Лица со хендикеп – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 06 Jul 2021 16:54:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Лица со хендикеп – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ДСП „Обединети Работници“ со поддршка за најавените протести на лицата со хендикеп! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dsp-obedineti-rabotnici-so-poddrshka-za-najavenite-protesti-na-licata-so-hendikep/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dsp-obedineti-rabotnici-so-poddrshka-za-najavenite-protesti-na-licata-so-hendikep/#respond Tue, 06 Jul 2021 16:54:57 +0000 https://kurir.mk/?p=532967

Лицата со хендикеп се една од групите во нашето општество која што често се користи за добивање на поени пред секои избори од страна на политичките партии, но години наназад не добива никаква реална помош. Доста е со таквиот игнорантски однос – време е да се чуе нивниот глас, се вели во соопштението на ДСП „Обединети Работници“. - Лицата со хендикеп не бараат ништо повеќе од она што ги следува, односно за нив е од значење само правилното и правичното спроведување на законите, со што би се подобрило нивното секојдневие и би им се овозможил далеку поголем квалитет на живеење. ДСП „Обединети работници“ дава целосна и безрезервна поддршка на лицата со хендикеп кои што ќе бидат обединети на протести организирани во период од 20.07.2021 до 30.07.2021 година, пред Владата на Република Македонија, велат од друштвото. - Да не дозволиме овие искрени борци да ја војуваат борбата сами, да дадеме свој придонес сите ние и да присуствуваме рамо до рамо со нив! Нивната борба е и наша борба! Време е за обединување, посочуваат тие.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dsp-obedineti-rabotnici-so-poddrshka-za-najavenite-protesti-na-licata-so-hendikep/feed/ 0
Лицата со хендикеп бараат пристапност до здравствените објекти, подобра едукација на лекарите и квалитетни ортопедски помагала https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/licata-so-hendikep-baraat-pristapnost-do-zdravstvenite-objekti-podobra-edukacija-na-lekarite-i-kvalitetni-ortopedski-pomagala/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/licata-so-hendikep-baraat-pristapnost-do-zdravstvenite-objekti-podobra-edukacija-na-lekarite-i-kvalitetni-ortopedski-pomagala/#respond Tue, 27 Nov 2018 12:22:07 +0000 https://kurir.mk/?p=132608

Деведесет и четири проценти од лицата со хендикеп се соочуваат со дискриминација во остварувањето на правото на здравствената заштита и осигурувањето, покажа анализата на Полио Плус-движење против хендикеп. Како најголеми препреки за остварување на здравствената заштита се непристапноста до здравствените објекти, нискиот квалитет на едукација на здравствените работници во поглед на работа и комуникација со овие пациенти, како и неквалитетните и несоодветни ортопедски помагала. Ова денеска го истакна програмскиот раководител на Полио Плус, Елена Кочоска, пред почетокот на јавната дебата на тема „Состојбите и предизвиците во остварувањето на правото на здравствена заштита на лицата со хендикеп“. Посочи дека ја организираат дебатата со цел го отворат прашањето за здравствената заштита и лицата со хендикеп согласно Конвенцијата за правата на овие лица, како и да ги согледаат предизвиците кои стојат пред нив. -Лицата со хендикеп се целосно ограничени поради непристапноста на здравствените објекти и во остварувањето на ова право тие ги пуштаат своите родители што го крати правото на избор и да ја добијат услугата на лице место. Целосната законска регулатива во оваа област треба да биде променета и усогласена со Конвенцијата за правата на лицата со хендикеп, треба да се воведат дополнителни корикулуми и во факултетите, но и во Лекарската комора, лекарите да имаат посебни обуки за работа и комуникација со лицата со хендикеп, а треба да биде направена и промена во правилниците за добивање ортопедски помагала за граѓаните со хендикеп, рече Кочоска. Нагласи дека овие нивни проблеми постојано ги посочуваат во здравствените институции од каде, како што посочи, им кажале дека поприоритетни се други прашања. -Основниот пакет на здравствена заштита не можеме да го оствариме, а да не правиме муабет за секундарната и терциерната здравствена заштита, која е целосно недостапна, а треба да биде бесплатна за нас, додаде Кочоска. Теодор Богоевски, кој е советник во Владата, упати апел до невладините организациите кои се залагаат за унапредување на правата на лицата со хендикеп да се обратат и да укажат на проблемите со кои се соочуваат, имајќи предвид дека имаат партнер во Владата и заедно да работат на надминување на бариерите и подобрување на условите за лицата со хендикеп. Додаде дека во Министерството за здравство треба да се вклучени лица со инвалидитет кои од внатре ќе работат на проблематиката и ќе ги посочат проблемите со кои се соочуваат овие лица.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/licata-so-hendikep-baraat-pristapnost-do-zdravstvenite-objekti-podobra-edukacija-na-lekarite-i-kvalitetni-ortopedski-pomagala/feed/ 0
Лицата со хендикеп бараат квалитетно образование и вработување во јавната администрација https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/licata-so-hendikep-baraat-kvalitetno-obrazovanie-i-vrabotuvanje-vo-javnata-administracija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/licata-so-hendikep-baraat-kvalitetno-obrazovanie-i-vrabotuvanje-vo-javnata-administracija/#respond Thu, 08 Nov 2018 13:44:44 +0000 https://kurir.mk/?p=125304

Лицата со хендикеп бараат образование кое не е ограничено, специјализирано и кое нуди еднаков квалитет како и за останатите граѓани без хендикеп и да се земе предвид нивно вработување во јавната администрација. – Постои проблем околу класификацијата и категоризирањето на децата и лицата со хендикеп, како и специјалниот пристап кој го има државата кој наместо кон грижа е насочен кон креирање посебни мерки кои не водат кон еднакви права, туку кон сегрегирање и дискриминација. Имаме во одредени специјални училишта наместо слепите и глувите да учат поквалитетни програми, државата ги пренасочува од старт да учат само мануелни работи што предизвикува системска дискриминација. Без образование не може да имаме квалитетно вработување, истакна програмскиот раководител на Полио Плус- движење против хендикеп, Елена Кочоска пред почетокот на јавната дебата на тема „Погледни ги способностите – состојбите и предизвиците во вработувањето на лицата со хендикеп“. Дополнителен проблем, посочи, е нашето вработување и при клаузулата како што вика државата правична застапеност на заедниците во јавна администрација, заедницата за лицата со хендикеп воопшто не е земена предвид. – Македонија нема статистика за бројот на лицата со хендикеп. Една од препораките на Комитетот на правата на лицата со хендикеп е дека Македонија треба комплетно целосно покрај законодавната рамка да пристапи кон промена на свеста и стереотипите кои државата ги креира за заедницата на лицата со хендикеп. За овие проблеми континуирано зборуваме, но за жал се уште нашето прашање, прашањето на заедницата со хендикеп е на последно ниво на политичката агенда, рече Кочоска. Додаде дека најголемата застапеност на лицата со хендикеп е во т.н.заштитни друштва, што претставува повторно нивна дискринимација, многу мала е нивната застапеност во приватниот сектор, а уште помала во јавната администрација. – Денеска се собравме отворено да позборуваме за тоа каде е местото на лицата со хендикеп во процесот на вработување. Сакаме да се информираме какви ќе бидат идните чекори кои ќе ги преземе Стопанската комора на Македонија, а со цел сите категории на лица со хендикеп во оваа земја да бидеме вклучени, бидејќи тоа ни е загарантирано право и според Уставот и според Конвенцијата, Љубиша Савески, долгодишен соработник на Полио Плус- движење против хендикеп. Претставникот на Стопанската комора на Македонија, Јадранка Аризанкоска рече дека во рамки на ИПА програмата минатата година во партнерство со Полио Плус во Стопанската комора бил формиран Центар за вработување на лица со хендикеп и неговата интенција е да воспостави програми и модули кои ќе ги подготват лицата со хендикеп за да можат да се вклучат на пазарот на трудот. – Минатата година реализиравме голема серија обуки за лицата со хендикеп. Се реализираа десеттина програми за практикантство и компаниите кои имаат лица со хендикеп како практиканти континуирано бараат од нас да продолжиме со нашите активности, бидејќи се покажа дека лицата со хендикеп се лојални и ги извршуваат задачите на ниво на кое ги бараат работодавачите. За таа цел Центарот за вработување на лица со хендикеп има потреба од поддршка и во координација со Министерството за труд и социјална политика работиме на изнаоѓање на дополнителни средства за да може тој да продолжи да функционира, додаде Аризанкоска. Дебатата се одржа во организација на Полио Плус – движење против хендикеп, во рамки на проектот „Маргина Обскура“, кој се реализира со поддршка од ЕУ и во соработка со Националното Координативно тело за имплементација на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост и Стопанската комора на Македонија. Заклучоците и препораките од дебатата ќе бидат доставени до надлежните институции. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/licata-so-hendikep-baraat-kvalitetno-obrazovanie-i-vrabotuvanje-vo-javnata-administracija/feed/ 0