Лихтенштајн – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 20 Jan 2023 13:26:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Лихтенштајн – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Лихтенштајн на референдум ќе одлучува за казината https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lihtenshtajn-na-referendum-ke-odluchuva-za-kazinata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lihtenshtajn-na-referendum-ke-odluchuva-za-kazinata/#respond Fri, 20 Jan 2023 13:26:45 +0000 https://kurir.mk/?p=789741

Лихтенштајн, познат по прекарот „Лас Вегас Алпа“, ќе мора да ги затвори своите шест казина доколку се изгласа референдумот закажан за 29 јануари. Поддржувачите на овој референдум тврдат дека новата индустрија ризикува да му наштети на угледот на земјата, бидејќи сега се на меѓународната црна листа на земји кои се сметаат за „даночен рај“ поради релаксираните закони за коцкање. „Не сакаме да се етаблираме како казино и жариште за покер во Европа“, рече застапникот за референдум Гидо Мајер. Претседателот на казината во Лихтенштајн, Рајнхард Фишер рече дека тие работат во рамките на законот и во некои случаи над нивото што го бара законот. Минатата година даноците од патувања, главно на странските посетители на казината во Лихтенштајн и донеле на државата 50 милиони швајцарски франци. „Ова е приход кој е важен за нашиот буџет“, рече вицепремиерката Сабине Монауни, која забраната ја оцени како „радикална и прекумерна“ и дека таа не ги решава проблемите со зависноста од коцкање. „Мораме да најдеме рамнотежа помеѓу мерките кои ќе ја намалат активноста, но во исто време нема да го уништат пазарот“, рече таа. Шест казина моментално работат во микродржавата со население од само 40.000 жители, од кои сите се отворени од 2017 година, по промената на законите за коцкање. Најмногу посетители има од Германија и соседните земји, Швајцарија и Австрија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lihtenshtajn-na-referendum-ke-odluchuva-za-kazinata/feed/ 0
Триумф над Лихтенштајн вечерва е императив за избраниците на Милевски https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/triumf-nad-lihtenshtajn-vecherva-e-imperativ-za-izbranicite-na-milevski/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/triumf-nad-lihtenshtajn-vecherva-e-imperativ-za-izbranicite-na-milevski/#respond Fri, 08 Oct 2021 08:15:00 +0000 https://kurir.mk/?p=575220

Со императив да ја оправдаат фаворитската улога и со победа да ги задржат шансите за пласман на Мундијалот 2022, македонските фудбалери ќе истрчаат вечерва на националниот стадион во Вадуц против репрезентацијата на Лихтенштајн во рамки на 7. коло во квалификациската група Ј. Македонската репрезентација вчеравечер го одржа последниот официјален тренинг пред дуелот на „Рајнпарк“ стадионот што започнува во 20:45 часот, а ќе го суди Полјакот Бартош Франковски. Во составот на селекторот Благоја Милевски, под чие водство националниот тим има ефект од три нерешени натпревари во квалификациската група Ј, поради повреда го нема стандардниот играч од средниот ред Енис Барди, а ново име е дебитантот Ердал Ракип од шведскиот шампион Малме. По шест одиграни натпревари во групата Ј, „црвено – жолтите“ се четвртопласирани со девет бодови, бод помалку од Романија, два од Ерменија и шест од лидерот Германија, која гостува во Скопје на 11 октомври.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/triumf-nad-lihtenshtajn-vecherva-e-imperativ-za-izbranicite-na-milevski/feed/ 0
Почина принцезата Мари, кралското семејство ја откри причината https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochina-princezata-mari-kralskoto-semejstvo-ja-otkri-prichinata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochina-princezata-mari-kralskoto-semejstvo-ja-otkri-prichinata/#respond Sun, 22 Aug 2021 15:45:22 +0000 https://kurir.mk/?p=553681

Принцезата Мари од Лихтенштајн почина вчера на 81 година, јавува агенцијата АФП повикувајќи се на соопштение на кралското семејство. Принцезата починала во болница. Во средата таа имала мозочен удар, а починала во болница во саботата, додава Франс пресс. Во соопштението од семејството е наведено дека бараат разбирање, но и дека натамошни информации нема да бидат споделени.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochina-princezata-mari-kralskoto-semejstvo-ja-otkri-prichinata/feed/ 0
Ангеловски: На терен мораме да ја оправдаме фаворитската улога против Лихтенштајн https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/angelovski-na-teren-morame-da-ja-opravdame-favoritskata-uloga-protiv-lihtenshtajn/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/angelovski-na-teren-morame-da-ja-opravdame-favoritskata-uloga-protiv-lihtenshtajn/#respond Sat, 27 Mar 2021 13:36:50 +0000 https://kurir.mk/?p=488553

Македонската фудбалска репрезентација претпладнево го одржа официјалниот тренинг пред утрешниот меч против Лихтенштајн на кој, по стартниот пораз од Романија со 3:2, избраниците на селекторот Игор Ангеловски ќе се обидат да ја запишат првата победа во квалификациите за Мундијалот 2022 во Катар. Анализирајќи го утрешниот противник, селекторот Ангеловски на прес -конференција по тренингот истакна дека македонскиот состав е апсолутен фаворит, но оти фудбалерите ќе го мораат тоа да го покажат на теренот. – Апсолутно ја прифаќаме фаворитската улога за овој меч и истата ќе треба да ја оправдаме на теренот. Во минатото многу пати бевме во ваква ситуација и фудбалерите покажаа дека можат да победат. Убеден сум дека така ќе биде и утре, изјави Ангеловски. – Лихтенштајн е подмладен во однос на квалификациите во 2018, ги анализиравме и работите зависат само од нас. Потребно ќе биде да дадеме гол што побрзо, но, притоа не смееме да одиме безглаво во напад, додаде македонскиот селектор. Мечот против Лихтенштајн се игра в недела од 20:45 часот на Националната арена „Тодор Проески“. Во преостанатите два дуели од групата Ј, Ерменија утре го пречекува Исланд, додека Романија е домаќин на Германија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/angelovski-na-teren-morame-da-ja-opravdame-favoritskata-uloga-protiv-lihtenshtajn/feed/ 0
Спировски: Целосно сме фокусирани на Лихтенштајн https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/spirovski-celosno-sme-fokusirani-na-lihtenshtajn/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/spirovski-celosno-sme-fokusirani-na-lihtenshtajn/#respond Wed, 10 Oct 2018 06:04:03 +0000 https://kurir.mk/?p=113092

Фудбалерот од средниот ред на македонската репрезентација, Стефан Спировски, дуелот со Лихтенштајн го гледа како убава можност да се продолжи победничката серија во групата од Лигата на нации. Тој вели дека националниот тим подготвен ќе го дочека саботниот дуел. - Очекувањата против Лихтенштајн се победа. Цела Македонија го очекува тоа. Имаме четири дена до мечот, доволно време да се подготвиме. Целосно сме фокусирани на првиот меч за нас, а потоа ќе мислиме на Ерменија. Имаме шест бода на првите два меча. Сакаме да бидеме први во групата, изјави Спировски за веб страницата на ФФМ. Натпреварот меѓу Македонија и Лихтенштајн се игра на 13 октомври со почеток во 20:45 на „Филип Втори“. По првите две рунди во Група 4 Дивизија Б, Македонија води со шест бодови, Лихтенштајн и Ерменија имаат по три, Гибралтар е без освоен бод.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/spirovski-celosno-sme-fokusirani-na-lihtenshtajn/feed/ 0
Тричковски се повреди, неизвесен за претстојните натпревари со Лихтенштајн и Ерменија https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/trichkovski-se-povredi-neizvesen-za-pretstojnite-natprevari-so-lihtenshtajn-i-ermenija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/trichkovski-se-povredi-neizvesen-za-pretstojnite-natprevari-so-lihtenshtajn-i-ermenija/#respond Mon, 08 Oct 2018 11:05:57 +0000 https://kurir.mk/?p=112212

Иван Тричковски се здоби со повреда за време на вчерашниот дуел меѓу неговиот АЕК Ларнака и Ермис од кипарското првенство. Тој има истегнување на адукторот, поради што беше заменет во 60. минута. - Тричковски е неизвесен за репрезентативниот собир. Денеска и утре ќе има испитувања, а потоа селекторот на Македонија, Игор Ангеловски ќе добие потврда дали ќе биде во можност да му се приклучи на националниот тим, информираат од ФФМ. Македонската фудбалска репрезентација денеска ги започнува подготовките за претстојните два натпревари во Лига на нации, против Лихтенштајн на 13 октомври на Националната арена „Филип Втори“’ во Скопје и со Ерменија на гостински терен во Ереван на 16 октомври. Првиот тренинг на репрезентацијата на Македонија е закажан вечер во 19 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/trichkovski-se-povredi-neizvesen-za-pretstojnite-natprevari-so-lihtenshtajn-i-ermenija/feed/ 0
Македонија на 13 октомври го пречекува Лихтенштајн https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/makedonija-na-13-oktomvri-go-prechekuva-lihtenshtajn/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/makedonija-na-13-oktomvri-go-prechekuva-lihtenshtajn/#respond Wed, 03 Oct 2018 10:30:20 +0000 https://kurir.mk/?p=110082

Македонската фудбалска репрезентација на 13 октомври на Националната арена „Филип Втори“ е домаќин на Лихтенштајн, а три дена подоцна гостува во Ереван против Ерменија во третата и четвртата рунда од Лигата на нации. Македонија со две победи  на воведните два натпревари го отвори новото натпреварување на  УЕФА, преку кое ќе се обиде за прв пат во својата историја да обезбеди пласман на Европско првенство. - На 13 октомври се навршуваат 25 години од првиот натпревар на фудбалската репрезентација на Македонија, пријателскиот меч со Словенија (4:1) во Крањ. По тој повод ФФМ на мечот со Лихтенштајн ќе ги покани сите фудбалери што настапија на тој меч, предводени од Дарко Панчев, како и стручниот штаб, на чело со селекторот Андон Дончевски, кој допатува од Австралија. Тие пред натпреварот треба да продефилираат пред публиката на арената „Филип Втори“ и ќе добијат пригодни подароци во знак на сеќавање на историскиот натпревар, објави ФФМ на официјалната веб страница. Билетите за натпреварот се пуштени во продажба преку продажната мрежа на „MKTickets“ по цена од 100 денари за Јужна трибина и 150 денари за Северната трибина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/makedonija-na-13-oktomvri-go-prechekuva-lihtenshtajn/feed/ 0