лична употреба – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 21 Jul 2021 14:55:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png лична употреба – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Влада: Личната употреба на канабисот не е кривично дело https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vlada-lichnata-upotreba-na-kanabisot-ne-e-krivichno-delo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vlada-lichnata-upotreba-na-kanabisot-ne-e-krivichno-delo/#respond Wed, 21 Jul 2021 14:55:33 +0000 https://kurir.mk/?p=539828

Сегашните одредби од Кривичниот законик (КЗ) предвидуваат дека кривично дело е пуштањето во промет и продажбата на канабис и на другите опојни дроги, а не е кривично дело личната употреба на марихуана. -И сега во Казнениот законик е дозволена и не е казнива употребата на канабисот за лична употреба. Меѓутоа, она што е политика на Владата, кога веќе се оди во таа насока, е да се прави измена и да се допрецизира и тоа јасно да се направи во Казнениот законик за да нема ситуации како што имавме, рече денеска на прес-конференција владиниот портпарол Душко Арсовски. Тој одговараше на новинарско прашање дали Предлог-законот за опојни дроги предвидува декриминализација за лична употреба и одгледување на лична употреба, како што бараат невладините организации. Личната рекреативна употреба на канабисот и денес не е кривично дело, но праксата покажува дека на терен постојат нејаснотии или злоупотреби и имаме ситуации кога лица кои користат канабис за лична употреба се теретат за наводна намера за продажба, брифираат од македонската Влада, пренесе Цивил медиа. Од Владата очекуваат во измените на КЗ кои се во тек, експлицитно да се потврди со јасна формулација дека личната употреба не е кривично дело, односно дека во затвор не може да оди оној кој за лична рекреативна или медицинска употреба консумира канабис. Ќе биде потребно и дефинирање на терминот лична употреба, за што се бараат правни и нормативни решенија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vlada-lichnata-upotreba-na-kanabisot-ne-e-krivichno-delo/feed/ 0
Мексико ja легализира марихуаната за лична употреба https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/meksiko-ja-legalizira-marihuanata-za-lichna-upotreba/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/meksiko-ja-legalizira-marihuanata-za-lichna-upotreba/#respond Thu, 11 Mar 2021 07:00:34 +0000 https://kurir.mk/?p=480488

Долниот дом на мексиканскиот Парламент одобри нацрт-законот за регулирање на потрошувачката, одгледувањето и трговијата со марихуана за лична употреба низ целата земја, кој Сенатот ќе треба да го ратификува пред 30 април. Со 316 гласа „за“, 129 „против“ и 23 воздржани, долниот дом го одобри Федералниот закон за регулирање на канабисот и реформите на Законот за општо здравје и Кривичниот законик. Ова законодавство е предмет во рамките на мандатот на Врховниот суд, кој во 2018 година ја прогласи за неуставна забраната за употреба на канабис за забава и го одреди 30 април како максимален рок за негово регулирање. Иако Сенатот веќе ја одобри иницијативата во ноември минатата година, сега мора да ги ратификува амандманите на Претставничкиот дом пред претседателот Андрес Мануел Лопез Обрадор да го објави законот. Кога законот ќе стапи во сила, Мексико ќе стане трета земја во Америка што легализира лична употреба на марихуана на национално ниво, заедно со Канада и Уругвај.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/meksiko-ja-legalizira-marihuanata-za-lichna-upotreba/feed/ 0