лидл – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 01 Sep 2023 08:10:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png лидл – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Лидл за 5,2 милиони евра купи земјиште за логистички центар во Куманово https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/lidl-za-5-2-milioni-evra-kupi-zemjishte-za-logistichki-tsentar-vo-kumanovo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/lidl-za-5-2-milioni-evra-kupi-zemjishte-za-logistichki-tsentar-vo-kumanovo/#respond Fri, 01 Sep 2023 08:10:50 +0000 https://kurir.mk/?p=873340

Општина Куманово спроведе постапка за отуѓување на градежно земјиште во сопстевеност по пат на електронско јавно наддавње, со намена Г4-стоваришта и складови на локација во новата индустриска развојна зона во Горно Коњаре. На јавното наддавање по пат на електронска аукција беа пријавени три компании, а најповолен понудувач со највисока понудена цена е компанијата ДТМ ЛИДЛ Македонија ДООЕЛ, со седиште во Скопје. Најповолната понуда изнесува 1.906 денари за 1м2, или вкупно за 170.996м2 (~17ха), и истата изнесува 325.920.015,00 денари (~5,3 милиони евра). Во наредниот период следува завршување на административната постапка за избор на најповолен понудувач и по исполнување на сите услови пропишани во јавниот повик, имотот ќе премине во сопственост на најповолниот понудувач по што ќе следува инвестиција од нивна страна, соопшти Општина Куманово. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/lidl-za-5-2-milioni-evra-kupi-zemjishte-za-logistichki-tsentar-vo-kumanovo/feed/ 0
„Лидл“ прво влегува во Куманово, во Македонија вработиле 80 лица – Ковачевски на средба со нивни претставници https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lidl-prvo-vleguva-vo-kumanovo-vo-makedonija-vrabotile-80-lica-kovachevski-na-sredba-so-nivni-pretstavnici/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lidl-prvo-vleguva-vo-kumanovo-vo-makedonija-vrabotile-80-lica-kovachevski-na-sredba-so-nivni-pretstavnici/#respond Thu, 13 Oct 2022 11:43:52 +0000 https://kurir.mk/?p=744758

Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски и вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи денеска остварија работна средба со претставници на познатиот меѓународен малопродажен синџир „Лидл“ – како од Националниот тим, така и со претставници на Меѓународниот управен одбор. Целта на средбата беа планираните активности во делот на инвестициите и развојот на оваа компанија во Република Македонија и поддршката од Владата и институциите за успешна реализација на овој проект. На средбата премиерот Ковачевски изрази задоволство што „Лидл“ интензивно работи на подготовките за отпочнување ефективна работа во нашата земја и веќе има вработено 80 лица, а оваа бројка дополнително ќе расте, посочувајќи дека нашата земја има поволни услови за инвестиции и ова како што рече е пример што треба да го следат и други странски компании. Вицепремиерот Битиќи, кој го координира процесот како едношалтерски систем за инвестиции, изрази задоволство од напредокот на инвестицијата и ја истакна нејзината важност за развојот на локалните добавувачи, кои се надеваат дека ќе имаат доверлив партнер со „Лидл“. Томаш Кузма, член на Одборот на компанијата одговорен за Западен Балкан, „Лидл Интернешнл“, објасни дека како странски инвеститор „Лидл“ високо ја цени соработката и поддршката што компанијата ја добива од Владата на Северна Македонија. Рубријан Хаџиев, главен извршен директор на Лидл Северна Македонија, истакна дека премиерот Ковачевски и вицепремиерот Фатмир Битиќи му обезбедиле на „Лидл“ работни групи во неколку министерства и единствена точка за контакт за да ја олеснат подготовката за можен влез на македонскиот пазар. Сметаат дека оваа соработка ќе продолжи и во сите други фази од проектот. „Лидл“ веќе има идентификувано потенцијална локација за својот логистички центар, на земјиште кое е околу 200.000 м2 и се наоѓа во Општина Куманово. Инвестицијата само во логистичкиот центар е околу 80 милиони евра и вклучува намера да се обезбедат повеќе од 150 вработувања. Во оваа фаза на подготовка, „Лидл“ веќе истражува различни начини за поддршка на локалните производители. Компанијата организираше извоз на македонски земјоделски производи во мрежата „Лидл“ во соседните земји. И ова е само еден пример од целокупното партнерство на „Лидл“ со добавувачите и производителите кое е насочено кон докажување на секојдневната поддршка и соработка како доверлив партнер во бизнисот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lidl-prvo-vleguva-vo-kumanovo-vo-makedonija-vrabotile-80-lica-kovachevski-na-sredba-so-nivni-pretstavnici/feed/ 0
Лидл распиша конкурс за работа во земјава – еве кои позиции ги нуди компанијата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lidl-raspisha-konkurs-za-rabota-vo-zemjava-eve-koi-pozicii-gi-nudi-kompanijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lidl-raspisha-konkurs-za-rabota-vo-zemjava-eve-koi-pozicii-gi-nudi-kompanijata/#respond Wed, 14 Sep 2022 12:18:31 +0000 https://kurir.mk/?p=732642

Меѓународниот ланец на супермаркети „Лидл“ објави конкурс за вработување. Се бараат продажен специјалист, сметководител, бренд стратег, специјалист за човечки ресурси. Како што може да се види од огласот, се бараат универзитетски образовани луѓе кои ќе ги постават темелите на команијата во Македонија, како во однос на рекламирањето на „Лидл“ , така и во однос на избор на кадар што ќе работи во маркетите. Од „Лидл“ се уште не открија детали колку продавници ќе има во Македонија и каде ќе бидат лоцирани. Единствено што официјално беше објавено е дека компанијата се интересирала за локација во скопска Кисела Вода. „Лидл“ работи со околу 11.200 продажни објекти во 32 земји ширум светот, вработувајќи повеќе од 310.000 луѓе на глобално ниво.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lidl-raspisha-konkurs-za-rabota-vo-zemjava-eve-koi-pozicii-gi-nudi-kompanijata/feed/ 0
​ЛИДЛ заинтересиран да инвестира во Кисела Вода https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/lidl-zainteresiran-da-investira-vo-kisela-voda/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/lidl-zainteresiran-da-investira-vo-kisela-voda/#respond Thu, 21 Apr 2022 10:48:23 +0000 https://kurir.mk/?p=666483

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски денес оствари работна средба со претставниците на „Лидл“ од претставништвата во Бугарија и Македонија. Заинтересирани за достапни локации каде би можеле да се отворат маркети и регионален дистрибутивен центар, потенцијалните инвеститори, од градоначалникот ги добија побараните информации околу можностите и потенцијалите на општина Кисела Вода. Тој им се заблагодари за пројавениот интерес и ги запозна со геостратешките погодности, вложувањата во подобрување на патната инфраструктура, но пред се, со новиот начин на водење на општината, кој овозможува развој на бизнис климата со посебно стимулирање на инвестициските процеси. -Денес имавме прилично конструктивна средба со претставниците на “Лидл” од претставништвата во Бугарија и Македонија, кои пројавија интерес за инвестирање во општина Кисела Вода. Подискутиравме околу достапните локации на кои би можеле да се отворат маркети, но и регонален дистрибутивен центар на германскиот гигант кој е присутен секаде во нашето соседство, освен во Македонија. На овој работен состанок им ги презентиравме погодностите кои општина Кисела Вода ги нуди, како средина која има добра местоположба и развој кој одговара на потребите на оваа компанија. Задоволен сум што потенцијалните инвеститори ја препознале новата енергија со која функционира оваа локална самоуправа и ги согледале актуелните перспективи, инвестициските можности и новите проекти кои ги спроведуваме во различни области со цел унапредување на општината. Конкретно, инвестицијата би вредела неколку милиони евра и би значела вработување на огромен број лица. Вреди да се спомене и фактот дека вработените би имале плати кои се околу или над просечните во Македонија, изјави градоначалникот Ѓорѓиевски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/lidl-zainteresiran-da-investira-vo-kisela-voda/feed/ 0
Свештеник од СПЦ не сакал да плати во Лидл, интервенирала полицијата https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/sveshtenik-od-spc-ne-sakal-da-plati-vo-lidl-intervenirala-policijata/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/sveshtenik-od-spc-ne-sakal-da-plati-vo-lidl-intervenirala-policijata/#respond Wed, 30 Mar 2022 14:48:55 +0000 https://kurir.mk/?p=655817

Полицијата изнела свештеник на Српската православна црква од продавницата на Лидл во српскиот град Инѓија бидејќи упорно одбивал да ги плати производите што ги избрал за купување, објави денеска локалниот портал Инмедија, пренесе Бета. Според очевидци, тоа се случило во понеделникот, на 28 март, во вечерните часови, кога свештеникот ги убедувал продавачите да не му наплаќаат за производите што ги земал и да му ги однесат во автомобилот. Откако персоналот долго време одбивал да го стори тоа, свештеникот седнал на подот и протестирал, а вработените повикале полиција, која го изнела од продавницата. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/sveshtenik-od-spc-ne-sakal-da-plati-vo-lidl-intervenirala-policijata/feed/ 0
„Лидл“ почна во Македонија да објавува огласи за работа со компетитивни плати https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lidl-pochna-vo-makedonija-da-objavuva-oglasi-za-rabota-so-kompetitivni-plati/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lidl-pochna-vo-makedonija-da-objavuva-oglasi-za-rabota-so-kompetitivni-plati/#respond Wed, 09 Jun 2021 08:58:42 +0000 https://kurir.mk/?p=520857 илустрација

Германскиот трговски синџир „Лидл“ веќе има објавено огласи во Македонија за повеќе од десетина слободни работни позиции за архитекти, градежни инженери, ИТ-специјалисти и за бизнис-консултанти. Огласите се отворени од април и постојано се реобјавуваат за да има поголем избор на квалитетни кандидати, вели за „Слободен печат“ Јулијана Миновска, управител на канцеларијата на „Хед-хантер“ во Скопје, иновативна компанија за вработување и регрутација, која е присутна во Македонија, Албанија, Косово, Црна Гора, БИХ. „Лидл“ ќе понуди компетитивни плати, а во втората фаза ќе следуваат и огласите за вработените во маркетите. Според најавите, овој германски трговец ќе биде присутен во 8 македонски града, но приоритет е Скопје. -Има интерес, иако сите знаеме каква е состојба во македонското градежништво. „Лидл“ бара квалитетен кадар, кој во првата фаза ќе биде одговорен за изградба на маркетите и поставување неопходна информациска мрежа. Се бараат 13 градежни инженери, а отворени се 5 позиции за ИТ-специјалисти и бизнис-консултанти. Познавањето на германскиот јазик е предност, но не е неопходно, а инженерите ќе треба да поседуваат една години искуство во струката – објаснува Миновска. Идните вработени во „Лидл“ ќе треба да поминат обука во траење од шест до 12 месеци во Софија, Бугарија. Компанијата нуди одлична обука, а за тој период на кандидатите ќе им биде платен престојот, сместувањето и одвоениот живот, сѐ со цел да се постигне врвно обучен кадар – додава Миновска. И вицепремиерот Фатмир Битиќи во своето последно интервју за МИА призна дека влезот на германскиот трговски синџир во Македонија е голема инвестиција, за која требаат многу подготовки. -Во овој момент преговараме со нив дали нашите производи ќе станат дел од синџирот на набавка на „Лидл“, дали преку влегувањето на „Лидл“ во нашата земја ќе успееме нашите производи да ги ставиме во глобалниот синџир на „Лидл“. Тој е важен затоа што ќе донесе некои производи што во моментот можеби ги немаме, но за нас е битно нашите производи да станат дел од синџирот на Лидл. Мене ќе ми биде задоволство да видам наши домати да се продаваат во „Лидл“ во Германија – истакнува Битиќи во интервјуто. За да почне со работа, „Лидл“ треба да изгради голем дистрибутивен центар, од кој потоа ќе ги снабдува своите маркети во земјава. За два месеца во Србија, „Лидл“ презел до 4 отсто од пазарот По само два месеца од влезот во Србија во 2018 година, „Лидл“ го потресол тамошниот малопродажен пазар. Податоците на белградските медиуми покажуваат дека тој презел три до четири отсто од малопродажниот удел, но повеќе од малите трговци отколку од „големите играчи“. Првичните прогнози биле дека „Лидл“ брзо ќе преземе 5 до 7 отсто од водечките српски ланци, а по година или две неговиот удел ќе изнесува од 10 до 15 отсто од пазарот. Според српските маркетинг-специјалисти, на стратегијата на поволни цени на „Лидл“, останатите трговци одговориле со иста мера, што е евидентно и поволно за потрошувачите. Сите се согласни дека германскиот трговец добро го проучува пазарот пред да влезе и секако дека нема да ги затвори конкурентите, но ќе им „украде“ дел од приходите. „Лидл“ има посебна стратегија. Во нивните објекти има неколкупати помалку артикли отколку во другите маркети. Набавуваат големи количества, па добавувачите им даваат поповолни услови. Предност им даваат на странските брендови, но исто така ја преферираат и сопствената трговска марка – велат српските експерти.]]>
илустрација

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lidl-pochna-vo-makedonija-da-objavuva-oglasi-za-rabota-so-kompetitivni-plati/feed/ 0
Лидл конечно отвара маркети и во Македонија – еден од градовите е Скопје, кои се останатите? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lidl-konechno-otvara-marketi-i-vo-makedonija-eden-od-niv-skopje-koi-se-ostanatite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lidl-konechno-otvara-marketi-i-vo-makedonija-eden-od-niv-skopje-koi-se-ostanatite/#respond Sun, 30 May 2021 07:52:55 +0000 https://kurir.com.mk/?p=516733

Премиерот, Зоран Заев најави дека германската компанија „Лидл“ ќе отвара маркети во осум градови во Македонија. Како што тој вели, едниот маркет ќе биде отворен во главниот град Скопје за за останатите седум града се уште не се знае точно во кои градови ќе се отворат. - Вредноста на инвестицијата е 300 милиони евра. Се преговараат во моментот локациите, прво во Скопје. Важно е што обврска на инвеститорот е откуп и продажба на домашни земјоделски и кондиторски и секаков вид на производи кои се компетитивни за сите маркети на ‘Лидл’ во југоисточна Европа, рече Заев.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lidl-konechno-otvara-marketi-i-vo-makedonija-eden-od-niv-skopje-koi-se-ostanatite/feed/ 0
„Лидл” отвора супермаркет во земјава, ќе инвестира 500.000 евра, но не во Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lidl-otvora-supermarket-vo-zemjava-kje-investira-500-000-evra-no-ne-vo-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lidl-otvora-supermarket-vo-zemjava-kje-investira-500-000-evra-no-ne-vo-skopje/#respond Fri, 07 May 2021 07:05:42 +0000 https://kurir.mk/?p=506851

По влегувањето во Словенија, Хрватска и Србија, германскиот трговски синџир „Лидл” ќе го отвори својот прв супермаркет и во Северна Македонија, објави специјализираниот портал „Јуропеан Супермаркет Магазин” (ЕСМ), со седиште во ирскиот главен град Даблин. Според ЕСМ, германската компанија минатиот месец регистрирала своја подружница во земјава под името „Лидл Северна Македонија”, која ќе биде под надлежност на бугарскиот огранок на „Лидл” и со неа ќе раководат Милена Драгијска, Бисер Инчовски и Љубомир Хрсев. Предвидено е „Лидл” на стартот да инвестира 500.000 евра во земјава. Според неофицијални извори, „Лидл“ ќе стартува со една продавница и тоа во туристичкиот центар Охрид, а веќе се дискутира и за конкретна локација кај новата автобуска станица. Според порталот, интересот на „Лидл” за отворање супермаркет во земјава следи откако неговата продавница отворена во јануари во Врање, привлече голем број купувачи од Северна Македонија, но и од Косово.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lidl-otvora-supermarket-vo-zemjava-kje-investira-500-000-evra-no-ne-vo-skopje/feed/ 0
Лидл влегува во четири градови во Македонија- еве кои се тие https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lidl-vleguva-vo-chetiri-gradovi-vo-makedonija-eve-koi-se-tie/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lidl-vleguva-vo-chetiri-gradovi-vo-makedonija-eve-koi-se-tie/#respond Tue, 09 Mar 2021 15:58:46 +0000 https://kurir.mk/?p=479704 илустрација

Регистрирањето подружница во Северна Македонија во февруари е првиот чекор од нашата активност во земјата, одговорија од „Лидл“ – Бугарија на прашањето од InStore какви се нивните планови за влезот на германскиот малопродажен гигант кај нас и каде ќе им бидат лоцирани продавниците. Ние сме во почетна фаза на долгорочен процес и во оваа фаза не можеме да дадеме дополнителни детали, одговорија од „Лидл“ – Бугарија за InStore, додавајќи дека не можат да ги откријат потенцијалните локации или датуми на отворање. Бугарските менаџери засега не даваат повеќе детали, и покрај информациите дека веќе разговараат со градоначалници за можни локации. Сепак, нашите читатели ни испратија фотографија од брендиран автомобил на „Лидл“ каде, покрај логото на трговецот, се наведени градовите Штип, Тетово, Скопје и Охрид. Во таа насока одат и активностите на бугарската подружница за кои досега знаеме, но и информациите од терен – се шпекулира дека првиот маркет ќе биде во Охрид. Впрочем, градоначалникот на Штип, Сашко Николов, за штипската телевизија ТВ Стар потврди дека веќе разговарал со претставници на компанијата. Тие побарале локација на 10.000 квадратни метри и тој вели дека веднаш им обезбедил две такви. Барањето кое тие го испорачаа на средбата со повеќе градоначалници од овој регион е дека им е потребна локација од 10.000 метри квадрати на територија на градот Штип. Ние обезбедивме две такви локации и ги пуштивме во Влада по што ќе се носи и одлука за избор, рече Николов за ТВ Стар. Тој за телевизијата изјави дека Лидл има план за поширока соработка во која се опфатени сите големи општини во државата, но и дел од средните општини во кои спаѓа и Штип. Според досега познатите податоци, подружницата под називот „Лидл Северна Македонија Дооел“ е основана со паричен влог од 500.000 евра. Новата компанија ќе биде управувана од Софија, од бизнисмените Милена Драгијска, Бисер Борисов Инчовски и Љубомир Манолов Хрсев. Тие се управители во компанијата во Бугарија. Според описот на нивните надлежности и ограничувања, „Лидл“ планира да вложи над 10 милиони евра во продавница и да купи земјиште поголемо од 10.000 квадратни метри.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lidl-vleguva-vo-chetiri-gradovi-vo-makedonija-eve-koi-se-tie/feed/ 0
Конечно и кај нас – „Лидл“ ќе отвора супермаркет во Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/konechno-i-kaj-nas-lidl-kje-otvora-supermarket-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/konechno-i-kaj-nas-lidl-kje-otvora-supermarket-vo-makedonija/#respond Tue, 02 Mar 2021 10:26:04 +0000 https://kurir.mk/?p=475930

Специјализираниот портал „Јуропеан Супермаркет Магазин“ (ЕСМ) објави дека германскиот трговски синџир „Лидл“ ќе го отвора својот прв маркет во Република Македонија. Како што наведува ЕСМ, германската компанија во февруари регистрирала своја подружница во земјава со кој ќе раководат Милена Драгијска, Бисер Инчовски и Љубомир Хрсев. Предвидено е „Лидл” на стартот да инвестира 500.000 евра во земјава.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/konechno-i-kaj-nas-lidl-kje-otvora-supermarket-vo-makedonija/feed/ 0