Ли Кианг – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 15 Jun 2023 09:56:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Ли Кианг – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Кинескиот премиер ќе ги посети Франција и Германија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kineskiot-premier-ke-gi-poseti-frantsija-i-germanija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kineskiot-premier-ke-gi-poseti-frantsija-i-germanija/#respond Thu, 15 Jun 2023 09:56:36 +0000 https://kurir.mk/?p=846030

Кинескиот премиер Ли Кианг ќе ги посети Германија и Франција од 18 до 23 јуни, соопшти денеска кинеското Министерство за надворешни работи. Тоа е прво патување на Ли во странство откако ја презеде функцијата во март. Кинескиот премиер „ќе оствари официјална посета на Германија, каде ќе ја одржи седмата рунда од кинеско-германските владини консултации и официјална посета на Франција, каде што ќе присуствува на самитот на Новиот глобален финансиски пакт“, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи. Целта на самитот за нов глобален финансиски пакт, организиран на иницијатива на францускиот претседател Емануел Макрон, е амбициозна: да се реформира архитектурата на глобалните финансии за подобро да се одговори на предизвиците на глобалното затоплување. Неколку учесници веќе го потврдија своето присуство: Ајај Банга, претседател на Светска банка, Антонио Гутереш, генерален секретар на Обединетите нации, Урсула фон дер Лајен, претседателка на Европската комисија, како и германскиот канцелар Олаф Шолц.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kineskiot-premier-ke-gi-poseti-frantsija-i-germanija/feed/ 0