лични податоци – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 13 Oct 2023 11:47:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png лични податоци – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Апел од МВР: Појава на фишинг напади – Не наседнувајте на обидите за прибарување на лични податоци https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/apel-od-mvr-pojava-na-fishing-napadi-ne-nasednuvajte-na-obidite-za-pribaruvane-na-lichni-podatotsi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/apel-od-mvr-pojava-na-fishing-napadi-ne-nasednuvajte-na-obidite-za-pribaruvane-na-lichni-podatotsi/#respond Fri, 13 Oct 2023 11:47:36 +0000 https://kurir.mk/?p=888511

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Бирото за јавна безбедност на Министерството за внатрешни работи периодов констатираше зачестена појава на така наречени фишинг напади врз граѓаните, со цел неовластено прибавување на лични податоци од нив. Од МВР појаснуваат дека фишинг нападот е обид за измама на корисниците преку испраќање на лажна порака која изгледа како вистинска. -Фишинг нападите имаат за цел да го измамат примачот на пораката и да го наведат да ги открие своите лични податоци, да посети лажна веб страна или да отвори додаток (прилог) прикачен на пораката кој е заразен со вирус. Обидите за фишинг обично доаѓаат преку електронска пошта, но и од социјални мрежи, преку текстуална СМС порака или со телефонски повик. Оттаму, Министерството за внатрешни работи со цел заштита на граѓаните, на нивните лични податоци и можните злоупотреби и последиците што можат да произлезат, апелира до граѓаните за посебна внимателност при добивање на ваквите пораки, да не наседнуваат на измами од ваков тип и нивните лични податоци да не ги споделуваат и разменуваат со непознати лица, како и со лица на кои не може да им се утврди вистинскиот идентитет, со цел спречување на нивна понатамошна злоупотреба, информира МВР.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/apel-od-mvr-pojava-na-fishing-napadi-ne-nasednuvajte-na-obidite-za-pribaruvane-na-lichni-podatotsi/feed/ 0
Апел од МВР: На интернет се споделуваат лажни наградни игри, граѓаните да бидат крајно внимателни со кого споделуваат лични податоци https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/apel-od-mvr-na-internet-se-spodeluvaat-lazhni-nagradni-igri-graganite-da-bidat-krajno-vnimatelni-so-kogo-spodeluvaat-lichni-podatotsi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/apel-od-mvr-na-internet-se-spodeluvaat-lazhni-nagradni-igri-graganite-da-bidat-krajno-vnimatelni-so-kogo-spodeluvaat-lichni-podatotsi/#respond Fri, 21 Jul 2023 07:07:17 +0000 https://kurir.mk/?p=858626

Секторот за компјутерски криминал при Бирото за јавна безбедност на Министерството за внатрешни работи во изминатиот период констатираше зголемена појава на пријави за лажни наградни игри на интернет, преку користење на социјалните мрежи, особено преку социјалната мрежа Фејсбук, преку отворање на лажни профили именувани по некоја позната компанија од земјата со долгогодишно постоење, со цел неовластено прибавување на лични податоци од граѓаните. При отворањето на лажните профили се користат логото и брендот на компанијата, со објава дека поради одреден повод (наводен роденден на компанијата и слично) се организира наградна игра со разни подароци за среќните добитници, како на пример вредносни ваучери, мобилни телефони и други наводни награди. Притоа од граѓаните, за да учествуваат во овие наградни игри кои се лажни, од се бара да извршат допаѓање „like“ на страната и на конкретната објава, во коментар да напишат „учествувам“, како и да извршат нејзино споделување, со цел што повеќе да се рашири лажната наградна игра. Потоа од креаторите на овие лажни наградни игри им се испраќа порака на граѓаните дека се добитници на награда, а за нејзино подигање потребно е да ги дадат своите лични податоци, да испратат слика од нивната лична карта (од двете страни), како и фотографија од имателот на личната карта. Оттаму, Министерството за внатрешни работи во интерес на заштита на граѓаните, на нивните лични податоци и можните злоупотреби и последици што можат да произлезат, апелира до јавноста за посебна внимателност при споделување на лични податоци на други лица, особено преку интернет. -Воедно, апелираме до граѓаните со особено внимание и одговорно да постапуваат со своите лични податоци, да не ги споделуваат и разменуваат со непознати лица, како и со лица на кои не може да им се утврди вистинскиот идентитет, велат од МВР.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/apel-od-mvr-na-internet-se-spodeluvaat-lazhni-nagradni-igri-graganite-da-bidat-krajno-vnimatelni-so-kogo-spodeluvaat-lichni-podatotsi/feed/ 0
Во Битола зачестени измами со злоупотреба на лични податоци https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/vo-bitola-zachesteni-izmami-so-zloupotreba-na-lichni-podatotsi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/vo-bitola-zachesteni-izmami-so-zloupotreba-na-lichni-podatotsi/#respond Fri, 14 Jul 2023 07:44:53 +0000 https://kurir.mk/?p=856554

СВР-Битола информира дека евидентирани се зачестени пријави од граѓани кои се измамени со злоупотреба на личните податоци. Најчестите измами пријавени и пристигнати во СВР Битола, се во врска со подигнување на брзи кредити во име на трето лице за кои оштетените не се запознаени. -Апелираме до граѓаните да бидат исклучително внимателни со кого ги споделуваат или каде ги изложуваат на увид личните карти, патните исправи, трансакциски сметки или здравствени легитимации. Исто така, предупредуваме, посебно помладите, да бидат особено внимателни при посредување за работа надвор од државата. Со цел спречување на измами, особено да бидат внимателни при аплицирање и склучување на договор за работа во странство и да ја проверат агенцијата,компанијата која им ги нуди услугите за посредување и сите сомнителни случаи соодветно да ги пријават, нагласуваат во јавниот апел од СВР-Битола.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/vo-bitola-zachesteni-izmami-so-zloupotreba-na-lichni-podatotsi/feed/ 0
Од затвор координирал ДРСКА компјутерска измама: Кривична пријава за три лица, злоупотребувале туѓи лични податоци за добивање кредити https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/od-zatvor-koordiniral-drska-kompjuterska-izmama-krivichna-prijava-za-tri-litsa-zloupotrebuvale-tugi-lichni-podatotsi-za-dobivane-krediti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/od-zatvor-koordiniral-drska-kompjuterska-izmama-krivichna-prijava-za-tri-litsa-zloupotrebuvale-tugi-lichni-podatotsi-za-dobivane-krediti/#respond Mon, 19 Jun 2023 10:18:54 +0000 https://kurir.mk/?p=847341

Одделението за внатрешни работи Радовиш до Основното јавно обвинителство Радовиш поднесе кривична пријава против П.С.(31) од Струга, З.А.(51) од село Дедино, општина Конче и Ц.С.(47) од село Долно Оризари, битолско. П.С. се сомничи дека сторил кривични дела „злоупотреба на личните податоци“, „измама при добивање кредит и друга погодност“, „компјутерска измама“ и „изработка и употреба на лажна платежна картичка“. З.А. се сомничи дека сторил кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „помагање“ во врска со кривичното дело „злоупотреба на лични податоци“. Додека, Ц.С. се сомничи дека сторила кривично дело „помагање“ во врска со кривичното дело „изработка и употреба на лажна платежна картичка“. Во периодот од септември до декември 2022 година, П.С. користејќи ја социјалната мрежа фејсбук и со телефонска комуникација стапил во контакт со З.А., на кого му дал насоки да собира лични податоци, трансакциски сметки и броеви од платежни картички од лица од Радовиш, по што З.А. обезбедил податоци од три лица од Радовиш и му ги доставил на П.С.. Со податоците П.С. аплицирал за кредити во име на оштетените без нивно знаење, пристапувал и ги менувал нивни податоци во банкарскиот систем за електронско банкарство и вршел трансакции во нивно име, односно со нивни платежни картички. Поголемиот дел од паричните средства кои осомничениот З.А. ги подигал од сметки на оштетените му ги доставувал на П.С., кој во тој момент издржувал затворска казна во Затвор Издризово, а мал процент задржувал за себе. Третоосомничената Ц.С. со ставање на располагање на нејзината банкарска сметка му овозможила на првосомничениот П.С. да располага со средствата стекнати на противзаконски начин, односно да врши електронски трансфер на парични средства од трансакциските сметки на оштетените, неовластено користејќи ги нивните платежни картички. На ваквиот начин П.С. и З.А. противправно се стекнале со имотна корист од 463.959 денари на штета на три лица од Радовиш.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/od-zatvor-koordiniral-drska-kompjuterska-izmama-krivichna-prijava-za-tri-litsa-zloupotrebuvale-tugi-lichni-podatotsi-za-dobivane-krediti/feed/ 0
Утврден пробив во компјутерските системи со лични податоци на 237.000 вработени во американските федерални служби https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/utvrden-probiv-vo-kompjuterskite-sistemi-so-lichni-podatotsi-na-237-000-vraboteni-vo-amerikanskite-federalni-sluzhbi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/utvrden-probiv-vo-kompjuterskite-sistemi-so-lichni-podatotsi-na-237-000-vraboteni-vo-amerikanskite-federalni-sluzhbi/#respond Sun, 14 May 2023 07:35:04 +0000 https://kurir.mk/?p=833933

Министерството за транспорт на САД соопшти дека открило прекршување на компјутерските системи кои содржат лични информации на 237.000 сегашни и поранешни федерални вработени кои уживаат привилегии за превоз. Според Министерството, прелиминарната истрага открила нарушување на безбедноста во одредени административни системи во одделот за обработка на податоци за привилегии за службен транспорт. Ниту еден од безбедносните системи на транспортот не е засегнат. Американското Министерство за транспорт го прекина пристапот до тие податоци додека продолжува да го истражува пробивот и да ги обезбедува и обновува системите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/utvrden-probiv-vo-kompjuterskite-sistemi-so-lichni-podatotsi-na-237-000-vraboteni-vo-amerikanskite-federalni-sluzhbi/feed/ 0
Кочанец злоупотребил туѓи лични податоци: Си правел онлајн нарачки и регистрирал и четири телефонски броеви https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/kochanets-zloupotrebil-tugi-lichni-podatotsi-si-pravel-onlajn-narachki-i-registriral-i-chetiri-telefonski-broevi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/kochanets-zloupotrebil-tugi-lichni-podatotsi-si-pravel-onlajn-narachki-i-registriral-i-chetiri-telefonski-broevi/#respond Thu, 30 Mar 2023 13:25:49 +0000 https://kurir.mk/?p=818169

СВР Штип поднесе кривична пријава против В.С. (37) од Кочани, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“. -Во временски период од 03.10.2022 до 21.11.2022 пријавениот, без знаење и дозвола на П.Д. од Штип, ги обезбедил и искористил неговите лични податоци и телефонски број и извршил онлајн нарачки на разни производи од 20 правни лица на 34 производи, кои од негова страна не се подигнати. Покрај ова пријавениот, повеќе пати се обидел во име на оштетениот да се регистрира на веб страната на телефонски оператор, каде во негово име регистрирал и четири телефонски броеви. Исто така пријавениот, креирал и профил на социјалната мрежа „Facebook“, информира МВР.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/kochanets-zloupotrebil-tugi-lichni-podatotsi-si-pravel-onlajn-narachki-i-registriral-i-chetiri-telefonski-broevi/feed/ 0
СИ ЛИЧЕЛЕ: Му ја задржал личната карта на пријател и од банка си подигнал 50.000 денари https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/si-lichele-mu-ja-zadrzal-lichnata-karta-na-prijatel-i-od-banka-si-podignal-50-000-denari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/si-lichele-mu-ja-zadrzal-lichnata-karta-na-prijatel-i-od-banka-si-podignal-50-000-denari/#respond Thu, 22 Sep 2022 12:18:36 +0000 https://kurir.mk/?p=736236

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.Д.(35) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци". -Пријавениот неовластено задржал лична карта на негов пријател и искористувајќи ја физичката сличност со него и претставувајќи се во негово име, на шалтер во филијала на банка во општина Бутел од неговата трансакциска сметка подигнал 50.000 денари, информира МВР.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/si-lichele-mu-ja-zadrzal-lichnata-karta-na-prijatel-i-od-banka-si-podignal-50-000-denari/feed/ 0
Воен инвалид од кочанско барал хуманитарна помош, личните податоци му ги злоупотребиле за подигање брзи кредити https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/voen-invalid-od-kochansko-baral-humanitarna-pomosh-lichnite-podatoci-mu-gi-zloupotrebile-za-podiganje-brzi-krediti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/voen-invalid-od-kochansko-baral-humanitarna-pomosh-lichnite-podatoci-mu-gi-zloupotrebile-za-podiganje-brzi-krediti/#respond Thu, 28 Jul 2022 10:21:07 +0000 https://kurir.mk/?p=711297

Личните податоци на 47-годишниот Слободан Ангелов од кочанската населба Оризари, кој е воен инвалид од конфликтот во 2001 година, биле злоупотребени од страна на непознато лице за подигање брзи кредити. Минатата година Ангелов барал хуманитарна финансиска помош од граѓаните за обновување на трошната семејна куќарка, поради што податоци од личната карта и од трансакциската сметка јавно објавил преку социјалните мрежи и медиумите. Денеска бил непријатно изненаден кога го известиле дека кредитите подигнати пред неколку денови на негово име, треба да ги врати со висока камата во период од една година. -Три дена по ред минатата недела на мое име биле подигани пет кредити од регистрираните позајмувачи за брзи пари. Вкупната сума што е повлечена е нешто повеќе од 82 илјади денари, а јас со камата треба да вратам над 130 илјади денари. Ниту сум земал такви пари, ниту имам можности да ги враќам. Сега ми велат дека ако не ги вратам, банкарската сметка со хуманитарната помош ќе ми биде блокирана, а можно е да ми биде одземена и куќата, за да се наплати долгот. Дознав дека има и други граѓани кои биле измамени на ист начин, но веројатно им е срам тоа да го признаат јавно. Не знам како е можно некој, за лична корист, на ваков начин да ги злоупотребува луѓето во неволја, истакна Ангелов. Вработен како инвалидно лице, Ангелов додава дека месечните лични примања не му се доволни за да може да ги користи како гаранција за земање брзи кредити, а поради злоупотребата е загрижен дека може да остане без скромниот дом. Случајот веќе е пријавен во полиција, а оштетениот почнал граѓанска постапка со која ќе бара судска заштита.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/voen-invalid-od-kochansko-baral-humanitarna-pomosh-lichnite-podatoci-mu-gi-zloupotrebile-za-podiganje-brzi-krediti/feed/ 0
Кривична пријава за злоупотреба на лични податоци https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/krivichna-prijava-za-zloupotreba-na-lichni-podatoci/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/krivichna-prijava-za-zloupotreba-na-lichni-podatoci/#respond Tue, 19 Apr 2022 08:11:50 +0000 https://kurir.mk/?p=665174

СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против О.И.(32) од Студеничани, скопско, вработен на работно место референт матичар во Управа за водење на матични книги, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци" од чл.149 ст.1 вв ст.3 и Д.К.(28) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци" од чл.149 ст.1. в.в.чл.45 од Кривичниот законик. Првопријавениот, во текот на април 2021 година, без поднесено барање и без согласност издадена од мајката, како законски застапник на малолетно лице, изготвил и со свој потпис и печат на Управата за матични книги, заверил Извод од матична книга на родени и изготвениот извод му го дал на второпријавениот, кој бил неовластено лице да располага со таквиот извод. Второпријавениот, неовластено и спротивно на закон, во два наврата го искористил изводот, односно личните податоци на малолетното лице. Тој го употребил во постапка пред Министерството за правда, Управа за водење на матични книги и во поднесена тужба од негова страна пред суд против оштетената мајка. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/krivichna-prijava-za-zloupotreba-na-lichni-podatoci/feed/ 0
СКАНДАЛ ЈА ТРЕСЕ АЛБАНИЈА: Објавени лични податоци и износи на плати на 637.138 граѓани https://arhiva.kurir.mk/svet/region/skandal-ja-trese-albanija-objaveni-lichni-podatoci-i-iznosi-na-plati-na-637-138-gragjani/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/skandal-ja-trese-albanija-objaveni-lichni-podatoci-i-iznosi-na-plati-na-637-138-gragjani/#respond Wed, 22 Dec 2021 15:03:00 +0000 https://kurir.mk/?p=611727

По објавувањето на личните податоци на албанските граѓани со право на глас пред априлските парламентари избори, денеска медиумите информираат за „нов скандал, кој е спротивен на Законот за заштита на личните податоци“. Албанскиот претседател Илир Мета напиша на Фејсбук дека објавувањето на платите на Албанците е направено со флагрантно кршење на слободите, човековите права и достоинство, законите и Уставот, а според него, станува збор за повеќекратна незаконитост. Станува збор за објава на список на плати, единствени матични броеви и работни места на 637.138 албански граѓани, меѓу кои функционери, политичари, службеници во јавна и државна администрација, како и вработени во прватниот сектор. На списокот со кој располага агенцијата Балкан веб се наоѓаат и платите на претседателот Илир Мета и премиерот Еди Рама. Шефот на државата има месечна плата од 257.000 леки (2.106 евра), додека премиерот Рама 228.730 леки (1.874 евра). Многу повисоки плати од нив имаат петмина вработени во Албанската тајна служба, ШИШ, чии плати се движат од 3.278 до 7.377 евра. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/skandal-ja-trese-albanija-objaveni-lichni-podatoci-i-iznosi-na-plati-na-637-138-gragjani/feed/ 0