Лигата на шампиони – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 27 Jul 2020 13:56:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Лигата на шампиони – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Фернандеш: Јунајтед ја заслужува Лигата на шампионите https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/fernandesh-junajted-ja-zasluzuva-ligata-na-shampionite/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/fernandesh-junajted-ja-zasluzuva-ligata-na-shampionite/#respond Mon, 27 Jul 2020 13:56:06 +0000 https://kurir.mk/?p=382158

Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, е една од главните причини тимот да обезбеди учество во следното издание на Лигата на шампионите. Португалецот имаше голема заслуга за силниот настап на „црвените ѓаволи“ од почетокот на годината. Вчера екипата на Оле Гунар Солскјер победи со 2:0 на гостувањето кај Лестер во решавачкиот натпревар и заврши на третото место во финалниот пласман на англиското првенство. – Секако дека играњето во ЛШ е секогаш посебно и се надевам дека тоа ќе биде случај со навивачите. Ние заслужуваме да играме во најсилното европско клупско првенство. Јас немам ништо против Лигата на Европа, но сите знаат дека најдобриот турнир е Лигата на шампиони. Ние трениравме напорно и работевме за тој момент. Знаевме дека единствено што можеме да постигнеме во првенството е да се квалификуваме во Лигата на шампионите и напорно се боревме за тоа, но не сме доволно задоволни затоа што знаеме дека овој клуб и овие играчи можат да донесат многу повеќе во клубот. Мислам дека имаме квалитети да се бориме за трофеи. Кога ќе освоиме трофеи, тогаш ќе бидеме навистина среќни, изјави Фернандеш пред клупската телевизија. За Манчестер Јунајтед сезоната продолжува, бидејќи следуваат натпреварите од Лигата на Европа, каде екипата е на еден чекор од четвртфиналето. „Црвените ѓаволи“ се соочуваат со австриски ЛАСК следната недела во реваншот од осминафиналето, откако го добија својот прв натпревар од 5-0. – Сега нашиот фокус е на Лигата на Европа, бидејќи тоа е трофеј што сакаме да го освоиме. Дојдов во Манчестер да освојувам трофеи. Ако излеземе со идејата дека треба да победиме на секој натпревар, ќе го освоиме турнирот, рече Бруно. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/fernandesh-junajted-ja-zasluzuva-ligata-na-shampionite/feed/ 0
Вернер ќе стиска палци за Лајпциг во Лигата на шампионите https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/verner-kje-stiska-palci-za-lajpcig-vo-ligata-na-shampionite/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/verner-kje-stiska-palci-za-lajpcig-vo-ligata-na-shampionite/#respond Mon, 29 Jun 2020 15:25:28 +0000 https://kurir.mk/?p=365231

Напаѓачот на Лајпциг, Тимо Вернер, кој одлучи да се пресели во Челзи, ќе продолжи да го следи неговиот досегашен клуб Лајпциг во Лигата на шампионите. – Време беше е да го сменам клубот. Велат, секогаш е добро да се направат промени кога работите одат добро. Можеби ќе биде уште подобро таму. Сепак, оваа сезона имам постигнато повеќе голови од кога било. Оваа сезона ќе биде тешко да се повтори, смета Вернер. Се разбира, ме боли што нема да можам да му помогнам на Лајпциг во Лигата на шампионите. Но, јас сум играч на Челси од 1 јули, Челзи ми плаќа. Беше јасно дека двете страни мора да го решат тоа. Се обидов да останам подалеку од прашањето во Лигата на шампионите, бидејќи беше јасно дека ќе треба да изберам една страна. Затоа мојот агент конечно се согласи со клубовите. Засекогаш сум поврзан со Лајпциг, ќе седам пред ТВ во текот на четвртфиналето и ќе ги стискам палците. Можеби дури ќе бидам во Лисабон, порачува Вернер. Тој ќе може да дебитира за англискиот тим следната сезона.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/verner-kje-stiska-palci-za-lajpcig-vo-ligata-na-shampionite/feed/ 0
Манчестер Сити доби двегодишна суспензија за настап во Лигата на шампиони и Лига Европа https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/manchester-siti-dobi-dvegodishna-suspenzija-za-nastap-vo-ligata-na-shampioni-i-liga-evropa/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/manchester-siti-dobi-dvegodishna-suspenzija-za-nastap-vo-ligata-na-shampioni-i-liga-evropa/#respond Fri, 14 Feb 2020 20:30:57 +0000 https://kurir.mk/?p=304195

Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) изрече двегодишна суспензија за Манчестер сити во Лигата на шампиони и за Лига Европа. Згора на тоа, тимот од „Етихад“ е казнет и со 30 милиони евра за сериозно прекршувања на правилото за финансиски фер-плеј. Суспензијата за „граѓаните“ која се однесува на двете клупски натпреварувања е показател за сериозноста на УЕФА во намерата за доследно почитување на финансиските правила и кодексот на однесување. Казната за премиерлигашот се однесува и за вештачко „пумпање“ на приходите од спонзорства. Наодите се резултат на истрагата што беше иницирана по објавување на мејлови и документи од германскиот магазин „Шпигел“ во ноември во 2018 година. Тие покажуваат дека газдата на Манчестер сити, шеикот Мансур бин Зајед ал Нахјан од владеачкото семејство во Абу Даби, воглавно го финансира огромното богатство од 67,5 милиони фунти на годишно ниво во клубот, на стадионот и во Академијата преку авио-компанијата „Етихад“. Еден од мејловите, сепак, упатува дека во сезоната 2015/16, само осум милиони фунти преку „Етихад“, а остатокот е од компанијата на Мансур бин Зајед ал Нахјан – „United Group Abu Dhabi“. Од Манчестер сити изразија разочараност од одлуката и најавија дека ќе поднесат жалба за суспензијата и за висината на паричната казна во најкус можен рок.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/manchester-siti-dobi-dvegodishna-suspenzija-za-nastap-vo-ligata-na-shampioni-i-liga-evropa/feed/ 0
УЕФА може да го исклучи Манчестер Сити од Лигата на шампионите https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/uefa-moze-da-go-iskluchi-manchester-siti-od-ligata-na-shampionite/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/uefa-moze-da-go-iskluchi-manchester-siti-od-ligata-na-shampionite/#respond Tue, 04 Dec 2018 10:19:08 +0000 https://kurir.mk/?p=135528

Европската фудбалска асоцијација може да го исклучи Манчестер Сити од Лигата на шампионите за сезоната 2019/20, објави „Гардијан“. Според британскиот весник, оваа можност ја разгледува УЕФА по информациите што се раширија од страна на „Фудбал Лекс“. „Граѓаните“ се обвинети за преувеличување на износот на договорите за спонзорство со цел да прикажат зголемени приходи и со тоа да можат да трошат повеќе пари за купување нови играчи. Според изворот, сопственикот на Манчестер Сити презел на себе дел од трошоците на клубот. Тој, исто така, тајно финансирал без официјално прикажување на средствата вложени во клубот и со тоа бил прекршен финансискиот фер-плеј. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/uefa-moze-da-go-iskluchi-manchester-siti-od-ligata-na-shampionite/feed/ 0