левски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 04 Aug 2023 09:42:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png левски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Кога се изморија од навреди кон Македонија, навивачите на Левски почнаа да се тепаат меѓу себе (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/koga-se-izmorija-od-navredi-kon-makedonija-navivachite-na-levski-pochnaa-da-se-tepaat-megu-sebe-foto/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/koga-se-izmorija-od-navredi-kon-makedonija-navivachite-na-levski-pochnaa-da-se-tepaat-megu-sebe-foto/#respond Fri, 04 Aug 2023 09:42:43 +0000 https://kurir.mk/?p=863292

Навивачите на Левски целиот меч против Шкупи го посветија на Македонија и Македонците. Вадеа транспаренти за Илинденското востание, за Тодор Александров, навредуваа… Но, пред крајот на мечот почнаа да се тепаат меѓу себе па мораше да ги раздвојува обезбедувањето и полицијата. Причина, некој фан фрлил бакља а останатите му се нафрлиле поради стравот од високите казни од УЕФА.Левски веќе плати 42.000 евра за инцидентите во Скопје. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/koga-se-izmorija-od-navredi-kon-makedonija-navivachite-na-levski-pochnaa-da-se-tepaat-megu-sebe-foto/feed/ 0
Шкупи казнет со 42.000 евра, клубот одговорноста ја впери кон дел од навивачите https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/shkupi-kaznet-so-42-000-evra-klubot-odgovornosta-ja-vperi-kon-del-od-navivachite/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/shkupi-kaznet-so-42-000-evra-klubot-odgovornosta-ja-vperi-kon-del-od-navivachite/#respond Thu, 03 Aug 2023 17:32:36 +0000 https://kurir.mk/?p=863088

Македонскиот претставник во Конференциската лига „Шкупи“ објави денеска дека е казнет од УЕФА со 42.000 евра поради навивачките инциденти поврзани со минатонеделниот натпревар во Скопје против бугарски „Левски“, лоцирајќи ја притоа вината кон дел од своите приврзаници. Потсетувајќи во опширно соопштение објавено на нивниот официјален сајт дека ова не е прв пат клубот да плаќа високи парични казни, Шкупи најави решителна борба против сите кои се претставуваат како „поддржувачи на клубот, а всушност се негови непријатели“. - За клубот Шкупи досега се боревме, а отсега ќе водиме уште поголема борба. Сигурни сме дека со нас ќе бидат разумните навивачи на Шкупи, кои вистински го сакаат овој клуб. Ги молиме нашите надлежни институции да ги истражат овие настани. Од утре ќе поднесеме кривична пријава до Обвинителството и до полицијата, да ги испитаме овие прашања, бидејќи тоа не е ништо друго освен предавство, велат од Шкупи. Објавата доаѓа непосредно пред вечерашниот реванш натпревар против Левски во Софија во рамки на второто квалификациско коло во Конференциската лига. На првиот натпревар во Скопје на кој Левски триумфираше со 2-0 допатуваа околу 900 бугарски навивачи кои поради инциденти на трибините на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, исто така, му донесоа казна на својот клуб од УЕФА во износ од 40.000 евра.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/shkupi-kaznet-so-42-000-evra-klubot-odgovornosta-ja-vperi-kon-del-od-navivachite/feed/ 0
Со хеликоптер пренесен бугарскиот навивач кој беше прободен со нож за време на натпреварот Левски – Шкупи https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/so-helikopter-prenesen-bugarskiot-navivach-koj-beshe-proboden-so-nozh-za-vreme-na-natprevarot-levski-shkupi/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/so-helikopter-prenesen-bugarskiot-navivach-koj-beshe-proboden-so-nozh-za-vreme-na-natprevarot-levski-shkupi/#respond Thu, 03 Aug 2023 11:22:23 +0000 https://kurir.mk/?p=862971

Повредениот навивач од Бугарија пренесен со хеликоптер од Скопје во Софија откако седум дена се лекуваше на Одделот за интензивна нега на хирургија во болницата „Свети Наум Охридски“ во Скопје по хирушки зафат откако се здоби со повреда од нож во физичка пресметка со навивачи на Шкупи. Надлежниот јавен обвинител денеска изврши распит на оштетениот пред неговото отпуштање од болница и ја обезбеди целокупната медицинска документација. Постапката против четири лица за кривично дело – Насилство продолжува. Се трага и по лицето за кое постои сомнение дека е директно одговорно за нанесување на тешката телесна повреда на бугарскиот државјанин.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/so-helikopter-prenesen-bugarskiot-navivach-koj-beshe-proboden-so-nozh-za-vreme-na-natprevarot-levski-shkupi/feed/ 0
Левски казнет со 40.000 евра за инцидентите во Скопје https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/levski-kaznet-so-40-000-evra-za-intsidentite-vo-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/levski-kaznet-so-40-000-evra-za-intsidentite-vo-skopje/#respond Tue, 01 Aug 2023 19:16:15 +0000 https://kurir.mk/?p=862469

Европската фудбалска федерација (УЕФА) му изрече парична казна во износ од 40.000 евра на бугарскиот фудбалски клуб Левски за инцидентите кои навивачите на клубот од Софија ги предизвикаа минатиот четврток во Скопје на натпреварот од второто коло во Конференциската лига против македонскиот претставник Шкупи. Бугарскиот клуб објави вечерва дека глобата е изречена поради „дискриминаторско однесување на трибината на која беа сместени навивачите на Левски, вклучувајќи и скандирање на етничка основа и политички пораки, како и инциденти во секторот со гостински навивачи“. Дополнително, Дисциплинската комисија на УЕФА му наложи на Левски забрана организирано да носи свои навивачи на следното гостување во европските купови, а во случај на нов инцидент следниот натпревар на домашен терен ќе го одигра пред делумно затворени врати на стадионот „Виваком Арена – Георги Аспарухов“ во Софија. Одлуката на Дисциплинската комисија на европското раководно тело се уште не е објавена на официјалниот сајт на УЕФА, а не исклучено казна да му биде изречена и на Шкупи. Поради инциденти поврзани со натпреварот меѓу Шкупи и Левски (0-2), кој се одигра минатиот четврток на Националната Арена „Тодор Проески“ во Скопје, а на кој допатуваа околу 900 навивачи од Бугарија, македонската полиција приведе 21 лице, меѓу кои 19 приврзаници на Левски. Во инцидент што се случи во Чаир еден навивач на бугарскиот клуб беше избоден со нож. Реваншот е на програмата в четврток во Софија и според најавите од домашниот клуб дуелот ќе се игра пред полни трибини. Левски соопшти дека сите 30.000 влезници се продадени, додека Шкупи објави дека навивачи на македонскиот клуб нема да патуваат во Софија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/levski-kaznet-so-40-000-evra-za-intsidentite-vo-skopje/feed/ 0
Повредениот бугарски навивач во Скопје: Им благодарам на лекарите што ми го спасија животот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/povredeniot-bugarski-navivach-vo-skopje-im-blagodaram-na-lekarite-shto-mi-go-spasija-zhivotot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/povredeniot-bugarski-navivach-vo-skopje-im-blagodaram-na-lekarite-shto-mi-go-spasija-zhivotot/#respond Sun, 30 Jul 2023 18:43:00 +0000 https://kurir.mk/?p=861813

Екипата на Бугарската национална телевизија успеа да разговара со 29-годишниот Драгомир кој неделава беше избоден пред натпреварот помеѓу фудбалските клубови „Шкупи“ и „Левски“ во Скопје. Момчето е сместено на Одделот за интензивна нега на хирургија во болницата „Свети Наум Охридски“ во Скопје, од каде што им се заблагодари на лекарите кои му го спасиле животот. Неговата здравствена состојба по оперативниот зафат е тешка, но стабилна. Нема опасност по неговиот живот. За „БТВ“ раскажа дека уште е во шок од она што му се случило. Лекарите кои се грижат за Драгомир објаснија дека не е препорачливо тој да биде префрлен во болница во Софија пред да му се подобри состојбата, а неговата мајка во петокот пристигнала во Скопје. Драгомир има тешка убодна рана во пределот на стомакот. Неговиот напаѓач е идентификуван од страна на полиција, но по него се’ уште се трага.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/povredeniot-bugarski-navivach-vo-skopje-im-blagodaram-na-lekarite-shto-mi-go-spasija-zhivotot/feed/ 0
Мајката на 29-годишниот прободен навивач од Бугарија раскажа што се случило – „Ѓаволчето е живо, можеше и полошо“ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/majkata-na-29-godishniot-proboden-navivach-od-bugarija-raskazha-shto-se-sluchilo-gavolcheto-e-zhivo-mozheshe-i-polosho/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/majkata-na-29-godishniot-proboden-navivach-od-bugarija-raskazha-shto-se-sluchilo-gavolcheto-e-zhivo-mozheshe-i-polosho/#respond Sat, 29 Jul 2023 18:49:01 +0000 https://kurir.mk/?p=861546

29-годишниот Драгомир е момчето кое беше повредено, прободено со нож, при инцидент меѓу навивачите на Левски и лица од Скопје. Тој е на одделението за интензивна нега. Вчера беше опериран. Неговата состојба е стабилна, но сериозна. Во Скопје пристигнала и неговата мајка. За медиумите раскажа во каква состојба е, и дали ќе биде пренесен во Бугарија. „Ѓаволчето е живо, можеше и полошо“, рекла загрижената мајка. Лекарите не препорачуваат младото момче да биде транспортирано во наредните денови, бидејќи неговата состојба не го дозволува тоа. На прашањето дали неговите напаѓачи се идентификувани, таа вели: „Да им оставиме на дипломатските власти. Официјалните власти нека ги тераат работите, како мајка дојдов да го видам. Откако го видов, веќе сум добро, покрај него сум“. Според неа, само прашање на време е кога ќе се транспортира назад во Бугарија. Инцидентите меѓу навивачите ги осудија и двете држави. „Очекуваме надлежните органи во Република Северна Македонија да ги преземат неопходните активности за ефикасна истрага и спроведување на правдата во врска со сериозниот инцидент“, велат од Министерството за надворешни работи на Бугарија. Шефот на македонската дипломатија Бујар Османи пак повика односите меѓу фудбалските фанови да не се врзуваат за односите меѓу Бугарија и Северна Македонија. Тој потсети дека Министерството за надворешни работи на Северна Македонија веќе ги осуди инцидентите и побара сторителите да одговараат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/majkata-na-29-godishniot-proboden-navivach-od-bugarija-raskazha-shto-se-sluchilo-gavolcheto-e-zhivo-mozheshe-i-polosho/feed/ 0
Приведени четири лица поради нападот врз навивачите на Левски во Чаир, поднесена кривична пријава https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/privedeni-chetiri-litsa-poradi-napadot-vrz-navivachite-na-levski-vo-chair-podnesena-krivichna-prijava/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/privedeni-chetiri-litsa-poradi-napadot-vrz-navivachite-na-levski-vo-chair-podnesena-krivichna-prijava/#respond Sat, 29 Jul 2023 15:27:04 +0000 https://kurir.mk/?p=861509

Полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје на 28.07.2023 лишија од слобода четири лица поради насилство извршено врз навивачи на бугарскиот фудбалски клуб Левски на ул. Цветан Димов во скопската населба Чаир, кои самоволно се издвоиле од рутата обезбедена од полицијата и се движеле кон стадионот „Тоше Проески“ во Скопје со цел да присуствуваат на фудбалскиот натпревар ФК „Шкупи“- ФК „Левски“. Имено, на 27.07.2023 околу 18.30 часот на ул. Цветан Димов, додека навивачите на ФК Левски се движеле со возила „хонда“ и „фолксваген пасат“ со развиорени навивачки знамиња и други навивачки реквизити, дошло до вербална расправија, по што тие излегле од возилата и настанала физичка пресметка, а еден од навивачите на ФК Левски откако се вратил во автомобилот, во движење бил повреден со остар предмет. Веднаш по настанот, од страна на полициски службеници од СВР Скопје во координација со обвинителството, беа преземени мерки и активности за утврдување на идентитетот на сторителите на кривичното дело насилство. Извршени се службени разговори со повеќе лица, а по документирање на доказите, на 28.07.2023 лишени се од слобода А.Џ. (30), Н.С.(28), Б.Б.(32) и К.И.(28), кои се задржани во полициска станица. По извршена координација со ОЈО Скопје, денеска (29.07.2023) против овие лица е поднесена кривична пријава по брза постапка за кривично дело „насилство“ по член 386 ст,4 од Кривичниот законик и тие ќе бидат изнесени пред судија на претходна постапка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/privedeni-chetiri-litsa-poradi-napadot-vrz-navivachite-na-levski-vo-chair-podnesena-krivichna-prijava/feed/ 0
Бугарите им се закануваат на “Шверцери“: Немојте да доаѓате во Софија, посебно не по инцидентите во Скопје! https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/bugarite-im-se-zakanuvaat-na-shvertseri-nemojte-da-doagate-vo-sofija-posebno-ne-po-intsidentite-vo-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/bugarite-im-se-zakanuvaat-na-shvertseri-nemojte-da-doagate-vo-sofija-posebno-ne-po-intsidentite-vo-skopje/#respond Sat, 29 Jul 2023 14:50:27 +0000 https://kurir.mk/?p=861503

Во четврток во Софија ќе се одигра реванш средбата меѓу Левски и Шкупи, во рамките на 2.квалификациско коло во Лигата на Конференции. Секако дека тој меч со нетрпение се очекува ако се знае што се се случуваше во Скопје, дека имаше бројни инциденти за кои секако дека беа виновни фановите на Левски. Во пресрет на дуелот во Софија, фановите на Левски преку социјалните мрежи, а истите ги пренесоа тамошните медиуми, бројни закани до “Шверцери“, до фановите на Шкупи да не помислуваат да доаѓаат во Софија: „Ние како навивачи на Левски имаме дефинитивен став за претстојниот реванш во Софија. Навивачите на Шкупи да не доаѓаат. Софија не е место за шетање, посебно не по инцидентите во Скопје. Сепак ако се решат да дојдат, тие нема убаво да си поминат“ се вели во дел од соопштението на фановите на Левски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/bugarite-im-se-zakanuvaat-na-shvertseri-nemojte-da-doagate-vo-sofija-posebno-ne-po-intsidentite-vo-skopje/feed/ 0
ВИДЕО: Нова снимка од дивеењето на бугарските навивачи https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/video-nova-snimka-od-diveeneto-na-bugarskite-navivachi/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/video-nova-snimka-od-diveeneto-na-bugarskite-navivachi/#respond Sat, 29 Jul 2023 14:48:34 +0000 https://kurir.mk/?p=861498

Нова снимка од Градскиот стадион пред натправарот Шкупи Левски Софија во Скопје, покажува дека бугарските навивачи биле насилни кон полицијата. Тие фрлаат со метални шипки, со шишиња и со други предмети. Токму бугарските новинари денеска бараа од министерот Бујар османи да ги коментира изјавите од некои бугарски политичари дека со овие инциденти Македонија се оддалечува од Европа. Тој кажа дека „тоа е жално и некоректно“. Повтори дека сите што ќе се обидат да извлечат политички анализи од тензии помеѓу навивачи, тоа го прават злонамерно и не мислат добро на односите меѓу двете држави. – Ставот на МНР на Република Бугарија беше коректен и тоа јас го ценам како однос на бугарската држава. Политичките партии коишто се обидуваат да добијат политички поени на основа на тензии меѓу навивачите, не и мислат добро ниту на Бугарија, ниту на Северна Македонија, ниту на односите помеѓу двете држави, уште помалку на основа на тензии меѓу навивачи да ја процениме европската подготвеност на Северна Македонија, рече Османи. Навивачите на Левски кои беа уапсени поради инцидентите пред натпреварот со Шкупи беа пуштени на слобода. Навивачите од Софија кои останаа во Скопје ги собрале неопходните пари за да ја платат казната за уапсените фанови (150 до 200 евра по лице), по што бугарските хулигани беа пуштени на слобода и заминаа во Бугарија. Според бугарскиот портал „Гонг“, вината за инцидентите на стадионот треба да се бара кај лицата од обезбедувањето најмено од страна на Шкупи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/video-nova-snimka-od-diveeneto-na-bugarskite-navivachi/feed/ 0
Приведените навивачи на Левски се казнети со по 18.000 денари https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/privedenite-navivachi-na-levski-se-kazneti-so-po-18-000-denari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/privedenite-navivachi-na-levski-se-kazneti-so-po-18-000-denari/#respond Fri, 28 Jul 2023 18:17:23 +0000 https://kurir.mk/?p=861295

Навивачите на фудбалски тим Левски од Софија кои синоќа беа приведени во Скопје поради инцидентите пред и за време и на натпреварот против Шкупи, денеска се пуштени на слобода, потврди бугарската амбасада. Казнети се со по 18.000 денари за нарушување на јавниот ред и мир и недолично однесување на спортски настан. Од амбасадата на Бугарија во Скопје има потврда за бугарските медиуми дека сѐ е в ред со навивачите, кои откако ќе ја платат казната можат слободно да се вратат дома. Ова е епилогот од немилите настани кои се случија вчера, пред, за време и по натпреварот меѓу Шкупи и Левски од Конференциската лига. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/privedenite-navivachi-na-levski-se-kazneti-so-po-18-000-denari/feed/ 0