лица со оштетен вид – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 15 Oct 2021 11:49:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png лица со оштетен вид – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Националниот сојуз на слепи потсетува на потребите на лицата со оштетен вид https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nacionalniot-sojuz-na-slepi-potsetuva-na-potrebite-na-licata-so-oshteten-vid/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nacionalniot-sojuz-na-slepi-potsetuva-na-potrebite-na-licata-so-oshteten-vid/#respond Fri, 15 Oct 2021 11:49:32 +0000 https://kurir.mk/?p=579595

Во име на повеќе од 2570 слепи и слабовидни лица во државата, Националниот сојуз на слепи по повод Меѓународниот ден на слепите – 15 Октомври потсетува на важноста за независно движење на лицата со оштетен вид и на потребата од зголемување на свеста за болестите и состојбите на очите. – Денес ги потсетуваме носителите на политиките дека е најзначајно лицата со оштетен вид да патуваат независно и самостојно. Потсетуваме за важноста од звучни семафори, тактилни патеки, но и пристапни и безбедни тротоари за сите пешаци, наведува Сојузот кој годинава одбележува 75 години постоење. Сојузот посочува и на дополнителните проблеми за оваа категорија граѓани предизвикани од пандемијата со КОВИД-19 која, како што наведува, „остави многу значајни нееднаквости во општеството“. -Со оглед на новата ситуација која ни ја наметна светската пандемија, уште еднаш ги потсетуваме властите за важноста од инволвирање на лицата со оштетен вид при носење протоколи кои ги засегаат овие лица. Бидејќи сите треба да бидеме вклучени, никој не смее да биде оставен. Овој ден и оваа година е уште еден потсетник дека ние сме тука меѓу вас и дека ништо за нас – без нас, соопшти Националниот сојуз на слепи, порачувајќи достојно да се почитува Конвенцијата на Обединетите нации за правата на лицата со попреченост.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nacionalniot-sojuz-na-slepi-potsetuva-na-potrebite-na-licata-so-oshteten-vid/feed/ 0
Арсовска: Во Скопје ќе се изградат тактилни патеки за лицата со оштетен вид и ниски платформи за лицата со инвалидитет https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/arsovska-vo-skopje-kje-se-izgradat-taktilni-pateki-za-licata-so-oshteten-vid-i-niski-platformi-za-licata-so-invaliditet/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/arsovska-vo-skopje-kje-se-izgradat-taktilni-pateki-za-licata-so-oshteten-vid-i-niski-platformi-za-licata-so-invaliditet/#respond Tue, 05 Oct 2021 10:46:19 +0000 https://kurir.mk/?p=573276

Градот Скопје ќе биде пример за град каде се промовира социјална правда, ова е една од заложбите на независната кандидатка за градоначалник на Град Скопје, Данела Арсовска. - Градот на хуманоста и градот на солидарноста мора да се грижи за ранливите групи граѓани. Не е лесно да се живее со попреченост и затоа мојата програма нуди брзи и сигурни решенија што ќе овозможат подобро функционирање на градот за сите негови граѓани. Се предвидуваат пристапни рампи и лифтови во сите објекти, инфраструктурно подобрување во сообраќајот, семафори со звучна сигнализација за лицата со попреченост, а новите автобуси ќе имаат соодветни ниски платформи за лесен пристап за лицата со инвалидитет. Накратко, ќе реализираме издржани проекти и системски решенија што ќе овозможат олеснување на животот на оваа категорија граѓани, истакна Арсовска. Таа, исто така најави дека при планирањето на новите улици и реконструкцијата на постојните во градот Скопје, ќе се вградат решенија, како и изградба на тактилни патеки за потребите на лицата со оштетен вид. - Неопходно е лицата со попреченост да бидат вклучени во сите сфери од општеството, а тоа се предвидува во мојата програма. Како градска администрација ќе воведеме заштитна квота за нивно вработување, а спортските игралишта ќе ги направиме инклузивни за децата со попреченост, додаде кандидатката за градоначалник. Арсовска вети и дека нема да заборави на најстарите членови од семејствата и дека на волонтерска основа ќе обезбеди помош за старите лица. Секоја недела ќе се доставуваат намирници од основни производи, нега, набавка на лекови во нивните домови. - Затоа што Скопје мора да биде град каде ќе се почитува секој граѓанин еднакво, кандидатката за градоначалник смета дека е неопходно отворање на центар за жртви од семејно и родово базирано насилство и насилство базирано врз основ на сексуална ориентација. Потребни ни се брзи и сигурни решенија, а денешните предложени ќе го олеснат животот на оние на кои треба да им посветиме посебно внимание, заклучи за крај таа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/arsovska-vo-skopje-kje-se-izgradat-taktilni-pateki-za-licata-so-oshteten-vid-i-niski-platformi-za-licata-so-invaliditet/feed/ 0
Слепите и лицата со оштетен вид добија апликација со која пишаниот текст ќе го слушаат во аудиоформа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/slepite-i-licata-so-oshteten-vid-dobija-aplikacija-so-koja-pishaniot-tekst-kje-go-slushaat-vo-audioforma/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/slepite-i-licata-so-oshteten-vid-dobija-aplikacija-so-koja-pishaniot-tekst-kje-go-slushaat-vo-audioforma/#respond Wed, 14 Jul 2021 10:21:45 +0000 https://kurir.mk/?p=536609

Слепите лица и лицата со оштетен вид во земјава првпат добија апликација со која ќе им се овозможи пишаниот текст да го чујат во гласовна форма. Апликацијата „Кико“ ќе биде бесплатна, достапна во мобилна и декстоп-верзија, сега на македонски јазик, а за неколку месеци и на албански јазик. Покрај слепите и лицата со оштетен вид, апликацијата ќе можат да ја користат и лица со тешкотии во учењето, односно оние кои информациите најлесно ги разбираат кога се во говорна форма. – Слепите лица и лицата со оштетен вид првпат ќе добијат функционална современа и соодветна алатка која ќе им овозможи поголема независност во сите сфери на општествениот живот. Апликацијата аудиочитач ќе биде достапна во мобилна и десктоп-верзија. Ќе биде лесно разбирлива, а текстот ќе се изразува со природен глас. Оваа апликација е голем исчекор напред затоа што во моментов тие слушаа роботски глас, кој е несоодветен и нецелосно разбирлив, рече на денешната презентација на апикацијата министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска. Премиерот Зоран Заев, кој присуствуваше на промоцијата, истакна дека оваа апликација, која, како што рече, е лесно применлива за сите возрасти со користење на системот на претворање текст во говорен глас, ќе овозможи непречена комуникација, движење и целосно вклучување во општеството и достоинствен живот на оваа ранлива категорија граѓани. Постојаната претставничка на Програмата за развој на ОН, Нарине Сахакјан на презентацијата истакна дека од суштинска важност за лицата со попреченост е пристапот до образование, вработување, но и пристап до информации и комуникации. – Апликацијата „Кико“ е важен момент во повеќегодишната посветеност на УНДП во поддршка на националните чинители да ги исполнат своите заложби за спроведување на меѓународната конвеција која нагласува дека сите лица со било каков вид на попреченост мора да ги уживаат сите човекови права и слободи, но, има за цел, исто така, и да го заштити нивното достоинство, рече таа изразувајќи надеж дека оваа апликација може да биде основа за натамошно развивање слични дигитални производи кои малку ќе им го олеснат секојдневниот живот на лицата со попреченост, рече Сахакјан. За слепите лица и лицата со оштетен вид ова е голем чекор напред во нивното осамостојување и остранување на пречките со кои досега се соочувале. Со говорната синтеза, како што рече претседателот на Сојузот на здруженија на слепи лица Жарко Селковски, многу се подобрува и се олеснува секојдневниот живот на слепите лица во домот, при движењето, при учењето, за вработување, да може да си ги завршуваат сите работни обврски и без никакви проблеми да можат да остваруваат свои приходи. Со ова дигитално помагало, додаде, ќе бидат посамостојни во работа и со телефонот и со компјутерот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/slepite-i-licata-so-oshteten-vid-dobija-aplikacija-so-koja-pishaniot-tekst-kje-go-slushaat-vo-audioforma/feed/ 0
Пандемијата со коронавирусот дополнително им го отежна животот на лицата со оштетен вид https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pandemijata-so-koronavirusot-dopolnitelno-im-go-otezna-zivotot-na-licata-so-oshteten-vid/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pandemijata-so-koronavirusot-dopolnitelno-im-go-otezna-zivotot-na-licata-so-oshteten-vid/#respond Sat, 24 Oct 2020 13:49:06 +0000 https://kurir.mk/?p=420172

Пандемијата со коронавирусот дополнително им го отежна секојдневието на лицата со оштетен вид. Од тетовското Здружение на слепи лица велат дека изминативе месеци сите ги заборавиле. Со оглед на тоа дека повеќето се невработени, покрај моралната поддршка, потребна им е и финансиска помош, пренесува Телевизија Телма. Слепите лица го живеат секојдневно нивниот карантин. Тие се зависни од членовите на семејството за да можат да излезат надвор од своите домови, а пандемијата дополнително го отежна нивното функционирање. Од Здружението на слепи лица од Тетово велат дека изминатиов период тие се заборавени. Покрај морална поддршка, потребна им е и финансиска помош. Целиот текст може да го прочитате на Телма.ком.мк]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pandemijata-so-koronavirusot-dopolnitelno-im-go-otezna-zivotot-na-licata-so-oshteten-vid/feed/ 0
„Сите за правично судење“: Лицата со оштетен вид во Македонија без пристап до правда https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/site-za-pravichno-sudenje-licata-so-oshteten-vid-vo-makedonija-bez-pristap-do-pravda/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/site-za-pravichno-sudenje-licata-so-oshteten-vid-vo-makedonija-bez-pristap-do-pravda/#respond Wed, 10 Jul 2019 06:08:20 +0000 https://kurir.mk/?p=216923

На лицата со оштететен вид им е ограничено правото на фер и правично судење под еднакви услови како за сите, согласно законите и меѓународните прописи, заклучи Коалицијата „Сите за правично судење“, која во периодот од декември 2018 до март 2019 година спроведе истражување за физичката пристапност на десет основни судови. Истражувањето е спроведено во основни судови во Скопје, Велес, Штип, Струмица, Битола, Прилеп, Охрид, Струга, Тетово и Гостивар за нивните услуги од аспект на физичкиот пристап до правда. -Во набљудуваните судови не постојат тактилни ленти, Браилово писмо, ниту прилагоден фонт на текстот за лица со оштетен вид или потешкотии во читањето. Во најголемиот суд Основен суд Скопје- граѓански суд, лифтот е нефункционален, а судот не поседува судница на приземјето како би можело да се олесни пристапот до правда на лицата кои се соочуваат со попреченост, нагласува Коалицијата „Сите за правично судење“ во соопштението. Податоците се добиени од 16 набљудувачи, кои спроведуваат мониторинг на граѓански судски постапки од аспект на физичкиот пристап до правда во Основните судови во Македонија. Ова истражување е проверка на состојбите утврдени во периодот септември- декември 2018. Ситуацијата, како што наведува Коалицијата, не е променета од истражувањето направено во периодот септември- декември 2018. Коалицијата Сите за правично судење со оваа активност, преку мониторинг на имплементација на домашните закони и меѓународните стандарди ќе даде поддршка за подобрување на пристапот и квалитетот до правда. Посебен фокус ќе се даде на граѓанските судски постапки и ранливи категории на граѓани (маргинализирани групи и лица со попреченост) во четирите апелациони региони: Скопје, Гостивар, Битола и Штип. Истражувањето е изработено со поддршка од Проектот на УСАИД за граѓанско учество.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/site-za-pravichno-sudenje-licata-so-oshteten-vid-vo-makedonija-bez-pristap-do-pravda/feed/ 0
ДИК објави аудио упатство за гласање на лица со оштетен вид https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dik-objavi-audio-upatstvo-za-glasanje-na-lica-so-oshteten-vid/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dik-objavi-audio-upatstvo-za-glasanje-na-lica-so-oshteten-vid/#respond Tue, 25 Sep 2018 09:33:38 +0000 https://kurir.mk/?p=105642

Државната изборна комисија на својата веб страница објави аудио упатство за гласање на лицата со оштетен вид на референдумот на 30 септември. Во упатството детално се општува постапката како слепите и лицата со оштетен вид можат да го остварат правото на гласање на референдумот. Упатството е достапно на следниот линк: https://drive.google.com/file/d/1Iod6KKdUkjSZNDWjrf-312kHIKAt-CLC/view.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dik-objavi-audio-upatstvo-za-glasanje-na-lica-so-oshteten-vid/feed/ 0