Ли Кечијанг – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 02 Nov 2023 09:53:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Ли Кечијанг – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Погребан поранешниот кинески премиер Ли https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pogreban-poraneshniot-kineski-premier-li/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pogreban-poraneshniot-kineski-premier-li/#respond Thu, 02 Nov 2023 09:53:02 +0000 https://kurir.mk/?p=895685

Посмртните останки на поранешниот кинески премиер Ли Кечијанг денеска се кремирани на гробиштата Бабаошан во Пекинг. Во знак на жалост знамињата се спуштени на половина копја на Плоштадот Тјенанмен во Пекинг. На погребот на Ли присуствуваа претседателот Си Џинпинг и неговата сопруга, заедно со уште шест членови на Постојаниот комитет на Политбирото на Комунистичката партија, највисокото ниво на политичка моќ во Кина, како и потпретседателот Хан Женг. Поранешниот кинески претседател Ху Џинтао не присуствуваше на погребот но испрати венец. Пораките за починатиот премиер ги преплавија социјалните мрежи. Платформата Веибо, која ја замени иконата „ми се допаѓа“ со цвет од хризантема, која симболизира жалост, десетици илјади луѓе оставија коментари со кои се збогуваа со Ли. Хаштагот за тага поради смртта на Ли на Веибо имаше 430 милиони прегледи. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pogreban-poraneshniot-kineski-premier-li/feed/ 0
Почина поранешниот кинески премиер Ли Кечијанг https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochina-poraneshniot-kineski-premier-li-kechijang/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochina-poraneshniot-kineski-premier-li-kechijang/#respond Fri, 27 Oct 2023 06:01:34 +0000 https://kurir.mk/?p=893626

Поранешниот кинески премиер Ли Кечијанг (68) почина рано утрово откако доживеа ненадеен срцев удар во Шангај, јави државната новинска агенција Синхуа. Поранешниот кинески премиер доцна синоќа доживеа срцев удар и почина во 12:10 часот денеска по локално време откако не успеале обидите за реанимација. Ли Кечијанг се повлече од функцијата премиер во март по 10 години на функцијата под кинескиот претседател Си Џинпинг. Ли Кечијанг е роден на 1 јули 1955 година во Дингјуан, во источната провинција Анхуи, како син на функционер. Како и другите интелектуалци, во 1974 година за време на Културната револуција, тој беше принуден да оди на село. Како еден од само три проценти од сите кандидати кои успеале да се запишат, студирал право на Универзитетот во Пекинг и докторирал економија. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochina-poraneshniot-kineski-premier-li-kechijang/feed/ 0
Ли на средба со ЕУ претставници: Пекинг се противи на заземање страна за руската инвазија врз Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/li-na-sredba-so-eu-pretstavnici-peking-se-protivi-na-zazemanje-strana-za-ruskata-invazija-vrz-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/li-na-sredba-so-eu-pretstavnici-peking-se-protivi-na-zazemanje-strana-za-ruskata-invazija-vrz-ukraina/#respond Fri, 01 Apr 2022 13:35:36 +0000 https://kurir.mk/?p=656973

Пекинг се противи на заземање страна за руската инвазија врз Украина, изјави кинескиот премиер Ли Кечијанг на претставниците на Европската унија. Ли на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, и на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, преку видео врска им кажа дека Кина „се противи на поделбата на блоковите и заземање страна“, рече кинескиот дипломат. Кинескиот премиер одговори на барањето на Европската унија на самитот ЕУ-Кина, Кина да го искористи своето влијание и да помогне да се стави крај на конфликтот во Украина. „Кина и ЕУ имаат взаемна одговорност да го искористат своето заедничко влијание и дипломатија за ставање крај на руската војна во Украина“, напиша Мишел на Твитер за време на паузата од разговорите. Ли Кечијанг им рекол на лидерите на ЕУ дека Кина се залага за мировни преговори во Украина „на свој начин“, објави државната телевизија CCTV. Тој повтори дека Кина е посветена на зачувување на меѓународното право и меѓународните норми, вклучително и територијалниот интегритет на сите земји. Лидерите на ЕУ и Кина се состанаа денеска на прв самит по две години, при што Брисел изврши притисок врз Пекинг да гарантира дека нема да испорачува оружје на Русија или да и помогне на Москва да ги заобиколи западните санкции што и беа наметнати поради нејзината инвазија врз Украина. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/li-na-sredba-so-eu-pretstavnici-peking-se-protivi-na-zazemanje-strana-za-ruskata-invazija-vrz-ukraina/feed/ 0
Кинескиот претседател на Владата потврди дека си заминува од функцијата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kineskiot-pretsedatel-na-vladata-potvrdi-deka-si-zaminuva-od-funkcijata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kineskiot-pretsedatel-na-vladata-potvrdi-deka-si-zaminuva-od-funkcijata/#respond Fri, 11 Mar 2022 09:49:44 +0000 https://kurir.mk/?p=645370

Претседателот на Владата на Народна Република Кина, Ли Кечијанг, денеска потврди дека наредната година ќе ја напушти функцијата. Ли после завршувањето на редовната годишна сесија на Националното народно собрание најави дека наредната година ќе се пензионира и ќе отстапи од премиерската функција. За третото тромесечие оваа година предвидено е одржување на големиот партиски конгрес на Комунистичката партија на Кина, настан што се одржува на секои пет години. Се очекува тогаш да бидат пополнети многу испразнети места во кинеската извршна власт.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kineskiot-pretsedatel-na-vladata-potvrdi-deka-si-zaminuva-od-funkcijata/feed/ 0
Ли: Важно е да се поддржат Украина и Русија во преговорите за прекин на огнот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/li-vazno-e-da-se-poddrzat-ukraina-i-rusija-vo-pregovorite-za-prekin-na-ognot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/li-vazno-e-da-se-poddrzat-ukraina-i-rusija-vo-pregovorite-za-prekin-na-ognot/#respond Fri, 11 Mar 2022 08:00:31 +0000 https://kurir.mk/?p=645301

Кинескиот премиер Ли Кечијанг изјави дека ситуацијата во Украина е „загрижувачка“ и дека е важно да се поддржат Украина и Русија во преговорите за прекин на огнот. Говорејќи на прес-конференција на крајот од годишната парламентарна сесија, Ли не одговори директно на новинарски прашања за тоа дали Кина ќе се воздржи од осуда на Русија без оглед што прави таа земја и дали Кина е подготвена да обезбеди дополнителна економска и финансиска поддршка за Русија која се соочува со санкции. Кина и Русија воспоставија многу блиско партнерство, а Кина одби да го осуди рускиот напад врз Украина или да го нарече инвазија. Пекинг во повеќе наврати го изрази своето противење на , како што наведува, „незаконските санкции наметнати од Запад кон Русија“, повикувајќи на решение на кризата преку преговори.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/li-vazno-e-da-se-poddrzat-ukraina-i-rusija-vo-pregovorite-za-prekin-na-ognot/feed/ 0
Кинескиот премиер нареди истрага во индустријата за вакцини https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kineskiot-premier-naredi-istraga-vo-industrijata-za-vakcini/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kineskiot-premier-naredi-istraga-vo-industrijata-za-vakcini/#respond Mon, 23 Jul 2018 10:07:00 +0000 https://kurir.mk/?p=79927

Кинескиот премиер Ли Кечијанг нареди истрага во индустријата за вакцини во земјата откако граѓаните остро реагираа на веста дека производител на вакцини против беснило кршел прописи. Компанијата е обвинета за фалсификување евиденции во процесите за производство и контрола, а скандалот избувна  во време кога кинеските лидери се борат да ја вратат довербата на граѓаните во безбедносните процедури после смртни случаи од лажни и неисправни лекови, млеко и храна. Кечијанг вети „одлучна пресметка“ со кршењето на процедурите кои ја загрозуваат јавната безбедност. За сега нема извештаи дека вакцината против беснило загрозила нечие здравје, но веста за кршењето на процедурите предизвика лавина незадоволства на интернет. Надлежните органи минатата недела на компанијата „Чаншенг Лајф Сајенсис“ и наложија да го прекине производството и да ги повлече вакцините против беснило. Иследници ја тестираат ефикасноста на вакцините и планираат поднесување кривични пријави. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kineskiot-premier-naredi-istraga-vo-industrijata-za-vakcini/feed/ 0
Кинескиот премиер вети поголемо отворање на националната економија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kineskiot-premier-veti-pogolemo-otvoranje-na-nacionalnata-ekonomija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kineskiot-premier-veti-pogolemo-otvoranje-na-nacionalnata-ekonomija/#respond Tue, 20 Mar 2018 07:26:46 +0000 http://kurir.mk/?p=31323

Кина, уште пошироко, ќе ја отвори својата национална економија, најави денеска кинескикот премиер Ли Кечијанг. Тој прецизираше дека националната индустрија ќе биде целосно отворена за странска конкуренција, со подобра заштита на интелектуалната сопственост. - Кина никогаш нема да се стреми кон експанзија и хегемонија во светот, посочи Ли на прес-конференцијата по повод крајот на годишната сесија на кинескиот Парламент. Што се однесува на најавените зголемени царински давачки при увоз во САД, Ли потенцираше дека Пекинг не сака трговска војна со Вашингтон. Тој вели дека Кина ќе преземе мерки за постигнување побалансирани трговски врски со САД. - Пекинг не сака голем американско-кинески трговски дефицит, рече Ли, додавајќи дека Кина се надева оти САД ќе ги укинат извозните ограничувања на Кина за висока технологија. Ли, исто така, најави дека Кина ќе продолжи да го редуцираа соодносот межу долгот и БДП и додаде дека земјата е способна да ги предвидува финансиските ризици. - Основите на кинеската економија се здрави, а финсискиот систем е стабилен, заклучи Ли.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kineskiot-premier-veti-pogolemo-otvoranje-na-nacionalnata-ekonomija/feed/ 0
Ли Кечијанг повторно избран за премиер на Кина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/li-kechijang-povtorno-izbran-za-premier-na-kina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/li-kechijang-povtorno-izbran-za-premier-na-kina/#respond Sun, 18 Mar 2018 10:02:41 +0000 http://kurir.mk/?p=30891

Ли Кечијанг е избран повторно на функцијата премиер на Кина, на која ќе биде уште еден петгодишен мандат. Националниот народен конгрес гласаше за повторен избор на Ли со 2.964 гласови додека само два гласа беа против таа одлука. Гласањето за премиер беше одржано ден откако лидерот на Комунистичката партија  и претседател на Кина Си Џинпинг повторно беше избран за претседател на државата и тоа без ограничување на бројот на мандати.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/li-kechijang-povtorno-izbran-za-premier-na-kina/feed/ 0