ликовен уметник – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 17 Jul 2020 10:21:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ликовен уметник – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Откупната награда на „Транзен“ за ликовниот уметник Владимир Илиевски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/otkupnata-nagrada-na-tranzen-za-likovniot-umetnik-vladimir-ilievski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/otkupnata-nagrada-na-tranzen-za-likovniot-umetnik-vladimir-ilievski/#respond Fri, 17 Jul 2020 10:21:48 +0000 https://kurir.mk/?p=377592

Откупната награда на третата изложба „Несовршен простор“, на која темата е „Автопортретот во самоизолација“, ја доби ликовниот уметник Владимир Илиевски за делото „Автопортрет со був“, објавија од Здружененито за култура „Транзен“ од Струмица. Наградата, како и секоја година, се состои од симболична статуетка „Златен лист“ во чест на професорот Владимир Георгиевски и парична во износ од 30 илјади денари. Жирито и селектор на годинешната изложба е ликовниот уметник Урош Вељковиќ. -Најсилна приказна за мене, а и секако технички супериорно издржано дело, беше „Автопортретот со був“ на Владимир Илиевски. Делото привлекува да се гледа и анализира. Симболиката во делото на Илиевски е фасцинантна. Авторот држи був во рацете, кое е ноќно животно, симбол кој ми укажува на многу неспиени ноќи низ карантинските денови во изолација, и секако работа и посветеност врз себеси. Во тие тивки вечери, се случува вистинскиот и суштински момент кај уметникот, проследено со задоволства и фрустрации од завршените или незавршени дела, напиша Велковиќ. Изложбата ќе биде отворена на 22 јули во Струмица во клубот „Нагоре“. На неа ќе бидат претставени шеснаесет автопортрети од исто толку автори. Проектот е финансиски помогнат од Министерството за култура на Македонија во реализација на Здружението за култура „Транзен“ од Струмица. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/otkupnata-nagrada-na-tranzen-za-likovniot-umetnik-vladimir-ilievski/feed/ 0