмети е и фактот што тој и членови на Левица се поклонија пред споменикот на албанскиот државник Енвер Хоџа, кој бил последниот комунистички диктатор во Европа, бидејќи токму јавноста имаше можност да го гледа снимки од лидерот на ДУИ Ахмети како со страст слуша и потпевнува песни посветени на Енвер Хоџа. Исто така за потсетување на јавноста, токму Апасиев беше и советник на Специјалното јавно обвинителство кое всушност беше владина институција за гонење и терор на опозицијата, а не независно јавно обвинителство. Па така, како доаѓа времето за избори полека се исцртуваат контурите на новата изборна коалиции СДСМ, ДУИ и Левица, а тоа го потврдува и Апасиев кој побрза да се залепи за Ковачевски и СДСМ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/analiza-se-tsrtaat-konturite-na-novata-izborna-koalitsija-sdsm-dui-i-levitsa-apasiev-se-zalepi-za-kovachevski-i-sdsm/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: СДС да каже, дали како што ја договори Левица за коалиција во Битола и Скопје, ќе ја договори да ги гласа и уставните измени? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-sds-da-kazhe-dali-kako-shto-ja-dogovori-levitsa-za-koalitsija-vo-bitola-i-skopje-ke-ja-dogovori-da-gi-glasa-i-ustavnite-izmeni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-sds-da-kazhe-dali-kako-shto-ja-dogovori-levitsa-za-koalitsija-vo-bitola-i-skopje-ke-ja-dogovori-da-gi-glasa-i-ustavnite-izmeni/#respond Fri, 02 Jun 2023 08:23:05 +0000 https://kurir.mk/?p=841439

Коалицијата на СДС и Левица во општина Битола само ја потврди нивната соработка која почна во Градот Скопје, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата прашуваат дали како што СДС ја договори Левица за коалиција во Битола и Скопје, ќе ја договори да ги гласа и уставните измени? -Дали СДС и ДУИ се заортачија со партијата на Апасиев и кој кого држи во заложништво сега? Оваа коалиција на СДС/ДУИ/Левица во Битола само покажува за какви непринципилени субјекти станува збор. Тие не можат да се помират со успешноста на локалната власт во Битола и сега почнуваат да кочат и да опструираат. Граѓаните видоа дека едно зборуваат, а друго прават. Ова е коалиција на Левица која е спремна на се само за да добие некој бенефит, а СДС исто така е спремна се да проголта за да ги реализира своите штетни политики во кои припаѓаат и уставните измени. Народот гледа и народот ќе ги казни на следните избори овие ортаци од СДС, ДУИ и Левица, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-sds-da-kazhe-dali-kako-shto-ja-dogovori-levitsa-za-koalitsija-vo-bitola-i-skopje-ke-ja-dogovori-da-gi-glasa-i-ustavnite-izmeni/feed/ 0
Лавина ОСТРИ РЕАКЦИИ по посетата на Левица на гробот на Енвер Хоџа: Кога ќе се поклоните кај Чаушеску, Пиноче, Живков… (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lavina-ostri-reaktsii-po-posetata-na-levitsa-na-grobot-na-enver-hodha-koga-ke-se-poklonite-kaj-chaushesku-pinoche-zhivkov-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lavina-ostri-reaktsii-po-posetata-na-levitsa-na-grobot-na-enver-hodha-koga-ke-se-poklonite-kaj-chaushesku-pinoche-zhivkov-foto/#respond Wed, 12 Apr 2023 09:42:46 +0000 https://kurir.mk/?p=823128

Делегација на Левица вчера во Тирана оддаде почит на гробот на албанскиот државник Енвер Хоџа, по што на социјалните мрежи седуваа остри реакции од јавноста и лавина од негативни кометари за партијата и нејзиниот лидер Димитар Апасиев. Овој потег наиде на осуда од јавноста, која го праша Апасиев- знаете ли вие кој беше Хоџа? Македонските граѓани коментираат дека Левица веќе не ни кријат дека се тоталитарна партија која сака да ја укине демократијата, бидејќи оддадоа почит на највисоко ниво на Хоџа, еден од најкрвавите диктатори во дваесетиот век. Од Левица пак гордо објавија за „чинот“ кој го направија. -По повод 38 годишнината од неговата смрт, официјална делегација на Левица на највисоко ниво, составена од претседателот проф. д-р Димитар Апасиев и членовите на Президиумот – м-р Реџеп Исмаил Хактан и Гораст Муратовски, оддадоа почит пред вечното почивалиште на албанскиот државник, партизан и комунист Енвер Хоџа (1908-1985) – поранешен премиер на Народна Република Албанија во периодот по Втората светска војна. Како посветен и антиревизионистички левичар, Хоџа е основоположник на современата албанска држава и прв секретар на ЦК на Комунистичката партија на Албанија (подоцна преименувана во Партија на трудот), која беше основана со југословенска и советска поддршка. Овој француски студент стана симболот на антифашистичкиот отпор на нашите соседи против италијанската окупација, делувајќи како политички комесар на Народно-ослободителната армија на Албанија. Под неговото четиридецениско владеење, Република Албанија, која беше оставена во руини после укинувањето на монархијата, зачекори кон изградба на нови темели: беше изградена првата железничка пруга на нејзина територија, земјата почна со забрзана електрификација, беа искоренети низа епидемиски болести, стапката на писменост беше зголемена од 5% на 90%, државата стана земјоделски независна земја преку колективизација на плодното земјиште, а беше извршена и радикална секуларизација на религијата. Тој водеше беспоштедна борба против локалните великопоседници, клерот и племенските старешини, кои го држеа народот во класна потчинетост и незнаење. За време на неговиот живот успеа да ја трансформира Албанија од полуфеудален вилает на Отоманската империја во индустријализирана планска економија. Како тогаш, така и сега искрената соработка помеѓу слободните балкански народи е можна само преку левичарски политички партии, во услови каде што народите од регионот ќе развиваат рамноправни општества, во хармонија и стабилност, без странско империјалистичко влијание од надвор и корумпирани квислиншки структури од внатре. Новите геополитички прилики кои ги живееме, наговестуваат време на големи промени кон подобро и конечно ослободување на народите од Балканот од уназадувачкото слугување на туѓи интереси. Левица, во духот на интернационализмот, смета дека вистинската политичка еманципација и соживот помеѓу народите е можен само преку доследна социјалистичка платформа која ќе ги елиминира сите појавни форми на експлоатација и класно угнетување на соседните народи. Смрт на фашизмот, слобода на народот!, пишуваат од Левица во објавата. По ова брујат социјалните мрежи со негативни коментари. Ова се само дел од нив: Покрај реакциите на јавноста, се огласи и адвокатот Александар Тортевски, кој исто така не штедеше на навреди: Од политичките партии, реакција пристигна од ВМРО-ДПМНЕ, според кои станува збор за величење на човек познат по тортурата и изразена недемократија и кршење на човекови права. -Привезокот на власта, фолирантот Апасиев не може во исто време да се поклонува на Енвер Хоџа, и да го бара родното место на Гоце Делчев. Шизофрената позиција водена од дневните потреби на власта за ПР, Апасиев го одведе до таму да го слави комунистичкиот диктатор. Можеби ДУИ и СДС како наследници на комунистите се чувствуваат задоволни што поранешниот советник на СЈО Апасиев е вреден обожувач на нивната идеологија, но ова нема врска со демократски вредности и само ја опишува специфичната состојба во која се наоѓа власта. Ги повикуваме ДУИ и СДС да го осудат ваквиот чин на нивниот коалициски партнер и спаринг играч Левица. Со ова Апасиев и Левица докажаа дека нивната политика и идеологија е тортура врз сопствениот народ и поддржуваат насилни методи на цензура и насилно владеење, како што всушност владеел и самиот Енвер Хоџа, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Сите осуди и коментари од јавноста прочитајте ги во нивниот пост: ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lavina-ostri-reaktsii-po-posetata-na-levitsa-na-grobot-na-enver-hodha-koga-ke-se-poklonite-kaj-chaushesku-pinoche-zhivkov-foto/feed/ 0
„ВМРО-ДПМНЕ ја осудува постапката на неформалниот коалициски партнер на СДС и ДУИ, Левица која се поклони на Енвер Хоџа, комунистички диктатор“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-ja-osuduva-postapkata-na-neformalniot-koalitsiski-partner-na-sds-i-dui-levitsa-koja-se-pokloni-na-enver-hodha-komunistichki-diktator/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-ja-osuduva-postapkata-na-neformalniot-koalitsiski-partner-na-sds-i-dui-levitsa-koja-se-pokloni-na-enver-hodha-komunistichki-diktator/#respond Wed, 12 Apr 2023 06:47:11 +0000 https://kurir.mk/?p=823071

ВМРО-ДПМНЕ ја осудува постапката на неформалниот коалициски партнер на СДС и ДУИ, Левица која се поклони на Енвер Хоџа, комунистички диктатор, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. Станува збор за величење на човек познат по тортурата и изразена недемократија и кршење на човекови права. Привезокот на власта, фолирантот Апасиев не може во исто време да се поклонува на Енвер Хоџа, и да го бара родното место на Гоце Делчев. Шизофрената позиција водена од дневните потреби на власта за ПР, Апасиев го одведе до таму да го слави комунистичкиот диктатор. Можеби ДУИ и СДС како наследници на комунистите се чувствуваат задоволни што поранешниот советник на СЈО Апасиев е вреден обожувач на нивната идеологија, но ова нема врска со демократски вредности и само ја опишува специфичната состојба во која се наоѓа власта. Ги повикуваме ДУИ и СДС да го осудат ваквиот чин на нивниот коалициски партнер и спаринг играч Левица. Со ова Апасиев и Левица докажаа дека нивната политика и идеологија е тортура врз сопствениот народ и поддржуваат насилни методи на цензура и насилно владеење, како што всушност владеел и самиот Енвер Хоџа, се вели во соопштението на партијата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-ja-osuduva-postapkata-na-neformalniot-koalitsiski-partner-na-sds-i-dui-levitsa-koja-se-pokloni-na-enver-hodha-komunistichki-diktator/feed/ 0
„ВМРО-ДПМНЕ ќе стави крај на исполнувањето на концесиите на СДС и Левица кои очигледно ги имаат кон градежната мафија“ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/vmro-dpmne-ke-stavi-kraj-na-ispolnuvaneto-na-kontsesiite-na-sds-i-levitsa-koi-ochigledno-gi-imaat-kon-gradezhnata-mafija/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/vmro-dpmne-ke-stavi-kraj-na-ispolnuvaneto-na-kontsesiite-na-sds-i-levitsa-koi-ochigledno-gi-imaat-kon-gradezhnata-mafija/#respond Sat, 01 Apr 2023 07:59:02 +0000 https://kurir.mk/?p=818735

Коалицијата помеѓу СДС, Левица и Стевчо Јакимовски нема ниту логична, ниту идеолошка основа. Оваа коалиција се покажа на дело со зеленото светло кое советниците од овие партии го дадоа за ДУП-от за градска четврт ССЗ 01, блок 10 од четврт ССЗ 01. Оваа коалиција е основана на финансиски интерес, концесии кон определени моќници. СДС во Карпош има концесии кон бизнис моќниците од „градежната мафија“, но во периодот пред нас треба да откриеме какви и колкави концесии има Левица. Како и да е Левица Карпош своеволно се стави во функција на извршител на договорите на СДС со „градежната мафија“. СДС и Левица не ги гледаат домовите на 100 семејства кои ги има на терен! СДС и Левица ги следат личните и партиските бизнис интереси, а не го следат интересот на граѓаните. Така ДУП-от што го изгласаа го гледаат како рамна површина. За нив интересот и проблемите на овие граѓани се неважни. За нив нема потреба од градинка, училиште, спортски игралишта, велоспидески патеки, паркинзи. СДС и Левица имаат само потреба до крај да одат по желбите и барањата на „градежната мафија“. Според веб страната на Катастарот има интересни совпаѓања, совпаѓања за кои граѓаните протестираа. А граѓаните протестираа за проблемите или ситуацијата со познатиот канцер парк во Карпош 4, за бетонското чудовиште вцртано во ДУП за Влае во Карпош 4. Или овие сомнителните точки според податоци од Катастарот, а достапни до граѓаните, се наоѓаат на простор или на исти фирми и лица. Или станува збор за исти лица, истите фирми и истите сомнежи за криминал, вреден милиони евра. ВМРО-ДПМНЕ цврсто стои во одбрана на интересот на жителите на Карпош. Затоа се разгледуваат можности да се стави крај на штетното делување на советниците од СДС и Левица заедно со Стевчо Јакимовски. Се разгледуваат можности и ќе се стави крај на исполнувањето на концесиите на СДС и Левица кои очигледно ги имаат кон градежната мафија. (Интегрален текст од соопштение на ВМРО-ДПМНЕ)]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/vmro-dpmne-ke-stavi-kraj-na-ispolnuvaneto-na-kontsesiite-na-sds-i-levitsa-koi-ochigledno-gi-imaat-kon-gradezhnata-mafija/feed/ 0