лидерска средба – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 07 Oct 2023 12:24:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png лидерска средба – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Мицкоски: Зрело е да се седне на лидерска средба за датум за избори, во спротивно постои опасност за уставна криза https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-zrelo-e-da-se-sedne-na-liderska-sredba-za-datum-za-izbori-vo-sprotivno-postoi-opasnost-za-ustavna-kriza/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-zrelo-e-da-se-sedne-na-liderska-sredba-za-datum-za-izbori-vo-sprotivno-postoi-opasnost-za-ustavna-kriza/#respond Sat, 07 Oct 2023 12:24:41 +0000 https://kurir.mk/?p=886363

Ние за неколку месеци од денеска ќе имаме исклучително два значајни изборни процеси. Едниот се претседателските избори, прв и втор круг, а вториот се парламентарните избори. Мислам дека на неколку месеци пред тие изборни циклуси да нема никаква активност е навистина неодговорно и тоа за првпат можеби се случува на македонската политичка сцена и затоа јас излегов со предлог идеа за лидерска средба. Ги слушнав одговорите од официјалните лица, од Артан Груби и Димитар Ковачевски за тоа што мислат тие за тоа, но еве да бидам попрецизен, кога зборувам за лидерска средба мислам на лидерска средба во формат во кој што ние ќе разговараме за дати за избори бидејќи можеме да влеземе во уставна криза и потоа процесите да бидат уставно предизвикани, а да бидам попрецизен да бидат и неуставни, вака претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски при денешната посета на Велес во рамките на кампањата ,,Важно е! Од тебе зависат промените" одговори на новинарско прашање за тоа на каков формат мисли кога бара лидерска средба на тема избори. Мицкоски исто така додаде дека, бидејќи луѓето од власта често ги спомнуваат институциите една ваква лидерска средба може да биде организирана и од претседателот на Собранието, Талат Џафери. „Затоа ценам дека на неколку месеци пред избори добро е да се седне на една лидерска средба каде што ќе има претставници од владата, претставници од опозицијата. Еве бидејќи ги спомнуваат институциите ќе им дадам еден предлог. Нека биде организатор Талат Џафери, нека биде тоа и во Парламентот, и таму ќе дојдам да разговараме за можните дати за избори бидејќи во меѓувреме треба и сите ние да сме свесни дека два големи верски празници како што е рамазан и Велигден, а на тие празници им претходат и постови, така што мора да го подготвиме амбиентот за да имаме навистина еден фер изборен процес“, потенцираше Мицккоски и додаде: „Јас очекувам разум, очекувам одговорност барем еднашка и стојам на располагање и ние како коалиција на ВМРО-ДПМНЕ стоиме на располагање за една таква средба“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-zrelo-e-da-se-sedne-na-liderska-sredba-za-datum-za-izbori-vo-sprotivno-postoi-opasnost-za-ustavna-kriza/feed/ 0
Мицкоски: Повикувам на лидерска средба да се разговара за парламентарни и претседателските избори https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-povikuvam-na-liderska-sredba-da-se-razgovara-za-parlamentarni-i-pretsedatelskite-izbori/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-povikuvam-na-liderska-sredba-da-se-razgovara-za-parlamentarni-i-pretsedatelskite-izbori/#respond Wed, 04 Oct 2023 17:55:38 +0000 https://kurir.mk/?p=885252

Ние се наоѓаме на помалку од шест месеци од изборен процес. Ова не се случило никогаш како сега да нема комуникација на тема што правиме бидејќи имаме два значајни изборни процеси кои што за неколку месеци од денеска ќе ни се случат. Нема ниту лидерска средба да разговараме за дати, нема разговори што значи адаптирање на Изборниот законик, тоа не се случило досега, а јасни се препораките на ОБСЕ и ОДИХР дека шест месеци пред избори не треба да се менува Изборниот Законик“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во „Тема на денот“ на Сител телевизија. Мицкоски додаде дека и трета работа е што никој не се сети да испрати покана до набљудувачката мисија на ОБСЕ и ОДИХР во услови кога Македонија е пред два значајни изборни процеси, тоа се претседателските и парламентарните избори. „Тие знаете имаат два типа на мисии, едните се со подолг претстој, а другите се со пократок претстој. Овие со подолг претстој веќе требаше да се овде во Македонија“, заклучи тој. „Нема никаква лидерска средба, никакви разговори за Изборен законик. Порано ова никогаш не се случило. Ова е несериозно однесување на Владата, не е ова Влада само за едно прашање. Никој во Македонија не го интересира дали тие ветиле нешто или не ветиле. Еве повикувам, апелирам и ќе инсистирам на лидерска средба затоа што тоа е одговорно и државнички“, нагласи Мицкоски. Тој укажа дека е потребна лидерска средба за да се разговара за парламентарни и претседателски избори, но и да се разговара за суштински теми кои и претстојат на државата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-povikuvam-na-liderska-sredba-da-se-razgovara-za-parlamentarni-i-pretsedatelskite-izbori/feed/ 0
Мицкоски: Можна е лидерска средба, но само ако се разговара за предвремени парламентарни избори https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-mozhna-e-liderska-sredba-no-samo-ako-se-razgovara-za-predvremeni-parlamentarni-izbori/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-mozhna-e-liderska-sredba-no-samo-ako-se-razgovara-za-predvremeni-parlamentarni-izbori/#respond Thu, 24 Aug 2023 13:17:07 +0000 https://kurir.mk/?p=870505

Можна е лидерска средба, но на која ќе се разговара само околу датумот за предвремени парламентарни избори и динамиката на законските измени во делот на техничка влада. Подготвени сме на брзи парламентарни избори без техничка влада. Сега само тоа е на маса, изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Тој потенцираше дека секој оној кој што сака да разговара за ова прашање е добредојден. Додаде дека се останато што се случува во моментот го смета за тортура и притисок кој се случува и во јавноста и ВМРО-ДПМНЕ на тоа ќе се спротистави. -Во минатото многу работи ставивме на маса. Пред повеќе од една година, буквално се беше на маса. Но, тие ништо не успеаја да направат. Исто така, во овие година дена континуирано, и покрај тоа што никој не не прашуваше кога се правеше тој договор, ние нудевме потенцијални решенија, како што е хрватски модел, одложено дејство… Но, сега нема ништо повеќе на маса, само една работа – лидерска средба околу датумот за предвремени парламентарни избори, изјави Мицкоски]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-mozhna-e-liderska-sredba-no-samo-ako-se-razgovara-za-predvremeni-parlamentarni-izbori/feed/ 0
Мицкоски до Ковачевски: Нека избере кој од двата предлози на ВМРО-ДПМНЕ ги прифаќа, и тогаш немам проблем да има лидерска средба https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-do-kovachevski-neka-izbere-koj-od-dvata-predlozi-na-vmro-dpmne-gi-prifaka-i-togash-nemam-problem-da-ima-liderska-sredba/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-do-kovachevski-neka-izbere-koj-od-dvata-predlozi-na-vmro-dpmne-gi-prifaka-i-togash-nemam-problem-da-ima-liderska-sredba/#respond Wed, 14 Jun 2023 17:32:08 +0000 https://kurir.mk/?p=845746

Во вечерашното гостување во емисијата „За или Против“ на Телевизија Алфа гостуваше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Тој посочи дека Ковачевски има понуда од ВМРО-ДПМНЕ да избере кој од двата предлози за него е прифатлив, па тогаш нема проблем да има лидерска средба. „Имаат два предлога на маса, нека изберат еден од тие два, не е проблем јас сум подготвен секогаш да разговарам но нека изберат кој од тие два предлога, бидејќи Ковачевски го слушам вели се прифатил, еве повторно кажувам прашајте го и вие како медиум за тоа кој од двата предлога го прифативте. Дали овој со одложено дејство кога Македонија ќе биде членка на ЕУ или избори на есен па гаранции“, дециден е Мицкоски. Тој додаде дека кога ќе го слушне тоа, одма истиот ден ќе иницира лидерска или тимска средба. „Ако ја погледаме вистината во очи ќе дојдеме до заклучок дека тие не може да испорачаат, тие немаат 80 пратеници со конвенционални методи помина една година гледаме дека нема, па малку и повеќе од конвенционални, во некои моменти се поминува и рубиконот но еве да речеме дека е во рамките на конвенционалноста“, изјави Мицкоски. Тој потенцираше дека власта нема 80 пратеници што значи дека нивната политика пропаѓа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-do-kovachevski-neka-izbere-koj-od-dvata-predlozi-na-vmro-dpmne-gi-prifaka-i-togash-nemam-problem-da-ima-liderska-sredba/feed/ 0
Мицкоски ги извади на површина глодарите во политиката https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-gi-izvadi-na-povrshina-glodarite-vo-politikata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-gi-izvadi-na-povrshina-glodarite-vo-politikata/#respond Wed, 14 Jun 2023 09:23:26 +0000 https://kurir.mk/?p=845553

Лидерската средба која се одржа минатата недела помеѓу премиерот Димитар Ковачевски и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и понатаму е главна тема во јасноста. По завршувањето на лидерската средба претседателот Мицкоски излезе со два предлози и тоа: 1. Одложено важење на уставните измени кога Македонија ќе стане членка на ЕУ и преодна влада без ДУИ. 2. Избори на есен, гаранции од ЕУ институциите за македонскиот многувековен идентитет, пакет помош од Европската Комисија за македонската економија и граѓани и барање до Бугарија да имплементира барем 3 пресуди од ЕСЧП поврзани со Македонците во Бугарија. И по изборите партијата која ќе биде опозиција да ја поддржи владата и државата во спроведување на овие чекори. По овие предлози на ВМРО-ДПМНЕ од власта почнаа да ги спинуваат затоа што повеќе од јасно е дека власта на чело со Ковачевски и Ахмети немаат обезбедено 2/3 мнозинство за уставни измени. -Ковачевски да си даде оставка, затоа што манипулативните политики на неговата Влада се разобличени. Излезе на виделина дека цело време ги лажеа и домашната и меѓународната власт дека имаат двотретинско мнозинство за уставни измени. За жал најголема жртва на ваквата нивна политика е Македонија и народот, наведува ВМРО-ДПМНЕ во нивното соопштение. Недавањето на одговор за тоа кој од двата предлози кои ги даде претседателот Мицкоски ги прифаќа власта значи дека тие не дозволуваат ДУИ да оди во опозиција или дека планираат ново национално предавство на Македонија и да прифати ново барање од Бугарија. -Една веројатност е дека не ја дава ДУИ да оди во опозиција, затоа што Ковачевски и неговите сопартијци се држат како заложници и се уценети за нивните коруптивни дејанија. Втората веројатност е дека СДСМ не ги прифаќа предлозите на ВМРО-ДПМНЕ бидејќи планира во текот на преговорите да подготви ново национално предавство, односно е спремна да ги дораскрчми националните интереси, да прифаќа нови барања од Бугарија и целосно да го срози македонскиот иденитет, велат од ВМРО-ДПМНЕ, објаснуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Со ова повеќе од јасно е дека ВМРО-ДПМНЕ ги извади сите скриени намери на власта предводена од СДСМ и ДУИ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-gi-izvadi-na-povrshina-glodarite-vo-politikata/feed/ 0
УСТАВНИ ИЗМЕНИ: Ковачевски ја нуди премиерската функција, а се моли да не ја даде- ВМРО-ДПМНЕ немаат намера да учествуваат во лицитациите на Ковачевски, Османи и Груби https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ustavni-izmeni-kovachevski-ja-nudi-premierskata-funktsija-a-se-moli-da-ne-ja-dade-vmro-dpmne-nemaat-namera-da-uchestvuvaat-vo-litsitatsiite-na-kovachevski-osmani-i-grubi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ustavni-izmeni-kovachevski-ja-nudi-premierskata-funktsija-a-se-moli-da-ne-ja-dade-vmro-dpmne-nemaat-namera-da-uchestvuvaat-vo-litsitatsiite-na-kovachevski-osmani-i-grubi/#respond Wed, 14 Jun 2023 08:35:28 +0000 https://kurir.mk/?p=845520

Премиерот Димитар Ковачевски му нуди на лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интерес на спроведување на уставните измени да ја преземе премиерската позиција во преодната влада, брифираа вчера владини извори, иако, како што претходно е договорено премиер во следната техничка влада, треба да биде Албанец. На ова веднаш реагираа од ВМРО-ДПМНЕ, истакнувајќи дека немаат намера да учествуваат, како што велат, во лицитациите на Ковачевски, Османи и Груби и оти нема поместување од нивните позиции. Претседателот Стево Пендаровски, на заедничката прес-конференција во Скопје со неговата словенечка колешка Наташа Пирц Мусар, рече дека се случува промена во генералната слика во однос на уставните измени, со оглед на тоа што главната опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, претходно воопшто не сакаше да разговара за можноста да се смени Уставот. Пирц Мусар, пак, со порака дека политичарите во државава ќе покажат мудрост и ќе ги спроведат уставните измени, што е услов за одржување на втората меѓувладина конференција со ЕУ и отворање на преговарачките кластери. Ковачевски смета дека треба да остане на премиерската функција и до крај да го спроведе процесот на уставни измени, но во интерес на евроинтеграциите, освен пет ресори е подготвен на Мицкоски да му ја отстапи и премиерската позиција во преодната влада, кој потоа би го спровел процесот докрај, велат владините извори. Постојат концепциски и процедурални разлики меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во однос на уставните измени, но на лидерската немало разговор за нивната содржина, туку за роковите кога да се спроведат. За Ковачевски, брифираат владини извори, битна е брзината на спроведување со оглед на околностите и роковите, кои се поставени и од самата Европска Унија. За премеирот се што е надвор од Преговарачката рамка не може да се одлучува на лидерска средба, туку за тоа одлука носат сите 27 земји-членки на Унијата со консензус. Еден од условите, кои ВМРО-ДПМНЕ го постави на лидерската е одложеното дејство на уставните измени, додека во Преговарачката рамка е наведено дека тие треба да се спроведат по завршувањето на скрининг процесот и се предуслов за одржување на втората меѓувладина конференција и отворање на кластерите. Во тој контекст Ковачевски, како што нагласуваат владини извори, смета дека треба да се искористи и наклонетоста на земите од ЕУ, имајќи ја предвид руската агресија врз Украина, за приклучување на Западен Балкан и проширување на ЕУ, што е заложба на високите официјални претставници на Унијата. Усвојувањето на уставните измени е процудера, во моментов предлгогот е во Министерството за правда, а оттаму треба да биде доставен до Собранието. За уставни измени, ако се почне во овој момент се потребни минумум три и пол месеци, а како што брифираат владини извори очекувањата се дека процесот ќе трае неколку месеци, со оглед на тежината на одлуките и собраниските процедури кои се потребни, за истите да бидат изгласани. За Владата суштински е да продолжи дијалогот со опозицијата за обединување во однос на уставните измени. Владата ќе почека неколку дена ВМРО-ДПМНЕ да делегира свои претставници во работната група, но според владини извори засега нема расположение опозициската партија да учествува во работната група. Истите извори нагласуваат дека секој пратеник не само што е припадник на партијата, туку е пред се претставник на народот, кој тежи повеќе од девет илјади гласови, па поради тоа секој поединечно треба да размисли за иднината на Северна Македонија. ВМРО-ДПМНЕ веднаш излегоа со реакција по овие ставови посочувајќи дека немаат намера да учествуваат во лицитациите на Ковачевски, Османи и Груби. - ВМРО-ДПМНЕ има премногу јасни позиции и од тоа нема поместување. Несериозно е продолжувањето со лицитации, кое само покажува дека СДС ниту биле искрени, ниту пак имаат намера да ги заштитат националните интереси, ниту пак вистинска интеграција, посочија од партијата. Претседателот Пендаровски, пак, по средбата со неговата словенечка колешка Пирц Мусар рече дека промена на ставот на опозицијата бил видлив по лидерската средба, а во однос на еден од условите на ВМРО-ДПМНЕ за одложено дејство на уставните измени, рече дека тоа е нереално барање, со оглед на тоа што заклучоците на Советот на ЕУ се кристално јасни - уставни измени па одржување на втората меѓувладина конференција и отворање на кластерите. - Главното барање е малата бројка на бугарско национално малцинство да биде дел од Уставот. Неодамна се одржа лидерска средба, на која се сретнаа највисоките претставници од власта и опозицијата и тука лидерот на најголемата опозициска партија изрази подготвеност да влезе во Владата и да гласа за уставните измени, со тоа што се разбира постави други предуслови, кои до моментов не се решени, но тоа е знајачна промена во однесување на опозицијата од која зависи двотретинското мнозинство, рече Пендаровски, одговарајќи на новинарско прашање. Нагласи дека тој бил изненаден кога чул дека главната опозициска партија би сакал да биде и дел од Владата со пет ресори и да гласа од таа позиција. Во врска со тоа дека изјавите на Ковачевски и Мицкоски по лидерската средба, која се одржа минатата недела се различни во однос на тоа кој што прифатил, Пендаровски вели дека доколку внимателно се следат изјавите на двете политички страни по лидерската и едната и другата страна се во право. -Премиерот е во право кога тврди дека има драстична промена во ставот на главната опозициска партија, која воопшто не прифаќаше да гласа за внесување на Бугарите во Уставот, велејќи дека не можеме да спроведеме уставни измени под бугарски дикатат и второ велеше за сето време дека овој парламентарен состав нема мандат за да влезе во тој процес. Од друга страна опозицијата е во право во однос на предусловите кои ги има поставено на таа лидерска, нагласи Пендаровски. Но во однос на еден од условите, односно одложеното дејство на уставните измени, тие да важат по влезот во ЕУ, по завршувањето на ратификацијата на пристапните протоколи, Пендаровски смета дека тоа е апсолутно надвор од реалноста. -И јас би сакал сакал такво нешто, но заклучоците на Советот на Европа се кристално јасни морате да направите уставни промени до крајот на скрининг процесот, за по автоматизам да продолжите со втората меѓувладина конференција и отворање на кластерите. Во тие заклучоци на Советот на ЕУ е вграден и ставот на Бугарија. За такво нешто треба да имаме нови заклучоци со консензус за да можеме воопшто да разговараме дека е можно денеска да ги усвоиме уставните измени, а да имаат дејство по завршувањето на преговорите, тоа е сосема нереално. Се надевам дека не станува збор за изговор само за да не се влезе во процесот на уставни измени, нагласи шефот на државата. Словенечката претседателка, пак, изрази надеж дека политичарите ќе покажат мудрост и ќе ги спроведат уставните измени. Таа истакна дека патот кон ЕУ не е лесен, дека Словенија веќе се соочила со тие процеси и оти на тој пат и оваа држава морала да го смени Уставот, за што тогаш имало жестоки политички дебати во словенечкото општество. -Да потенцирам Словенија го помина тој процес и не ни беше лесно. И Словенија мораше да го смени Уставот и тогаш во мојата татковина се слушаше како тоа не е добро за словенечкиот народ, како ќе се изгуби словенечкиот јазик. Го променивме Уставот во член кој дозволуваше странците да купуваат и поседуваат имот. Имаше политички расправи и дебати, имаше жешки расправи од тој аспект, но успеавме во тоа, бидејќи словенечката политика беше свесна дека треба да бидеме единствени кога треба да реализираме европски проекти. Се надевам дека политичарите ќе сфатат колку е битно единството и размислувањето дека треба да се оди пет/шест чекори напред и да се сфати што е добро за македонскиот народ. Јас искрено се надевам дека ќе покажете доволно политичка мудрост и ќе го смените Уставот, порача Пирц Мусар. Таа нагласи дека тука се и обврските кои ги има ЕУ кон Северна Македонија и дека Унијата исто така треба да го заврши својот дел од работата и да и помогне на Северна Македонија во тој процес. Пирц Мусар рече и дека според нејзините сознанија иницијативата која ја покренаа седум земји-членки на Европската Унија, меѓу кои и Словенија за промена на начинот за носење одлуки за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, се однесува и на процесот на проширување. -Словенија е една од оние седум држави кои сакаат некои прашања да не се решаваат со консензус, туку со мнозинство. Колку што знам и колку што следам тоа се однесува и на процесот на проширување и тоа може да го олесни патот на која било држава која сака да влезе во ЕУ, рече Пирц Мусар, нагласувајќи дека Словенија ги поддржува промените во ЕУ и додаде дека понекогаш да се бара консензус за одредени прашања од сите земји-членки е многу тешко и доаѓа до застој внатре во некои процеси во Унијата. Според Пирц Мусар, блокадите внатре во ЕУ се понекогаш последица на лоши одлуки, кои не ги движат работите во насоката, која таа ја посакува, особено во однос на решенијата кои се однесуваат на регионот на Западен Балкан. Шефот на дипломатијата Бујар Османи, вчера на прес-конференција рече дека уставните измени се неопходни за да се фати чекорот во овој исклучително важен историски момент и оти не смееме да ја пропуштиме шансата. Едвај успеавме од историските прашања и Историската комисија како столб на односите со Бугарија да се префрлиме на човекови права – таму каде што сме најсилни, а сега некој бара да го блокира тој пат за да се вратиме повторно на историската комисија, порача тој. -Нема да имаме друга шанса и можност во наредните децении ако ја пропуштиме можноста како што направивме пред 20 години кога бевме во пакет со Хрватска и Словенија. Тогаш да добиевме препораки денеска ќе бевме членка на ЕУ заедно со Словенија и Хрватска. Ако не прифатиме последиците ќе бидат сериозни и ќе се изолираме целосно, а тоа ќе се одрази на економијата и на животниот стандард. Луѓето ќе почнат масовно да ни бегаат од државата затоа што ќе нема перспектива. Албанија ќе почне да се движи, ние ќе останеме изолирани заедно со БиХ и Косово. Тоа ќе биде групата во која ќе биеме ние после ноември, рече Османи. Посочи дека по прес-конференцијата одржана по лидерска средба станало јасно дека веќе нема сериозна политичка партија која смета дека се проблематични уставните измени. Затоа, додаде, сметам дека суштинските причини за отпор кон уставните измени се веќе надминати и сега се останати политичките прашања и калкулации. -Постигнавме консензус дека уставните измени не се проблем и дека опозицијата ги прифаќа. Констатираме дека се наоѓаме на крстопат и дека имаме историска шанса со уставните измени да ја фатиме брзата патека овозможена од геополитичкиот контекст во кој се наоѓаме. Прашањето на одложена примена на уставен амандман повеќе важи доколку има промени во нормативниот дел од Уставот во кој произлегуваат законски решенија, но кај овие уставни измени нема измена со која се продуцира закон, но има повеќе политика, симболика и пристап за да покажете дека сите граѓани од сите заедници независно од која бројност се, ги третирате исто. Ако прифатиме одложено дејство им укажуваме на земјите-членки дека Бугарите нема да ги третираме исто како Турците, Албанците, Србите, Власите се до членство во ЕУ. Затоа нема логика одложеното дејство на уставните амандмани. Наш прв пристап е да ја убедиме опозицијата да ги поддржи уставните измени, рече Османи. Подвлече дека вчера Делегацијата на ЕУ ги прочита заклучоците на Советот во кои, како што рече, јасно се вели дека уставните измени треба да стапат во сила пред втората меѓувладина конференција. Нагласи дека ако опозицијата ги поддржи уставните измени кои ќе стапат на сила до втората меѓувладина конференција ДУИ е подготвен истиот ден да ги напушти сите позиции во Владата, вклучувајќи ги и во техничката – пржинска влада и премиер 100 дена. Се договоривме, нагласи, дека уставните измени се во наш интерес зашто не оттргнуваат од другата траекторија – Историската комисија и сега заради его трипови и партиски калкулации треба да држиме во заложништво два милиони народ. И во текот на вчерашниот ден продолжија препукувањата меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ на тема уставни измени, преку партиски соопштенија. Пратеникот од опозициската партија Драган Ковачки рече дека СДСМ „свесно лаже кога вели дека ВМРО-ДПМНЕ прифатило уставни измени“. -Тоа е така затоа што се фатени во предавство на националните и државни интереси, и се против вистинска интеграција на државата. Ковачевски треба јасно да одговори кој предлог го избира од ВМРО-ДПМНЕ. Првиот е преодна влада без ДУИ и измени кои ќе стапат во сила со завршување на преговорите и членството на државата во ЕУ. Вториот предлог е избори, гаранции за националниот идентитет и јазик, економски пакет и заштита на Македонците во Бугарија преку спроведување на пресудите на судот за човекови права во Стразбур, и измени од влада без ДУИ поддржана од опозицијата, рече Ковачки. Она што го понуди Ковачевски, додаде тој, се уставни измени под бугарски диктат, и широка влада со ДУИ, нагласувајќи дека не е поентата ВМРО-ДПМНЕ да дојде на власт во некаква широка влада, туку да изградиме процес и пакт за национално единство каде ќе ги заштитиме националните интереси. Дарко Каевски, пак од СДСМ рече дека во време кога државата се наоѓа пред историска шанса за продолжување на европскиот пат, потребна е одговорност од сите релевантни политички субјекти и парламентарни партии. -СДСМ подаде рака кон опозицијата, се случи лидерска средба и се отвори дијалогот. Она што е најважно е дека дојдовме до точка каде што од страна на Христијан Мицкоски се прифатени уставните измени и учество во широка Влада. Сега потребно е дијалогот да продолжи, но да продолжи суштински и наместо преку изјави и прес – конференции, потребно е и ДПМНЕ да формира работна група. Нема потреба ниту да се навраќаме наназад ниту да ги толкуваме. Променетиот став е добар за државата и повикуваме да останат на тој став за да продолжи дијалогот што поскоро, рече Каевски. Лидерот на Алијанса за Албанците, пак, Арбен Таравари рече дека има јасни сигнали дека Северна Македонија ќе ги отвори преговорите со ЕУ заедно со Албанија. Одговарајќи на новинарско прашање што ја чека државата доколку не се изгласаат уставните промени, Таравари истакна дека не е важно како ќе изгледа следната влада, туку, како што посочува, важно е дека се даваат јасни сигнали дека земјава најверојатно ќе ги отвори преговорите со ЕУ заедно со Албанија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ustavni-izmeni-kovachevski-ja-nudi-premierskata-funktsija-a-se-moli-da-ne-ja-dade-vmro-dpmne-nemaat-namera-da-uchestvuvaat-vo-litsitatsiite-na-kovachevski-osmani-i-grubi/feed/ 0
Сите лаги на СДСМ за лидерската средба https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/site-lagi-na-sdsm-za-liderskata-sredba/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/site-lagi-na-sdsm-za-liderskata-sredba/#respond Tue, 13 Jun 2023 11:49:10 +0000 https://kurir.mk/?p=845263

Иако не беше дел од проблемот, предупредуваше на истиот и се нудеше со цел да се изнајде решение кое ќе биде прифатливо за сите пред да биде прифатен од страна на владата францускиот предлог, ВМРО-ДПМНЕ повторно се покажа како одговорна партија кога станува збор за интересите на државата. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски прифати да седне на лидерска средба со Димитар Ковачевски и на истата понуди брилијантни решенија за зачувување на идентитетот, кои можеби требло да им текнат на луѓето од власта или барем да ја консултираат опозицијата кога тајно го договараа францускиот предлог. Но, наместо да ја искористи подадената рака, кога повеќе од очигледно е дека самата нема капацитет за ништо, освен да кажува да на сѐ што им се нуди на штета на државата, СДСМ се впушти во спинување и извртување на секој еден збор што Христијан Мицкоски го кажа пред новинарите после средбата. Веднаш после лидерската средба од СДСМ на големо започнаа да ја форсираат тезата дека ВМРО-ДПМНЕ прифатило уставни измени како што и СДСМ предлага, под бугарски диктат. Но, вистината е сосема спротивна, бидејќи предлозите на ВМРО-ДПМНЕ беа уставни измени со одложено дејство, кои би се изгласале сега, а би стапиле на сила кога Македонија ќе стане членка на ЕУ. Ваквиот предлог секако дека е во корист на зачувување на македонскиот идентитет, јазик и историја, бидејќи практично се избегнуваат секакви дополнителни барања кои може да ѝ текнат на Бугарија во текот на процесот, а начинот на кој СДСМ сака да ги помине уставните измени отвора уште толку проблеми и можности за Бугарија да кочи и злоупотребува на секој чекор од преговорите, а Македонија останува „разоружана“ и приморана да ги прифаќа сите барања на Бугарија. Друга работа која исто така е лага е и тврдењето на премиерот Димитар Ковачевски дека за да се прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ треба да се промени преговарачката рамка. И оваа теза не држи вода, бидејќи Македонија практично би ја завршила својата обврска и процесот на гласање, но уставните измени би стапиле на сила од моментот кога државата ќе биде членка на ЕУ. Тука се поставува прашањето, зошто на било која страна во процесот би ѝ сметало ваквата формалност, ако вметнувањето на Бугарите во Уставот е последната отстапка која Македонија треба да ја направи и ако во меѓувреме некој нема намера да го злоупотребува преговарачкиот процес? Од овде произлегува дека СДСМ во континуитет ги лаже граѓаните дека нема да има нови блокади од Бугарија и доколку не се прифатат барањата на ВМРО-ДПМНЕ. Затоа СДСМ наместо да се лаже себеси и граѓаните, редно е еднаш да застане на страната на народот, во одбрана на националните интереси и да ги прифати предлозите на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи без гаранции од европските институции и уставни измени со одложено дејство, и на малите деца им е јасно дека Македонија ќе влезе во тежик и мачен процес на преговори во кој нема да преговара за суштинските прашања со ЕУ, туку за желбите на Бугарија кои во континуитет ќе ги понижуваат граѓаните на кои и така им е преку глава.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/site-lagi-na-sdsm-za-liderskata-sredba/feed/ 0
Нервоза во СДСМ по лидерската, на Ковачевски му е барано оставка во партијата?! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nervoza-vo-sdsm-po-liderskata-na-kovachevski-mu-e-barano-ostavka-vo-partijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nervoza-vo-sdsm-po-liderskata-na-kovachevski-mu-e-barano-ostavka-vo-partijata/#respond Tue, 13 Jun 2023 09:08:06 +0000 https://kurir.mk/?p=845184

Димитар Ковачевски и СДСМ по лидерската средба со претседателот на ВМРО-ДПМЕ почнаа да шират само лаги и хистерија за наводно попуштање кај ВМРО-ДПМНЕ. Реалноста во СДСМ е сосема поинаква. И од анкетите на јавносто мислење и од изјавите на Мицкоски се гледа само едно дека социјадемократите тонат. Оттука се концентрираат на тоа како да ги поминат одбројаните денови во фотелјите. Според партиски извори во СДСМ информацијата е дека тие не се задоволни ниту од Ковачевски, ниту од политиките кои ги води бидејќи со истите и Македонија, а и партијата ги носи само во пропаст. Неколкумина приврзаници на Ковачевски се обидуваат да се спаси нешто но како и да е нервозата во редовите е огомна. Но, партиски извори од СДСМ велат дека „од Ковачевски се бара оставка, а причините за тоа веќе ги знаат и јасни им се на речиси сите во партијата“. И не само во партијата, вели нашиот извор, тој едноставно ја внесе државата во ќорсокак, а илзезот е тежок без промена на политиката. Од друга страна во ВМРО-ДПМНЕ, наспроти нервозите во СДСМ, партијата и лидерот Христијан Мицкоски се јасни. Мицкоски му даде две опции на Ковачевски. „ВМРО-ДПМНЕ на СДСМ му понуди две опции и излез од ќорсокакот во кој ја донесоа Македонија. Двете опции значаи и евроинтеграција и заштита на вековниот идентитет и македонскиот јазик. СДСМ наместо да спинува и да манипилира, треба јасно и гласно да каже која од двете понуди на ВМРО-ДПМНЕ ја прифаќа. Тоа што СДСМ не се изјаснува кој предлог на ВМРО-ДПМНЕ им е прифатлив, може да значи две работи“, се вели во соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. Во истот се наведува дека неодговарањето значи две опции, една е дека не ја дава ДУИ да оди во опозиција, затоа што Ковачевски и неговите сопартијци се држат како заложници и се уценети за нивните коруптивни дејанија. Додека втората, е дека СДСМ не ги прифаќа предлозите на ВМРО-ДПМНЕ бидејќи планира во текот на преговорите да подготви ново национално предавство, односно е спремна да ги дораскрчми националните интереси, да прифаќа нови барања од Бугарија и целосно да го срози македонскиот иденитет. Оттука е јасно ставот на Димиитар Ковачевски и воопшто СДСМ по Извршниот одбор на партијата и Центарлниот одбор дека има поместувања во ВМРО-ДПМНЕ не е точен и е заблуда во која живее или сака да живее СДСМ. Кузеска по седниците на највисоките партиски тела рече „имаме нови околности на политичката сцена и токму тие нови околности се повод за свикување на Извршниот и на Централниот одбор, а секако и начинот и формата со која што понатаму ќе продолжат преговорите со ВМРО-ДПМНЕ“. Нема нови околности, барем не онакви какви ги гледа или халуцинира СДСМ, има само нервоза и незадоволство од СДСМ и од друга барање за оставка на Ковачевски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nervoza-vo-sdsm-po-liderskata-na-kovachevski-mu-e-barano-ostavka-vo-partijata/feed/ 0
ЕУ не ги коментира партиските препукувања, ВМРО-ДПМНЕ чекаат одговор од СДСМ кој од нивните два предлози е прифатлив https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eu-ne-gi-komentira-partiskite-prepukuvana-vmro-dpmne-chekaat-odgovor-od-sdsm-koj-od-nivnite-dva-predlozi-e-prifatliv/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eu-ne-gi-komentira-partiskite-prepukuvana-vmro-dpmne-chekaat-odgovor-od-sdsm-koj-od-nivnite-dva-predlozi-e-prifatliv/#respond Tue, 13 Jun 2023 07:27:55 +0000 https://kurir.mk/?p=845144

Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија, по какофонијата што настана во врска со исходот од лидерската средба меѓу премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, излезе со став дека не коментира внатрешни дискусии, додека, за уставните измени, потенцира дека се јасни заклучоците на Советот на ЕУ од јули 2022 година. Од ВМРО-ДПМНЕ, посочија дека чекаат одговор од СДСМ кој од нивните два предлози е прифатлив, а од СДСМ, пак, очекуваат опозициската партија да се приклучи, односно да остане во процесот со номинирање претставници во работна група, за да продолжи дијалогот за уставни измени. -Не коментираме внатрешни дискусии. Заклучоците на Советот на ЕУ од јули 2022 се јасни. Со цел да се заврши оваа фаза на отворање на пристапните преговори, Советот, исто така, одлучи, како што е наведено во заклучоците на Советот од јули 2022 година, да свика уште една меѓувладина конференција со цел да се претстави рамката за преговори и состојбата на подготвителните работи од страна на Европската комисија и е подготвена да ја одржи без дополнителни одложувања, ниту дополнителна политичка одлука, штом Северна Македонија ќе ја спроведе својата заложба да ги заврши уставните измени, во согласност со нејзините внатрешни процедури, се вели во ставот на Делегацијата на ЕУ. Премиерот Ковачевски вчера кажа дека сега треба да се оди кон примена на договореното и јавно кажаното на прес-конференцијата по лидерската средба за уставните измени, а не кон толкување, како што рече, „што некој сакал да каже, бидејќи тоа што беше разговарано беше и кажано“. -Како државнотворна партија која секогаш ги носела најтешките и најголемите одлуки за државата му даваме шанса на ВМРО-ДПМНЕ првпат да учествува во носење одлука од којашто зависи остварување стратешка цел за државата. Сега останува на ВМРО-ДПМНЕ да се приклучи кон процесот, односно да остане во процесот, бидејќи демантирањето или излегувањето од она што беше договорено и искажано на прес-конференцијата сметам дека би било големо разочарување како за граѓаните, така и за меѓународната заедница која навистина овој пат сака да ја види Северна Македонија да го продолжи својот пат кон ЕУ и до 2030 година да биде членка, изјави вчера Ковачевски, на прашање кој од двата предлози на ВМРО-ДПМНЕ е прифатлив. -Во текот на целиот изминат период тие обвинуваа дека со уставните измени и вклучувањето на други делови од народи во нашата Преамбула државата ќе била бугаризирана, асимилирана, ќе сме го изгубеле јазикот, идентитетот. Ние кажувавме и кажуваме дека тоа не точно, меѓутоа сега и ВМРО-ДПМНЕ, потврди на таа прес-конференција дека нема ништо против уставните измени, рече Ковачевски. Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, оцени дека лидерската средба беше одличен чекор во вистинска насока и на таа средба се видоа условите и на Владата, односно на СДСМ и на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени, и оти во наредните денови може да се поместат позициите, но тоа секако, треба да биде во реални рамки. Маричиќ, во гостување на телевизија Сител, посочи дека треба да се продолжи од таму каде што застана лидерската средба, но тоа да биде во реални рамки и со разумен разговор. - Ќе дадеме уште некоја шанса во наредните денови за опозицијата, сепак, да пристапи кон овие разговори за да можеме заеднички да го договориме и спроведеме планот за уставни измени. Доколку тоа не се случи и доколку апелите за разумен дијалог од наша страна не вродат со плод кај ДПМНЕ, ние секако дека ќе тргнеме во разговор со секој пратеник, рече Маричиќ. Според Маричиќ, предлозите на ВМРО-ДПМНЕ се движи во нереални рамки и надвор од преговарачката рамка, што значи повторно преговарање на рамката која што е веќе усвоена минатата година. - Сметам дека е разумно и одговорно, да седнеме, сакаат тимски, сакаат поединечно, сакаат пак лидерска средба и да разговараме таму каде што застана лидерската средба, во наредните денови јас сум сигурен дека може да ги поместиме позициите, но доколку сето тоа биде во реални рамки. Ние може да бараме Бугарија да нема право на вето или да ги смениме правилата во ЕУ, во минатото сме се обидувале да ги смениме правилата во НАТО, не сме успеале и затоа треба да имаме разумен начин на разговор каде заедно ќе ја преземеме одговорноста, ќе ја споделиме одговорноста во таа заедничка влада и ќе им олесниме на граѓаните дека навистина имаме европска перспектива, истакна Маричиќ. Маричиќ, посочи и дека е несоодветно, да се тврди дека некој може да ни го земе јазикот и идентитетот, нагласувајќи дека постојат силни и јасни гаранции за македонскиот јазик и македонскиот идентитет во ЕУ. Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби за „Студио 10“ на телевизија 24 изјави дека прават напори да ги започнат уставните измени и оти верува дека постапката во Собранието ќе започне кон крајот на јули. Правичната застапеност на помалите заедници во Северна Македонија не доволно реализирана, оцени првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедници Артан Груби на теркале - Во Собранието има 120 пратеници, не 80. Сметам дека сите тие, со исклучок на двајца пратеници, се за интегрирање на нашата земја во ЕУ, како што беа за во НАТО. Убеден сум дека ако се претстави добро оваа техничка измена во Уставот, би ја прифатиле и граѓаните, а не само пратениците. Ова се само технички амандмани за да го продолжиме европскиот пат на Македонија, изјави Груби. Груби порача дека е битно тоа што го кажал лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски по лидерската средба со премиерот Ковачевски на 7 јуни. -Седми јуни ќе се памети дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ прифатија уставни измени, прифатија Бугарите да се вклучат во Преамбулата и Уставот, прифати да нема предвремени парламентарни избори и се надевам дека сме на нов терен. Охрабрувам да почнеме со постапката и да ги разгледаме предлозите на Работната група, истакна вицепремиерот. Мицкоски не беше свесен дека го прифативме неговиот предизвик, вели Груби, и уште посочува дека за нив е неважна власта. -Меѓу ДУИ во опозиција или Македонија во ЕУ, ние ќе бираме Македонија во ЕУ. Немаме дилема за ставот. После сите кризи, ова е вистинскиот пат, кажа Груби. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, пак, во интервју за Дојче Веле, вели ВМРО-ДПМНЕ ќе почека уште некој ден за да добие одговор од СДСМ за предлозите што ги изнел на лидерската средба и ако се пропушти оваа шанса ќе стане јасно дека процесот е целосно заглавен, по што единствено логично решение, според него, би биле избори. -Ние чекаме одговор. Непродуктивно и бесцелно е да се продолжи со какви било разговори или работни групи, ако тие не се сложуваат за предлозите кои ги дадовме. Ние ќе почекаме уште некој ден. Наместо да трошат енергија на посипување пердуви, нека имаат суштински состаноци и нека излезат со став, вели Мицкоски на новинарско прашање. Мицкоски додава дека СДСМ е потполно свесна за тоа што тој го понудил на лидерската средба, но, според него, се обидува да манипулира „со изнесување на неточни информации и импутирање на зборови“. Лидерот на најголемата опозициска партија вели дека она што го понудил на средбата претставува „промена на околностите, заштита на националните интереси и европска интеграција“. - Првиот предлог кој го дадов е преодна влада без ДУИ, измени кои ќе стапат во сила со завршување на преговорите и членството на државата во ЕУ. Вториот предлог е избори, гаранции за националниот идентитет и јазик, економски пакет и заштита на Македонците во Бугарија преку спроведување на пресудите на Судот за човекови права во Стразбур и измени од влада без ДУИ, поддржана од опозицијата. Она што го понуди Ковачевски се уставни измени под бугарски диктат и широка влада со ДУИ. Не е поентата ВМРО- ДПМНЕ да дојде на власт во некаква широка влада, туку да изградиме процес и пакт за национално единство каде ќе ги заштитиме националните интереси, вели Мицкоски. Коментирајќи го ставот на ДУИ дека се согласни да излезат од Владата откако во сила би стапиле уставните измени, како и дека бараат спроведување на ветинг на претседателите, функционерите и пратениците на сите политички партии, Мицкоски вели дека партијата на Али Ахмети не е во позиција да поставува услови и колку побргу замине во опозиција, толку „побргу на Македонија ќе и тргне“. - Не одлучуваат ДУИ и Али Ахмети дали ДУИ ќе ја напушти Владата. СДСМ треба да се охрабри и да ја прифати подадената рака за преодна влада, вели Мицкоски, додавајќи дека е согласен и на ветинг и доброволно се пријавува прв да биде изложен на проверка во тој процес. Лидерот на Алијанса за албанците (АА) Арбен Таравари оцени дека условот на македонската опозиција за суспензивни уставни измени е неостварлив, бидејќи е во спротивност со преговарачката рамка на ЕУ. Според него, измените на Уставот треба да стапат во сила најдоцна до моментот на одржување на Втората меѓувладина конференција. Алијансата за Албанците засега нема став за резолуцијата која ВМРО-ДПМНЕ планира да ја поднесе во Собранието во врска со „црвените линии“ за преговорите со Бугарија, ијзваи денеска партискиот Конечниот став на АА, нагласи Таравари, ќе биде познат до крајот на неделата, кога ќе се состане партиското раководство. Тој смета дека размената меѓу двете најголеми македонски партии со понуди и контрапонуди за гласање на уставните промени, директно влијае и на интересот на Албанците. - Алијансата за Албанците внимателно ја анализира новонастанатата состојба и до крајот на неделата ќе одржиме состанок на раководството на партијата по што ќе излеземе со усогласен став во партиските органи, рече Таравари на прес-конференција во седиштето на партискиот огранок во Гостивар, чиј повод, како што беше кажано, се средбата и разговорите што ги водат премиерот Ковачевски и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски. Гостиварскиот градоначалник и лидер на АА напомена дека една од главните цели во делувањето ќе биде нивното барање за отстранување на 20 проценти кои го негираат албанскиот идентитет и воведување на албанскиот јазик во Уставот, како и дека е дојден момент за таа промена. Во Германскиот Бундестаг в четврток е најавена расправа и гласање за резолуција за поддршка на зачленувањето на Северна Македонија во ЕУ, на македонски јазик и македонскиот идентитет. Резолуцијата насловена „Активно поддржете ја Северна Македонија на нејзиниот пат кон Европската Унија“, е предложена од владејачката парламентарна група на СПД, Зелените и ФДП. Германскиот Бундестаг заедно со трите Берлински универзитети секоја година доделува стипендии на дипломирани младинци да учествуваат во петмесечна програма за запознавање со политичкото одлуч Во германскиот Парламент ќе се дебатира и за други документи во чиј фокус е евроинтергацијата и ситуацијата на Западен Балкан. Германски пратеници ќе побараат од федералната Влада да постигне на ниво на ЕУ согласност дека изгледите за пристапување во ЕУ за Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија се „недвосмислени, веродостојни и поткрепени со опиплив напредок“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eu-ne-gi-komentira-partiskite-prepukuvana-vmro-dpmne-chekaat-odgovor-od-sdsm-koj-od-nivnite-dva-predlozi-e-prifatliv/feed/ 0
Премиерот е неконзистентен политичар: Како за Ковачевски, Мицкоски одеднаш стана релевантен? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/premierot-e-nekonzistenten-politichar-kako-za-kovachevski-mitskoski-odednash-stana-relevanten/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/premierot-e-nekonzistenten-politichar-kako-za-kovachevski-mitskoski-odednash-stana-relevanten/#respond Fri, 09 Jun 2023 13:56:58 +0000 https://kurir.mk/?p=844091

Претседателот на опозицијата не е пратеник, така да, тој е нерелевантен да зборува на тоа прашање, тој многу често ги менува своите ставови…, изјави Ковачевски на 12.04.2023 година. Вака пред нецели два месеца зборуваше првиот човек на Владата, Ковачевски кој мислејќи дека ќе може да обезбеди две третини пратеници за уставни измени, го прогласи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски за нерелевантен да зборувал за таа тема. За сега Ковачевски сам себе да се демантира и да седне на маса со Мицкоски и тема на разговор да бидат токму уставните измени. Дел од политичарите велат, додека премиерот ја обвинува ВМРО-ДПМНЕ за менување на ставови, самиот тој го прави истото. Променливите ставови на Ковачевски се израз на неговата немоќ, бидејќи во власта тој го нема последниот збор туку неговите коалициони партнери од ДУИ. -Ковачевски покажува нестабилност во неговите изјави, бидејќи пред два месеци тврдеше дека Мицкоски е нерелевантен соговорник за уставните измени како превземена обврска од ДУИ и СДСМ кон Бугарија, но од друга страна денес гледаме дека нуди варијанти токму на Мицкоски. Според мене тоа се должи на две причини, прво самата СДСМ е притисната во Владата и го нема главниот збор во Владата каде Ковачевски е премиер, главниот збор го има ДУИ, вели за Алфа Антонио Милошоски – пратеник. Заради ваквите ставови на премиерот и никој повеќе не верува во Владата. -Со честото менување на ставовите на Ковачевски, тој испраќа порака во јавноста, дека не е конзистентен политичар и дека на него не може ниту политиката, ниту граѓаните, ниту стопанството сериозно да се ослонат и со самото тоа го руши кредибилитетот и репутацијата на Владата, вели за Алфа Антонио Милошоски – пратеник. Лидерската средба меѓу првиот човек на власта и првиот човек на опозицијата ја свика токму Ковачевски, кој не остана доследен на ставот дека Мицкоски не бил релевантен на таа тема, па на средбата му понуди влез во Владата, и уставни измени, кои Мицкоски ги одби. Бара гаранции за македонскиот идентитет и јазик, обврска и за Бугарија – да ги почитува пресудите на Евопскиот суд за човекови права, пакет економска поддршка за граѓаните и стопанството, како и одложена примена на уставните измени се до влезот на Македонија во ЕУ со што нема да има нови условувања во процесот на преговори. Прилогот на АЛФА погледнете го во продолжение: ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/premierot-e-nekonzistenten-politichar-kako-za-kovachevski-mitskoski-odednash-stana-relevanten/feed/ 0