лига на конференции – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 24 Feb 2023 08:41:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png лига на конференции – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Осминафинална жрепка во Лига Европа и Лигата на конференции https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/osminafinalna-zhrepka-vo-liga-evropa-i-ligata-na-konferentsii/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/osminafinalna-zhrepka-vo-liga-evropa-i-ligata-na-konferentsii/#respond Fri, 24 Feb 2023 08:41:35 +0000 https://kurir.mk/?p=804471

Во седиштето на УЕФА во Нион денеска со жрепка ќе бидат одредени двојките за осминафиналето во второто и третото по ранг европско клупско натпреварување, Лига Европа и Лигата на конференции. За точно напладне е закажана осминафиналната жрепка во Лига Европа, а еден час подоцна ќе бидат одредени и двојките за осминафиналето во Конференциската лига. Осумте победници во групната фаза во Лига Европа (Арсенал, Бетис, Фенербахче, Ференцварош, Феенорд, Фрајбург, Реал Сосиедад и Унион Сент – Жил) изборија директен пласман и се одредени за носители, а преку плејоф натпреварите кои беа комплетирани синоќа им се приклучија Јувентус, Баер Леверкузен, Спортинг, Севиља, Унион Берлин, Манчестер јунајтед, Рома и Шахтјор Доњецк. Првите натпревари ќе се играат на 9 март, а реваншите се на програмата една недела подоцна. Финалето во Лига Европа ќе се игра на 31 мај на „Пушкаш Арена“ во Будимпешта. Во Конференциската лига директен пласман во осминафиналето обезбедија Вест Хем, Ница, АЗ Алкмар, Слован Братислава, Виљареал, Ѓургарден, Башакшехир и Сиваспор, а преку плејофот им се приклучија Андерлехт, Гент, АЕК Ларнака, Фиорентина, Лацио, Базел, Лех и Шериф. Првите натпревари се на програмата на 9 март, а реваншите на 16 идниот месец. Финалето во Конференциската лига ќе се одигра на 7 јуни во Прага.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/osminafinalna-zhrepka-vo-liga-evropa-i-ligata-na-konferentsii/feed/ 0
Реми на Шкендија во Ереван за пласман во следната квалификациска рунда во Лигата на конференции https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/remi-na-shkendija-vo-erevan-za-plasman-vo-slednata-kvalifikaciska-runda-vo-ligata-na-konferencii/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/remi-na-shkendija-vo-erevan-za-plasman-vo-slednata-kvalifikaciska-runda-vo-ligata-na-konferencii/#respond Thu, 14 Jul 2022 18:26:11 +0000 https://kurir.mk/?p=705331

Екипата на Шкендија обезбеди пласман во второто квалификациско коло за пласман во Лигата на конференции откако одигра 2:2 на гостувањето во Ереван против Арарат и ја зачува предноста од првиот меч. Минатата недела, Шкендија славеше со 2:0 и со вкупен резултат 4:2 обезбеди пласман во второто квалификациско коло. Тетовските „црвено-црните“ во Ереван одиграа одлични први 45 минути во кои дојдоа до предност од 0:2 со кои ги решија дилемите околу патникот во следната рунда. Шкендија поведе уште во втората минута благодарение на автоголот на Браво, додека вториот гол го постигна Синдрит Гури во последните моменти од првиот дел. Во второто полувреме дојде до мало опуштање на фудбалерите на Шкендија и тоа ги чинеше два гола. Двата гола за Арарат ги даде Гор Малакјан во 49. и 79. минута. Следен предизвик за Шкендија во квалификациите ќе биде летонскиот тим Валмиера, првиот натпревар тетовчани ќе го играат на гости идниот четврток, а реваншот ќе се игра во Скопје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/remi-na-shkendija-vo-erevan-za-plasman-vo-slednata-kvalifikaciska-runda-vo-ligata-na-konferencii/feed/ 0
Рома ја освои Лигата на конференции https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/roma-ja-osvoi-ligata-na-konferencii/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/roma-ja-osvoi-ligata-na-konferencii/#respond Wed, 25 May 2022 22:48:36 +0000 https://kurir.mk/?p=681581

Фудбалерите на Рома се првите освојувачи на Лигата на конференции,откако вечерва во Тирана (Албанија) славеа во финалниот меч против Феенорд со 1:0. Тоа е првиот европски трофеј за Рома уште од 1961 година кога го освои Купот на саемски градови. Во меѓувреме беше финалист во 1984 година кога загуби во Купот на шампионите, и во 1991 година во Купот на УЕФА. Римската „волчица“ триумфираше против Холанѓаните со голот на Никола Заниоло во 32 минута, и на тој начин тренерот на италијанскиот клуб Жозе Мурињо стана првиот кој успеал да ги обедини сите трофеи во УЕФА меѓународните натпреварувања. Португалецот успеа да ги освои Лигата на шампионите, Купот на УЕФА/Лига Европа и Лигата на конференции.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/roma-ja-osvoi-ligata-na-konferencii/feed/ 0