лица со посебни потреби – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 22 Dec 2021 06:21:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png лица со посебни потреби – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „Сајберкултура“ по повод Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sajberkultura-po-povod-megjunarodniot-den-na-licata-so-posebni-potrebi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sajberkultura-po-povod-megjunarodniot-den-na-licata-so-posebni-potrebi/#respond Wed, 22 Dec 2021 06:21:56 +0000 https://kurir.mk/?p=611419

Националната галерија на Република Северна Македонија традиционално го одбележува Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби преку проектот социјална инклузија „Сајберкултура“. Осум скопски гимназии ќе учествуваат со уметнички мозаик, а за учество во овој проект на сите учесници ќе им бидат доделени благодарници и пригодни подароци. Појавата на Интернет и дигитализацијата во секојдневниот живот доведе до нови форми на општествени активности кои ја вклучуваат и областа на сајберкултурата. Сајберкултурата често се поистоветува со дигитална култура, интернет-култура, виртуелна култура итн. Сето ова укажува на еден тренд во современото живеење, на начинот на кој се одвиваат комуникациите и размената на информации. Улогата на Интернет, кој е еден вид есперанто јазик, создава виртуелни и онлајн комуникации кои се општоприфатени од сите возрасти, наведуваат органзиатрите на „Сајберкултура“. Проектот е своевидно огледало нашата стварност, еден вид одговор на сето она што се случува во светот, на она што се случува кај младите луѓе, без разлика дали се деца од редовната настава или деца со попреченост. Едукатор на проектот е Маја Димитрова, а проектот ќе може да се погледне до 5 јануари]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sajberkultura-po-povod-megjunarodniot-den-na-licata-so-posebni-potrebi/feed/ 0
Ѓорѓиевски: Вратите на општина Кисела Вода секогаш ќе бидат отворени за лицата со посебни потреби https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/gjorgjievski-vratite-na-opshtina-kisela-voda-sekogash-kje-bidat-otvoreni-za-licata-so-posebni-potrebi/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/gjorgjievski-vratite-na-opshtina-kisela-voda-sekogash-kje-bidat-otvoreni-za-licata-so-posebni-potrebi/#respond Fri, 03 Dec 2021 13:09:26 +0000 https://kurir.mk/?p=603656

Објектот на општина Кисела Вода стана достапен за лицата со посебни потреби. На денот на одбележувањето на нивниот Меѓународен ден, пред влезот беше поставена пристапна рампа.  Први ја искористија дечињата со церебрална парализа кои денес беа на посета кај градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. -Сакам јасно да порачам дека Општина Кисела Вода ќе биде пример за инклузивна општина, а лицата со посебни потреби секогаш можат да сметаат на мене, и како човек и како градоначалник. Поставената рампа, освен што им овозможува физички пристап, претставува и симбол на отвореноста на општината и на мене како градоначалник кон овие лица и кон сето она што им треба-истакна градоначалникот Ѓорѓиевски. Посетата, освен за дружење со дечињата, беше искористена и за евидентирање на бројните проблеми со кои се соочуваат овие лица. Од страна на градоначалникот добија ветување дека интензивно ќе се работи на нивно надминување. -Денес поставивме пристапна рампа, договоривме бележење на паркинг места за лица со инавалидност во Драчево, а веќе се разработува идејата за реализирање на јавно-приватно партнерство за отворање на Дневен центар за лица со попреченост, но кој би ги опфатил сите категории. Вакви центри има во Шведска, Бугарија и уште во неколку други земји. И сакам да ви ветам дека од сега, сите при градењето на ситеинфраструктурни проекти во општина Кисела Вода, ќе се внимава тие да бидат достапни за лицата со посебни потреби-изјави градоначалникот Ѓорѓиевски. Гости кај градоначалникот Ѓорѓиевски беа и дечињата од Здружението за инклузија на лица со посебни потреби, заштита на самохрани родители, “ЕЦЕ”, како и од Здружението за помош и поддршка на лицата до Даунов синдром, “Трисомија 21”. Паралелно, во присуство на претставници од Општина Кисела Вода, во ООУ Невена Георгиева Дуња, по повод 3 Декември, Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби, заедно со учениците од ДУРМДОВ “Димитар Влахов”, се одвиваше работилница за “Да направиме еднаков свет за сите”.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/gjorgjievski-vratite-na-opshtina-kisela-voda-sekogash-kje-bidat-otvoreni-za-licata-so-posebni-potrebi/feed/ 0
Меѓународен ден на лицата со посебни потреби https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/megjunaroden-den-na-licata-so-posebni-potrebi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/megjunaroden-den-na-licata-so-posebni-potrebi/#respond Thu, 03 Dec 2020 06:07:17 +0000 https://kurir.mk/?p=437885

Трети декември се одбележува како Меѓународен ден на лица со посебни потреби. На овој ден најмногу внимание се посветува на потребите и проблемите кои ги имаат и со кои се соочуваат токму овие лица. Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби е ден кој беше промовиран од страна на Обединетите нации во 1992 година. Целта е да се зголеми свеста за подобро разбирање на луѓето кои се засегнати од некаков хендикеп, поттик на луѓето да бидат посвесни за правата, достоинството и благосостојбата на лицата со посебни потреби. Денот на лицата со посебни потреби не опфаќа само ментален или физички хендикеп, туку многу пошироко, од аутизам, Даунов синдром, мултиплекс склероза.. Според податоците на Светска здравствена организација, над една милијарда луѓе во светот живеат со некој вид на хендикеп. Стапката на инвалидност постојано се зголемува, поради стареењето на населението и глобалниот пораст на хронични здравствени состојби. Во нашата држава се проценува дека 10 отсто или околу 200 000 жители се лица со инвалидитет. Здравствената и социјална заштита на лицата со посебни потреби има значајно место во секое организирано општество, не само од социјален и хуманитарен аспект, туку и од економски причини. Земјите со пониски приходи имаат повисока преваленција на инвалидност за разлика од земјите со повисоки приходи. Попреченоста е почеста кај жените, постарите лица, децата и возрасните кои се сиромашни.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/megjunaroden-den-na-licata-so-posebni-potrebi/feed/ 0
Вработените од Дневниот центар за лица со посебни потреби во Штип работеле без претходно направен корона тест?! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vrabotenite-od-dnevniot-centar-za-lica-so-posebni-potrebi-vo-shtip-rabotele-bez-prethodno-napraven-korona-test/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vrabotenite-od-dnevniot-centar-za-lica-so-posebni-potrebi-vo-shtip-rabotele-bez-prethodno-napraven-korona-test/#respond Sun, 11 Oct 2020 10:39:40 +0000 https://kurir.mk/?p=415031

Корона вирусот влезе и во штипскиот Дневен центар за лица со интелектуална или физичка попреченост. Заразена е медицинската сестра, а во изолација веднаш се ставени седум корисници и четворица вработени. Симптомите на вработена се појавиле во четвртокот. Директорката на Центарот за социјални работи, Златка Иванова вели дека вработените постојано работеле со визири, ракавици и маски, а поради блискиот контакт поради хигена или хранење на корисниците, висок е ризокот за пренесување на вирусот. Тука главно прашање е дали воопшто вработените биле тестирани пред да се отвори Центарот за лица со посебни потреби, бидејќи истиот почна да работи пред само 8 дена. Знаејќи од праксата во изминатите месеци дека симптомите се развиваат од 5-7 денови, тогаш логично е дека вработените не биле тестирани пред отварањето на Центарот. Седуммина штитеници се веќе во самоизолација, додека пак сеуште се чека на резултатите и на другите кои биле во контакт со вработените кои се позитивни на корона вирусот. Во време на пандемија од размери како оваа која веќе 10 месеци владее во светот, ништо не смее да се остави на случајност, особено не кога се работи за лица кои и онака имаат одредени потешкотии во секојдневното функционирање, реагира јавноста на социјалните мрежи. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vrabotenite-od-dnevniot-centar-za-lica-so-posebni-potrebi-vo-shtip-rabotele-bez-prethodno-napraven-korona-test/feed/ 0
Муцунски со низа мерки за лицата со посебни потреби: Потребно е да се грижиме за секого, особено за најранливите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mucunski-so-niza-merki-za-licata-so-posebni-potrebi-potrebno-e-da-se-grizime-za-sekogo-osobeno-za-najranlivite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mucunski-so-niza-merki-za-licata-so-posebni-potrebi-potrebno-e-da-se-grizime-za-sekogo-osobeno-za-najranlivite/#respond Wed, 01 Jul 2020 13:01:03 +0000 https://kurir.mk/?p=366687

Лицата со посебни потреби и лицата со ретки болести, се соочуваат со голем број предизвици во секојдневното дејствување, ние мораме да се грижиме повеќе за секого, особено за најранливите, вели во своето видео обраќање кандидатот за пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ1 Тимчо Муцунски. Затоа во проектот Обнова предвидуваме: 》 Формирање на дневни центри за лица со пречки во развојот. 》 Зачленување на Македонија во Европската Агенција за посебни потреби и инклузивно образование. 》 Програма за поврзување на училишта за деца со посебни потреби. 》 Пристапни студентски домови за лицата со попреченост. 》 Е-читална за лица со оштетен вид. 》 Отворање на реални компании во средните стручни училишта за лица со попреченост. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mucunski-so-niza-merki-za-licata-so-posebni-potrebi-potrebno-e-da-se-grizime-za-sekogo-osobeno-za-najranlivite/feed/ 0