Лига – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 23 Jun 2020 17:29:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Лига – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Лигата и кошаркарите се договорија за рестартирање на сезоната https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/ligata-i-kosharkarite-se-dogovorija-za-restartiranje-na-sezonata/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/ligata-i-kosharkarite-se-dogovorija-za-restartiranje-na-sezonata/#respond Tue, 23 Jun 2020 17:29:42 +0000 https://kurir.mk/?p=361698

Управата на Националната кошаркарска асоцијација и Унијата на играчи го одобри планот за рестартирање на сезоната 2019/2020, што беше суспендирана на 12 март заради пандемијата од коронавирус. Двете страни го разгледаа колективниот договор и ги направија потребните прилагодувања за да може кампањата да продолжи на 30 јули во Орландо, Флорида, со учество на 22 екипи. Трансфер прозорецот ќе биде отворен од денес за сите 30 клуба. НБА, исто така, издаде протокол на 113 страници, во кој се вклучени здравствени и други процедури што мора да ги следат тимовите во Флорида. Клубовите кои продолжуваат да учествуваат во кампањата, се очекува да пристигнат во државата за тренинзи во втората недела од јули. Раководството на лигата и Сојузот на играчи исто така се согласија за дополнително осигурување за кошаркарите кои ќе бидат принудени да ги прекинат своите кариери заради коронавирус или повреда до крајот на сезоната.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/ligata-i-kosharkarite-se-dogovorija-za-restartiranje-na-sezonata/feed/ 0
Скандал: На трибините се “појавија“ Адолф Хитлер и сериски убиец! (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/skandal-na-tribinite-se-pojavija-adolf-hitler-i-seriski-ubiec-foto/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/skandal-na-tribinite-se-pojavija-adolf-hitler-i-seriski-ubiec-foto/#respond Mon, 01 Jun 2020 10:16:26 +0000 https://kurir.mk/?p=352246

Спортот полека се враќа по пандемијата на корона-вирусот, но главно без навивачи на трибините. Многу клубови се сетија да ги пополнат трибините на креативни начини, со поставување картонски маски со ликовите на фановите на седиштата. Такво нешто се прави и во Австралија, но направија и грешка, анализира СпортМанија. На мечот од автралиската лига во рагби помеѓу Пенрит пантерс и Њукасл најтс, еден од „навивачите“ беше Харолд Шипман, сериски убиец од Велика Британија. Шипман во 2000 година беше прогласен за виновен за убиство на 15 пациенти, на кои им вбризгал смртоносна инјекција. Од лигата реагираа и истакнаа дека во иднина ќе внимаваат повеќе за да не дојде до вакви пропусти. Но, ексрагбистот Мети Џонс, кој сега е телевизиски коментатор, во својата емисија на шега измонтира фотографија со ликот на Адолф Хитлер и потоа во стилот на австралиската лига се извинуваше за пропустот. Тој сакаше да покаже дека извинувањето не е доволно, пишува порталот.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/skandal-na-tribinite-se-pojavija-adolf-hitler-i-seriski-ubiec-foto/feed/ 0
Лидерите на Лига и М5С избраа кандидат за премиер на Италија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/liderite-na-liga-i-m5s-izbraa-kandidat-za-premier-na-italija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/liderite-na-liga-i-m5s-izbraa-kandidat-za-premier-na-italija/#respond Mon, 21 May 2018 06:40:50 +0000 https://kurir.mk/?p=56337

Лидерот на италијанската десничарска партија Лига, Матео Салвини изјави дека тој и неговиот главен ривал на изборите Луиџи ди Мајо, лидер на Движењето Пет ѕвезди (М5С) се договориле кого ќе предложат за премиер, откако претходно постигнаа договор за програмата на идната коалициска влада на Италија. По средбата со Ди Мајо, Салвини рече дека ниту еден од нив двајца нема да биде премиер и додаде дека двајцата ќе поднесат кандидатура за нов премиер на денешната средба со претседателот на земјата Серџо Матарела, но не сакаше да го соопшти неговото име. Ако Матарела биде убеден дека нивниот кандидат може да обезбеди солидно мнозинство во Парламентот, тој може да му го довери мандатот за составување влада.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/liderite-na-liga-i-m5s-izbraa-kandidat-za-premier-na-italija/feed/ 0