лезбос – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 04 Sep 2023 13:04:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png лезбос – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Откриени 46 мигранти во гумен чамец во близина на грчкиот остров Лезбос https://arhiva.kurir.mk/svet/region/otkrieni-46-migranti-vo-gumen-chamets-vo-blizina-na-grchkiot-ostrov-lezbos/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/otkrieni-46-migranti-vo-gumen-chamets-vo-blizina-na-grchkiot-ostrov-lezbos/#respond Mon, 04 Sep 2023 13:04:19 +0000 https://kurir.mk/?p=874407

Во морскиот дел северозападно од Лезбос, бил откриен гумен чамец со 46 мигранти кои безбедно биле пренесени на пристаништето на островот, соопштија од грчката крајбрежна служба, јави дописничката на МИА од Атина. Гумениот чамецот бил откриен за време на редовна патрола на брод на крајбрежната служба. Групата, откако била спасена, биле пренесена на пристаништето на островот, а оттаму во центарот за прием и регистрација на бегалци и мигранти. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/otkrieni-46-migranti-vo-gumen-chamets-vo-blizina-na-grchkiot-ostrov-lezbos/feed/ 0
Четворица мигранти се удавија во близина на островот Лезбос, 18 се спасени https://arhiva.kurir.mk/svet/region/chetvoritsa-migranti-se-udavija-vo-blizina-na-ostrovot-lezbos-18-se-spaseni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/chetvoritsa-migranti-se-udavija-vo-blizina-na-ostrovot-lezbos-18-se-spaseni/#respond Mon, 28 Aug 2023 12:06:18 +0000 https://kurir.mk/?p=871720

Четворица мигранти се удавија во близина на грчкиот остров Лезбос додека се обидувале да го поминат морето од соседна Турција, соопшти денеска грчката крајбрежна стража, наведувајќи дека се спасени 18 мигранти. Крајбрежната стража не објави повеќе детали за инцидентот. Грција е една од главните влезни точки за мигрантите и бегалците од Блискиот Исток, Африка и Азија, кои се обидуваат да стигнат до Европа. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/chetvoritsa-migranti-se-udavija-vo-blizina-na-ostrovot-lezbos-18-se-spaseni/feed/ 0
Бебе загина во несреќа со мигранти во близина на грчкиот остров Лезбос https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bebe-zagina-vo-nesrekja-so-migranti-vo-blizina-na-grchkiot-ostrov-lezbos/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bebe-zagina-vo-nesrekja-so-migranti-vo-blizina-na-grchkiot-ostrov-lezbos/#respond Sat, 17 Dec 2022 13:04:12 +0000 https://kurir.mk/?p=777002

Грчката крајбрежна служба во југозападниот дел на островот Лезбос, на копно, пронашла 34 мигранти и едно починато бебе, а според локалните медиуми, бебето загинало откако чамецот со кој се превезувале удрил во карпа, јави дописничката на МИА од Атина. Од крајбрежната служба соопштија дека биле информирани дека во конкретниот копнен дел на островот има околу 30 мигранти и починато бебе, по што веднаш се упатиле кон локацијата, биле пронајдени 34 лица, а бебето било пренесено во болница за да се изврши обдукција. Според информативниот портал „Сто ниси“ од Лезбос, несреќата се случила вчера, пластичниот чамец со кој се превезувале мигрантите удрил во карпа и било извлечено безживотното тело на двомесечното бебе.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bebe-zagina-vo-nesrekja-so-migranti-vo-blizina-na-grchkiot-ostrov-lezbos/feed/ 0
Загинаа 15 мигранти во потонат чамец во близина на грчкиот остров Лезбос https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zaginaa-15-migranti-vo-potonat-chamec-vo-blizina-na-grchkiot-ostrov-lezbos/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zaginaa-15-migranti-vo-potonat-chamec-vo-blizina-na-grchkiot-ostrov-lezbos/#respond Thu, 06 Oct 2022 05:49:13 +0000 https://kurir.mk/?p=741610

Во потонат чамец источно од грчкиот остров Лезбос, загинале 15 мигранти, а спасени се пет, додека во тек се две спасувачки акции на грчката крајбрежна служба, едната во близина на Лезбос, другата во близина на островот Китира, јави дописничката на МИА од Атина. Како што соопштија од грчката крајбрежна служба, биле информирани за потонат чамец во близина на Лезбос, по што започнала акцијата, под тешки услови, поради лошото време и силниот ветер и биле извлечени безживотните тела на 15 лица, пет биле спасени, три лица се заглавени во карпест дел, а според изјавата на мигрантите, на чамецот имало околу 40 лица. Во тек е спасувачка акција и во близина на островот Китира, каде што едрилица со мигранти удрила во карпа и преку бројот за итни случаи 112 доцна синоќа била побарана помош, а според грчката новинска агенција АНА-МПА веќе се спасени 80 лица.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zaginaa-15-migranti-vo-potonat-chamec-vo-blizina-na-grchkiot-ostrov-lezbos/feed/ 0
Голем пожар во јужниот дел на грчкиот остров Лезбос https://arhiva.kurir.mk/svet/region/golem-pozar-vo-juzniot-del-na-grchkiot-ostrov-lezbos/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/golem-pozar-vo-juzniot-del-na-grchkiot-ostrov-lezbos/#respond Sat, 23 Jul 2022 12:14:26 +0000 https://kurir.mk/?p=709285

Неколку куќи се изгорени, според локалните власти, во големиот пожар што претпладнево избувна во приморското место Ватера, во јужниот дел на грчкиот остров Лезбос, а жителите се превентивно евакуирани, јави дописничката на МИА од Атина. Префектот на островите во северниот дел на Егејското море, Костас Муѕурис за грчката телевизија ЕРТ рече дека во пожарот се изгорени неколку домови, а разговарал со министерот за климатска криза и цивилна заштита Христос Стилијанидис за од Атина, итно да стигнат на Лезбос воздушни средства. Преку бројот 112 за итни случаи, беше побарано од жителите на Ватера да се евакуираат, откако огнената стихија од планината се симна кон населеното место. Според локалните медиуми од островот, станува збор за туристичко место, а освен домови, биле евакуирани и хотели. Во гаснењето на пожарот интервенираат 50 пожарникари со два пешадиски тима, 17 возила, седум авиони и еден хеликоптер, а помагаат и пожарникари волонтери и цистерни од општините. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/golem-pozar-vo-juzniot-del-na-grchkiot-ostrov-lezbos/feed/ 0
Пронајдено уште едно безживотно тело на грчкиот остров Лезбос https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pronajdeno-ushte-edno-bezzivotno-telo-na-grchkiot-ostrov-lezbos/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pronajdeno-ushte-edno-bezzivotno-telo-na-grchkiot-ostrov-lezbos/#respond Thu, 03 Mar 2022 09:04:46 +0000 https://kurir.mk/?p=639971

Бројот на загинати мигранти во близина на грчкиот остров Лезбос, се зголеми на седум лица, откако спасувачкиот тим пронајде уште едно безживотно тело, јави дописничката на МИА од Атина. Засега не постојат информации кога и под кои околности се превртил чамецот во кој се пренесувале лицата, кои веројатно од турското крајбрежје тргнале кон Лезбос, а непознат е и бројот на патници и дали има и други исчезнати. Во понеделникот на брегот во југоисточниот дел на островот, беа пронајдени безживотните тела на шест лица, тројца мажи и три жени, кои се удавиле додека со чамец се упатувале кон Лезбос. Министерот за миграција и азил на Грција Нотис Митаракис завчера рече дека соработуваат со меѓународните организации за да се идентификуваат згинатите и да се известат нивните семејства и ја истакна потребата да се зајакне борбата против криумучарите, но и да се запрат нелегалните премини од Турција во Грција за бегалци и мигранти.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pronajdeno-ushte-edno-bezzivotno-telo-na-grchkiot-ostrov-lezbos/feed/ 0
Загинаа шест лица во близина на грчкиот остров Лезбос https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zaginaa-shest-lica-vo-blizina-na-grchkiot-ostrov-lezbos/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zaginaa-shest-lica-vo-blizina-na-grchkiot-ostrov-lezbos/#respond Tue, 01 Mar 2022 08:18:06 +0000 https://kurir.mk/?p=638430

Безживотните тела на шест лица, беа пронајдени утрово на брегот во југоисточниот дел на Лезбос, а најверојатно стануваа збор за мигранти, кои се удавиле додека со чамец се упатувале кон грчкиот остров, јави дописничката на МИА од Атина. Од грчката крајбрежна служба соопштија дека телата се пренесени во болница каде што ќе се изврши обдукција, а загинатите не носеле спасувачки елеци. Паралелно во тек е акција од море, копно и воздух, за евентуално пронаоѓање на преживеани или тела на други загинати, со оглед на тоа дека засега, нејасен е бројот на лица што се пренесувале во чамецот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zaginaa-shest-lica-vo-blizina-na-grchkiot-ostrov-lezbos/feed/ 0
Серија земјотреси го тресат Лезбос https://arhiva.kurir.mk/svet/region/serija-zemjotresi-go-tresat-lezbos/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/serija-zemjotresi-go-tresat-lezbos/#respond Mon, 01 Feb 2021 07:43:21 +0000 https://kurir.mk/?p=462451

Околу осум часот утрово по локално време, во морскиот дел во близина на грчкиот остров Лезбос беше регистриран земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтерова скала, а една минути подоцна уште еден од 4,8 степени, според податоците од Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија, јави дописничката на МИА од Атина. Во период од час и половина, во морскиот дел на 46 километри југозападно од Лезбос биле регистрирани шест земјотреси меѓу 2,9 и 4,9 степени. Засега, нема информации за повредени или причинета материјална штета.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/serija-zemjotresi-go-tresat-lezbos/feed/ 0
Спасени 27 бегалци и мигранти на Лезбос, еден загинат https://arhiva.kurir.mk/svet/region/spaseni-27-begalci-i-migranti-na-lezbos-eden-zaginat/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/spaseni-27-begalci-i-migranti-na-lezbos-eden-zaginat/#respond Tue, 19 Jan 2021 15:36:55 +0000 https://kurir.mk/?p=457130

Вкупно 27 лица се спасени во акцијата на грчката крајбрежна служба во непристапна копнена област во југоисточниот дел на грчкиот остров Лезбос, додека, пак, пронајдено е телото на маж, кој веројатно починал од премрзнатост, јави дописничката на МИА од Атина. Станува збор за бегалци и мигранти, а спасувачката акција, како што утрово објави МИА, се водеше преку море поради непристапниот предел. Од грчката крајбрежна служба соопштуваат дека со помош на два брода и хеликоптер на крајбрежната служба и два брода од армијата, во карпест дел од островот биле пронајдени 24 лица и безживотното тело на еден маж, додека, пак, останатите три лица биле пронајдени на копно. Спасените бегалци и мигранти биле пренесени на пристаништето во Митилини. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/spaseni-27-begalci-i-migranti-na-lezbos-eden-zaginat/feed/ 0
Заразени со коронавирусот 243 бегалци и мигранти на Лезбос, регистрирани осум случаи и на Света Гора https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zarazeni-so-koronavirusot-243-begalci-i-migranti-na-lezbos-registrirani-osum-sluchai-i-na-sveta-gora/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zarazeni-so-koronavirusot-243-begalci-i-migranti-na-lezbos-registrirani-osum-sluchai-i-na-sveta-gora/#respond Mon, 21 Sep 2020 12:24:12 +0000 https://kurir.mk/?p=406211

Од направени 7.064 брзи тестови на бегалците и мигрантите при нивното сместување во новиот, привремен камп Кара Тепе на Лезбос, во периодот од 12 до 20 септември, потврдени се 243 позитивни случаи на Ковид-19, а биле тестирани и 40 вработени во невладини организации и 120 полицајци, чии резултати се негативни, јави дописничката на МИА од Атина. Од Националната организација за јавно здравје на Грција соопштија дека од позитивните бегалци и мигранти, 52,7 отсто се мажи, а нивната просечна возраст е 24 години. Паралелно, според грчките медиуми, потврдени се и најмалку осум случаи на Ковид-19 на Света Гора, а конкретниот манастир веднаш бил ставен во карантин. Портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас, Пецас, на денешниот редовен брифинг со новинарите, говорејќи за пандемијата, рече дека Грција и понатаму има подобра епидемиолошка слика во споредба со други земји, но сепак, во изминатиот период има зголемен број нови случаи, но истакна дека ситуацијата е загрижувачка во поширокиот регион на Атина. -Периферијата Атика, а уште повеќе центарот на Атина се на еден чекор пред да се вклучи црвениот аларм. И овој чекор, мораме да го спречиме. Донесовме и ќе донесеме мерки, доколку биде потребно, за да се заштити јавното здравје, бидејќи едноставно, човечкиот живот не се става на вага, рече Пецас. Во однос на сценариото за локален карантин, објасни дека Владата досега, онаму каде што било потребно вовела, а Атика не може да биде исклучок од праксата на владата, доколку такво нешто е неопходно.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zarazeni-so-koronavirusot-243-begalci-i-migranti-na-lezbos-registrirani-osum-sluchai-i-na-sveta-gora/feed/ 0