„Лидија од Македонија“ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 16 Jul 2023 09:12:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png „Лидија од Македонија“ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „Лидија од Македонија“ во Национална опера и балет https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/lidija-od-makedonija-vo-natsionalna-opera-i-balet/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/lidija-od-makedonija-vo-natsionalna-opera-i-balet/#respond Sun, 16 Jul 2023 09:35:50 +0000 https://kurir.mk/?p=857117

Македонската опера „Лидија од Македонија“ од композиторот Ристо Аврамовски ќе биде изведена вечерва во Националната опера и балет со почеток во 20 часот. Диригент на претставата е Иван Еминовиќ, режисер Пламен Карталов (Бугарија), обновата на режијата е на Трајко Јордановски, сценографијата е на Панче Минов, а костимографијата на Елена Дончева. Во главните улоги ќе настапат Наде Талевска Спасовска во улогата на Лидија, Игор Дурловски во улогата на Павле, Драган Ампов во улогата на Силас, Марјан Николовски / Никола Стојчевски во улогата на Тимотеј, Васко Здравков во улогата на Ангелот човек, Ана Ројдева Талевска / Катерина Стојановска -Асиа, Александра Лазаровска – Василевски / Елена Голомеова – Агиа и Марика Поповиќ / Соња Пендовска Мадевска – Дина. Настапуваат хорот и оркестарот на Националната опера и балет. Операта „Лидија од Македонија“ е опера во два дела. Создадена е во 2001 година, по нарачка од тогашниот Македонски народен театар. Либретото го направиле Гиј Шелеи и Дора Петрова (Франција) во препев на Лилјана и Јордан Плевнеш. Се работи за првата покрстена жена на европскиот простор од свети апостол Павле, која се викала Лидија и била од Македонија. Се обработуваат настани што се случиле во тоа време и претставува библиска тема. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/lidija-od-makedonija-vo-natsionalna-opera-i-balet/feed/ 0