либија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 18 Sep 2023 06:27:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png либија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Трагедија: Загинаа Грци кои заминале да помагаат во Либија, се случила страшна сообраќајка https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tragedija-zaginaa-grtsi-koi-zaminale-da-pomagaat-vo-libija-se-sluchila-strashna-soobrakajka/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tragedija-zaginaa-grtsi-koi-zaminale-da-pomagaat-vo-libija-se-sluchila-strashna-soobrakajka/#respond Mon, 18 Sep 2023 06:27:09 +0000 https://kurir.mk/?p=878950

Тројца припадници на грчката армија и двајца преведувачи го загубија животот во сообраќајната несреќа во Либија, што се случи од засега непознати причини и под неразјаснети околности, кога возило удрило во автобусот на грчката хуманитарна мисија додека од аеродромот во Бенгази се упатувале кон градот Дарна, јави дописничката на МИА од Атина. Телата на загинатите со авион на военото воздухопловство се враќаат во Атина, додека пак во сообраќајната несреќа веројатно има и повредени припадници на грчката армија, меѓутоа официјално не постојат информации. Министерот за одбрана на Грција Никос Дендиас изрази длабока тага за смртта на тројцата припадници на армијата, како и за загубата на животите на двајцата цивили кои беа дел од истата мисија и соопшти дека со негова одлука, прогласена е тридневна жалост во армијата. -Нашите мисли во овој момент се со семејствата на жртвите во несреќата, на кои им изразуваме најискрено сочувство, како и на повредените, на кои им посакуваме брзо закрепнување, рече Дендиас. (МИА)  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tragedija-zaginaa-grtsi-koi-zaminale-da-pomagaat-vo-libija-se-sluchila-strashna-soobrakajka/feed/ 0
Во сообраќајна несреќа во Либија повредени припадници на грчката армија, дел од испратената хуманитарна помош https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-soobrakajna-nesreka-vo-libija-povredeni-pripadnitsi-na-grchkata-armija-del-od-ispratenata-humanitarna-pomosh/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-soobrakajna-nesreka-vo-libija-povredeni-pripadnitsi-na-grchkata-armija-del-od-ispratenata-humanitarna-pomosh/#respond Sun, 17 Sep 2023 20:10:15 +0000 https://kurir.mk/?p=878880

Неколку припадници на грчката армија, дел од хуманитарната помош што денеска пристигна во Либија, се повредени во сообраќајна несреќа на пат кон градот Дерна, кога автобусот со медицинскиот персонал се судрил со возило кое се движело во спротивна насока, соопштија од Генералштабот на националната одбрана на Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Несреќата се случила под засега неразјаснети околности, со полесни повреди се здобиле неколкумина, кои се пренесени во болници во областа, а во тек е акција за собирање на персоналот во Бенгази и нивно враќање, додека пак авион Ц-130 со медицински персонал е подготвен за полетување од Атина. Од Министерството за надворешни работи на Грција соопштија дека по сообраќајната несреќа „во координација со Министерството за национална одбрана, ОН и Европската унија, генералниот конзулат на Грција во Бенгази е во состојба на готовност за обезбедување помош за делегацијата и да помогне во враќањето во Грција“. Како што претходно објави МИА, Грција денеска испрати хуманитарна помош во Либија, односно медицински и болнички персонал, медицинска и фармацевтска опрема и храна.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-soobrakajna-nesreka-vo-libija-povredeni-pripadnitsi-na-grchkata-armija-del-od-ispratenata-humanitarna-pomosh/feed/ 0
Грција испрати хуманитарна помош во Либија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grtsija-isprati-humanitarna-pomosh-vo-libija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grtsija-isprati-humanitarna-pomosh-vo-libija/#respond Sun, 17 Sep 2023 17:38:41 +0000 https://kurir.mk/?p=878848

Хуманитарна помош, односно медицински и болнички персонал, медицинска и фармацевтска опрема и храна, испрати Грција во Либија за погодените региони од поплавите, соопштија од грчкото МНР, јави дописничката на МИА од Атина. Според Министерството за надворешни работи на Грција, хуманитарната помош веќе пристигна во Бенгази со авион Ц-130 на военото воздухопловство со што „на дело се докажува солидарноста на Грција со либискиот народ“. По наредба на министерот за надворешни работи Јоргос Герапетритис, мисијата била придружувана од генералниот конзул на Грција во Бенгази, амбасадорот Ставрос Венизелос, за да обезбеди дипломатска помош. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grtsija-isprati-humanitarna-pomosh-vo-libija/feed/ 0
Апел за помош за настраданото население погодено од катастрофалните поплави во Либија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/apel-za-pomosh-za-nastradanoto-naselenie-pogodeno-od-katastrofalnite-poplavi-vo-libija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/apel-za-pomosh-za-nastradanoto-naselenie-pogodeno-od-katastrofalnite-poplavi-vo-libija/#respond Thu, 14 Sep 2023 07:19:17 +0000 https://kurir.mk/?p=877863

Катастрoфалните поплави во источна Либија предизвикани од поројните дождови од ураганот „Даниел“, кои се случија на 10 септември 2023 година опустошија повеќе градови на средоземноморското крајбрежје. Направени се значителни штети на инфраструктурата, вклучително и на патната мрежа, а прекината е и телекомуникациската мрежа. Најтешка е ситуацијата во градот Дерна, каде се говори за над 5000 загинати луѓе. Поплавата предизвикана од силната бура ги сруши браните, предизвикувајќи порој од вода и опустоши четвртина и повеќе од градот Дерна, однесувајќи ги зградите заедно со нивните жители, улиците се покриени со урнатини, кал и шут. Се проценува дека околу 10 000 луѓе се водат како исчезнати. Црвениот крст на Република Северна Македонија изразува големо жалење за човечките загуби и настанатите материјални штети. Искажувајќи солидарност со настраданото население во Либија Црвениот крст се вклучува во обезбедување на потребната помош. Сите заинтересирани правни субјекти и граѓани можат да донираат парична помош на: - Сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за настраданото население во Либија. - како и да се донираат 100 денари со повик на телефонските броеви 143 400 на Македонски Телеком и А1. - За донации на средства во странска валута: NAME OF THE ORGANIZATION: RED CROSS OF THE REPUBLIC OF NORTH MACEDONIAN BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, MACEDONIA BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11 SWIFT CODE: KOBSMK2X IBAN CODE: MK07300701000001228]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/apel-za-pomosh-za-nastradanoto-naselenie-pogodeno-od-katastrofalnite-poplavi-vo-libija/feed/ 0
Смртниот биланс од поплавите во Либија надмина 3.800 лица https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/smrtniot-bilans-od-poplavite-vo-libija-nadmina-3-800-litsa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/smrtniot-bilans-od-poplavite-vo-libija-nadmina-3-800-litsa/#respond Wed, 13 Sep 2023 20:27:07 +0000 https://kurir.mk/?p=877796

Повеќе од 3.800 луѓе загинаа во разорните поплави што го зафатија градот Дерна во Либија, соопшти портпаролот на Министерството за внатрешни работи на владата што владее со источниот дел на земјата. Според портпаролот, поручникот Тарек ал-Хараз, досега во градот се идентификувани 3.840 жртви, од кои 3.190 биле погребани вчера. Меѓу жртвите има најмалку 400 странци, главно Суданци и Египќани. Најмалку 250 тела се извлечени денеска, а повеќе од 2.400 луѓе се водат како исчезнати во невремето што ја погоди земјата во неделата, додаде портпаролот. Властите во источниот дел на земјата стравуваат дека конечниот број на жртви од поплавите во Дерна и соседните области по минувањето на бурата Даниел може да биде многу поголем, со оглед на размерите на уништувањето и тешкотиите во обезбедувањето помош за настраданите. Велика Британија денеска соопшти дека и дава на Либија првична помош од еден милион фунти (1,16 милиони евра). Во изјавата за медиумите, британските дипломати рекоа дека ОН доделиле 10 милиони долари (9,3 милиони евра) од Централниот фонд за одговор при итни случаи, во кој Велика Британија е еден од најголемите придонесувачи. Обемот на загубите и уништувањето предизвикано од поплавите во Либија „се потресителни“, напиша британскиот премиер Риши Сунак на мрежата Х. „Ние работиме на обезбедување итна помош за либискиот народ, вклучително и првично финансирање за поддршка на меѓународните напори за помош“, нагласи тој. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/smrtniot-bilans-od-poplavite-vo-libija-nadmina-3-800-litsa/feed/ 0
Се стравува дека 10.000 лица се исчезнати: Поплавите во Либија уништија четвртина од градот Дерна https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-stravuva-deka-10-000-litsa-se-ischeznati-poplavite-vo-libija-unishtija-chetvrtina-od-gradot-derna/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-stravuva-deka-10-000-litsa-se-ischeznati-poplavite-vo-libija-unishtija-chetvrtina-od-gradot-derna/#respond Tue, 12 Sep 2023 13:03:00 +0000 https://kurir.mk/?p=877289

Околу четвртина од источниот град Дерна е уништен откако брана пукна во големата бура што ја погоди Либија, објави денеска регионалната администрација, а Црвениот крст соопшти дека се стравува дека околу 10.000 луѓе се исчезнати во поплавите низ целата земја. Само во Дерна веќе се извлечени најмалку 1.000 тела. Локалните власти стравуваат дека бројот на жртвите може да биде многу поголем откако бурата Даниел го премина Медитеранот и ја погоди земјата чија економија, инфраструктура и стандарди се во лоша состојба по повеќе од една деценија конфликт. Министерот за цивилна воздушна пловидба Хикен Абу Чкиоат изјави за Ал Џезира дека очекува вкупниот број загинати во целата земја на крајот да достигне повеќе од 2.500, бидејќи нови бројки за исчезнатите постојано доаѓаат и се зголемуваат. „Од сопствени независни извори можеме да потврдиме дека бројот на исчезнати лица досега е околу 10.000“, изјави Тамер Рамадан, шеф на делегацијата на Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина (IFRC), преку видео врска од Тунис до новинарите во Женева.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-stravuva-deka-10-000-litsa-se-ischeznati-poplavite-vo-libija-unishtija-chetvrtina-od-gradot-derna/feed/ 0
Турција испраќа три авиони со спасувачки тимови и хуманитарна помош во Либија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turtsija-ispraka-tri-avioni-so-spasuvachki-timovi-i-humanitarna-pomosh-vo-libija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turtsija-ispraka-tri-avioni-so-spasuvachki-timovi-i-humanitarna-pomosh-vo-libija/#respond Tue, 12 Sep 2023 07:40:36 +0000 https://kurir.mk/?p=877183

Турција ќе испрати три авиони со спасувачки тимови и хуманитарна помош во Либија, соопшти турското Министерство за надворешни работи, по големите поплави во либискиот град Дерна во кои загинаа околу 2.000 луѓе. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на својот профил на социјалната мрежа Х објави дека неговата земја ќе испрати 168 спасувачи, две специјализирани возила и два спасувачки чамци во Либија. Освен тоа, авионите кои утрово ќе заминат за Бенгази ќе бидат натоварени со стотици шатори, генератори, храна, облека и санитарни производи. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turtsija-ispraka-tri-avioni-so-spasuvachki-timovi-i-humanitarna-pomosh-vo-libija/feed/ 0
Над 2.000 загинати и околу 6 илјади исчезнати откако две брани се урнаа од невремето во Либија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/nad-2-000-zaginati-i-okolu-6-iljadi-ischeznati-otkako-dve-brani-se-urnaa-od-nevremeto-vo-libija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/nad-2-000-zaginati-i-okolu-6-iljadi-ischeznati-otkako-dve-brani-se-urnaa-od-nevremeto-vo-libija/#respond Tue, 12 Sep 2023 06:20:08 +0000 https://kurir.mk/?p=877136

Повеќе од две илјади луѓе загинаа, а околу шест илјади се водат за исчезнати во Дерна, Либија каде што под притисок на поплавите предизвикани од бурата „Даниел“ се урнаа две брани, пишува Си-ен-ен. -Како резултат на тоа, се урнаа три моста. Водата што тече однесе цели населби, изјави Ахмед Мисамари, портпарол на Либиската национална Армија. Шефот на либиската служба за вонредни состојби, Осама Али, за Си-Ен-Ен изјави дека по уривањето на браната „целата вода отишла во областа кај Дерна, која е планинско крајбрежно подрачје“. Тој додаде дека куќите во долините биле однесени од силни струи од кал кои носеле возила и остатоци. Телефонските линии во градот исто така се во прекин, што ги отежнува напорите за спасување, рече Али, а работниците не можеа да влезат во Дерна поради огромното уништување. Али рече дека властите не ги предвиделе размерите на катастрофата. Шефот на либиската источна влада, поддржана од парламентот, Осама Хамад, ја опиша ситуацијата како „катастрофална и без преседан“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/nad-2-000-zaginati-i-okolu-6-iljadi-ischeznati-otkako-dve-brani-se-urnaa-od-nevremeto-vo-libija/feed/ 0
„Даниел“ пустоши во Либија: Најмалку 2.000 загинати, 7.000 исчезнати во силното невреме (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/daniel-pustoshi-vo-libija-najmalku-2-000-zaginati-7-000-ischeznati-vo-silnoto-nevreme-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/daniel-pustoshi-vo-libija-najmalku-2-000-zaginati-7-000-ischeznati-vo-silnoto-nevreme-video/#respond Mon, 11 Sep 2023 20:14:39 +0000 https://kurir.mk/?p=877073

Како последица на обилните врнежи, повеќе од 2.000 луѓе ги загубија животите, а 7.000 исчезнаа, објави денеска министерот за внатрешни работи на владата на истокот на Либија, Абу Зерибе. Осама Хамад, премиерот на една од двете ривалски влади во Либија, денеска изјави дека се стравува дека речиси 2.000 луѓе загинале во поплавите на истокот на земјата. Пред тоа, претставници на владата што го контролира источниот дел на Либија изнесоа информации за 27 загинати, но нагласија дека нема извештај од градот Дерна, во кој е прогласена вонредна состојба. Сепак, во изјава за телевизијата Ал-Масар, Осама Хамад посочи дека бројката од 2.000 луѓе првенствено се однесува на Дерна, каде се прекинати сите сообраќајни врски и каде што нема струја и комуникациски врски. Хамад рече дека поплавите во Дерна однеле цели населби. Поплавите се резултат на моќната медитеранска бура Даниел, која сега се движи кон Египет.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/daniel-pustoshi-vo-libija-najmalku-2-000-zaginati-7-000-ischeznati-vo-silnoto-nevreme-video/feed/ 0
Најмалку 150 луѓе загина во невремето во источна Либија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-150-luge-zagina-vo-nevremeto-vo-istochna-libija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-150-luge-zagina-vo-nevremeto-vo-istochna-libija/#respond Mon, 11 Sep 2023 12:24:22 +0000 https://kurir.mk/?p=876927

Телевизијата Ал Арабија објави дека во либискиот град Дерна загинале најмалку 150 луѓе во поплавите предизвикани од бурата Даниел. Надојдената вода оштети домови и улици. Портпаролот на Либиската национална армија (ЛНА), Ахмад Месмари изјави дека седум војници се водат како исчезнати. Бурата Даниел ги погоди градовите Бенгази, Сусa, Ал Бајда и Дерн. Поради надојдената вода прогласена е вонредна состојба, затворени се училиштата, продавниците, а воведен е и полициски час. Затворени се и четирите големи либиски нафтени пристаништа – Рас Лануф, Зуеитина, Брега и Ел Сидр. Премиерот на привремената влада во Триполи, Абдулхамид Дбеиба вчера изјави дека им наредил на сите државни агенции веднаш да се погрижат за штетите и поплавите во источните градови.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-150-luge-zagina-vo-nevremeto-vo-istochna-libija/feed/ 0