лгбт – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 28 Nov 2022 20:54:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png лгбт – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Многу „храбар“ потег: Навивач го развеа ЛГБТ знамето среде терен и испрати три пораки (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/mnogu-hrabar-poteg-navivach-go-razvea-lgbt-znameto-srede-teren-i-isprati-tri-poraki-video/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/mnogu-hrabar-poteg-navivach-go-razvea-lgbt-znameto-srede-teren-i-isprati-tri-poraki-video/#respond Mon, 28 Nov 2022 20:54:05 +0000 https://kurir.mk/?p=767868

Значаен дел од ова Светско првенство се и дебатите за човековите права, во преден план е ЛГБТ заедницата која негодува на забраните на организаторот во нивната земја да се вее знамето со боите на виножитото. Но, на мечот меѓу Португалија и Уругвај се случи скандал, навивач го развеа ЛГБТ знамето и трчаше со него по терот, го остави кај иранскиот судија, а потоа беше соборен од обезбедувањето. Многу храбар потег ако се знае во каква земја го направи тоа. Дечкото облечен во супермен маичка покрај ЛГБТ правата испрати уште две пораки, од едната страна му пишуваше „Спасете ја Украина“, а од другата поддршка за иранската жена. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/mnogu-hrabar-poteg-navivach-go-razvea-lgbt-znameto-srede-teren-i-isprati-tri-poraki-video/feed/ 0
OФИЦИЈАЛНО: Белгија забранува на промена на родов идентитет https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/oficijalno-belgija-zabranuva-na-promena-na-rodov-identitet/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/oficijalno-belgija-zabranuva-na-promena-na-rodov-identitet/#respond Thu, 17 Nov 2022 14:26:24 +0000 https://kurir.mk/?p=762453

Владата во Белгија го одобри предлог-законот за забрана на терапии за реконверзија на лица со различна сексуална ориентација или идентитет, а законот стапува во сила веднаш. Терапиите за реконверзија се сите терапии чија цел е да се промени сексуалната ориентација или родовиот идентитет на едно лице, било преку физички или психолошки методи. Со овој закон ќе се казнуваат лицата или организациите кои вршеле вакви терапии со парични казни до 300 евра и/или затворска казна до две години. Минималните казни се еден месец затвор и 100 евра казна. Судијата ќе треба да одлучи зависно од околностите, па така на пример лице кое ужива авторитет и доверба ќе добива повисока казна, исто и во случај жртвата да е малолетна или ранлива. Се казнува и поттикнување на вакви терапии. Осудените можат исто така да добијат забрана за вршење на професионалната должност или било каква политичка или социјална активност поврзана за делото.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/oficijalno-belgija-zabranuva-na-promena-na-rodov-identitet/feed/ 0
Брнабиќ: Дискриминирана сум и од ЛГБТ заедницата и од оние кои ја дискриминираат таа заедница https://arhiva.kurir.mk/svet/region/brnabikj-diskriminirana-sum-i-od-lgbt-zaednicata-i-od-onie-koi-ja-diskriminiraat-taa-zaednica/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/brnabikj-diskriminirana-sum-i-od-lgbt-zaednicata-i-od-onie-koi-ja-diskriminiraat-taa-zaednica/#respond Tue, 13 Sep 2022 17:49:34 +0000 https://kurir.mk/?p=732342

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ денеска на конференцијата за човекови права во рамки на манифестацијата „Европрајдд 2022“ рече дека „таа е веројатно единствената личност која била дискриминирана од двете заедници“, откако ЛГБТ активистите ја дочекаа со свирежи на конференцијата во белградскиот Дом на младите, јави дописникот на МИА од Белград. – Мислам дека е добро да се разговара и не мислам дека ова е дијалог и веројатно сум единствената личност која е дискриминирана од двете заедници и првиот политичар во оваа земја и регионот кој не се исплаши и не се срамев што сум ЛГБТ. Ова е мојата борба, рече таа. Активистите во конференциската сала извикуваа „Сакаме Прајд“, „Прајд е протест“, „Ги сакаме нашите човекови права“, упатувајќи и свирежи. Брнабиќ на конференцијата рече дека таа самата ги нема сите права, дека не е во брак, дека не може да посвои дете, по што активистите собрани во салата на Дом на младината ја поканија да прошета со нив во сабота на 17 септември и извикуваа „Ајде на прошетка во сабота“, на што премиерката на англиски одговори: „Никој не може да ве спречи“. – Можеби не ви се допаѓа, но јас се борам за вашите права и давам се што можам, рече таа, оценувајќи дека ја подигнала видливоста на ЛГБТ заедницата и ги поместила границите „барем за еден метар“ само со тоа што е геј премиер на Балканот. Таа додаде дека без нејзината поддршка и потпишување на писмото со препорака, Европрајд оваа година немаше да се одржува во Белград и да биде прва ваква манифестација во Југоисточна Европа. Организаторите на Европрајд соопштија дека со одлуката на МВР што ја добиле денес е забранета трасата на прошетката планирана за сабота на 17 септември, но не и самата прошетка и дека ќе предложат нова рута. -Уште еднаш ќе демонстрираме конструктивен пристап кон решавање на проблемите и ќе предложиме нова рута по која ќе пешачиме во сабота на 17 септември. Како што најавивме пред неколку недели, прошетката ќе се одвива, а сега останува на МВР да даде позитивен одговор на нашиот предлог бидејќи во интерес на сите нас е целата манифестација да помине што е можно непречено и ничија безбедност да не е загрозена, се наведува во соопштението. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/brnabikj-diskriminirana-sum-i-od-lgbt-zaednicata-i-od-onie-koi-ja-diskriminiraat-taa-zaednica/feed/ 0
Спасовски: Се преземаат мерки за говорот на омраза, припадниците на ЛГБТ имаат повеќе закани кон нив https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spasovski-se-prezemaat-merki-za-govorot-na-omraza-pripadnicite-na-lgbt-imaat-povekje-zakani-kon-niv/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spasovski-se-prezemaat-merki-za-govorot-na-omraza-pripadnicite-na-lgbt-imaat-povekje-zakani-kon-niv/#respond Wed, 29 Jun 2022 16:35:44 +0000 https://kurir.mk/?p=697441

МВР презема интензивни мерки во однос на говорот на омраза и тоа е ставено високо на агендата, посебно делот на спроведувањето на Стратегијата за сајбер безбедност и голем дел од граѓаните и препознаваат и пријавуваат, посебно ранливите категории на граѓани, истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски одговарајќи на пратеничко прашање на Маја Морачанин од ДОМ, со посебен фокус на говорот на омраз искажан кон лица од ЛГБТ заедницата. Спасовски рече дека во периодот јануари – мај оваа година за делата ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерскиот систем има осум кривични дела и осум сторители, додека во истиот период во 2021 за говор на омраза имало 14 кривични дела и 13 сторители. -Имаме едно кривично дело загрозување на сигурноста по електронски пат, едно кривично дело и еден сторител, додека во 2021 имало две вакви кривични дела. Предизвикување на омраза, раздор или нетрпеливост врз основа на верска, национална, расна и друга дискриминаторкска основа лани сме имале едно кривично дело и еден сторител додека оваа година немаме, рече Спасовски. Министерот вели дека мора да се признае дека за припадниците на ЛГБТ заедницата има малку повеќе говор на омраза и закани кон нив, а регистрирано е дури и едно кривично дело лихварство за што станало збор на средба на која биле Спасовски и Морачанин. Од јануари 2020 година до мај 2022 на подрачјето на СВР Скопје и во СВР Тетово регистрирани се осум настани поврзани со ЛГБТ заедницата, четири од овие настани се целосно расчистени. -Поднесени се три кривични пријави и едно известување до ОЈО, рече Спасовски додавајќи дека во овие настани се пријавени пет лица, од кои две за насилство, а едно за уцена и едно за лихварство. Министерот исто така додаде дека има регистрирано еден настан за загрозување на сигурноста во Тетово и случајот е расчистен. -Има постапување по уште четири случаи за кои се прибираат дополнителни докази. Ова е фактичката состојба во однос на постапувањето. Сите заедно мора сите да придонесеме да ја сузбиеме оваа состојба, пред се во делот на јавноста и јавната свест, додавајќи дека тоа говорот на омраза е најчест на социјалните медиуми. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spasovski-se-prezemaat-merki-za-govorot-na-omraza-pripadnicite-na-lgbt-imaat-povekje-zakani-kon-niv/feed/ 0
Парада на гордоста во Скопје, ЛГБТ заедницата излегува на улица https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/parada-na-gordosta-vo-skopje-lgbt-zaednicata-izleguva-na-ulica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/parada-na-gordosta-vo-skopje-lgbt-zaednicata-izleguva-na-ulica/#respond Sun, 13 Jun 2021 11:15:18 +0000 https://kurir.mk/?p=522743

Втората Парада на гордоста (Skopje Pride) во Скопје ќе се одржи на 26 јуни 2021 (сабота), под слоганот  „Вон ѕидовите!“, во организација на Националната мрежа против хомофобија и трансфобија (НМХТ). Рутата на парадата, како и други организациски детали, ќе бидат дополнително соопштени во текот на идната недела. Организаторот наведува дека Парадата на гордоста е славење на слободата, различноста, прифаќањето, љубовта и испраќа порака дека место под сонцето има за секого. -ЛГБТИ+ заедницата, како ретко која друга група граѓани, добро ја познава изолацијата и често искусува живот скриен меѓу ѕидовите на нашите мали, приватни простори. Имајќи предвид дека парадите на гордоста имаат за цел да ја зголемат видливоста на нашата заедница, слоганот „Вон ѕидовите!“ го посветуваме на сите ЛГБТИ+ луѓе кои гордо и достоинствено ќе се приклучат на поворката, но и на сите оние кои од различни причини не можат да бидат отворени и да бидат дел од парадата, давајќи им поддршка и ветување дека здружно ќе продолжиме да работиме на рушење на ѕидовите и креирање нов и подобар свет за сите нас. Слоганот  го посветуваме и на сите луѓе во нашата земја, бидејќи изолацијата и затвореноста меѓу ѕидови е нешто што заедно го искусивме и чие надминување стана заедничка цел и желба, наведува организаторот. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/parada-na-gordosta-vo-skopje-lgbt-zaednicata-izleguva-na-ulica/feed/ 0
ШОКАНТНИ ФОТОГРАФИИ: На ЛГБТ собирот во Скопје, им ставале полови органи на христијански светци- Фрчкоски и Унковски во публиката https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shokantni-fotografii-na-lgbt-sobirot-vo-skopje-im-stavale-polovi-organi-na-hristijanski-svetci-frchkoski-i-unkovski-vo-publikata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shokantni-fotografii-na-lgbt-sobirot-vo-skopje-im-stavale-polovi-organi-na-hristijanski-svetci-frchkoski-i-unkovski-vo-publikata/#respond Tue, 11 Jun 2019 21:35:38 +0000 https://kurir.mk/?p=208185

Припадниците на ЛГБТ, вчера, во склоп на Недела на гордоста, приредија сексуални перформанси во Музејот на современа уметност. Тие на различни начини се обидоа да ја исмеат верата, конкретно Христијанството, со цел да добијат одредени права во општеството. На перформансот на здруженијата кои се борат за правата на ЛГБТ луѓето, имало гол маж облечен како православен свештеник кој општи со гол светец кој има полов орган, пренесува порталот Лидер. Исто така имало случај на ѓавол кој игра и ги забавува гостите. Меѓу присутните беа и познати личности, како режисерот и интелектуалец Слободан Унковски, деканот на ФОН Љубомир Данаилов Фрчкоски и поранешниот министер за култура Роберт Алаѓозовски. Се уште е непознато како напаѓањето на Христијанството ќе ги зголеми правата на ЛГБТ популацијата, а граѓаните, дури и оние кои се за оваа популација да има право на брак, се згрозени од овие перформанси. Повеќе на lider.mk.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shokantni-fotografii-na-lgbt-sobirot-vo-skopje-im-stavale-polovi-organi-na-hristijanski-svetci-frchkoski-i-unkovski-vo-publikata/feed/ 0
Фудбалер одби да носи капитенска лента: Поради причината некои го поддржаа, некои го осудија https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/fudbaler-odbi-da-nosi-kapitenska-lenta-poradi-prichinata-nekoi-go-poddrzaa-nekoi-go-osudija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/fudbaler-odbi-da-nosi-kapitenska-lenta-poradi-prichinata-nekoi-go-poddrzaa-nekoi-go-osudija/#respond Mon, 27 Aug 2018 17:04:06 +0000 https://kurir.mk/?p=92846

Хрватскиот фудбалер Јосип Брекало се спротистави на правилата на неговиот клуб Волфсбург да носи капитенска лента со боите на ЛГБТ заедницата како знак на толеранција кон сексуалните различности. Волфсбург од оваа сезона воведе правило капитените во сите категории, од најмлади до сениори и во машка и во женска селекција,  да носат лента со боја на виножитото, но талентираниот 20-годишен фудбалер потенцира дека за него е неприфатливо да ја носи. - Воспитан сум религиозно. Немам ништо против тоа некој поинаку да живее, се додека тоа е само негова работа. Но, овој симбол не сакам и нема да го носам, бидејќи е против моите христијански ставови, истакна Брекало. Капитенска лента со боите на ЛГБТ заедницата оваа сезона во Волфсбург ќе ја носат Џошуа Гилавоги и голманот Коен Кастелс. Брекало во Волфсбург дојде пред две години од загребски Динамо за сума од десет милиони евра и претставува голем потенцијал за германскиот клуб. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/fudbaler-odbi-da-nosi-kapitenska-lenta-poradi-prichinata-nekoi-go-poddrzaa-nekoi-go-osudija/feed/ 0