Либерланд – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 25 Sep 2023 14:06:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Либерланд – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Хрватската полиција упадна во Либерланд, фиктивна „држава“ на Дунав, уапсени се неколку лица https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hrvatskata-politsija-upadna-vo-liberland-fiktivna-drzhava-na-dunav-uapseni-se-nekolku-litsa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hrvatskata-politsija-upadna-vo-liberland-fiktivna-drzhava-na-dunav-uapseni-se-nekolku-litsa/#respond Mon, 25 Sep 2023 14:06:19 +0000 https://kurir.mk/?p=881582

Хрватската полиција изврши рација во Либерланд, фиктивна „држава“ на Дунав, кај Бачки Моноштор во Србија и Змајевац во Хрватска, која беше запоседната и прогласена од страна на Чехот Вит Једличка во април 2015 година. Како што е објавено на официјалната веб-страница на Либерланд, полицијата во четвртокот дошла во придружба на инспектори на хрватските шуми и екипа за уривање која „уништила приватен имот и уапсила неколку Либерланѓани“, јавува денеска Дневник.хр. Сè, како што велат, се случило без најава или полициско предупредување, а на луѓето кои живеат таму не им било дадено доволно време да ги соберат своите работи, наведува Либерланд. Нема повредени, но е оштетен или запленет имот, пишува хрватскиот портал Дневник. На страницата е наведен оштетениот или отстранет имот, вклучувајќи две куќи во градина и куќа на плажа, кујна на отворено со повеќе фрижидери и шпорети, генератори и електронска опрема, антена Starlink, велосипеди, храна и други потреби. Либерланд наведува дека полицијата и вработените во Хрватски шуми се однесувале непрофесионално и ги навредувале луѓето. Побаравме писмено известување или извештај и ни рекоа дека нема и нема да има. Го снимивме и фотографиравме овој инцидент и веќе започнавме правна битка на неколку нивоа“, се посочува на веб-страницата Либерланд.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hrvatskata-politsija-upadna-vo-liberland-fiktivna-drzhava-na-dunav-uapseni-se-nekolku-litsa/feed/ 0